Хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ е најплатена пејачка од македонските Oпштини, со 25 илјади евра за настапот во Крива Паланка на манифестацијата „Град на културата“ во август годинава. Од македонските пејачи, најголем хонорар добила Бојана Скендеровски, на која од Општина Неготино ѝ платиле 13.000 евра. Иако најскапо платена од регионалните пејачи е Северина, сепак во 2024 најмногу вкупно пари добила нејзината хрватска колешка Јелена ...

Договор кој им овозможуваше на централноевропските држави да купуваат руски гас преку Украина наскоро ќе заврши, објави Владимир Путин, што ќе погоди и држави кои се блиски до Русија, како Унгарија и Словачка. Путин најави дека договорот за транзит ќе истече на крајот на годината, без да има јасна алтернатива за него. „Тој договор веќе нема да постои, тоа е јасно. Но, ќе преживееме, ‘Газпром‘ ќе преживее“, кажа Путин. Украина одби директно да ...

Американската влада ја дели еден ден од тоа да остане без пари откако Претставничкиот дом синоќа не го усвои ревидираниот план за трошење предложен од Републиканците, со кој би се спречило нејзиното затворање. За предлог-законот беше потребно двотретинско мнозинство, но тоа не беше постигнато откако против него гласаа и 38 републиканци, заедно со најголемиот дел демократски застапници. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го спречи ...

Се рушат табуата меѓу учениците за уписот во средните стручни училишта, се поголем е бројот на средношколци кои посетуваат дуално образование. Од година во година, за сите изминати 13 години откако е воведено, се зголемува интересот за него, кажа Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија (СКМ), кој заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, швајцарската амбасадорка Вероник Улман и тим лидерот на ...

Јавното претпријатие „Паркинзи“ од Битола распишало јавна набавка и изнајмило лизгалиште уште пред Советот да даде согласност за промена на статутот на фирмата со која се дозволува вршење забавни работи. Промената на статутот на претпријатието беше поставена дури денес на дневен во ред на вонредната седница на Советот, а лизгалиштето веќе е поставено во строгиот центар на Битола на плоштадот Магнолија и утре во 18 часот ќе започне со работа. ...

Инфоцентарот на Пелистер, иако е сместен на локацијата Седум Кладенци, една година поради дефект беше без вода и недостапен за посетителите. Новиот директор на Националниот парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски денеска на прес-конференција соопшти дека дефектот е поправен и конечно Инфоцентарот, познат и како „На Лазо вилата“, за многу скоро ќе ги отвори вратите за посетителите. На 22 декември од 11 часот таму започнува новогодишниот базар „Куќа имам ...

Владимир Путин изјави дека е спремен за компромис околу Украина во можните разговори со Доналд Трамп и нема услови за почеток на преговори со украинските власти. Путин, кој денеска ја имаше својата маратонска годишна средба со новинари, кажа дека е подготвен да се сретне со новоизбраниот претседател на САД, со кого не зборел со години. Тој ги отфрли проценките дека Русија е во слаба позиција, тврдејќи дека е многу посилна отколку во 2022, кога ...

1 Jeta në Maqedoni kalon në një rreth magjik të temave sezonale. Gjithmonë janë të njëjtat. Është nëntor, do të flasim për ndotjen. Do të fillojë sezoni i skijimit, do të flasim sa e shkatërruar është Kodra e Dielli. Në shkurt do të vijë raporti i UNESCO-s, pastaj do të diskutojmë sa e kemi shkatërruar Ohrin, pastaj do të vijë vera dhe do të kërkohet “më shumë shtretër” dhe do të ankohemi pse nuk ka “turizëm elitar” aty, ndërkohë, së pari do të ...

1 Sa energji mendore duhet të harxhohet që në të njëjtën kohë edhe ta dënosh, edhe ta arsyetosh përdhosjen shtetërore të Maqedonisë gjatë kohës së festimit të Ditës së flamurit shqiptar? BDI opozitare e gjykoi incidentin por tha se ka qenë i nxitur nga një reagim jo i duhur nga policia. Kurse qeveritarja “Vlen” shpjegoi se “pas festimit të paparë ndonjëherë deri më sot të 28 Nëntorit, ndërsa jehonin valle dhe këngë shqiptare në gjithë shtetin, ...

Општина Охрид ќе организира дочек на Нова година на градскиот Плоштад „Свети Климент Охридски“ со поп-ѕвездата Каролина Гочева. Музичкиот дел ќе биде надополнет и со настапот на македонската фолк-ѕвезда Наум Петрески, на Пајак и охридската група „Тејк фајв“, диџеј Гец и диџеј Фејс. На 1 јануари ќе има дневна забава со Сара Мејс и групата „Балканикос бенд“. Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“, ...

Две лица загинаа откако приватен авион се урна во куќа близу аеродромот „Сан Фернандо“ во Буенос Аирес. Авионот се запали по падот, при што загинаа двајцата пилоти, кои биле единствените луѓе на летот. Авионот „челенџер 300“ се враќал во Буенос Аирес од Уругвај, а несреќата се случила по само 34 лет. Според официјални податоци, тоа му бил вториот лет дента, откако претходно заминал во спротивен правец. „Авионот слета предалеку на пистата и од ...

Жртвата на масовното силување Жизел Пелико изјави дека никогаш не зажалила за својата одлука да излезе во јавност откако нејзиниот бивш сопруг Доминик беше осуден на 20 години затвор, што стави точка на случајот што ги шокираше Франција и целата светска јавност. Доминик Пелико беше прогласен за виновен за тешко силување на крајот на неколкумесечното судење во Авињон, а уште 50 мажи кои ја силувале и злоставувале Жизел добија затворски казни од ...

Македонската радио телевизија (МРТВ) во копродукција со некоја од регионалниите ТВ-куќи ќе снима игран филм, ТВ-серија и документарен филм за починатата поп ѕвезда Тоше Проески, проект кој макдонската Влада ќе го поддржи со 95 милиони денари (околу 1,5 милиони евра), објавија министите за култура Зоран Љутков и за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, ...

Клиниката за детски болести и директорот д-р Реџеп Мемеди ќе треба да платат казна оти не издале писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување на седуммесечното бебе кое почина на 15 декември, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оттаму велат дека на 17 и 18 декември извршиле вонреден инспекциски надзор во врска со починатото седуммесечно бебе и констиралe дека тоа првпат на Клиниката ...

Владата на седницата на 17 декември ја именуваше Вероника Бучковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм, на местото на Даниела Станковска-Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата, соопшти Агенцијата. Бучковска е дел од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка во Агенцијата од 2011, задолжена за промоција на македонската филмска продукција на локално и меѓународно ниво како и за следење на реализацијата на ...

Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите, средношколците и професорите кои со недели протестираат и бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и смртта на 15 луѓе во уривањето на настрешницата на железничката станица. Освојувачот на 24 гренд слем титули по тој повод се огласи на својот профил на Икс. „Како некој кој длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно да се слушне нивниот глас. Србија има ...

Дваесет години затвор доби Французинот Доминик Пелико, кој десет години ја дрогирал својата сега веќе бивша сопруга Жизел и ја изнајмувал на странци да ја силуваат и злоставуваат. Судот во Авињон го прогласи Пелико за виновен за тешко силување, правење и ширење фотографии и снимки од Жизел Пелико и за правење и дистрибуирање сексуални снимки од неговата ќерка Каролин и од сопругите на двајцата синови, ставајќи крај на случајот што ја шокираше не ...

Од утре (20 декември) во 22 часот Скопје ќе остане без вода. Од дежурниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ велат дека затворањето на главната водоводна цевка ќе почне утревечер, а на санирање на дефектите ќе се работи в сабота сѐ до нивно поправање. Колку точно време главниот град ќе биде без вода не се знае. Како што велат од претпријатието, вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, односно Чаир, Бутел, Радишани, ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот премин „Блаце“ Б. Ј. и Б. А., кои на денот на акцијата за претрес за случајот „Лотарија“ на 15. овој месец, го пуштија за проневера осомничениот поранешен прв вицепремиер Артан Груби да избега од апсење, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). ...

Лидерите на Европската Унија планираат да му испратат јасен сигнал на Доналд Трамп за нивната континуирана поддршка за Украина, кога денеска ќе се соберат на самит во Брисел. Тие ќе го нагостат Володимир Зеленски на почетокот на разговорите и ќе ја потврдат својата „непоколеблива посветеност на поддршката за Украина колку што е потребно“, стои во нацрт-заклучоците. Трамп постојано повикува на брз крај на речиси тригодишната војна. Во ...

Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, кој над 3 децении живеешеи работеше во Русија, а последниве години живее во Македонија, а работи во Москва, ја доби наградата Ѕвезда на публиката, во категоријата Најдобар режисер за изминатата сезона. Публиката го награди Поповски за претставата „Обично чудо“ во реномираниот Театар Вахтангов во Москва. „Оваа награда е основана во 2008. Оттогаш таа стана симбол на непристрасна оценка и јавно ...

Највисокиот француски суд ја потврди пресудата за корупција против поранешниот претседател Никола Саркози, отфрлајќи ја неговата жалба. Тоа значи дека Саркози цела година ќе мора да носи електронски уред за следење. Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012, кажа дека не може да ја прифати оваа „длабока неправда“ и најави дека ќе се жали во Европскиот суд за човекови права, што единствено му преостанува. Тој првично беше осуден на три години ...

Од први јануари, сметките за струја ќе бидат повисоки за околу 1 отсто. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок за 0, 90%, за корисниците во третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од четвртиот блок за 2,24 проценти. Со тоа, ако сметката за струја на едно семејство во првиот блок сега е 2.000 денари, од први јануари ќе биде зголемена за 13,6 денари. Претседателот на Регулатроната комисија за енергетика ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Битола поднесе обвинение против Пеце Милевски, поранешниот директор на битолското Јавно претпријатие „Водовод“, а сегашен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за злоупотреба на службената положба. Обвиненитето е поднесено до надлежниот суд за периодот кога тој бил в. д. директор на претпријатието, за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрам, осомничени за проневера во истрагата за Државна лотарија. Потерницата е објавена откако вчера Основното јавно обвинителство Скопје достави наредба до МВР за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница за Груби и Бајрами. Претходно вчера Основниот кривичен суд Скопје им одреди притвор од 30 дена на двајцата ...

Во 2007 година, кога влегоа во ЕУ, Романија и Бугарија имаа БДП според куповна моќ околу 10.000 евра по глава на жител и разликата со земјите од Западен Балкан беше мала. Деценија и пол подоцна, разликата меѓу Бугарија и Романија и земјите од Западен Балкан се зголеми значително, вели поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски во анализа за „ЕУ Обзервер“. До 2023 година, БДП по глава на жител во Романија достигна 30.000 евра (само 20% под ...

Во акција на Пазарната инспекција затворено е скопското кафуле „Интермецо“ бидејќи работело и после дозволеното работно време. Од Пазарна инспекција за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека меѓу угостителските објекти кои се затворени низ цела држава, санкционирано е и кафулето „Интермецо“. „Од 15 ноевмри до 15 декември извршени се повеќе инспекции низ цела држава. За почитување на Законот за заштита од пушење контролирани се 472 објекти од кои ...

Бесплатниот автобуски превоз во Куманово ќе продолжи до средината на 2025, одлучија советниците од мнозинството на последната седница на Советот на Општина Куманово кога се носеше буџетот. Тоа ќе биде трета година по ред како се одвојуваат средства за субвенционирање на градскиот превоз во Куманово и на меѓуопштинскиот кон Старо Нагоричане, за што од општинскиот буџет досега се потрошени над 2,2 милиони евра. За наредните шест месеци се ...

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ објави дека јавниот превоз во градот ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025. „Од 1 јануари, целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Значи, веќе никој нема да мора да плаќа карта. Нема веќе ни месечни, ни годишни карти, ни попусти“, кажа Шапиќ на прес-конференција. Тој додаде дека Белград со оваа социјална мерка станува лидер во јавниот превоз и дека ќе биде единствен град во Европа со ...

НАСА објави дека двајцата астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица (ИСС) ќе мора да почекаат уште подолго за да се вратат дома. Буч Вилмор и Сани Вилијамс требаше да останат само неколку дена откако летнаа во вселената во јуни, но нивниот престој принудно беше продолжен до февруари поради технички проблеми на нивната експериментална капсула „Старлајнер“ изградена од „Боинг“. Сега, поради одложувањето на лансирањето на нова капсула ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
75%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
72%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52