
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Грција е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, но ѝ недостигаат работници. Се проценува дека на неколку недели до почетокот на сезоната 80.000 работни места се непополнети во угостителскиот и хотелскиот сектор, кој е столб на индустријата, која придонесува со 25% во бруто домашниот производ на земјата. Низ целата земја, хотелиерите се мачат да најдат рецепционери, чистачи, спасувачи, вратари, келнери и готвачи. Од популарни ...
Со суперлативи за неговите човечки, другарски и музички квалитети, со музички времеплов во 1990-тите, македонската естрада, пријатели и роднини денеска се простија од Тоше Поп-Симонов, легендарниот музичар, композитор, продуцент, аранжер и снимател, кој почина минатиот месец на 62 години. На комеморацијата во кино Фросина во Младински културен центар во Скопје често можеше да се чуе епитетот гениј, а Дарио Панковски можеби најдобро го долови ...
На охридското крајбрежје оваа сезона ќе ги нема туристите од Полска оти „Реинбоу”, еден од двата најголеми полски туроператори кој носеше гости од Варшава, и „Рего Бис“ ги откажаа летовите до Охрид. Зголемените цени на хотелските услуги се причина за откажувањата, а од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) велат дека по драстичното зголемување на трошоците цените не можат да останат на ниво од лани. Охридските хотелиери не понудиле ни „ол ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, за време на неговата прва официјална посета на Македонија по стапувањето на функцијата на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, рече дека државата не треба да биде жртва на изнудувања во замена за членство во Европската Унија. Тој додаде дека не е дојден да дели совети, но кажа дека не сите совети кои доаѓаат од соседите, меѓународната дипломатија или од ЕУ се паметни и корисни. „Вие сте тие кои ќе ...
Канцеларијата на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека војската на Пакистан добила овластување да преземе соодветна акција по вчерашните индиски воздушни напади, во кои загинале најмалку 26 луѓе. „Пакистан има целосно право да одговори силно на овој воен чин. Пакистанската нација и пакистанските вооружени сили многу добро знаат како да се справат со непријателот. Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во своите злобни цели“, ...
На 9 мај во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија, во 19 часот ќе се отвори изложбата „Црвен се барјак развева“, која ја обработува македонската народна борбена поезија и нејзината интерпретација во ликовните дела на македонските уметници. Автор на изложбата е проф. д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметност. На отворањето на изложбата ќе има и промоција на книга. „’Црвен се барјак развева’“ има за цел да го истакне богатото ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека времето кога криминалци слободно се движеле, а институциите биле користени за лични и политички интереси, е завршено, на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај, во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. „Се сеќаваме – и не смееме да заборавиме – како изгледаше нашето секојдневие пред неколку години. Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните ...
Македонско кредитно биро (МКБ) и Американскиот универзитет на Европа ФОН потпишаа меморандум за соработка насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите. Меморандумот го потпишаа директорот на МКБ Тони Трајанов, ректорот на АУЕ-ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска. Соработката опфаќа широк спектар на активности: спроведување на заеднички научни и стручни истражувања, ...
Доналд Трамп кажа дека САД ќе престанат да ги ракетираат хутите во Јемен зашто тие капитулирале, додека Оман објави дека групата се согласила дека веќе нема да ги напаѓа бродовите во Црвеното Море. „Хутите не сакаат да се борат и ние ќе го почитуваме тоа и веќе нема да ги бомбардираме. Тие капитулираа“, изјави Трамп. Набргу потоа, оманското министерство за надворешни работи кажа дека двете страни се договориле веќе да не се напаѓаат меѓусебно и ...
По два случаи на семејно насилство во Скопје за втори и трети мај, од кои едното заврши со убиство на жена, но и по секојдневни статистики за претепувани жени во домашно насилство, Собранието денеска на дневен ред на 34-та седница ги стави измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, но само за да го смени називот на министерството. Според предложените измени, секаде каде што стои старото име ...
Римокатоличките кардинали денеска попладне ќе ја започнат мисијата за избор на новиот папа, изолирајќи се од светот додека не го изберат човекот за кој се надеваат дека може да ја обедини разновидната, но поделена црква. Во процес кој датира од средновековно време, кардиналите ќе се пријават во Систинската капела во Ватикан по јавната миса во базиликата „Свети Петар“ и ќе ја започнат тајната конклава за избор на наследникот на папата Фрањо, кој ...
Индија ги нападна Пакистан и пакистанскиот Кашмир, a Пакистан соопшти дека соборил пет индиски борбени авиони, во најтешкиот судир по повеќе од две децении меѓу непријателските земји со нуклеарно оружје. Индија соопшти дека нападнала девет локации на пакистанска „терористичка инфраструктура“, некои од нив се поврзани со нападот на исламистичките милитанти врз хинду туристите во кој минатиот месец загинаа 26 лица во индиски Кашмир. Исламабад го ...
Канадскиот премиер Марк Карни за првпат ја посети Белата куќа и јасно му стави на знаење на Доналд Трамп дека Канада никогаш нема да биде на продажба. Иако Карни претходно ги опиша новите американски царини како предавство, помеѓу двајцата лидери немаше непријателски тонови за време на средбата и дури се фалеа еден со друг. Трамп кажа дека тие нема да разговараат за присоединувањето на Канада кон САД, иако рече дека тоа би бил прекрасен брак. ...
Фридрих Мерц од втор обид е избран во парламентот за нов германски канцелар откако доживеа понижување во првото гласање претпладнево. Откако во првиот обид му недостигаа шест гласа за апсолутно мнозинство, по неколку часа неизвесност партиите и претседателот на Бундестагот договорија да има второ гласање, каде што Мерц доби 325 гласови, доволно за да биде потврден за канцелар. Неговата коалиција со левиот центар има доволно места во парламентот, ...
Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против седум лица кои се товарат за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетиле буџетот на АД ЕСМ-Подружница РЕК Битола за 178.370.319 денари. Истовремено, обвинение е поднесено и против три службени лица од Бирото за јавни набавки за кривично дело Несовесно работење во службата, поради пропуштање на должен надзор при контрола на постапка за ...
Од денес во Скопје почнуваат пробите за претставата „Животот на провинциските плејбои по Втора светска војна“ од Душан Јовановиќ, регионална копродукција на Драмскиот театар од Скопје, Местно гледалишче од Љубљана (МГЛ), Будва Град театар и Београдско драмско позориште (БДП). Овој копродукциски проект, како што рече на денешната прес-конференција директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, е зачнат во Регионалната унија на театри РУТА и со ...
Професори од Градежен факултет предводени од деканот Горан Марковски, како и нивни колеги од други факултети, ќе бараат решение како да се доградат зградите на Факултетот за физичка култута и на ФИНКИ во Скопје. Изградбата на овие два објекта во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) почна во 2015 , а беше сопрена во 2019 кога изведувачот „Бетон Штип“ отиде во стечај. Оттогаш зградите не се чепнати, а и она што е ...
Над 65 издавачи, од кои најголем дел се од Македонија, и 110 промоции ќе има на 37. издание на Саемот на книга, кој ќе се одржува од 8 до 14 мај во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Годинава слоганот е „Храна за душа“, најавија на денешната прес-конференција организаторите, извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска и проект-менаџерката на Саемот Сања Кондарко. Саемот ќе се отвори на 8 мај во 12 часот, ќе работи секој ден до ...
Српските студенти побараа да се одржат вонредни избори по неколку месеци секојдневни протести и блокади кои ја разнишаа власта на Александар Вучиќ. Во соопштение објавено на социјалните мрежи, студентите кажаа дека изборите се единствениот начин за излез од длабоката политичка криза во Србија, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога во уривањето на настрешницата починаа 16 луѓе. Оваа трагедија доведе до ...
Советот на Општина Куманово ја изгласа нацрт-измената и дополна на Деталниот уурбанистички план (ДУП) каде што треба да се гради маркетот на „Лидл“. Станува збор за парцела на влезот на Куманово со површина од 42.000 метри квадратни на местото на поранешен ЧИК „Куманово“. Иницијатори на измените во ДУП се Џино Реџина и Драган Митевски, кој е кум на градоначалникот Максим Димитриевски, а финанисер е „Лидл Македонија“. По неколкучасовната ...
Апелациониот суд Скопје му ја намали казната затвор на Дритон Мустафов (44) од велешко Бузалково од шест на четири години за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност. Претходно во првостепена пресуда, во Основен суд Велес му беше изречена казна затвор од шест години, откако Мустафов призна дека опожарил казино во Велес, при што сторил голема материјална штета а станарите кои биле над просторијата на клубот, ноќта ја минале по роднини, ...
Охриѓани ќе добијат затворен пливачки базен следната година. Ова е новиот рок кој за САКАМДАКАЖАМ.МК го изјавија од Министерството за спорт за објектот кој започна да се гради пред девет години. „Министерство за спорт прави сè што е во негова моќ и надлежност за охриѓани да го имаат на располагање затворениот пливачки базен во текот на 2026 година“, велат од Министерството за спорт. Министерството ја чешлаше работата на поранешната Агенција за ...
Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц неочекувано не го доби потребното мнозинство во парламентот за да стане канцелар. На Мерц му беа потребни 316 гласови во Бундестагот со 630 места, но обезбеди само 310, што претставува значаен удар за лидерот на демохристијаните, два и пол месеци по победата на сојузните избори во Германија. Неговата коалиција со левиот центар има доволно места во парламентот, но не доби поддршка од уште 18 пратеници ...
Европската Унија ќе забрани да се склучуваат нови договори за руски гас до крајот на годината и ќе ги укине постоечките договори со Москва до крајот на 2027, кажаа три извори од Брисел. Ова е во согласност со целите што ЕУ си ги постави по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022. Овие законски предлози ќе треба да бидат одобрени во Европскиот парламент. ЕУ има воведено санкции за руските јаглен и поморски испораки на нафта, но ...
Во Скопје уште не е почнато прскањето против комарци, ниту од земја ниту авионски. Со години, прскањето почнуваше ко средината на април, по што се прскаше неколку пати авионски. Од Град Скопје не добивме одговор на нашето прашање зошто се доцни со прскање и кога се планира да се почне со оглед на тоа дека во Скопје веќе има комарци? И лани Градот доцнеше со прскањето, бидејќи пропадна дел од тендерот. Договорот за средство за уништување на ...
Русија кажа дека Украина ноќеска лансирала дронови кон Москва, напаѓајќи ја втор ден по ред. Сите четири главни аеродроми во градот биле затворени на неколку часа, но сега повторно работат, објавија воздухопловните власти. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот од различни насоки. Тој додаде дека остатоците од еден дрон паднале на еден од главните автопатишта ...
Романскиот премиер Марцел Чолаку поднесе оставка и неговата Социјалдемократска партија излезе од владата откако десничарот Џорџе Симион победи во првиот круг на претседателските избори вчера. Симион, кого често го нарекуваат романскиот Доналд Трамп, освои над 40% гласови и ќе биде голем фаворит во вториот круг на 18 мај, кога ќе се соочи со либералниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан. По ваквиот резултат на изборите, Чолаку кажа дека ...
Со средства од унгарскиот кредит на Владата и сопствени средства од буџетот на Општината, во близина на влезот во Штип од правец на Скопје почна да се гради нова транзитна обиколница за Струмица, која ќе овозможи за овие патни правци да се оди без да се минува низ центарот на градот. Обиколницата ќе биде поврзана со регионален пат со две ленти во должина од 3,2 километри и нов мост на реката Брегалница во близина на бањско-рекреативниот комплекс ...
Тројца Бугари осудени за шпионирање за Русија присуствувале на настан во Вестминстерската палата, покажа истрага на Би-Би-Си. Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова биле присутни на дебата за Брегзит во мај 2016. На фотографиите објавени на социјалните мрежи и откриени од Би-Би-Си се гледаат шпионите со претставници на европски политички партии. Портпаролот на парламентот рече дека Парламентот е јавна зграда што ја посетуваат илјадници ...
Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината. Јазикот мораме да го заштитиме со доследно почитување на уставната норма, но и во дигиталната ера за да биде достапен за дијаспората и за идните поколенија, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечената академија за 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во МАНУ. ...