
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



1 A ka ndonjë vend me një përbërje më të profilizuar të njerëzve në listën e zezë të SHBA-ve sesa vendi ynë? Ndër ata të shënuar nga Departamenti i Shtetit për korrupsion të lartë janë dy ish-kryeministra: Ljubço Georgievski dhe Nikola Gruevski, dy zëvendëskryeministra: Koço Angjushev dhe Artan Grubi, dy kryetarë komunash: Ramiz Merko dhe Stevço Jakimovski, dhe si qershia mbi tortë, edhe një ish-drejtor i shërbimeve sekrete, Sasho Mijalkov. Krem ...
„Тојота мотор“ во Северна Америка ќе донира милион долари за инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави портпаролот на компанијата, еден ден откако детроитските „Форд мотор“ и „Џенерал моторс“ (ГМ) рекоа дека ќе дадат иста сума. „Форд“ и „ГМ“ исто така даваат и возила за свеченоста, додека „Тојота“ не планира да го направи тоа, соопшти јапонската компанија. Предложените царини на Трамп за увоз од Мексико и ...
Новиот лидер на Сирија Ахмед ал-Шара постигна договор со шефовите на поранешните бунтовнички фракции за нивно расформирање, кои отсега ќе делуваат обединето под министерството за одбрана. Премиерот Мохамед ал-Башир минатата недела најави дека министерството ќе се преструктурира и ќе ги спои поранешните бунтовнички фракции и офицерите кои пребегнале од војската на соборениот претседател Башар ал-Асад. За нов министер за одбрана е назначен Мурхаф ...
Фотографии од преполни писоари, руинирани плочки, нечисти мијалници, преполни контејнери и смет расфрлен околу нив, од тоалетите и дворот во новиот Пазар во Битола покажа од говорница претседателката на битолскиот Совет Габриела Илиевска од независната советничка група „Поинаку“. Таа, критикувајќи дека ништо не е направено за да се подобри хигиената таму, го праша градоначалникот Тони Коњановски: „Градоначалник, имате видено? Ги имате користено ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска даде зелено светло обвинетите организатори на нападот на Собранието на 27 април 2017 – Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спире Ристевски – да бидат амнестирани по Законот за амнестија донесен за Крсто Мукоски и другите отворачи на собраниските врати. Главниот организатор, Никола Груевски е во бегство. Испадна дека за организираниот напад на Собранието на 27 април, кога тоа беше ...
Со сослушување на вешто лице од областа на архитектурата и урбанизмот, во Основниот суд Куманово денеска продолжи судењето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, обвинет од Основното јавно обвнителство (ОЈО) Куманово за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени за неиздавање дозвола за градба. На рочиштето беше презентиран стручен наод и мислење по однос на постапката за одобрение ...
Кошаркарите од „Пелистер“ во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ги спуштија кошевите на помала висина за да играат со децата со попречености од Ресурсниот центар „Кочо Рацин“. „Целта беше дацата да ја почувствуваат атмосферата во оваа сала, за првпат беа тука и играа кошарка. Досега немаа почувствувано такво нешто и беа пресреќни“, рече в. д. директорката на Ресурсниот центар Драгана Кирковска. Кошаркарите на младите соиграчи им подарија ...
На Клиниката за ортопедски болести на 19 декември беше извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати дарители, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК, асистент д-р Милена Богојевска-Доксевска, координаторка за трансплантација на Клиниката. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на Ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата е изведена под водство на д-р Ерен Сејфула, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на седница на Влада ќе побара акција од Пазарниот инспекторат зашто добивал информации дека некои од маркетите шпекулираат и, како што кажа, се служат со трикови. Тој вели дека е срамота она што го прават трговците со драматично зголемување на цените на производи како маслото, лебот, јајцата и брашното, во пресрет на новогодишните празници. „На седница на Влада ќе побарам робустна, жестока акција од ...
Членовите на поранешното грчко кралско семејство повторно добија грчко државјанство и изразија лојалност кон републиката, потег кој доаѓа 50 години по укинувањето на монархијата. Десетмина членови на семејството, вклучувајќи ги децата и внуците на бившиот крал Константин, кој почина лани, поднесоа барање за државјанство минатата недела. Тие кажаа дека смртта на Константин означила крај на една ера. Сепак, нивната одлука да го користат презимето ...
Министерството за транспорт објави нов јавен повик, втор оваа година, за воведување нови субвенционирани авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид од 1 јануари 2025 до 31 декември 2027. Апликациите ќе се разгледуваат и одобруваат според системот „прв дојден, прв услужен“ додека не се исцрпат средствата од 3,36 милиони евра што ги намени Владата за субвенциите. Тендерот е отворен за сите авиокомпании кои превезле над пет милиони патници и ...
Македонија го исполнува условот да одвојува два отсто од бруто домашниот производ за одбраната, а дали овој процент ќе се зголеми, ќе знаеме повеќе по претстојните самити на НАТО, кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во екот на војната во Украина и влошената безбедносна ситуација во Европа, генералниот секретар на НАТО Марк Руте неодамна кажа дека државите можеби ќе мора да трошат и повеќе за одбраната, а од новоизбраниот американски ...
Жолчна расправа се случи меѓу советникот Иван Чулакоски од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ и градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски на вчерашната седница на Советот, додека се дискутираше за Програмата за туризам во Битола. Чулакоски рече дека за Програмата се предвидени 5 милиони денари (околу 80.000 евра), а дури 3 милиони (околу 48.500 евра) се наменети за „Зимска приказна“, што ја организира Општината како празнична ...
Руски товарен брод потонал во Средоземното Море некаде меѓу Шпанија и Алжир, при што двајца членови на екипажот се водат како исчезнати, објави руското министерство за надворешни работи. Бродот „Урса мајор“ потонал по експлозија во неговиот машински простор и досега се спасени 14-мина од 16-темина членови на посадата, кои се превезени во Шпанија. Официјални податоци велат дека бродот испловил од Санкт Петербург на 11 декември и последен пат ...
Советничка падна откако попушти столот на кој седеша за време на вчерашната седница на општинскиот Совет на Битола. За среќа, таа помина без повреди. Советниците вчера изреагираа дека во последно време од советничките столчиња имаат паднато дури тројца, што укажаува на потребата од обнива на дел од инвентарот. Советничката падна додека од говорницата зборуваше еден од советниците, па тој ѝ се обрати со име и ѝ рече „што направивме?“. Дел од ...
Гренланд уште еднаш му порача на Доналд Трамп дека не е на продажба откако тој кажа дека сака да преземе контрола врз оваа територија. „Гренланд му припаѓа на народот на Гренланд“, изјави неговиот премиер Муте Егеде, откако Трамп ги повтори своите коментари за арктичкиот остров што првпат ги даде пред неколку години. Оваа автономна данска територија е дом на голема американска вселенска база и се наоѓа на најкратката маршрута меѓу Европа и САД, ...
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал-Асад не побарала развод, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Ова доаѓа откако турски медиуми објавија дека Асма ал-Асад сакала да стави крај на бракот и да замине од Русија, каде што таа и нејзиниот сопруг добија азил по бегството од Дамаск. Запрашан дали тоа е точно, Песков одговори: „Не, тоа нема врска со реалноста“, Русија беше еден од најблиските сојузници на режимот на Асад и му ...
Џо Бајден преиначи 37 од 40 федерални смртни казни, заменувајќи ги со доживотен затвор без можност за помилување. Меѓу трите исклучоци се бомбашот од Бостонскиот маратон и мажот кој уби 11 еврејски верници во 2018. „Поубеден сум од кога било дека мора да престанеме да ја користиме смртната казна на федерално ниво“, кажа Бајден. Мерката не се однесува на повеќе од 2.000 осуденици на смртна казна изречена од сојузните држави. Бајден ја донесе ...
Нискобуџетната холандско-француска компанија „Трансавиа“ од март ќе почне со летови меѓу Амстердам и Скопје. Билетите се пуштени во продажба од денеска, соопшти авиокомпанијата. Од септември 2008, кога престана да лета МАТ, ова ќе биде првпат аеродромот „Схипхол“ и македонскиот главен град да бидат поврзани со редовен авиопревоз. Компанијата е подружница на групацијата „Ер Франс – КЛМ“. Првиот лет ќе биде на 2 март 2025. Ќе лета два пари ...
Повеќе од 60 отсто од жените во Македонија најмалку еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден, покажа анкетата што ја спроведе Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во која учествуваа 311 испитанички. Автентичните сведошта на три девојки и жени од оваа анкета се објавени во три видеа кои се дел од кампањата „И онлајн насилството остава лузни“. Девојките и жените се ...
Комуналните редари или полицајци, кои се предвидуваат со новите измени на Законот за локална самоуправа, ќе бидат облигаторна работа за Општините и ќе немаат можност за избор од типот – сакаме или не сакаме да ги интензивираме комуналните надзори, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на консултативната средба што се одржа со градоначалниците од Пелагонискиот Регион и други граѓани во Битола. „Комуналните редари и сега се ...
На местото од урнатиот поранешен театар во Велес се предвидува паркинг, најави градоначалникот Марко Колев, како решение за проблемот со недоволно место за паркирање. „Со Генералниот план таму има зграда, јас неа не можам да ја избришам, но имаме пресуда на Уставен суд. Ценејќи ги сите работи мислам дека најдобро решение, почитувајќи ги барањата на граѓаните од тој дел, е таму да се изгради паркинг и локацијата хортикултурно да се уреди. Тоа би ...
Раскинат е договорот со фирмата „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV далекувод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, соопшти МЕПСО. Од државната компанија за пренос на електрична енергија велат дека до неодложно раскинување на договорот дошло поради неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на ...
Училиштата во Србија ќе се затворат за зимски распуст една недела порано од планираното, додека претседателот Александар Вучиќ се обидува да ги запре протестите против корупција кои ги блокираа универзитетите и потоа се проширија на средни училишта. Министерката за образование Славица Ѓукиќ-Дејановиќ кажа дека основните и средните училишта во земјата ќе бидат затворени од утре, место од 30 декември, поради загриженоста за безбедноста на децата и ...
Доналд Трамп побара од Панама да ги намали таксите за Панамскиот канал или да го врати под контрола на САД, обвинувајќи ја централноамериканската земја дека им наплаќа превисоки цени на американските бродови. „Таксите што ги наплаќа Панама се смешни и крајно неправедни. Ова искористување на нашата земја мора веднаш да престане“, кажа Трамп пред своите поддржувачи во Аризона. Претседателот на Панама Хосе Раул Мулино му возврати дека секој ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо дојде во изненадувачка посета на Москва, станувајќи третиот западен лидер кој се сретнал со Владимир Путин од почетокот на војната во Украина. Фицо, кој е гласен критичар на западната воена помош за Украина, кажа дека разговарале за испораките на руски гас, на што се потпира неговата земја. Ова доаѓа откако Путин потврди дека „Газпром“ ќе престане да испорачува руски гас во Европска Унија преку Украина од 1 ...
Преку програмата на Европската Унија „ЕУ за Преспа“ догодина ќе се доделуваат грантови за развој на туризмот во преспанскиот крај. Од канцеларијата на УНДП, кои се спроведувачи на програмата, велат дека преспанските села имаат огромен туристички потенцијал, а странските гости се воодушевени од Преспа, па затоа спроведуваат програма за помош на локалното население за отворање нови сместувачки капацитети. „Преспа има потенцијал за еко-туризам и за ...
Десетици илјади луѓе им се придружија на студентите на денешниот протест во Белград, чија цел беше да се сврти вниманието кон нивните барања во врска со трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Студентите, кои мирно протестираат веќе со недели, овојпат ги поддржаа средношколци, земјоделци, здравствени работници, јавни личности и други граѓани. Според министерството за внатрешни работи, собирот на плоштадот Славија привлече околу 29.000 ...
Хрватска вчера успешно го лансираше својот прв сателит од американската воздушна база Ванденберг во Калифорнија и тој веќе воспоставил комуникација со Земјата. „КроКјуб“ бил лансиран на ракетата „Фалкон 9“ на „СпејсЕкс“ и ова означува влегување на Хрватска во сферата на вселенската технологија. „Хрватска се придружи на повеќе од 80 држави кои имаат свој сателит во вселената. Сателитот ќе остане во орбитата на Земјата околу две години, на ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажаа лабораториските испитувања откако вчера речеси цел ден градот немаше вода поради зафатот за модернизација на мрежата. Утрово секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ изврши вонреден мониторинг на системот. Како што објави на нејзиниот фејсбук профил градоначалничката Данела Арсовска, мониторингот опфатил девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, ...