Со премиерата на операта „Риголето“ од Џузепе Верди, на 9 мај ќе се отвори 53. издание на Мајските оперски вечери во Националната опера и балет (НОБ). Диригентот и режисерот се од Италија, маестро Џанлука Мартиненги и Пјер Маестрини. Насловната улога ќе ја пее Марко Карија од Италија, а улогата на Џилда оперската певица Ана Дурловски. „Напишана според драмата на Виктор Иго ‘Кралот се забавува’, ‘Риголето’ како опера е раскажана со возбудлив ...

Иран и натаму верува дека може да постигне договор со САД за својата нуклеарна програма, во пресрет на денешните разговори во Рим. Таму ќе преговараат иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и специјалниот американски пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф, но индиректно, преку посредник од Оман. „Ако тие покажат сериозни намери и немаат нереалистични барања, постигнување договор е можно“, изјави Аракчи по вчерашната средба со рускиот ...

Три лица загинаа, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа околу 21 часот се случи на патот Кичево-Гостивар. Во несреќата меѓу Кичево и селото Трапчин Дол учествувале три возила, а сообраќајот на патот беше во прекин до полноќ. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на самото место. „Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од самото место ...

Градинарите од регионот на Росоман, кој е најголемиот одгледувач на млад кромид во земјава, се задоволни со годинашните откуп и цена. Заклучно до пред Велигден, кој годинава е во исто време за католичките и православните христијани, за оваа градинарска култура има голем интерес за откуп, но не само во Македонија, туку и во странство. „Годинава има голем интерес за младиот кромид. Еден килограм се продава за 70 до 75 денари, а лани беше 65-70 ...

Најмалку 74 луѓе загинаа, а над 170 се ранети во денешните американски воздушни напади врз нафтено пристаниште во Јемен кое е под контрола на хутските бунтовници, објави групата. Ова е најсмртоносниот американски напад откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Американската кампања против хутите започна на 15 март и тешко можат да се проценат нејзините ефекти зашто Пентагон досега нема објавено никакви информации ни за целите, ни за жртвите. ...

Вработените во културата ќе земат плата следната недела, соопшти Министерството за култура и туризам. Синдикатот на вработените во културата реагираше дека останале без плата за време на Велигденските празници. „Вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно закон и колективниот договор. Доцнењето е поради усогласување на пресметките за ...

Од денеска, трговците треба да ги објавуваат цените на производите на нивните официјални веб-страници. Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи, што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките. Во Правилникот е наведено дека сите мали, средни и големи трговци кои вршат дејност трговија на мало согласно Националната ...

Истече 30-дневниот мораториум за напади врз украинската енергетска инфраструктура, објави Кремљ, пауза што беше договорена во последниот телефонски разговор помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. „Еден месец помина. Во овој момент, нема други инструкции од врховниот командант на војската Владимир Путин“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Русија го објави мораториумот на 18 март како еден од ретките конкретни чекори во мировните напори ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со децата кои победија на натпреварот во лего коцки. Како што соопштија од нејзиниот Кабинет, Сиљановска-Давкова им честитала на маестралната победа и директниот пласман на Светското првенство во САД. „Кога нешто се работи со љубов, кога е плод на знаење, ум, труд и посветеност, а особено на тимска работа и заемна почит, успехот е неизбежен. Вие сте идните научници, математичари и ...

Идентификуван е возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ низ улиците во Скопје. Со него е извршен службен разговор во полиција и за настанот е изваестен јавен обвинител за натамошно постапување. Лицето ќе се гони за стореното кривично дело мачење на животни. „Во врска со видеото кое вчера (17.04.2025) беше споделено на дел од социјалните медиуми, на кое се гледа како лице кое управува патничко возило ‘голф‘ со скопски регистарски ознаки ...

САД ќе се откажат од обидите да склучат мировен договор помеѓу Русија и Украина ако наскоро нема јасни сигнали дека може да се постигне примирје, предупреди американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој кажа дека Вашингтон сака да помогне да се заврши војната, но е спремен да се повлече ако во скоро време нема знаци на напредок. „Нема да продолжиме со нашите напори со недели и месеци. САД имаат и други приоритети на кои треба да се ...

Љирим З. од тетовско село, кој подолг период ја продавал и сексуално ја експлоатирал, ја претепувал, и нанесувал тешки телесни повреди, ја горел со цигара и ја терал да задоволува мажи кои тој ги наоѓал на социјалните мрежи, седна на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје. Обвинетиот често преку видеоповик, на Вибер, во живо гледал како клиентите сексуално ја експлоатираат неговата сопруга. Ако бил незадоволен од тоа што го гледа, ...

Со денови ЈП „Комунална хигиена“ не го собира ѓубрето од кантите во индивидуалните куќи во Скопје. Граѓаните од населбите низ Скопје се жалат дека воопшто не се почитува динамиката на работа која предвидува сметот од кантите да се собира двапати во неделата. Камионите на „Комунална хигиена“ доаѓаат еднаш неделно, а се случува да ги нема и по десет дена, па преполни канти стојат на улиците, а околу се оставаат и кеси со ѓубре оти во кантите нема ...

Четири лица загинаа кога се откачи кабина од жичница близу Неапол и падна на земја. Италијанските медиуми објавија дека во несреќата на планината Фаито загинале двајца британски и двајца израелски туристи, а уште едно лице е тешко повредено. Властите кажаа дека кабината била блиску до врвот на планината кога се скинал еден од каблите. Претседателот на регионот Винченцо Де Лука кажа дека сите жртви се туристи. Во исто време возела уште една ...

Украинската влада објави дека потпишала нацрт-договор за минерали со САД. Министерката за економија Јулија Свириденко изјави дека ова ќе отвори врати за економски партнерски договор, додавајќи дека конечниот договор ќе вклучи инвестициски фонд за обнова на Украина. На вчерашната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони, Доналд Трамп најави дека договорот за минерали и официјално ќе биде потпишан следната недела. Свириденко не објави детали ...

Доналд Трамп изјави дека САД сигурно ќе постигнат трговски договор со Европска Унија откако денеска ја нагости италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа. „САД и Италија имаат многу добри односи. Ќе постигнеме трговски договор 100 посто, но тоа ќе биде фер договор“, кажа Трамп. Мелони е првиот европски лидер кој го посети Трамп откако тој воведе нови царини за речиси целиот свет, кои за ЕУ во прв момент изнесуваа 20%, пред да бидат ...

Доналд Трамп жестоко го нападна шефот на централната банка во САД, Џером Пауел, зашто не ги намалува каматните стапки, додавајќи дека „неговата смена не може да дојде доволно брзо“. Тој ги обнови критиките кон Пауел откако Европската централна банка (ЕЦБ) третпат ги намали каматните стапки оваа година, образложувајќи го тоа со растечките трговски тензии. Трамп, кој го номинираше Пауел за шеф на Федерални резерви на САД во 2017, кажа дека тој ...

Актерите номинирани за Оскар, Сандра Хилер („Анатомија на еден пад“, „Зона на интерес“) и Колман Доминго („Пеј запеј“) ќе играат во „Скоро вистина“ (Тrue-ish) на Горан Столевски, сатирична драма што следи по неговиот трет филм „Домаќинство за почетници“, објави холивудскиот магазин „Вараети“. „Домаќинство за почетници“ беше првиот македонски филм на македонско-австралискиот режисер Столевски, кој во 2023 беше и македонски кандидат за Оскар. ...

Еден месец по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ со 61 жртва на 16 март, Кочани и натаму е во агонија и шок. Меѓу загинатите, главно млади, имаше и 6 деца, а меѓу скоро 200-те повредени 25 се деца. Денеска по кочанските улици имаше малку луѓе, градот како и изминатиов месец е речиси замрен. На плоштадот молк, а порано вриеше од млади. Денеска имаше само неколку пензионери на клупите. Во паркот, исто така тишина, се слуша само црцорот на ...

Во новоизградена зграда на улица Козле во Општина Карпош изграден е уште еден спрат и четири станови без дозвола. Станарите побарале од Општината дозвола за да изградат кос покрив оти наводно им течело вода при врнежи, но почнале да си градат станови. „Просторот е поделен на четири дела со подготовки за кујни и тоалети, што јасно укажува на обид да се направат уште четири нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот. ...

Во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, кој беше еден од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март , соопшти Министерствoто за здравство. Стефанов е 62 жртва во пожарот, од кои 6 деца, а беа повредени 193, од кои 25 деца. „Согласно формации од Воено медицинската академија (ВМА) во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за ...

Американската влада му се закани на Универзитетот Харвард со забрана на прием на странски студенти откако оттаму кажаа дека нема да потклекнат пред барањата на Доналд Трамп и беа замрзнати федерални средства за институцијата од 2,2 милијарди долари. Белата куќа испрати листа на барања до Харвард минатата недела, чија цел е борба против антисемитизмот во кампусот. Тие вклучуваат промени во управувањето, праксите на вработување и во процедурите на ...

Од 22 до 25 април во Националната опера и балет (НОБ) за првпат ќе се одржи манифестацијата Денови на македонски кореографи. Според уметничката раководителка на Балетот, Марија Кичевска-Шокаровска, со овој настан се одбележуваат 20 години од отворањето на Малата сцена во МОБ. Менаџерот на Операта и Балетот, Киро Павлов рече дека после повеќегодишно нефункционирање на Малата сцена, ја отвораат за соработка не само за балетските уметници од НОБ, ...

Владимир Путин призна дека е голем фан на Илон Маск, технолошкиот милијардер кој има големо влијание во владата на Доналд Трамп, но и е критичен кон Украина и Володимир Зеленски. Зборувајќи пред студентите на Државниот технички универзитет „Бауман“ во Москва, рускиот лидер го опиша Маск како редок визионер и пионер. „Знаете, има еден човек кој живее во САД, Маск, за кого може да се каже дека се стреми кон Марс. Во историјата на човештвото ретко ...

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7 април 2025 година, со која обвинетиот М.П. доби затворска казна од две години за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако ја прегази пешачката Теодора Ристовска, која подоцна им подлегна на повредите. Обвинителството смета дека изречената санкција е преблага во однос на тежината на делото и степенот на кривична ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелските трупи ќе останат во таканаречените безбедносни зони во Газа, Либан и Сирија на неодредено време, што би можело да ги отежни преговорите со Хамас за примирје и ослободување на заложниците. Израелската војска зазеде повеќе од половина Газа откако беше прекинато примирјето минатиот месец. Израел исто така одбива да повлече свои трупи од делови на Либан и Сирија, каде што ја зазеде ...

Силни емоции до солзи предизвика кај публиката вчерашната премиера на претставата „Црно семе“ на Народниот театар од Битола, работена по романот на писателот Ташко Георгиевски, а во режија на Андреј Цветановски. Ова беше прва театарска драматизација на славното дело на Георгиевски објавено во 1966, за кое семејството ги отстапи авторските права на Битолскиот театар, а драматизацијата е на Јелена Цветановска. Пожртвуваната игра со целосно ...

Научниците кои работат со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ велат дека го откриле досега најсилниот доказ за постоење на живот надвор од нашиот Сончев систем. Тим на Универзитетот Кембриџ кој ја проучува атмосферата на далечна планета наречена К2-18б открил знаци на молекули кои на Земјата ги произведуваат само едноставни организми. Ова е вторпат хемикалии поврзани со живот да се пронајдени во атмосферата на оваа планета, која е два и пол пати ...

Србија денеска доби нова влада, на чие чело ќе биде лекарот Ѓуро Мацут. Тој на премиерската функција го наследи Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка кон крајот на јануари, преземајќи одговорност за нападот врз студенти во Нови Сад. На денешното гласање во парламентот, Мацут и владата добија поддршка од 153 пратеници, 46 беа против, а 51 пратеник беа отсутни. Мацут важи за еден од водечките ендокринолози во Србија и е редовен професор по интерна ...

Под истрага се сите полициски инспектори, началници и командири кои од 2012 година наваму давале одобрение кочанската дискотека „Пулс“ да добие лиценца за работа од Министерството за економија, соопштија МВР и Јавното обвинителство. Сите се осомничени за кривичните дела Тешки дела против општата сигурност и Предизвикување општа опасност. Шестмина од осомничените се лишени од слобода, по едно лице се трага, а тројца веќе се наоѓаат во притвор за ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
68%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
81%
1018
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
48%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
6.84
37%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
96%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 24ᴼ
3.09
54%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
77%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
65%
1012
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
63%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
73%
1010
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762