Ноќеска на полноќ, на паркинг на улицата Ванчо Китанов во Штип запалено е возило на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски. Територијалната противпожарна единица во Штип веднаш по пријавата учествувала на гасењето на опожареното возило марка „голф“ сопственост на ќерката на Гидоски, но и тој го користел. Ова е вторпат да му е запалена кола на Гидиоски, првата беше запалена лани во јули кога тој беше началник на полицијата во Источна ...

Утринскиот воз од Скопје кон Битола од неделата сообраќа со големи задоцнувања или воопшто не поаѓа. За ова реагираа патниците кои го користат железничкиот сообраќај кон Богомила, бидејќи возот им е единствен организиран превоз, автобуски немаат, а секојдневното патување со автомобил не им е испатливо. „Во неделата, возот, поточно локомотивата, рано наутро се расипа близу постојката кај село Согле, на отворена пруга. Во понеделникот доцнеше 70 ...

Мрша, најверојатно од прасе или куче, веќе неколку денови скапува во коритото на реката Драгор во центарот на Битола. Не се знае дали животното се удавило или некој се ослободил од мршата фрлајќи ја во реката. Телото на мртвото животно стои на трева изникната во реката на потегот меѓу Општината и Ректоратот, непосредно пред Пожарната. Околу него се збираат муви, а ќе почне да се шири и реа. Комуналните служби не беа достапни за информација кога ...

Училиштата во Босилово и Турново добија фотоволтаици и сами произведуваат електрична енергија за сопствените потреби, а плановите се да се произведува и топлинска енергија за затоплување на училишните згради. На крововите на овие две училишта монтирани се панели во рамките на проектот „Обновливи извори на енергија за подобри услови за учење“ кој го финансираше Фондот за развој при амбасадата на Бугарија во земјава. „Наша интенција е на сите ...

Десетици илјади луѓе можеби загинале на францускиот архипелаг Мајот во налетот на моќниот циклон Чидо изминатиот викенд. Досега се потврдени само 22 смртни случаи, но Црвен крст кажа дека околу 100.000 луѓе се водат како исчезнати, вклучувајќи 200 волонтери на организацијата. Три дена откако циклонот донесе ветрови од 200 километри на час на оваа француска територија во Индискиот Океан, во локалната болница не е регистриран зголемен број ...

Руските власти кажаа дека уапсиле 29-годишен маж од Узбекистан во врска со вчерашното убиство на еден од најважните руски генерали Игор Кирилов во Москва. Шефот на руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили загина заедно со својот помошник откако беше детониран експлозив поставен на електричен тротинет. Руската безбедносна служба (ФСБ) кажа дека осомничениот бил ангажиран од украинските разузнавачи. Украинската тајна служба (СБУ) веќе ...

Поради голем интерес од младите родители за телефонската линија „Инфо бебе“, ќе ги зголемиме часовите и бројот на линии, а размислуваме и за отворање канцеларија за да доаѓаат со физичко присуство, вели директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска. Институтот пред еден месец го отвори Центарот за советување „Инфо бебе“ , телефонската линија 078/285-613 работи секој вторник и четврток од 11 до 13 часот. Одговори даваат ...

Неколку стотици севернокорејски војници кои се борат со руските сили против Украина загинале или биле ранети во борбите во Курск, објави висок американски воен функционер, додека Киев вели дека Русија ги засилува нападите. Белата куќа и Пентагон во понеделникот потврдија дека севернокорејските војници се борат на првата линија на фронтот, главно како пешадија. Тие напаѓаат заедно со руските сили, но во некои случаи и одделно од нив. Американски ...

Основното јавно обвинителство Скопје ќе достави наредба до МВР за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница до за Артан Груби и Прпарим Бајрами, откако претходно денеска Основниот кривичен суд Скопје им одреди притвор од 3о дена на двајцата осомничени во врска со истрагата за Државна лотарија. На останатите четворица осомничени, кои се достапни и сослушани, судот им одреди поблаги мерки на претпазливост, како ...

Европска Унија започна амбициозна вселенска програма вредна десет милијарди евра во рамките на која ќе бидат лансирани 290 сателити, кои ќе бидат конкуренција на „Старлинк“ на Илон Маск. Оваа констелација треба да обезбеди сигурност за владите и војските во рамките на блокот среде зголемената загриженост околу сајбербезбедноста. Велика Британија не поднела барање да биде дел од проектот „Ајрис“, кој ќе биде алтернатива за мрежата на Маск. „Ова е ...

Денешното убиство на еден од најважните руски генерали Игор Кирилов во Москва покажа дека Украина ги засилува атентатите на руска територија. Ова е трето вакво убиство што украинската тајна служба го извршила во изминатиот период. На 13 ноември мета беше високиот руски поморски офицер Валери Тренковски, кој беше ликвидиран со автомобил-бомба на Крим. Извор од Украинската безбедносна служба (СБУ) тогаш кажа дека Тренковски бил воен злосторник кој ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичните дела Убиство и Убиство во обид во врска со убиството кај скопскиот трговски центар „Мавровка“ на 20 август. Обвинението е и за кривичното дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. Според соопштението на Скопското обвинителство, обвинетиот го убил Васил Ефтимов, а потоа од неговата сопруга одзел торба и ...

Советот на Општина Куманово доцна синоќа го изгласа буџетот за наредната 2025 година, вреден 2.991.022.424 денари или 48 милиони евра. Основниот буџет е 1.402.411.427 денари, од самофинасирачки активности се 76. 735.984 денари, дотации од централната власт 1.483.468.354 денари, а донации 28.406.659 денари. „Вкупниот буџет на Општина Куманово за 2025 година изнесува 2.991.022.424 денари и е за 5 отсто зголемен во однос на ребалансираниот буџет ...

Шпанската актерка Мариса Паредес, ѕвезда од филмовите „Високи потпетици“ и „Цветот на мојата тајна“ на Педро Алмодовар, почина на 78 години. Во долгата кариера од 60 години, Паредес играше во речиси 80 долгометражни филмови и исто толку телевизиски серии. Од 2000 до 2003 беше претседателка на Шпанската филмска академија, ги доби највисоките признанија, меѓу кои и почесна награда Гоја за животно дело во 2018. Нејзиниот последен филм „Излез за ...

За купување цигари се троши 13, 2 отсто од семејниот буџет на домаќинствата со пушачи во земјава, покажа истражувањето „Ефектот на истиснување на потрошувачката на тутун врз буџетот на домаќинствата во Македонија“ и „Влијанието на цените на цигарите и политиките за контрола на тутунот врз иницијацијата со пушење кај младите“ на „Аналитика тинк танк“ од Скопје. Презентирајќи го истражувањето, Тамара Мијовиќ-Спасова кажа дека во Македонија, ...

Шефот на сириска организација со седиште во САД изјави дека масовна гробница близу Дамаск содржи најмалку 100.000 тела на луѓе убиени од поранешниот режим на Башар ал-Асад. Муаз Мустафа кажа дека локацијата се наоѓа 40 километри северно од Дамаск и е една од петте масовни гробници идентификувани низ годините. „Сто илјади е најконзервативната проценка. Тоа е крајно неправедна конзервативна проценка“, кажа Мустафа, шефот на Сириските сили за итни ...

Орце Димитров од Кратово, кому уште од 2004 година (на негова 38-годишна возраст) му била констатирана Паркинсонова болест, конечно доби пари за операција и во болница во Истанбул неодамна му е вградено апаратче – стимулатор на мозокот. Три ипол години Димитров водеше тешка правна битка за да го убеди Фондот за здравство дека бара пари за лекување, за операција во странство, а не за дијагноза. Дијагнозата нему му беше утврдена на ...

Општина Велес набави инвертер клими за општинските основни училишта. Набавени се вкупно 91 инвертери за училиштата „Свети Кирил и Методиј“, „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, „Стојан Бурчевски Буридан“ од Иванковци, „Панко Брашнаров“ и во основното музичко училиште „Стефан Гајдов“. „Со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставата во сите годишни времиња“, кажа градоначалникот Марко Колев. Наредните денови ...

Штипскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го доби орденот „Свети Никола“, што веќе 13 години се доделува за Денот на градот, 19 Декември, на заслужни граѓани кои се родени или потекнуваат од Штип. Според Комисијата за доделување на највисокото признание на Штип, Миовски во последните неколку години е еден од главните репрезентативци на македонската фудбалска селекција и нејзин голгетер. Миовски кариерата ја започнал во Брегалница, потоа ...

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани вчера го посетија објектот на новата градинка во Тетово. По настанот на кој не беа повикани новинарите, и Касами и Лимани објавија соопштенија за посетата, но со сосема различни заклучоци. На официјалниот фејсбук профил на Касами за вчерашната посета стои: „Со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и ...

Украина неофицијално ја презеде одговорноста за денешната експлозија во Москва, во која загинаа еден од најважните руски генерали Игор Кирилов и негов помошник. Тие беа убиени по детонацијата на експлозив поставен на електричен тротинет, на улица оддалечена само седум километри од Кремљ. Генерал-полковникот Кирилов (54) беше шеф на руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили од април 2017 и нападот се случи само ден откако украинската ...

Меѓу пријавените од Министерството за внатрешни работи (МВР) за проневера на пари на граѓаните во „Државната лотарија на Македонија“, се и експремиерот Димитар Ковачевски, како и Методија Димовски, последниот генерален секретар на Владата пред да дојде Игор Јанушев. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција денеска не го посочи директно Ковачевски, но рече: „Постапивме по кривична пријава добиена на 13 декември од ...

На температура од минус пет степени Целзиусови, во магла и врнежи од снег, советникот Иван Чулакоски од независната советничка група Поинаку, на штица за сноубординг, a облечен во костум, се спушти од 2.370 метри надморска височинана на Пелистер. Ова беше негов петти спуст со сноуборд низ планинските предели на кои нема патеки за спуштање, за да побара изградба на гондола и Детското одморалиште кое се рАспаѓа да се даде на Општина Битола. „Тешки ...

Севернокорејски војници загинале во борбите против украинските сили во рускиот регион Курск, објавија САД. Тоа се први регистрирани жртви меѓу севернокорејските војници откако во октомври се дозна дека Пјонгјанг испратил околу 10.000 војници како засилување за руската војска. Украинската воена разузнавачка служба претходно кажа дека најмалку 30 севернокорејски војници загинале или биле ранети во борбите викендов. Севернокорејските трупи немаат ...

Еден од најважните руски генерали Игор Кирилов е убиен во експлозија во Москва. Генерал-полковникот Кирилов раководеше со руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили. Рускиот истражен комитет кажа дека Кирилов го напуштал својот стан кога била детонирана направа скриена во скутер. Во експлозијата, која се случи само седум километри од Кремљ, загинал и негов помошник. „Отворивме кривична истрага за убиството на двајца војници“, објави ...

Обвинителот од ОЈО Скопје кој ја води истрагата за проневерата на 8,2 милиони евра од „Државна лотарија“ на Македонија, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за ексдиректорот на „Лотарија Прперим Бајрами и за поранешниот прв вицепремиер во Владата Артан Груби. По дојава дека ќе има претрес и голема истрага, Груби и Бајрами ја напуштија Македонија уште пред да почне ...

Најмалку петмина луѓе се убиени во пукање во приватно христијанско училиште во американската сојузна држава Висконсин. Меѓу жртвите е и малолетникот кој го извел нападот, изјави полицијата. Шефот на полицијата на Медисон, Шон Барнс, кажа дека има и петмина ранети, од кои некои се во критична состојба. „Полицајците кои реагираа на пукањето не го употребија своето оружје. Тие пристигнаа на местото на настанот за само три минути“, додаде Барнс. ...

Германија ќе оди на вонредни парламентарни избори на 23 февруари откако парламентот денеска очекувано ѝ изгласа недоверба на владата. Барањето беше поднесено од самиот канцелар Олаф Шолц минатата недела откако неговата влада го изгуби мнозинството во парламентот по смената на министерот за финансии Кристијан Линднер и излегувањето на партијата Слободни демократи од владејачката коалиција. „Предвремени избори се можност за гласачите да изберат ...

Одбор во Европската Комисија (ЕК) изразил загриженост од информациите кои ги добил од претставници од Македонија за активностите околу организирањето на настанот Скопје Европска престолнина на културата 2028, стои меѓудругото во извештајот објавен на официјалната Интернет-страница на ЕК. Лани во септември во Брисел, во присуство на делегација на чело со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и тогашната министерка за култура Бисера ...

Неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведувал јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и МВР, вчеравечер резултирала со акција во која е разбиена криминална група на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани. По барање на јавниот обвинител, а врз основа на Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
75%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
72%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52