Охрид, 10. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат Велики Петок или Распет петок, денот кога бил распнат Исус Христос, за што се смета за најтежок празник во христијанската религија. Во овој ден од Страсната седмица Божјиот син е погребан во камен саркофаг во пештера, пред која бил поставен огромен камен. Наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии, Велики петок се празнува со ...

Велики петок се смета за најтажниот ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовестие. Од Велики четврток до Велигден не бијат црковните ѕвона зошто во православната црква тие се знак на радост. Велики петок строго се празнува. Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту домашните ниту земјоделските работи. Жените на овој ден не смеат да земат игла во ...