
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Своевремено беше еден од најголемите таленти во светот во својата генерација. Некогашниот пливачки ас, охриѓанецот Александар Маленко своевремено на неговиот профил на Facebook не потсети на далечната 1993 година, кога на денешен ден стана најмлад учесник во историјата на маратонското пливање во светот. – На денешен ден, 9-ти август пред 30 години, во Охрид во 1993 година, на официјална трка од ФИНА Светски ...
Скопје/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Република Македонија, до 19:00 часот има вкупно 31 пожар на отворен простор, од коишто во моментов 15 се активни, 5 се под контрола и 11 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во регионот на Општина Охрид, и понатаму е активен пожарот на Илинска планина каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, како и оној на Галичица каде гори ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид и Алпинистички клуб „Патагонија“ од Охрид со целокупниот расположлив капацитет, веќе 7 дена се вклучени во гасењето на пожарите во охридско, а особено на пожарот во Национален парк „Галичица“. Вклученоста е главно во логистичка поддршка, обезбедување и достава на храна за тимовите кои гасат, транспорт на луѓе со теренски возила, а на Галичица и со ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Активен е пожарот на потегот кај селото Брежани, Општина Охрид, па од таа страна дејствуваат и 20 припадници на Национални шуми. Зафатена е, пред се, ниска вегетација, нискостеблеста шума, а на некои места гори и борова шума, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. – Карактеристично за овој пожар е тоа што во повеќе наврати користевме воздухоплови, во неколку наврати „Ер ...
Скопје/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Комерцијалните аеродроми во регионот, конкретно на територијата на поранешна Југославија опслужиле вкупно 14.949.672 патници во првата половина од годината, пишува порталот ExYuAviation. Само во јуни регистрирани се 3,95 милиони патници. Меѓу нив, три аеродроми се издвоија поради високата стапка на раст на бројот на патници во однос на истиот месец во 2023 година. Најпрво аеродромот во Сараево со пораст ...
Белград/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Припадниците на Хеликоптерската единица и на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, кои беа ангажирани во гаснењето на пожарот во Република Македонија, успешно ја завршија мисијата во совладување на огнената стихија и се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Од 3-ти август, нашиот храбар тим работеше рамо до рамо со колегите од Република Македонија за да помогне во гаснењето ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи е објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид некогаш. За жал годината не е наведена, но на фотографијата е прикажан стариот дел на градот, поточно потегот кај црквата Свети Јован Богослов Канео и куќите и рибарската населба во подножјето на црквата. Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај) ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во населбата „Канео“ во Охрид, во карпа во подножјето на црквата „Свети Јован Богослов Канео“ се сместени црквите „Рождество на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“. Цркваата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабна во две нивоа: едното ниво е посветено на „Св. Петка“ и на тоа ниво има вода, а другото ниво кое е повисоко е посветено на „Рождество на Пресвета Богородица“. Црквата ја освети, Неговото ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во близина на прекрасното село Љубаништа, на самиот брег на Охридското Езеро, веднаш под Манастирот Свети Наум, како негов метох, е лоцирана црквата посветена на Света Петка. Подигната е на место каде што се верува дека извира лековита вода, а со својата духовна и историска значајност се претвора во истински извор на вдивување и културно богатство. Од срцето на манастирскиот комплекс Свети Наум, одекнува со ...
Скопје/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пролетниот распуст за учениците нема да има, најави денеска новата министерка за образование и наука Весна Јаневска. Таа рече дека ваквата одлука е донесена согласно анкетите што се направени со родителите и постарите ученици. – Нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што скедната година нема да има пауза на пролет, рече ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре ќе го одбележат денот на Св. Климент Охридски Чудотворец, Светецот кој ги лекувал луѓето, заштитник на Охрид и на целиот македонски народ. Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли. По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во времето ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа убавина која ја нудат Охридското Езеро и Љубаништа, може да се надополни само со вкусот кој спојува и кој и ова лето не поврзува во најубавиот град на целиот свет. Охрид, лето и највкусните Vincinni производи – што друго може да се посака, порача денеска познатиот радио водител од Супер радио Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со екипата и нашите пријатели од Тамаро и Vincinni се забавуваа на плажата ...
Струга, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми август 2024 година, во 01:45 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на крстосницата од улицата „Боро Хаџиески“ со „Кузман Јосифоски – Питу“ се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишно лице од струшкото село Радолишта, и мопед „Априлиа“ со ...
Скопје, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Неуморниот рок-ентузијаст и публицист Тошо Филиповски, објави повик за поддршка за еден од неговите проекти преку кој сака да ја сподели македонската рок историја со дијаспората во САД, а особено на младите генерации во САД со македонско потекло. Финансиската конструкција за проектот се затвора со само 4.000 долари кои треба да се соберат до 25-ти август, една недела пред заминувањето на Филиповски во САД. – ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатите Stand Up комичари Бојан Велевски и Маријан Георгиевски ќе бидат дел од настанот Stand Up Comedy Night кој во организација на Општина Охрид ќе се одржи во понедленик, на 12-ти август 2024 година пред хотелот „Палас“. Шоуто започнува во 20:30 часот, а влезот е бесплатен. Овој настан е дел од летната културна програма поддржана од Локалната самоуправа. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива @OhridPress ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“, испратен под шифра „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Ги објавила книгите: „Бдеењето ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:30 часот свој настап во Охрид ќе има ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија. Ќе се одржи на сцената „Летница“, а ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци. Настанот е во организација на Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Охрид, како и Здружението на Унгарци во Македонија. Настапот во ...
Струга, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вљубениците во филмската уметност и бесконечноста, од вечерва до недела ќе имаат можност да уживаат во програмата на 8-то издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ во Струга. – Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од ...
Скопје/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 40 пожари на отворено, од кои девет се активни, шест се под контрола и 25 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во регионот на Општина Охрид, во моментов активен е пожарот на Илинска планина каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, како и оној на Галичица каде гори нискостеблеста вегетација. Според ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св. Климент“, и оваа година ќе се реализира во спортската сала при ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Ќе се одржи денеска, четврток, 8-ми август 2024 година, во периодот од 19:00 до 24:00 часот и утре, петок, 9-ти август, од 09:00 до 13:00 часот. – Зголемената потреба од крв и крвни продукти ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Метаболичкиот синдром е збир од состојби кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Вклучуваат висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, вишок маснотии околу половината и абнормални нивоа на холестерол. Превенцијата на метаболички синдром вклучува здрав начин на живот, па затоа е неопходно да се избегнува одредена храна. Докторите откриваат кои намирници треба да ги ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оперската пејачка Илина Митревска, во придружба на проф. Андреј Наунов синоќа одржа свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски – летен и приреди прекрасно музичко уживање за публиката во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Илина Митревска е 22 годишна соло пејачка од Скопје која студира на Конзерваториумот „Giuseppe Tartini“ Во Трст, Италија. – Се радувам што Општина Охрид воведува една ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Манастирот „Света Петка“ се наоѓа на падините на ридот „Олмец“ во охридското село Велгошти, важи за олицетворение на духовноста и културното богатство на регионот. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава. Манастирската црква е еднокорабна и над двоводниот покрив се издига еден висок осмостран тамбур со прозорци. Градена е од кршен камен и ...
Прилеп, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува 23-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски резервисти кај месноста Карпалак. На 8-ми август 2001 година во заседа поставена од албанските терористи кај месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, сите од ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка. Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ? умреа родителите, го раздаде имотот на ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се прославува денот посветен на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка, чиј култ е раширен кај нашиот народ. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени. – Денеска претежно во западните делови, а во петок на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во петок. За време на викендот и во почетокот на ...
Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на Граничниот премин „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите ...
Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Расказот „Јоанес Даубманус“, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. – Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот ...
Струга, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Drim Short Film Festival, во сабота, на 10-ти август 2024 година, со почеток во 20:30 часот, на летната сцена при НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи специјална проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“, за прв пат пред струшката публика. – Пријателството на Борис и Кира е ставено на тест, кога Борис под влијание на неговата баба ќе почне да се сомнева дека Кира е ...