Десничарската влада на Италија на чело премиерката Џорџа Мелони има намера да ги задржи нејзините контроверзни прифатни центри за мигранти во Албанија и покрај неколкуте правни порази. Во изјавата по состанокот меѓу Мелони и неколку министри, владата ја потврди својата „цврста намера“ да продолжи да работи на т. н. „иновативни решенија“ за феноменот на миграцијата. Италијанските судови двапати ја попречуваа политиката на Мелони во Албанија да се ...

Уште една истрага за финансиски криминал е поведена против директорот на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, кадар на тогашната владејачка партија ДУИ. Заедно со второпријавениот Артан Ајрули, сопственик на фирма „Ритрон копи“, исцицале пари од „Лотарија“ преку лажни фактури. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија мора да биде подготвена да се спротивстави на какви било хибридни напади од Русија, кои вклучуваат кампањи на социјалните мрежи дизајнирани да им помогнат на екстремните десничарски и популистички партии. „Путин се вклучува во хибридни напади, а Германија е особено во фокусот“, изјави Писториус во интервју. „Тој добро нè познава, Путин знае да нè закачи“, додаде министерот за ...

Тетовскиот градоначалник Билал Касами сака на претстојните локални избори повторно да се кандидира за највисоката функција во градот, но уште не знае дали ќе биде поддржан од партијата и од коалицијата. „Да, јас планирам да се кандидирам, но тоа е процесот. Не знам дали ќе ме прифатат или не од партијата, или од коалицијата“, рече Касами на предновогодишниот брифинг со тетовските новинари. Тој одговори на повеќе прашања кои му беа поставени, при ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила неколку заговори на украинските разузнавачки служби за убиство на високи руски офицери и нивните семејства во Москва користејќи бомби маскирани како преносни полначи или папки со документи. На 17 декември, украинската разузнавачка служба СБУ го уби генерал-полковник Кирилов, началник на руските трупи за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, во Москва пред неговата ...

Приватниот универзитет „Скопје“, поранешен Универзитет за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска, која е членка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од списокот на наставен кадар, откако ТВ „Телма“ постави прашања дали е конфликт на интерес тоа што баш Ристовска го водеше предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски. Неколку часа подоцна, Универзитетот ја врати ...

Недела треба да биде работен ден за сите кои ќе плаќаат двојна дневница, смета премиерот Христијан Мицкоски. Тој на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, рече дека тоа не треба да биде селективно како што го направила претходната влада туку или да се даде можност на сите кои ќе постигнат договор со работодавачите за двојна или тројна дневница да ...

Дваесет големи мачки – меѓу кои и бенгалски тигар и четири пуми – угинаа од птичји грип во текот на изминатите неколку недели во резерват за животни во државата Вашингтон, САД. Смртоносната вирусна инфекција, која ја носат дивите птици, се шири првенствено преку респираторните секрети и контактот од птица со птица, а може да се зарази и од цицачи кои јадат птици или друга храна. Резерватот е под карантин и е затворен за јавноста за да се спречи ...

Над 1.500 затвореници избегале од затвор во Мозамбик, искористувајќи ги тековните политички немири предизвикани од спорните изборни резултати, соопшти полицијата. Триесет и три лица загинаа, а 15 се повредени во судирите со стражарите, изјави на прес-конференција началникот на полицијата. Оттогаш повторно се фатени уште околу 150 бегалци, додаде тој. Протестите избија во понеделникот како одговор на највисокиот суд во Мозамбик кој потврди дека ...

Џекпотот на „Мега милионс“ надмина 1 милијарда долари откако ниту еден билет не се совпадна со сите шест извлечени броеви на Бадник. Тоа значи дека проценетиот џекпот за извлекувањето в петок е 1,15 милијарди долари, што е потенцијално петти по големина џекпот во историјата на играта. „Знаеме дека многу луѓе најверојатно ќе добијат лозови за петочното извлекување како празнични подароци, и тоа би бил и тоа каков подарок ако сте го добиле лозот ...

Вечерва во 19 часот во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ ), ќе се отвори изложба во чест на 100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски, еден од авторите што во одреден културно-историски контекст одиграле важна улога во дефинирањето на македонската историја на уметноста. Кураторките Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделковска-Брзанова, која е и в. д. директорка, велат дека како дел од веќе востановените ...

Ќе се гради втората фаза на жичницата во Скопје, од Капиптец до Средно Водно. Владата најави дека ќе го продолжи овој проект за да може на планината Водно да се стигне без возила. „Сметаме дека овој проект е важен за градот Скопје. Жичницата секојдневно се користи од голем број домашни и странски гости и затоа сакаме целосно да го поврземе градот со Водно. Во наредниот период ќе се прават анализи односно ќе разгледаме што предвидувал претходниот ...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во првото новогодишно обраќање во Собранието, денеска кажа дека по 20 години лекцијата ја научивме и ние, дека националните интереси се градат овде, консензуално. Потребен е консензус меѓу власта и опозицијата за најважните државни прашања, апелираше таа. Во овој контекст рече дека не жали што ја поддржа отворено Радмила Шеќеринска за заменичка-генерален секретар на НАТО. Кажа: „Имаме ...

За утре најавениот планиран прекин во снабдувањето со струја во делови од Битола, меѓу кои улиците Илинденска и Седми јули, е одложен, соопштија од ЕВН за САКАМДАКАЖАМ.МК. „Планскиот прекин се одложува сè до подобрување на временските прилики. Во текот на утрешниот ден, корисниците на овие две улици ќе имаат нормално снабдување со електрична енергија“, се вели во известувањето до ЕВН. САКАМДАКАЖАМ.МК утрово објавидека на овие две улици се ...

Судот во Турција ги осуди на затвор сопственикот и архитектот на хотелот кој се урна во земјотресот во 2023 година, при што загинаа 72 лица. Сопственикот на „Исијас гранд“, Ахмет Бозкурт, и архитектот Ердем Јилмаз добија по 18 години и пет месеци, објави официјалната новинска агенција Анадолу. Синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци, се вели во соопштението. Хотелот, во југоисточниот град Адијаман, беше домаќин на ...

Советниците од независната советничка група Поинаку на денешната седница на Советот во Битола, на градоначалникот Тони Коњановски му поставија прашања кои му ги дадоа и во писмена форма, за тоа каде завршуваат парите од спонзорстваата на празничната манифестација „Зимска приказна“. Таа трае од 20 декември до 6 јануари и на неа се случуваат бројни забавни и културни настани, а вклучени се и приватни спонзори. „Имам само едно прашање до вас, кај ...

Утрешниот планиран прекин на струјата во Битола ќе биде поради реконструкција и модернизација на електричната мрежа, ни рекоа од ЕВН на прашањето на што се должи овој прекин на снабдувањето со струја во овие студени зимски денови. Од ЕВН велат дека реконструкцијата и модернизацијата на мрежата е нивна секојдневна работа која се случува и во други делови на државата. Утре, 26 декември, делови од Битола односно улиците Илинденска и Седми јули од ...

ЕУ планира да воведе нов систем за влез и излез од територијата на земјите-членки во 2025 година, но засега е неизвесно кога точно тоа ќе се случи. Најважните измени кои ќе ги засегнат и македонските граѓани е онлајн регистрацијата и плаќање 7 евра за патниците кои ги посетуваат земјите-членки на ЕУ за бизнис, туристички, медицински или транзитни цели. Во новата 2025 година, Европската унија планира да воведе два нови система за регистрација на ...

Делови од Битола утре, 26 декември, од 8:30 до 15 часот ќе бидат без струја. Лепенки со вакви известувања од ЕВН се поставени на бандерите на улиците Илинденска и Седми јули, на кои пишува дека се работи за планско исклучување и се молат граѓаните за разбирање. Исто така, и денеска делови ид улицата Илинденска се без струја скоро еден час. Ова се улици со стотици домаќинства, а има и фирми кои има имаат дуќани. Битола нема организирано парно ...

Антикорупциската комисија едногласно одлучи дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски ги исполнува сите услови за да биде директор на Агенцијата, откако Државниот просветен инспекторат, Дирекцијата за класифицирани податоци, МВР и други институции, одговориле дека и дипломите, и 240-те стекнати кредити, и работата на приватниот универзитет за туризам и менаџмент му е по закон. За ТОЕФЛ уверението за англиски ...

Вредниот фрескоживопис од 14. век во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане конечно ќе биде конзервиран. Министерството за култура за наредната година одвои 5,5 милиони денари (околу 90 илјади евра) со кои ќе започне процесот, а ќе се врши етапно во наредните неколку години. „По 10 години отпочнуваме значаен проект за конзервација на фрескосликарството во црквата. Во 2025 ќе обезбедиме околу 5,5 милиони денари, финасирањето ќе продолжи и во ...

Во скопската Зоолошка градина се родија два пингвина, објави Скопје ЗОО. „ Крвната линија на нашето јато започна од Русија и Италија, а со бебињата кои ги имаме успешно ја продолжуваме одржливоста на видот Хамболт пингвини во Европа и светот“, велат од Зоолошката. Овие јужноамерикански птици се многу интелигентни и бараат многу внимание и грижа. Најчеста закана за болести е периодот кога има влага и испарување, а во светски рамки и маларијата ...

На вработените од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ деновиве им се исплатени заостанатите плати за август, септември, октомври и ноември. Ова следи откако Советот на Општина Тетово на седницата од 11 декември донесе одлука за покривање на загубите на „Тетово“ во висина од 60 милиони денари (над 970.000 евра). Со овој износ, освен заостанатите плати ќе се подмират и долговите за здравствено и пензиско осигурување кои исто така не им ...

Оперските пејачи од Шпанија Ирене Палазон (сопран) и Хозе Луис Сола (тенор) ќе бидат гости на Василичарскиот концерт на Националната опера и балет (НОБ). Традиционалниот концерт ќе се одржи на 11 и 13 јануари 2025, а ќе диригира Оливер Диаз од Шпанија. „Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 на сцената на ...

Проблемите во сообраќајот во Велес кои се големи и сериозни, ќе се решаваат со превентивно делување на сообраќајната полиција, а ко тоа не донесе ред, тогаш ќе се започне со казнување, кажа градоначалникот на Велес Марко Колев по средбата со новиот комадир на собораќајната полиција Трајче Мечалов. Колев средбата ја најави претходно на седница на Советот, а по реакциите на граѓаните и советниците за итно решавање на бројните проблеми кои го ...

Најмалку 28 патници ја преживеаја авионската несреќа на патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“, што се урна во градот Актау во Казахстан, што значи дека над 30 патници најверојатно се мртви, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан. Министерството потврди дека во авионот имало 67 лица, меѓу кои и пет членови на екипажот. Преживеаните патници се в болница. Руската новинска агенција „Интерфакс“ го цитираше Мнистерството дека може ...

Русија денеска лансираше огромен напад со ракети и беспилотни летала насочени кон енергетската инфраструктура на Украина, погодувајќи термоцентрала поради што Украинците се засолнуваа во метро станиците. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека над 70 проектили, вклучително и балистички ракети, и над 100 нападни беспилотни летала биле употребени за да се нападнат изворите на енергија на Украина, во изјава за X. Украинскиот министер ...

Данската влада најави огромно зголемување на трошоците за одбрана за Гренланд, неколку часа откако Доналд Трамп ја повтори својата желба да ја купи територијата на Арктикот. Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен рече дека пакетот е „двоцифрена милијарда сума“ во круни, а според проценката на данските медиуми, тоа е најмалку 1,5 милијарди долари. Министерот го нарече тајмингот на објавувањето „иронија на судбината“. На 23 декември ...

Патнички авион со 72 лица се урна во Казахстан и се претпоставува дека има десетици загинати, соопшти Министерството за вонредни состојби. Според властите, шест лица ја преживеале несреќата. Летот на „Азербејџан ерлајнс“ бил на пат од Баку во Азербејџан до Грозни во Русија, но бил пренасочен поради магла. Се урна во близина на аеродромот „Актау“ на западот на земјата. Службите за итни случаи работеа на гаснење на пожарот на местото на несреќата, ...

1 Po vjen Viti i Ri, pastaj Krishtlindjet, e me festat do të vijë edhe një round i ri i faljes të të burgosurve nga ana e presidentes Gordana Slijanovska-Davkova. Le të shpresojmë se në listë do të ketë “personalitete interesante nga një aspekt negativ”, siç thotë presidentja, që festat të na kalojnë me argëtim dhe humor të mirë. Shumë interesante është që në raundin e parë të amnistive, me rastin e 23 Tetorit, Ditës së luftës revolucionare ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52