Ќе се зголеми цената на такси превозот во Куманово, откако Советот на Општината на последната седница го прифати барањето на такси превозниците за корекција на цената на услугата. Со новата одлука, стартот на возењето ќе се зголеми за 20 денари и ќе изнесува 100 денари, во што се вклучени два километри. Секој нареден километар ќе се наплаќа по 40 денари. Раководителката на Секторот за комунални дејности, Лидија Ланг-Спасовска, рече дека ...

Војната на Блискиот Исток ги зголеми цените на нафтата и доведе до блокада на Ормускиот Теснец, клучна точка низ која поминуваат околу 20 отсто од глобалните испораки на нафта и течен природен гас. Со ова, поскапи сѐ, вклучително и горивото, резервните делови и сервисот за такси-возилата. Превозници со кои разговараше „Слободен печат“ сметаат дека такси-услугата во Скопје треба да поскапи за да можат таксистите да ги подмируваат давачките. ...