Истражителите открија фиктивни компании во Италија, Франција и Германија и запленија имот од милиони евра на Азурниот Брег во акција против перење пари од страна на италијанската мафија. Заедничката истрага на агенции од Рим, Марсеј и Минхен со помош на Европол беше насочена против група што ѝ припаѓа на Камора, објави канцеларијата на јавниот обвинител во Марсеј. Бандата префрлала пари на банкарски сметки во Италија, Франција, Германија и Тунис ...

Професорот и декан на Градежниот факултет Скопје при државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ денеска објавувајќи ја кандидатурата за градоначалник на Скопје, најави дека со стручност, знаење и компетентност Скопје може да биде чист, функционален и безбеден град. Марковски кој е кандидат на граѓанската платформа „Независни заедно“ рече дека се нафатил да биде кандидат за градоначалник поради проблемите со кои сите ние се соочуваме како ...

Доналд Трамп кажа дека планира да бара смртна казна за секој убиец во главниот град Вашингтон. Според него, тоа би била превентивна мерка. Трамп нареди распоредување на стотици припадници на Националната гарда и на други федерални служби во Вашингтон за да се борат против „целосното беззаконие“ во градот, навестувајќи дека ова ќе го спроведе и во Чикаго, Балтимор и други градови. Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, ги отфрли ...

Украина првпат потврди дека руските сили преминале во источниот индустриски регион Днипро и се обидуваат да се утврдат. „Ова е прв напад од вака голем обем во регионот Днипро, но руското напредување е запрено“, изјави Виктор Трехубов од Оперативната стратешка група на украинската војска во Днипро. Русија летово тврдеше дека влегла во оваа област откако нејзините трупи напредуваа низ Доњецк. Во почетокот на јуни, руски функционери кажаа дека ...

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу доби казна откако објави видео како вози пребрзо на автопат, проследено со хаштагот „Турција забрзува“. Уралоглу се снимал на автопат покрај Анкара и го објавил видеото на Икс. Додека вози слуша фолк песни и исечоци од говори од претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото на моменти се гледа брзинометарот, кој покажува дека возел со брзина од 190 до 225 километри на час. Најголемата дозволена ...

Со цел да се обезбеди непречено функционирање на Гимназијата во Демир Хисар, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола дал насоки на СВР Битола да ги врати печатите на Општина Демир Хисар како основач на училиштето и надлежен орган за надзор и управување. Од Обинителството соопштија дека до Општината било доставено известување со насоки да обезбеди правилно чување и користење на печатите, но и да ја разгледаат можноста ...

Централното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица бара од Општина Битола под итно да го санира ѕидот од школото што беше оштетен при рушењето на стариот објект, каде ќе се гради училишна спортска сала и да се замени дел од покривот од азбест зашто Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе забрани користење на една од училниците. Тие бараат да се променат покривите и таваните во подрачните училишта кои се во очајна состојба и ...

Штипски рибари кои биле на риболов на реката Брегалница кај селото Пенуш, Штипско, сигнализираат дека неколку часови по риболовот наеднаш во реката почнала да тече млечнобела течност и многу брзо во ревирот каде тие рибареле се јавил помор на риба. „Ние рибараме со дозволи и на спортски начин, а инспектори кога доаѓаат на терен нас нè малтретираат и ни бараат секаква документација, а за вакви случаи како што е овој со поморот на рибата нив тоа ...

Македонија донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, целосно усогласен со најновата европска НИС2 директива. Со законот се воведуваат строги обврски за компаниите и институциите од 16 клучни сектори, кои отсега ќе мора да применуваат задолжителни безбедносни мерки и да пријавуваат сериозни сајбер напади во рок од само три часа од дознавањето, или ќе се соочат со парични казни. Новата регулатива која, како што велат од ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) инсталирала нова, софистицирана опрема за мерење на водостојот на Вардар и неговиот проток во Велес. Опремата која е набавена од хрватската фирма „Геолокус“ е поставена на Хидролошката станица Велес, лоцирана на Стар мост. Целта е подобрување на хидролошкиот мониторинг во државата. „Во изминатиот период се вршеа тестови и проверки пред официјалниот почеток на работа. За јавноста да се запознае со овој ...

Комисија составена од доктори од повеќе клиники и болници, како и претставници од Фондот за здравство (ФЗОМ) и Министерство за здравство ќе прави анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Министерот за здравство Азир Алиу ја формираше комисијата откако кардиохирурхот Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство. Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, ...

Деканот на Градежнниот факултет на државниот универзитет „Свети Кирил и Методија“ Горан Марковски е кандидат за градоначалник на Град Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“ на претстојните локални избори. Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана од граѓанските иницијативи на „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. „Професор д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. ...

Турските власти уапсија четири лица во врска со смртта на двајца холандски браќа од 15 и 17 години, кои беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул. Меѓу осомничените се сопствениците и двајца вработени во двата ресторана што тинејџерите ги посетиле во квартот Таксим. Според турските медиуми, тројца од осомничените биле условно ослободени по испрашувањето, а четвртиот бил ставен во домашен притвор. Браќата, кои биле на одмор со својот ...

Доналд Трамп најави дека неговата влада ќе го промени името на министерството за одбрана во министерство за војна. Тој додаде дека Пентагон веројатно за една недела ќе го врати своето некогашно „поагресивно име“. И Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет постојано жалат за промената на името, што се случила по Втората светска војна. „Кога победивме во Првата и во Втората светска војна се викало Министерство за војна. На сите им се допаѓа што ...

Израелците излегоа на улиците на голем ден на протести барајќи итно ослободување на заложниците и крај на војната во Газа. Демострации и блокади на патишта се одржаа низ целата земја. Главниот автопат во близина на Тел Авив беше блокиран, додека демонстрантите палеа гуми на пат северно од крајбрежниот град. Форумот за заложници и исчезнати семејства повика на разни протестни акции под слоганот „Израел стои заедно“. Голем митинг вечертва е ...

Жителите од скопската населба Хром се затрупани во ѓубре. Кантите од куќите и големиот број згради кои изминативе години се направија во населбата не се празнат по две недели. Со денови стојат на улиците, а околу нив купишта кеси и кутии во кои граѓаните го собираат ѓубрето бидејќи кантите после неколку дена се полнат, а нема камиони да го соберат ѓубрето. Поради топлото време ѓубрето скапува, па низ улиците се шири реа и тече исцедок од кесите. ...

Доналд Трамп кажа дека уште оваа година би сакал да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во обид да ја обнови својата нуклеарна дипломатија, што ја започна во својот прв мандат. „Би сакал да се сретнеме во блиска иднина“, кажа Трамп на средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг во Белата куќа. Присетувајќи се на моментот кога влезе во Северна Кореја од демилитаризираната зона со Јужна Кореја во 2019, Трамп кажа дека сите ...

Денешната акција на апсења и претреси, спроведена на повеќе локации низ Македонија со акцент во Кумановско-Липковскиот крај, како и во Желино, е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водело Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во тесна соработка со Управата за финансиска полиција. Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО ГОКК донел наредба за спроведување на ...

Американскиот режисер оскаровец, Вуди Ален вчера се појави на Московската меѓународна филмска недела, како главен гостин на програмата „Легенди на светското кино“. 89-годишникот учествуваше на настанот преку видео врска – наместо лично – а пропутинскиот руски режисер Фјодор Бондарчук го модерираше разговорот. Присуството на Ален предизвика негодување, а Министерството за надворешни работи на Украина го нарече „срам и навреда“. Веб-страницата на ...

Mемоарите на Вирџинија Гуфри, која ги обвини британскиот принц Ендру војводата од Јорк и покојниот финансиер Џефри Епстајн за сексуален напад, ќе бидат постхумно објавени во октомври. Гуфри завршила со работата на книгата, насловена „Ничија девојка“, пред да се самоубие во Австралија во април, на 41 година. Издавачката куќа „Алфред А. Кнопф“ соопшти дека Гуфри јасно ставила до знаење неколку недели пред нејзината смрт дека нејзина „искрена ...

Осум дена притвор доби таткото-насилник, кој вчера во Штип влета на фудбалскиот јуниорски натпревар меѓу Брегалница и Шкупи и поради судиска одлука против неговиот син од Шкупи, нападна и повреди два негови противнички соиграча од 14 години. Кривичното дело е оквалификувано како насилство, а притворот ќе се спроведува во затворот во Куманово. Според портпаролот на Основниот суд во Штип, судијата Сашко Георгиев, нападнатите фудбалери имале ...

Водата во реките Тополка и Бабуна во долниот тек не е за капење, ниту за рекреација, одговори на нашето прашање при крајот на летото Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. И тоа откако докторката која ја следи оваа проблематика се вратила од одмор. „После месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење. Таа е со загаденост по микрибиолошки индикатори и со присуство на амонијак во трета категорија. Ова јасно кажува дека населбата која таму се ...

Жителите на преспанско Љубојно со секојдневните простести кои траат веќе две недели успеаја засега да ја запрат сечата на шумата која се одвиваше над селото во близина на црквите „Св. Атанас“ и „Св. Петар и Павле“. Велат дека откако почнаа да протестираат, веќе ги нема камионите кои биле вклучени во сечата. Но сепак, не се откажуваат од протестите сѐ додека не добијат и официјално ветување од надлежните институции дека сечата ќе запре и нема ...

Штипското јавно обвинителство денеска побара притвор за таткото-насилник, кој во неделата во Штип, влета на фудбалскиот јуниорски натпревар меѓу Брегалница и Шкупи и поради судиска одлука против неговиот син од Шкупи, нападна и повреди два негови противнички соиграча од 14 години. ОЈО Штип поведе итна постапка против едно лице (таткото-тепач) за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. ...

Во Битола, родниот град на легендарниот композитор Кире Костов, на 27 август од 19 часот во Офицерски дом, ќе се одржи промоција на монографијата за него, „Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“. Монографијата е насловена по неговиот голем хит кој го испеа Верица Ристевска, а автори се музикологот Марко Коловски и пијанистката, професорка по пијано и музичка публицистка Снежана Чадиковска-Атанасова. Костов почина во 2023 на 74 години. „Во ...

Мечка влегла во село Отуње, Тетовски и јадела остатоци од храна кои домаќините ги оставиле на терасата. Членовите на семејството во тој момент биле во куќата, па со мобилен телефон ја снимиле мечката. Мечките од Шар Планина во потрага по храна се почесто влегуваат во планинските села од овој регион. Најмногу вакви инциденти се забележани во селата Доброште, Теарце, Отуње и Сетоле. Летово, во соседните села Сетоле и Једоарце мечките во потрага по ...

Израелските напади врз болницата Насер во Газа денеска убија најмалку 15 лица, меѓу кои и четворица новинари, од кои еден работеше за Ројтерс, соопштија палестинските здравствени претставници. Снимателот Хусам ал-Масри, ангажиран во Ројтерс, беше убиен во првиот напад, според официјалните лица. Фотографот Хатем Халед, кој исто така беше ангажиран во Ројтерс, беше ранет во вториот напад врз болницата, рекоа тие. Сведоци рекоа дека вториот напад ...

Во центарот на Кичево денеска беше ставен во употреба првиот млекомат за свежо млеко во Македонија. Жителите на Кичево и околината ќе си точат свежо кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“ составена од членови од Манастирот „Св. Богородица Пречиста“. Млекоматот е обезбеден со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од МРФП – Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП Можности. ...

Еден месец полн контејнер од ѓубре стои на улицата Даме Груев спроти поранешно „Беко“ во центарот на Скопје. Контејнерот е скршен па возилата на ЈП „Комунална хигиена“ не можат да го подигнат и оставен е преполн со ѓубре. Вработените во околните дуќани велат дека центарот на градот смрди од ѓубрето кое е скапано, но никој не наоѓа начин како да го собере. „На овие горештини во строг центар на градот стои преполн контејнер. Не можеме да излеземе ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против скопјанец кој удрил жена по глава со гајба полна стаклеши шишиња и тешко ја повредил. Осомничен е за кривичното дело Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Софија

1ᴼ / -6ᴼ
1.54
66%
1029
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.72
87%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
78%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
76%
1025
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.68
93%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1024
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1028
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Калај

41.29

Злато

138322.05

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.88

Бакар

10.76

Сребро

2049.55

Цинк

3.03

Паладиум

50830.33

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Платина

59937.34