Охрид, 25. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во писмото, пишувано во Охрид на денешен ден, 25-ти февруари 1845 година, упатено до рускиот научник Виктор Иванович Григорович, кој во прелетта 1845 година патувал низ Македонија со цел да собира „материјали пишани со старото писмо на Македонците“, Димитрија Миладинов го моли рускиот научник да се застапи пред рускиот цар да ја присили Грција да ги врати назад во Охрид моштите на Свети Климент. Станува ...

Охрид, 25. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски. Овој голем и свет маж беше извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот беше посветен на борбата против ариевата ерес којашто не Го признаваше Синот Божји за Бог и хулеше на Пресвета Троица. Еретиците трипати го оддалечуваа од неговиот архиепископски престол на прогонство во Ерменија. ...

Охрид, 25. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Врнежи од снег со слаб интезитет се бележат во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања ...

Охрид, 25. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 9. степени. – Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Дневната температура во повеќето места ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите македонски таеквондисти со 17 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали се вратија од Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2025“, кој викендов се одржа во Тирана, Албанија. Одличниот старт на натпреварувачката година за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (МТТФ) е потврден и со 5 пехари за најдобри поединци. – Едно од најзначајните достигнувања е и освојувањето на пехарот за второ ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал, деновиве бележи зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути и ветуваат висока и брза заработка. – Измамниците комуницираат со жртвите користејќи броеви кои, обично изгледаат ...

Фиренца, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градската власт на Фиренца им нареди на сопствениците кои ги изнајмуваат имотите да ги отстранат малите кутии со копчиња за самопријавување на туристите до 25-ти февруари. Градот го презема овој потег како мерка против масовниот туризам. Компаниите за изнајмување, како што е „Ербнб“ отворија нова опција, односно кутии за самопријавување за да им заштедат време за сопствениците на имот и туристите, кои ...

Скопје, Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Започнува најавената реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно проектот ќе се изгради нова администраивна зграда, како и реконструкција и адаптација на постојната административна зграда со проширување на капацитетот од 3 на 8 шалтери и нов мултифункционален реконструиран дел за патници. Вредноста на проектот е 2,7 милиони евра и ова ќе значи прво реконструирање на ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас се Велигденските пости, во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Постот е најдобар период за вежбање во доброто и придржување кон тоа, за да ни постане доброто навика и да биде наш начин на живеење. Добро е во тој период да се воздржиме од вообичаените лоши навики, недостатоци и пороци. По Прочка, која е во недела, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“ и кај Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Театарската претстава „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин е следна на репертоарот на Охридскиот Народен Театар во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Ќе се одржи во петок, на 28-ми февруари 2025 година со почеток во 20:00 часот. Играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Христијан Мицкоски и заменик-претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе го официјализираат почетокот на реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ Скопје. Според најавите, ќе се врши реконструкција на терминалната зграда. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преку допис до медиумите, охриѓанецот Владимир Трајановски го изразува својот став за состојбите во градот, посебно за делот на централното градско подрачје, кај народот познат како Маларична. Ги повикувa охриѓани, да не бидат само неми сведоци на уништувањето на она што е вредно во градот. Неговото писмо го пренесуваме во целост: Новите генерации охриѓани имаат некоја чудна тенденција да го уништуваат ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Таеквондо клуб „Хваранг Фист“ со 12 натпреварувачи настапи на „Аеродром Опен 2025“, прв турнир за оваа натпреварувачка година според лига турнирскиот систем на натпреварувања. – За жал сезонскиот грип не ни дозволи да ги одработиме припремите како што треба, а нашиот репрезентативец Ненад Целески беше спречен и воопшто да не учествува на турнирот. Резултатите беа очекувани со мали одстапки и ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Без никаква намера да правиме погрешни и непотребни споредби море-езеро, или Солун-Охрид, објавуваме една информација која до нас ја испратија читатели на OhridPress, кои викендов го посетиле Солун. – Едно еспресо плативме 4 евра. Зборуваме за кафе бар на првата линија, но и во внатрешноста не може да се добие еспресо во кафе бар за помалку од 3 евра. Кафето е квалитетно, но не е ништо посебно. Ова колку за ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид оваа пролет ќе биде центар на иновациите и претприемништвото. Oд 25-ти до 27-ми април 2025 година ќе се одржи Techstars Startup Weekend Ohrid. Овој глобален концепт, кој инспирира илјадници претприемачи што се во почетна фаза ширум светот, трет пат по ред се случува и во иновативниот Охрид, нудејќи тридневно интензивно искуство за сите оние кои сакаат да ја трансформираат својата бизнис идеја во ...

Охрид, 24. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден почина светскиот биолог Синиша Станковиќ, основоположник на Хидробиолошкиот завод во Охрид и ментор на првите македонски истражувачи на Охридското Езеро. Професор Синиша Станковиќ бил еден од најеминентните биолози на поранешна Југославија и е еден од втемелувачите на екологијата како дисциплина. Бил член на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) и директор на Биолошкиот институт ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непрекинато, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од ...

Скопје, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11-ти февруари, денот кој православните христијани го одбележуваат во чест на Св. новомаченик Георгиј Кратовски. Во Црквата нови маченици се нарекуваат мачениците од послевизантиското време, главно од времето на турското ропство. Свети Георгиј пострада во тоа време, од Турците, заради исповедање на Христос. Потекнуваше од Кратово и го имаше изучено ...

Охрид, 24. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени. – Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Температурите ќе бидат во постепен пораст, информираат од Управата за ...

Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид, во текот на вчерашниот ден спроведоа превентивно-едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На повеќе пунктови во Охрид, полициските службеници остварија непосредна комуникација со возачите на моторни возила и им укажуваа дека користењето мобилен ...

Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Централното собрание на Партијата за движење на Турците на состанокот одржан викендов во Охрид донело одлука партијата да учествува на претстојните локални избори. Во таа насока, во наредниот период ќе се преземат активности за дефинирање на можните кандидати и подготовка на изборната програма и стратегија, соопштија од Партијата за движење на Турците. Покрај изборните прашања, на состанокот се дискутирало ...

Скопје/Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонска Tаеквондо Федерација (МТФ) ги прогласи најдобрите клубови за 2024 година, а охридскиот клуб „Хваранг Фист“ е рангиран на 6. позиција. – Рангирањето е извршено согласно бодовник донесен на собрание на МТФ, а во предвид се земени целокупните резултати од меѓународни и домашни турнири кои според правилникот влегуваат во бодување, информираат од Федерацијата. Ранг листа на клубовите за ...

Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Откако успеавме да ја уништиме пешачката патека, се прави обид да се заштити она што остана од неа. Што луѓе сме??? Со овој коментар, познатиот охридски филмски хроничар и сликар, но и вљубеник во Охрид, Ѓоко Симјаноски објави фотографија од најновите зафати на пешачката патека во Охрид, која се прави обид да се заштити од неодговорни поединци, со поставување на метални столпчиња. Патеката на потегот од ...

Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро деновиве е на само 5 сантиметри над дозволениот минимум, а за жал, тука некаде, околу „дозволениот минимум“ е и нашата колективна грижа за него. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на 693,15 м.н.в, односно на 24 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и само 5 сантиметри над минимално ...

Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата од утрово, дека само минатата година Хрватска издаде 14.000 работни дозволи на Македонци, а со подобрена законска регулатива ќе се обиде годинава да привлече висококвалификувана работна сила, предизвика бројни реакции на Facebook профилот на OhridPress. Минатата година во Хрватска биле поднесени 286.000 барања за дозволи за престој и работа, а биле издадени 206.529 дозволи. Најмногу дозволи се ...

Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај пешачката патека, паркот до каналот „Студенчишта“ и на плажата „Куба Либре“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид/Загреб, 23. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Хрватскиот Сабор со мнозинство гласови го измени Законот за странци за подобро регулирање на правната рамка за странските работници и воведување ред во престојот и работата на странците во Хрватска. Законот за странци ги опфаќа сите лица кои не се државјани на ЕУ, како и на Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија, а имаат државјанство на трета земја или се лица без државјанство. Целта е да се ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
40%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
33%
1016
weather icon

Загреб

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 19ᴼ
1.03
45%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.8
30%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.26
41%
1015
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
47%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
36%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
32%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
41%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
36%
1017
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459