Струга, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти август 2024 година, околу 12:50 часот на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа две лица од струшкото село Велешта на возраст од 28 и 48 години, затоа што со уште едно лице од истото село на возраст од 61 година и едно лице од село Делогожда го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со три лица на возраст од 31, 53 и 29 години од од Скудриње, општина ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Винарија „Охрид“ има потреба од тројца сезонски работници за претстојната берба во времетраење од 30 дена. – Работното време е организирано во две смени, и тоа прва смена од 10:00 до 18:00 часот и втора смена од 18:00 до 02:00 часот. Исплатата ќе се врши врз основа на одработени денови, а дневницата изнесува 2000 денари, информираат од Винарија „Охрид“. За подетални информации обратете се во Винарија „Охрид“ ...

Струга, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми август 2024 година, во 21:40 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Теферич, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 49-годишно лице од селото Радолишта кое се однесувало агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. – По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) ...

Струга, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа на детското одделение во Општата болница во Струга било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. – Тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош во Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да ...

Охрид/Брежани, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија до нашата редакција фотографии од денешнито пожар во близина на селото Брежани, ОПштина Дебрца. Од Регионалниот ЦУК Охрид, известуваат дека пожарот на Илинска Планина што зафаќаше делови од општините Охрид и Демир Хисар е проширен на територијата на Опшина Дебрца. Пожарот е активен и е навлезен во шума во атарот на селото Брежани на непристапен терен каде што тешко може ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, синоќа беа промовирани книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски. Тој со неговата екипа – пеачи, инструменталисти и рецитатори, на бројната публика, и подари импресивна музичко – поетска вечер, какви што на Охрид му недостасуваат, во летниот наплив на турбо-фолк наездата. – Меѓу присутните, бројни негови роднокрајци, од неговото родно ...

Скопје/Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопштија од Државниот завод за статистика (ДЗС). Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%. Зголемувањето на инфлацијата е резултат ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти август 2024 година, во 13:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред продажен објект на улица „Галичица“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со расправија помеѓу две лица од Охрид, на возраст од 44 и 40 години, при што едното лице го нападнало другото со стаклен предмет. – По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти август 2024 година, во 13:00 часот во туристичкиот комплекс „Инекс“ во Охрид, полициски службеници приведоа 22-годишно лице од Сојузна Република Германија. – Пливајќи покрај брегот на езерото, тој излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи денеска, нешто по 13:00 часот во непосредна близина на кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. наум Охридски“, на потегот помеѓу бензинската пумпа на Лукоил и Здружение на возачи. Според првичните, неофицијални информации, во незгодата учествувале возило и мотоцикл. До овој момент нема потврдени информации за причините, како и за повредени лица во незгодата во која е предизвикана материјална ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на У.З.Стар град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. – Апелираме до граѓаните комуналниот отпад уредно да го депонираат на определени места за оваа намена во точно определените денови за дадениот реон и во периодот од 22:00 до 07:00 часот. Граѓаните кои поседуваат објекти за издавање на туристи треба да ги ...

Скопје/Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) инфомираат дека на територија на државата имаше вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати. Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот на Илинска Планина што зафаќаше делови од општините Охрид и Демир Хисар е проширен на територијата на Опшина Дебрца. Пожарот е активен и е навлезен во шума во ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на аеро клубот „Охрид“, продолжуваат да нижат успеси. Изминатиот викенд на Меѓународниот „Прилеп Куп“ во конкуренција со натпреваувачи од 15 земји, учествуваа 5 охридски моделари. Во модели со мотор на внатрешно согорвање во класата F1-C Митко Цветаноски освои второ место. Во класата F1-B гумењаци Петар Цветановски како јуниор беше осми, а исто и Климент Масин во сениорска конкуренција. Покрај тоа, ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“, под закрилата на Croatia Records конечно ја здогледа светлината на денот. Албумот содржи десет песни, од кои две се објавени како синглови „Балада за една љубов“ и „Друмови“. Иван Кукиќ е авторот кој стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, кој го красат интересни соработки; песната „Пружам руке две“ ја ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната хип-хоп ѕвезда на следната генерација, Ice Spice го претстави возбудливиот нов сингл „Did It First“ – злобна приказна за одмазда и измама кога некој навистина заслужува таков третман. Заедмо со раперот во подем Central Cee создадоа химна за неволјите што ќе ги снајдат сите што ќе им се спротивстават. Како и на претходните успешни изданија, на синглот „Did It First“ на Ice Spice и’ се придружи ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православната црква и нејзините верници утре го слават денот на преподобната мајка Параскева – Света Петка, заштитничка на жените и светица која им помагаше на болните и сиромашните. Култот на Света Петка се негува со векови во Југоисточна Европа, и го почитуваат и некои нехристијански народи на истокот. Верниците се молат за помош и спас од болести и други животни неволји. Денот на нејзиното упокојување е ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Без разлика на видот и бојата, доматите сега ги има насекаде. Ова е сезоната на ова сочно овошје за кое всушност мислиме како зеленчук, а добрата вест е што не само што е вкусно, туку е и полно со есенцијални хранливи материи и антиоксиданси. Еден домат со средна големина содржи само 22 калории, но е богат со витамин Ц, калиум, фолна киселина, витамин К, бета-каротин и други хранливи материи. Дознајте како ...

Скопје/Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Република Македонија вчера имаше вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои во моментов шест се активни, девет се под контрола и 26 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во регионот на Охрид, активен е пожарот на Илинска Планина, на потегот кај селата Витово, Базерник, Мали Илино и Брежани. Покрај со екипите на противпожарните единици, вчера, од раните ...

Вевчани, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – како дел од настаните предвидени за годинешното издание на „Вевчанско лето 2024“, а како потсетување на немилите настани кои се случија на денешен ден во 1987 година, вечерва во годрото Вевчани ќе се одржи „Вечер на непокорот“. Во Мултикултурниот центар во Вевчани, со почеток во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Вевчанските уметници од Вевчани за Вевчани“ со дела на Никола Угриноски, Перо Шутиноски, ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид, заедно со членови на дпд друштва и останати инволвирани деновиве води тешка секојдневна битка со пожарите во околината на Охрид. Во текот на денешниот ден, од раните утрински часови се дејствуваше на потегот кај Илинска Планина, над селото Брежани, каде се правеа појаси се со цел да се стави тој дел под контрола. – Во попладневните часови се водеше ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени. – Времето деновиве ќе биде сончево и топло со локална појава на облачност и со слаб до умерен северен ветер. Повремено ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на Граничниот премин „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на успението на Св. Ана, мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога. Тропар Богомудра Ано, во твојата ...

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во музејскиот културен центар „Лапидариум“ во Охрид, вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Ех, моја Македонија”. На изложбата која е во сеќавање на познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски со свои дела ќе се претстават Мајкл Клос од Канада, Демир Демироски Мак од Канада и Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски од Република Макеоднија. Охриѓани и гостите изложбата ќе можат да ...

Скопје/Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во раните утрински часови полициски хеликоптер од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи почна да дејствува на пожарот на Илинска планина. Во текот на денот, по разгорување на пожарот на Беласица хеликоптерот беше упатен да дејствува врз овој пожар, а потоа и врз пожарот што изби во атарот на село Градманци, општина Петровец. Во текот ...

Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – И покрај забраната за движење во шуми, пожарот на Галичица е настанат од несовесни граѓани, вели за Тв24 градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. Пожарот кој избувна на планината Галичица се гаснеше со авиони, а денеска два хеликоптери се на лице место и го гаснат пожарот, заедно со екипа од 15 лица кои се обидуваат да го локализираат пожарот. – Неофицијално, овој пожар е настанат од несовесни граѓани, ...

Скопје/Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден, вторник, 6-ти август 2024 година, до 13:00 часот, има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои во моментов 7 се активни, 6 се под контрола и 3 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Во поширокиот регион на Охрид, активни се пожарите на Галичица и на Илинска Планина, на потегот кај селата Витово, Базерник, Мали Илино и Брежани, стои во ...

Скопје/Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кога дојдовме во Охрид, помисливме дека би можеле да останеме тука засекогаш, велат сопружниците Бразилци, Едра Сток и Габриел Фоз, кои патуваат низ светот со малку пари и најчесто со авто-стоп. Авантурата која почнала во март годинава, а не се знае кога ќе заврши, летово ги донесе и во Скопје и Охрид. Едра има 32 години и по професија е стоматолог, а работела и како наставничка по португалски. А ...

Струга, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти август 2024 година, во 18:00 часот, 38-годишно лице од ресенското село Јанковец пријавил дека во водите на Охридското Езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба. – Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна. Бомбата била безбедно подигната од овластено стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, ...

Охрид/Струга, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Секторот за внатрешни работи во Охрид информираат за два случаи во кои е нарушен јавниот ред изминатово деноноќие и тоа физички напад во охридското село Велгошти, како и случај на агресивно однесување во струшко „Плитишта“. На 5-ти август 2024 година, во 21:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридското село Велгошти бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 35-годишно ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57