Општина Гевгелија изврши траен отпис на побарувањата по основ на комунална такса од 1.078 фирми во висина од 760 илјади евра или 47 милиони денари. Станува збор за давачка позната како фирмарина која даночните обврзници не ја плаќале со години. На предлог на одделението за даноци и такси, Советот на општина Гевгелија донесе одлука да се избришат овие побарувања бидејќи нема како да се наплатат. Или фирмите не постојат или поминал рокот за правна ...

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски критичар на Западот, за нов претседател на земјата. Кавелашвили во неколку наврати годинава тврдеше дека западните разузнавачки агенции сакаат да ја однесат Грузија во војна со Русија. Кавелашвили e поранешен грузиски фудбалски репрезентативец, кој во 90-те играше и за англискиот тим Манчестер сити. Во Грузија, претседателите се бираат од пратениците и претставници на локалната власт. ...

Започна зимската туристичка сезона на Попова Шапка. Од ски центарот велат дека се подготвени за бројните посетители, ски лифтовите и жичарниците се во функција, а првите гости веќе се на скијачките патеки. Висината на снегот на Попова Шапка е над 40 сантиметри. Оваа сезона од угостителските објекти кои се во сопственост на ски центарот ќе работи само хотелот „Славија“, додека хотелот „Попова Шапка“ е затворен и вон употреба,a ќе работат и ...

Регионалната телевизија Канал ВИС Струмица која што функционираше 33 години се затвори, а вработените завршија во Агенцијата за вработување. Овој медиум веќе неколку дена не зрачи сигнал, со што Струмица остана без единствената телевизија која што информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии. ТВ Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. Прво функционираше како локална, а ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови 600 вработувања во Министерството за внатрешни работи. Тој кажа дека огласот ќе биде објавен веќе следната недела, а вработувањата се резултат на тоа што дел природно заминале во пензија, а дел поради потребите за да се зајакне кадровски. „Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамките на МВР.. Тоа го согледуваме сега, откако изминавме период од речиси шест месеци, каде што ...

Руската војска во Сирија изгледа дека се пакува за заминување, според сателитските снимки, откако бунтовниците го соборија претседателот Башар ал-Асад минатиот викенд. Сателитските фотографии покажуваат најмалку два авиони Антонов АН-124, едни од најголемите транспортни авиони во светот, со подигнати носеви во базата Хмеимим во провинцијата Латакија. „Два тешки транспортни авиони АН-А24 се на пистата, двата со подигнати носеви подготвени за ...

Во извештајот на Светската банка (СБ) за состојбата на јавните финансии во Македонија се препорачува зголемување на неколку даночни стапки, вклучувајќи ги и данокот на имот и данокот на капитална добивка, но и воведување нова давачка, како данок на зашеќерени пијалоци. „Зголемувањето на даночната стапка на капитална добивка од 10 на 15 отсто би ги зголемила прогресивноста и вертикалната еднаквост на даночниот систем. Таква реформа би била во ...

По речиси четири децении постоење, подобрени се условите за третман на пациентите во Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Нефрологија Струга. Поставени се фотонапонски панели, соларен систем за загревање на вода, нов систем за греење и ладење, дизел агрегат, извршена е замена на столарија и подобрен е системот за осветлување во внатрешноста на објектот. Истовремено, поставен е и безжичен систем за болничка дојава во одделот за интензивна нега, ...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеоул беше разрешен од парламентот откако тој се обиде да воведе воена состојба во земјата пред две недели. Разрешувањето на Јун помина со 204 гласа „за“ и 85 „против“. Претседателските овластувања и обврски на Јун ќе бидат суспендирани до одлуката на Уставниот суд, кој што го има последниот збор околу разрешувањето. Уставниот суд има рок од 180 дена да одлучи дали Јун ќе биде разрешен од претседателската ...

Еден месец земјоделците од Преспа се обучуваа како успешно да одгледуваат и произведуваат јаболки, а што помалку да користат хемиски средства. Обуката се спроведува преку програма на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со пари од Европската Унија од проектот „ЕУ за Преспа“. Во јуни, УНДП објави оглас за обука на земјоделци за тоа како да не се наруши природата, а да добијат поголеми приходи. За обуките се пријавија 145 земјоделци, ...

Парламентот на Јамајка ќе гласа за предлог-закон за отстранување на британскиот крал Чарлс како шеф на државата и за прогласување република. Карипската држава е една од многуте бивши колонии кои го задржаа британскиот монарх како шеф на државата и откако се здоби со независност во 1962. Моментално, британскиот монарх го претставува церемонијален гувернер, но за многумина, оваа функција е симбол на колонијална неправда. Премиерот Ендрју Холнес ...

1 Како рече американската амбасадорка Анџела Агелер, откако американскиот Стејт департмент ги означи поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети за вмешаност во значителна корупција? Ако ние можеме да ги собереме доказите, верувам дека и македонските власти можат. Можат. Ама не сакаат. Секогаш кога на американската црна листа ќе осамне ново име на македонски граѓанин, се отвара истата дебата која одново и одново буди ...

На 130 земјоделци од Преспа денеска им беа доделени сертификати за успешно завршување на едномесечните обуки за одржливо земјоделство. Во рамките на обуките зa заштита на култури, почва, вода, диверзификација, интегрирано и органско земјоделство, учесниците се стекнаа со практични знаења и вештини за унапредување на земјоделската пракса на начин кој го штити екосистемот. Обуките се спроведоа во рамки на проектот „ЕУ за Преспа – обнова на ...

Богатството на Илон Маск за првпат надминало 400 милијарди долари, објави „Форбс“, што е поттикнато од растот на акциите на „Тесла“ за 71% оваа година и од зголемената вредност на неговата ракетна компанија „СпејсЕкс“. Маск е најголемиот акционер во „Тесла“, со удел од околу 13 отсто. Во средата, акциите на „Тесла“ достигнаа рекордна вредност од 424,9 долари. Богатството на Маск беше зголемено и со внатрешната продажба на акции на „СпејсЕкс“, ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека одложувањата на повратот на ДДВ произлегуваат од зголемување на контролите и ревизиите. Тој вели дека Владата ја признава фрустрацијата на чесните бизниси погодени од овие одложувања. „Овие одложувања произлегуваат од неопходното зголемување на контролите и ревизиите за да се решат прашањата за измами и манипулации, кои се идентификувани. Владата ја признава фрустрацијата на чесните бизниси погодени од овие ...

Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие „Паркинзи“ поставува лизгалиште во најстрогиот центар на градот, на плоштадот Магнолија, како новогодишна атракција за престојните празници. Лизгалиштето ќе зафаќа добар дел од површината на плоштадот, но градоначалникот Тони Коњановски и директорот на „Паркинзи“ Зоран Михајловски велат дека ќе се остави простор за минување и поставувањето ќе биде со строго запазени процрдури за заштита на ...

Емануел Макрон го назначи 73-годишниот Франсоа Бајру за нов француски премиер во обид да стави крај на неколкумесечните политички превирања во земјата. Бајру е лидер на центристичката партија Демократско движење (МоДем), што ја основал во 2007 година и поранешен министер за образование. Претходникот на Бајру, Мишел Барние, опстана само три месеци на функцијата, пред да му биде изгласана недоверба во парламентот. Макрон е на средина од својот ...

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас денеска во Општина Тетово имаше средба со градоначалникот Билал Касами. По завршувањето на средбата, амбасадорот Рокас одговарајќи на новинарски прашања се осврна на важноста на независното судство во справувањето со корупцијата и за ставањето на Артан Груби и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД. Груби и Беџети јавно се означуваат за нивната вклученост во значителна ...

Да се забрани увоз на користени возила постари од десет години и под Еуро 5 стандардот за издувни гасови и да се ограничи увозот на нови возила со минимум Еуро 6 стандард, бараат десет граѓански организации. Тие денеска доставија писмо до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, велејќи дека нивните барања се клучни за намалување на загадувањето. „Ова е една од конкретните мерки кои ги доставуваме до Владата, бидејќи сметаме дека сообраќајот е ...

Утре во 19 часот во Музејот на Македонија ќе има промоција на вториот зборник научни текстови „Архиви на невидливите: Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“, чиј главен истражувачки фокус е првото женско списание „Македонка“. Зборникот содржи специфични и продлабочени наоди за периодот додека се печател овој весник. Автори на текстовите се: Ана Колариќ, Петар Тодоров, Ана Ашталковска Гајтаноска, Славчо ...

Живееме во најмала рака во деликатен и тежок глобален момент. Време е да размислуваме за тие облици на фашизам кои денес се шират низ Европа и поготово кај нас во регионот, да видиме кои се тие начини на борба затоа што не можеме да се бориме на истите начини како и нашите претци во 1930-тите и 1940-тите години на минатиот век, рече Аида Чоровиќ од Србија на синоќешниот настан во Кинотеката на Македонија, за одбележувањето на 80 години од ...

Од Општина Битола велат дека се подготвуваат да го стават споменикот на војводата Александар Турунџев на кружниот тек кај старата Ветеринарна станица, но советниците од опоцизијата во општинскиот Совет обвинуваат дека текот повторно ќе се копа. Тој беше копан и летово за да се коригираат деформациите на асфалтот од коловозот кои се појавија само два месеца по изградба на новиот кружен тек на улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов. Советничката ...

Ненадејниот пад на режимот на Башар ал-Асад фрли светлина и врз неговата значајна улога на наркопазарот на Блиски Исток. Покрај воени бази и затвори, сириските бунтовници влегоа и во центри за производство и дистрибуција на забранетата дрога каптагон, стимуланс налик на амфетамин, кој го преплави црниот пазар на Блиски Исток. Бунтовниците кажаа дека пронашле огромни количества од оваа дрога и ветија дека ќе ги уништат. Во складиште на ...

Десет дена е поплавена улицата Никола Парапунов во Карпош 4 во Скопје кај стара телевизија, а ЈП „Водовод и канализација“ не го поправа дефектот. Поради дефект на водоводната мрежа секој ден се губи голема количина вода, но на терен не се интервенира. На улицата се поставени тараби во делот од каде тече вода, а покрај улицата Никола Парапунов поплавени се и околните улици. Според информации на САКАМДАКАЖАМ.МК ,станува збор за голем дефект ...

Веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јамалов, Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Драгана Бојковска, Зоранчо Јованчев, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Предлог-измените на Законот вчера беа на дневниот ред на комисиите за ...

Шефот на НАТО Марк Руте кажа дека е време да се префрлиме на воен начин на размислување и предупреди дека членките на западната воена алијанса не трошат доволно за да се подготват за можен иден конфликт со Русија. „Москва се спрема за долготрајна конфронтација со Украина и со нас. Не сме спремни за она што би можело да дојде за четири-пет години“, кажа Руте и ги повика членките на НАТО значително да ги зголемат своите трошоци за одбраната. ...

Доналд Трамп кажа дека ќе разговара со предложениот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор за укинување на програмите за вакцинирање деца. „Ќе имаме голем разговор за тоа. Стапката на аутизам е толку голема што никој не би поверувал дека е можна. Има нешто што го предизвикува“, кажа Трамп во интервјуто за магазинот „Тајм“, кој го прогласи за Личност на годината за 2024. Запрашан дали тоа значи дека неговата влада би можела да укине некои ...

Школските дворови на основните и средните училишта се предводени во кафеани. Општините ги рентаат дворовите на приватни фирми да прават спортски терени, кои за кусо време добиваат придружни содржини, односно се претвораат во кафулиња, во кои се слават родендени, матурски вечери, се прават приватни забави и музика ечи до доцна во ноќта. Наместо да бидат место за рекреација на децата, тие стануваат кафеани во кои се точи алкохол. САКАМДАКАЖАМ.МК ...

Владимир Путин ги поддржа напорите на Виктор Орбан да се постигне божиќно примирје во Украина и да се одржи голема размена на воени заробеници, објави Кремљ. Унгарија кажа дека Орбан му го пренесол овој предлог во телефонски разговор вчера, без да изнесе детали. „Русија целосно ги поддржува напорите на Орбан, чија цел е мирно решение на војната“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Набргу потоа, Володимир Зеленски го критикуваше ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по вторпат е прогласен за Личност на годината во традиционалниот избор на магазинот „Тајм“. „Доналд Трамп е Личност на годината за 2024 откако изведе враќање од историски размери, поттикна политичко престројување што се случува еднаш во генерација, го преобликува американското претседателство и ја промени улогата на Америка во светот“, објави уредникот на „Тајм“, Сем Џејкобс. Трамп првпат го ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1014
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.91
83%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1013
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
70%
1009
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
80%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
76%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52