
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Српскиот претседател Александар Вучиќ нагло ја прекина посетата на САД откако му се слошило, објави новинската агенција „Танјуг“. Додека бил во Мајами, Вучиќ побарал лекарска помош, по што одлучил да се врати во Србија и веќе бил на пат за Белград. Поради тоа, Вучиќ го откажа учеството на главните настани поради кои дојде во САД. Од неговиот кабинет засега немаат соопштено во каква здравствена состојба е Вучиќ, туку најавија дека ќе се огласат ...
Вработените во Зоолошката градина Скопје денеска излегоа на протест бидејќи немаат земено плата за месец март. Но, тие рекоа дека протестот не е против никого и не обвинуваат никого што немаат земено плата, туку само да ги видат дека се останати без пари. Во Зоо Скопје има околу 50 вработени, а платата им ја исплаќа Министерството за култура. „Овој протест не го правиме против никого. Не е ни против (Министерството за) култура, ни против Град ...
Белата куќа потврди дека на 14 јуни ќе се одржи голема воена парада за да се одбележи 250-годишнината на американската војска, што, пак, ќе се совпадне со роденденот на Доналд Трамп. Целодневниот фестивал ќе се одржи во Вашингтон, а ќе учествуваат 6.600 војници, 150 армиски возила и 50 летала. Трамп имаше идеја за воена парада и во својот прв мандат, но се откажа по извештаите дека би чинела 90 милиони долари. Американската војска кажа дека ...
1 Со тоа што пратениците од владејачките партии не излегоа да ги сослушаат родителите на загинатите деца од пожарот во Кочани на нивниот протест во Скопје, уште повеќе ја зголемија недовербата кон институциите и уште повеќе ги засилија сомнежите за селективна правда. Родителите допатуваа од Кочани и сакаа само да бидат ислушани. А пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дури и тие што се од Кочани и од источниот дел на Македонија од каде што се мнозинството ...
САД и натаму ќе останат посветени кон мировните напори во Украина, но планираат да ја намалат својата улога како посредник, објави Стејт департмент. „Нема да летаме наоколу низ светот за да посредуваме во разговори. Тоа е сега помеѓу двете страни и време е тие да презентираат и развијат конкретни идеи како да се заврши војната“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус. Оваа објава претставува значаен пресврт во пристапот на ...
До крајот на мај ќе може да се проверат Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за за остварените приходи во 2024 година, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Пријавите се поставени на лилните кориснички профили на системот е-Даночни услуги. Секој кој е регистриран на системот е-Даночни услуги има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31 мај, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава ако треба да се направи корекција. ...
Осумдесетина врвни хирурзи-ортопеди од Македонија и соседните земји минатиот викенд учествуваа на специјализиран симпозиум во Скопје, на кој во живо се емитуваа четири операции. Во хотелот „Александар палас“ имаше директен пренос од операционите сали во Ортопедија и Трауматологија при Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, каде беа извршени 4 операции на преден вкрстен лигамент на колено. Овој специјализиран симпозум, годинава на тема на ...
Хип-хоп могулот Шон Диди Комбс ја одбил понудата на властите да се изјасни како виновен и така да се спаси од можноста за долга затворска казна. Тој се појави во суд денеска пред почетокот на судењето за сексуална трговија следната недела. Запрашан од судијата дали ја отфрла спогодбата понудена од обвинителството, Комбс одговори потврдно. Педесет и петгодишниот музичар и продуцент се соочува со бројни обвиненија поврзани со сексуална трговија и ...
Во сообраќајните контроли на патиштата во целата држава, вчера за празникот Први мај (2025 година), од вкупно 613 напишани казни, дури 132 прекршоци се однесувале на возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што немале возачка дозвола. И покрај секојдневните контроли и казнувања, совеста на возачите кои немаат положено возачки испит или од ...
Во Кочанската болница во тек е процесот на рехабилитација на дел од повредените млади пациенти, по пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март, во кој загина 62 лица, а 193 беа повредени. Ова е трета седмица како им се дава соодветна нега на триесетина пациенти кои се вратени дома. „Даваме третмани на три категории пациенти, тоа се младите со нагмечувања со повреди на мускулите, со изгореници и со потешкотии при дишењето, сите настанати од пожарот ...
Германската Федерална канцеларија за заштита на уставот (БфВ) ја означи целата крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) како екстремистички субјект. БфВ објави дека одлуката била донесена по интензивна и сеопфатна анализа. „Во партијата превладува концепцијата за народот заснована на етничка припадност и потекло, што не е компатибилно со слободниот демократски поредок. Нејзината цел е одредени групи на население да се исклучат од ...
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека војната во Украина нема да заврши во скоро време. Тој рече дека прашањето со кое сега се соочува американската администрација е како таа би можела да им помогне на Русија и Украина да најдат заеднички јазик за ставање крај на конфликтот кој беснее повеќе од три години. „На крајот, Русија и Украина ќе бидат тие кои ќе треба да се договорат. Но, како што сега стојат работите, оваа војна нема да ...
„Епл“ објави дека веќе нема во Кина да произведува најголем број „ајфони“ и други уреди кои се наменети за американскиот пазар, со цел да ги избегне новите царини на Доналд Трамп. Место Кина, „ајфони“ ќе се произведуваат во Индија, а останатите електронски уреди во Виетнам, кажа извршниот шеф на „Епл“, Тим Кук. Ова доаѓа откако технолошкиот гигант проценил дека американските увозни давачки би можеле да му ги зголемат трошоците во сегашниот ...
Не може луѓе со 2 илјади евра плата да им кажуваат на луѓето дека 400 евра плата е доволно, рече Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ на денешниот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во Скопје во чест 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. ССМ бара минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права. Протестот почна од пред ...
Доналд Трамп ќе го номинира Мајк Волц за американски амбасадор во Обединетите нации откако го разреши од функцијата советник за национална безбедност. Трамп му се заблагодари на Волц во објава на социјални мрежи и кажа дека нов советник привремено ќе биде Марко Рубио, кој истовремено ќе продолжи како државен секретар. Ова ќе биде прв таков случај од Хенри Кисинџер пред половина век. Волц се соочи со големи критики во Белата куќа по скандалот со ...
Македонија падна за 6 места, од 36 на 42, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ), и е последна во групата земји каде ситуацијата е „задоволителна“. Во оваа група од регионот се уште само 2 земји, Словенија која напредувала за за 9 места и е 33-та, и Црна Гора погоре за 3 места и е 37-ма, а сите други се во групите со „проблематична“ или „тешка“ состојба. Класификацијата на РСФ опфаќа 180 држави од цел свет. Норвешка е ...
Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, ќе поднесе оставка откако бил принуден на тоа, изјавија четири добро упатени извори за „Ројтерс“. Тоа е прв голем потрес во блискиот круг на Трамп од неговото враќање во Белата куќа во јануари. Покрај Волц, заминува и неговиот заменик Алекс Вонг, експерт за Азија кој во првиот мандат на Трамп беше фокусиран на Северна Кореја. Волц се соочи со големи критики во Белата куќа по ...
Мартин Скорсезе сними документарен филм со покојниот папа Фрањо, кој вклучува разговори помеѓу нив и последното интервју со папата пред камера. „Алдеас – нова приказна“ раскажува за непрофитната меѓународна организација „Сколас окурентес“, основана од Фрањо во 2013 за да ја промовира „културата на средба“ помеѓу младите. Филмот е снимен на локации во Индонезија, Гамбија и Италија. „Документарецот ќе биде сведоштво за трајното верување дека ...
На 116 години почина најстарата личност на светот, бразилската калуѓерка Ина Канабаро Лукас. Родена на 8 јуни 1908, таа станала католичка калуѓерка во рани 20-ти години. Нејзиното семејство кажа дека Ина секогаш го славела својот роденден со торта во облик на стадионот на нејзиниот омилен фудбалски клуб, Интернасионал од Порто Алегре. Таа имала неколку шалови, дресови и колекција перници од клубот. Сестра Ина, која била благословена од папата ...
Со настап на Ансамблот „Танец“ и изложба посветена на Кензо Танге, Македонија се претстави на „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, соопшти Министерството за култура. „ЕКСПО е место каде што светот се среќава – преку иновации, култура и визија за иднината. Нашето присуство тука е увертира за сето она што ќе го претставиме во наредниот период. Македонија денеска настапува со срце отворено кон светот – горда на своето наследство и насочена кон ...
Рударско енергетскиот комбинат (РЕК) „Битола“ во меѓународните извештаи се посочува како еден од најголемите загадувачи со сулфурен диоксид и прашина во Западен Балкан, но во Македонија тешко се докажува дека Комбинатот загадува и досега никој не понел одговорност за тоа. Во два наврата кога пепелта беше несоодветно одлагана, за кои на големо се говореше во јавноста, мерењата кои ги вршеше РЕК не покажаа загадување над дозволеното. Последниот ...
Израел побара меѓународна помош за гаснење пожари откако огновите стигнаа до периферијата на Ерусалим, што доведе до евакуација на населени места и до затворање на клучен автопат. ТВ-снимки покажаа како гори долж автопатот Ерусалим-Тел Авив, додека луѓе ги напуштаат своите автомобили и бегаат. Премиерот Бенјамин Нетанјаху кажа дека Италија и Хрватска ќе испратат противпожарни авиони, а помош е побарана и од Грција, Кипар и Бугарија. „Ветровите ...
Во Велес започна пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на локалната власт. Ја врши компанија од Кавадарци избрана на јавен повик, а надзорот е на стручни лица од Центарот за јавно здравје Велес. „Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата во областа на здравствената заштита за 2025 година. Во следните неколку дена ќе биде ...
Владимир Путин кажа дека жителите на Волгоград ќе одлучат дали да се врати поранешното име на градот Сталинград, како што се викаше кога советските трупи ги поразија нацистичките сили во Втората светска војна. Ова прашање беше покренато во пресрет на 80-годишнината од победата на Советски Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија, што ќе се одбележува следната недела. Запрашан за можното враќање на старото име, Путин одговори: „Идејата ...
Сточарите и годинава, како и со години досега, не можат да најдат овчари кои би се нафатиле да работат во најнеопходната сезона на одгледување на овците, пред и по нивното прво и второ објагнување, или во период од шест месеци кој традиционално трае од Митровден на 8 ноември, до Ѓурговден на 6 мај. „За овој период едвај обезбедивме овчари кои ќе се ангажираат, иако им нудевме плата месечно по 1.500 евра па дури и до 2.000 евра или вкупно за шест ...
САД и Украина конечно го потпишаа договорот за ретки минерали по неколку месеци тензични преговори, што на Американците ќе им даде пристап до украинските енергенси и минерални ресурси. Според него, тие ќе го делат профитот од идната продажба на украинските природни ресурси и ќе се формира инвестициски фонд за реконструкција, што треба да ја помогне економската обнова на Украина по војната со Русија. Американскиот министер за финансии Скот Бесент ...
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска вели дека не праќала тајни податоци на обвинет во случајот „Адитив“ туку тој ѝ бил семеен пријател и комуницирале како пријатели. Во писмената изјава која Димитровска ја испрати до медиумите вели дека секој е невин додека не се докаже спротивното. Димитровска е осомничена заедно со уште две лица за незаконски дејства поврзани со обвинетите во големиот ...
Деградацијата на животната средина во земјата сериозно ги загрозува човековите права на живот, здравје, домување и вода, соопшти Советот на Европа по посетата на Комесарот за човекови права Мајкл О’Флаерти на Македонијa. Интеракцијата на здрава животна средина и заштита на човекови права беше во фокусот на неколкудневната посета на О‘Флаерти. Тој признава дека Северна Македонија учествува во сите главни меѓународни инструменти за животна ...
Првата награда за најдобар новинарски текст на конкурсот на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“ ја освоија Сунчица Николовска од МРТ, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ од Канал 5 и Пелагија Младеновска од ИРЛ за „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно како да сме во војна“ објавен на платформата Дома.еду.мк при Институтот за комуникациски студии. Втората награда ја доби новинарката Дивна Грданова Караџовска за ...
Судијата од Апелациониот суд Скопје Зоран Димитриевски, буквално со поздравен говор од сите членови на Судскиот совет, почнувајќи од врховниот судија Исамедин Лимани, денеска е избран за врховен судија. Без Димитриевски повеќе години не се прави закон од кривичната област, тој е едукатор и творец на многу научни трудови, но и помагач и консултант на сите судии колеги кои му се обраќаат за совет. Членот Миљазим Мустафа кажа дека е жива ...