Кинески хакер спонзориран од државата упаднал во системите на американското Министерство за финансии, пристапувајќи до работните станици на вработените и некои некласифицирани документи, соопштија американските власти. Упадот се случил на почетокот на декември и беше јавно објавено во писмо напишано од Министерството за финансии до пратениците во кое ги известија за инцидентот. Американската агенција го окарактеризира прекршувањето како „голем ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се противи на распоредувањето на западни мировни сили во Украина како дел од каков било договор за крај на речиси тригодишната војна. Францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск овој месец ја предложија идејата за распоредување странски трупи за да се спроведе потенцијален мировен план помеѓу Русија и Украина. Во интервју за новинската агенција ТАСС ...

Деца со посебни потреби заедно со амбасадорката на САД Анџела Агелер денеска го посетија стационарот за бездомни кучиња „Лајка“. Децата се дружеа со кучињата кои чекаат посвојување. „Целта ни е да ја заокружиме 2024 година, во топлина, дружење и љубов, со деца и човековиот најверен пријател, кучињата. Нашата новогодишна желба е да создадеме хумано општество кое ги прифаќа сите, луѓето и животните, свет во кој се препознаваат различностите и се ...

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на 14-годишниот Коста Кецмановиќ кој лани изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се прогласени за виновни на крајот на судењето во Белград. Владимир Кецмановиќ доби казна од 14 години и шест месеци затвор, додека неговата сопруга е осудена на три години затвор. Затворска казна од една година и три месеци доби Немања Маринковиќ, инструкторот во стрелиштето каде што Коста учел ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека уште некое време ќе има лица кои даваат информации за полициските акции, нарекувајќи ги кртови, но додаде дека тие ќе бидат пронајдени и ќе одговараат „како глувци“. „Кртови ќе се појавуваат уште некое време, сѐ додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со Владата и институциите на претходната Влада и претходната коалиција. Но тие кртови, ќе бидат пронајдени и извадени од дупките во коишто се ...

Кајакарот Ангелче Петрушев е спортист на Велес за 2024 година. Тој го освои шестото место на Европското првенство во Словенија, што е највисокиот пласман на еден македонски кајакар на големо натпревaрување. Петрушев го доби ова признание од градот и во 2019 и 2022. „Моите планови за наредната година се да го повторам овој резултат во сениорска, но и медал во конкуренција на кајакари до 23 години, каде што исто така веслам. Затоа веќе три месеци ...

Советниците на Општина Тетово на денешната седница го усвоија буџетот за 2025 година. Во експозето, градоначалникот Касами рече дека буџетот изнесува 48,5 милиони евра, дека е развоен и дека значителни средства ќе одат на капитални инвестиции. Сега, тој уверува дека финансирањето на невладината организација Академија на Албанците нема да оди од буџетот, туку за таа намена ќе се изнајдат средства од други извори. „Што се однесува за Албанската ...

Секаде во регионот се проблем човечките ресурси, посебно во здравството, таква е состојата и во Словенија, Хрватска кои бараат лекари, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на средба со медиумите. На новинарска реакција дека од Здруженијата на матични лекари рекоа оти за една деценија 400 лекари се пензионирале, дека никој млад доктор не сака да биде матичен лекар, министерот рече дека како Влада може да ги подобрат условите и ...

На Клиниката за психијатрија во склоп на Дневната болница веќе функционира Кабиент за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет зависност, злоупотреба на алколол и психоактивни суптанци и ќе биде проширен на „Мој термин“, најави денеска директорката д-р Славица Арсова. Денеска беше промовиран целосно реновираниот прв кат на Клиниката за психијатрија во Скопје, со нова фасада, нов кров и нова фасадна столарија на клиниката. ...

Кровот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче, во Општина Липково, ќе се покрива со византски тип ќерамиди, откако пред две години вандали ги украдоа плочите од олово од кровната површина и на првата платформа над вратите. Ова го најави директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџи-Пецова, која заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, беа во посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ ...

Кровот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче, во Општина Липково, ќе се покрива со византски тип ќерамиди, откако пред две години вандали ги украдоа плочите од олово од кровната површина и на првата платформа над вратите. Ова го најави директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџи-Пецова, која заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, беа во посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ ...

Тетовските оџи и џамиските одбори од Тетовското муфтиство се противат на одлуката донесена од реисот на Исламската верска заедница Хаџи Хадис Шаќир Ефенди Фетаи, со која се назначува нов муфтија на Тетовското муфтиство. Велат дека одлуката, со која беше разрешен дотогашниот тетовски муфтија и назначен нов, била незаконска и неуставна според уставот на ИВЗ и бараат таа да се повлече бидејќи така сакало мнозинството во Тетовското муфтиство. ...

Вишото јавно обвинителство на Нови Сад покрена обвиненија против 13 лица, вклучувајќи го бившиот министер за транспорт и градежништво Горан Весиќ, поради уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 луѓе. Меѓу обвинетите се и бившите генерални директори на јавното претпријатие „Инфраструктура железница Србија“ Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан и бившата помошничка на Весиќ, Анита Димовски. Тие се ...

Обвинителството бара притвор за четири лица и предлог за мерки за претпазливост за едно лице од вкупно десетмина осомничени дека учествувале во криумчарење украдени возила и фалсификување исправи и службени исправи. Од осомничените еден не е достапен на органите на прогонот и за него притворската мерка ќе започне да се применува откако ќе биде најден и лишен од слобода. „Дополнително, за едно лице од осомничените во вчерашната акција веќе е ...

Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во Црвеното Море покрај брегот на Египет. Тамошното министерство за животна средина објави дека инцидентот се случил северно од Марса Алам, одморалиште во источен Египет популарно кај нуркачите. „Инцидентот се случи во длабоки води надвор од означените области за пливање“, кажаа од министерството. Властите само кажаа дека жртвите се странци, додека извор од италијанското министерство за ...

Привремениот јужнокорејски претседател Чои Санг-мок нареди вонредна безбедносна инспекција на целокупното работење на авиокомпанијата „Џеџу ер“, ден по најтешката авионска несреќа во земјата, во која загинаа 179 луѓе. Авионот на „Џеџу ер“ се запали откако удри во ѕид веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром „Муан“ на југот на земјата, при што преживеаја само двајца луѓе. Претседателот Чои нареди истрага откако денеска уште еден авион на ...

Почина Џими Картер, фармерот на кикирики кој ја освои претседателската функција по скандалот Вотергејт и Виетнамската војна, претрпе смирен пораз по еден бурен мандат, а потоа го редефинира животот по Белата куќа како глобален хуманитарец. Имаше 100 години. Најдолговечниот американски претседател почина денеска, повеќе од една година откако влезе во дом за нега, во неговиот дом во гратчето Плејнс, Џорџија, каде тој и неговата сопруга Розалин, ...

Aктуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ, кој е поддржан од СДП и нејзините партнери, и кадидатот на ХДЗ Драган Приморац одат во вториот круг на претседателските избори во Хрватска што ќе се одржи на 12 јануари. Според нецелосните резултати по обработени 98,65 отсто избирачки места, Милановиќ води со освоени 49,20 отсто, а Приморац 19,43 отсто од гласовите. На изборите за претседател на државата во првиот круг кандидати беа и Миро Буљ ...

Одржување избори во Сирија би можело да има дури по четири години, изјави де факто лидерот на Сирија Ахмед ал Шара во интервју за „Ал Арабија“, што е првпат да коментира за можниот распоред за избори откако Башар ал Асад беше соборен овој месец. Подготвувањето на новиот Устав може да потрае до три години, рече Шара во делови од интервјуто со саудиската државна телевизија. Тој рече и дека ќе биде потребна околу една година за Сиријците да видат ...

Американскиот милијардер Илон Маск денеска беше критикуван од германските политичари од владата и опозицијата за колумната што го напиша за поддршка на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), и сметаат дека тоа е „натрапничко“ надворешно влијание. Поддршката на АфД од Маск, кој во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе бие надворешен советник, е во време кога Германија распиша избори за 23 февруари откако ...

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска изјави дека патничкиот авион што се урна на 25 декември, при што загинаа 38 лица, бил оштетен со пукање од земја во Русија, и рече дека некои во Русија лажеле за причината за катастрофата. Претседателот Владимир Путин вчера му се извини на Алиев за „трагичниот инцидент“ во рускиот воздушен простор, откако руската противвоздушна одбрана стрелаше во украински беспилотни летала. Во соопштението на ...

Почина адвокатката, политичарка и писателка Јагнула Куновска. Имаше 81 година. Родена во 1943 година во Костур, Грција, Куновска од 1948 живее во Македонија, каде во текот на Граѓанската војна во Грција била пренесена во Тетово. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје, по што имаше успешна кариера како адвокатка. Беше членка и на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Куновска во политиката се вклучи во 1990, како една од основачите на ...

Неизвесни се причините за најсмртоносната несреќа на јужнокорејско тло, рекоа експертите, доведувајќи ги во прашање првичните сугестии дека напад на птица можеби го урнал летот 7C2216 на „Џеџу ер“. Очигледното отсуство на опрема за слетување, времето на слетување без тркала на двомоторниот „боинг 737-800“ на меѓународниот аеродром Муан и извештаите за можен удар на птица, сите покренаа прашања на кои сè уште не може да се одговори. На видео ...

Постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, ќе покрене скопското обвинителството, по спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази. Меѓу осомничените се две службени лица вработени во управни служби за регистрација на возилата, соопшти Обвинителството. „Лицата ...

И по 40 минути денеска се чека ред за жичницата на Водно, која вози до врвот. Поради сончевото време и снегот на врвот на Водно, скопјани масовно се качуваат со жичницата. Најбројни се семејствста со мали деца. Гужва е и на паркинзите и на улицата која води кон Горно Нерези. Оние кои не сакаат да платат 75 денари за еден час паркинг, колку што чини за викенд, се паркираат на улиците околу. Гужва е и на паркинзите и на улицата која води кон Горно ...

Михаил Кавелашвили, поранешен фудбалер и десничарски популист, положи заклетва како нов претседател на Грузија во време на повеќемесечна политичка криза. Претходната претседателка Саломе Зурабишвили, истиот ден ја напушти резиденција во претседателската палата во Тбилиси, но рече дека таа останува легитимна претседателка. Прозападната Зурабишвили, чиј мандат заврши денеска, рече дека нема да се повлече. Таа тврдеше дека Кавелашвили, избран во ...

Министерството за култура и туризам ги собира потребните документи за да почне конзервацијата и реставрацијата на Шалтер-салата на зградата на Централната пошта во Скопје и да биде адаптирана во мултифункционален простор. Министерот за култура Зоран Љутков на 2 октомври најави дека зградата на Централната пошта во Скопје ќе биде реновирана и ќе има намена за мултифункционален комплекс кој ќе биде подготвен и за потребите на Скопје – Европска ...

По оштетувањето на подводниот телекомуникциски кабел во близина на Финска, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок алармираше за таканаречената руска флота во сенка и повика на дополнителни санкции од ЕУ. „Речиси секој месец, бродовите ги оштетуваат важните подводни кабли во Балтичкото Море. Посадата на бродовите ги спушта сидрата во водата, ги влечат со километри преку морското дно без некоја очигледна причина и потоа ги ...

Матичните гинеколози бараат промени на превентивните мерки, меѓу кои и ПАП тестирањето да се замени со ХПВ тест, но разговараме и верувам до крајот на јануари ќе ги објавиме сите промени, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски. Во февруари 2023 , проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво, рече дека ХПВ тестирањето треба да се воведе како примарен скрининг, оти има точност од 99, 99 ...

Американскиот милијардер Илон Маск повторно ги повика Германците да гласаат за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на претстојните избори. „Алтернативата за Германија е последната искра на надеж за оваа земја“, пишува Маск во гостинската колумна за неделното издание на весникот „Велт“. Маск минатата недела само накратко коментираше за онлајн сервисот Х, кој го поседува: „Само АфД може да ја спаси Германија“. Во својата ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1013
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
0.0
63%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
63%
1011
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.39
61%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
80%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
60%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
48%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52