Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од партијата Левица најостро ја осудуваат, како што велат, неодговорната, корумпирана и клиентелистичка политика на Владата предводена од ДПМНЕ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои со доделувањето концесии за стопански риболов вршат директен еколошки геноцид врз Охридското Езеро. – Фактот што две од шесте концесионерски компании се основани во текот на самиот огласен рок ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Не го менувајте ГРБОТ… Некогаш е доволен само добар киропрактичар, порачуваат од Физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ – Охрид. – Остануваме помеѓу вас и болката, уште малку па полни 14 години, потенцираат од физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ од Охрид. Физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“ во Охрид. Телефонот е 071/506-818, а повеќе детали за ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Технологијата овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа старата фотографија направена пред многу години на која се гледаат жени во народна носија по охридската чаршија од далечната 1918 година, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на ...

Скопје/Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Само во текот на последните три години, од Република Македонија во странство се отселиле 5.169 граѓани. Најмногу од граѓаните се иселиле од Гостивар, за овие три години вкупно 1.630, а потоа од Скопје 1.519, Охрид 1.164, Битола 1.100, Штип 583… Во 2023 година своето заминување го пријавиле 2.034 лица, што е нагорен тренд, бидејќи во 2022 година заминале 1.905 граѓани, а во 2021 година 1.230, ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Охрид, 12. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Повторно сме му потребни на нашиот Петар, за кого охридската, македонската, но и јавноста од многу пошироко се мобилизираше за да му помогне. Пред него сега се две сложени операции во Истанбул, за кои информира неговата мајка, Гордана. – Почитувани пријатели, ова е мојот син Петар кој има 23 години. Јас сум самохрана мајка која се бори со години за својт син кој има ретка болест Tyrosine Hydroxylase ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за продолженото дело на некој меѓу нас, според кого не е лоша идеја да се фрли оваа дрвена решетка во езерото. Единственото прашање е – зошто? И уште е ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети Вукол, епископ Смирненски. Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува изведбата на градежните активности на патниот правец Охрид-Св. Наум, на потегот пред туристичката населба „Лагадин“. – Од 19-ти февруари 2025 година, на патниот правец Р1301 Охрид-Св. Наум, пред туристичката населба „Лагадин“, во правец на Св. Наум, ќе се изведуваат градежни работи на пат, информираат од Градежното претпријатие „Илинден“ од Струга. Овој зафат е дел од реконструкцијата на ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време во текот на утринските часови и сончево со умерена облачност преку денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 5. степени. – Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени, информираат од Управата за ...

Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: „Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за три случаи во кои полицијата пронајде дрога. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во возило во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Почнувајќи од утре ќе се изведуваат градежни активности на патниот правец Охрид-Св. Наум, на потегот пред туристичката населба „Лагадин“. – Од 19-ти февруари 2025 година, на патниот правец Р1301 Охрид-Св. Наум, пред туристичката населба „Лагадин“, во правец на Св. Наум, ќе се изведуваат градежни работи на пат, информираат од Градежното претпријатие „Илинден“ од Струга. Овој зафат е дел од реконструкцијата ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска, вторник, 18-ти февруари 2025 година, Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница. Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07:30 часот до 19:30 ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски музичар Христијан Настески – Пајак е автор на новата песна на Ѓоко Јовиќ, „Стари навики“. Станува збор за песна која е комплетно во стилот кој го негува младиот музичар и е освежување за Јовиќ. Пајак е потпишан зад музиката и текстот, а за аранжманот се погрижи Иван Јованов Iwayo. Христијан Настески, познат под уметничкото име Пајак, е македонски трап-изведувач и текстописец од Охрид, роден ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод 17-ти март, Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст Охрид традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати. Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2024 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај плажата „Горица 3“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти февруари 2025 година, во 20:00 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишно лице од Дебар. – Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека и понатаму продолжува истекувањето на матна вода во езерото кај Воска е помеѓу оние кои предизвикаа најмногу внимание на Facebook профилот на OhridPress. Има ли крај на ова ЕКО лудило? Ова е единственото прашање кое се наметнува кога се гледа дека и покрај постојаниот притисок од јавноста и дел од медиумите, продолжува истекувањето на матна вода во езерото кај вливот на реката Грашница во ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Света маченичка Агатија. Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Организацијата на потрошувачите на Република Македонија (ОПМ), врз основа на договор со Институтот за европски политики (ЕПИ), го реализира проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“. – Овој проект е дел од грантовата шема за доделување на мали грантови од областа на реформата на јавната администрација во рамките на проектот WeBER 3.0, ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во јужниот дел на Охридското Езеро, на денешен ден, 18-ти февруари 1911 година се случи серија земјотреси, од кои најсилниот беше со Рихтерова магнитуда од 6,7 степени, потсетуваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. – На 18-ти февруари 1911 година, јужниот дел на Охридското Езеро бил погоден од серија земјотреси со разорни магнитуди. Во 21 часот и 35 минути UTC (Coordinated Universal Time) се случил ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени. – Денес ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда засилен северен ветер. Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински ...

Охрид, 18. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Страцин, Кочани и Демир Капија, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој ...

Охрид, 17. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за делото на некој меѓу нас, според кого не е лоша идеја да се фрли оваа дрвена решетка во езерото. Единственото прашање е – зошто? Е па пријатели… ...

Скопје/Охрид, 17. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги задолжи јавните здравстввени установи да се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти и строго да се почитуваат носењето заштитни маски, дезинфекцијата на раце и одржувањето физичка дистанца, каде е возможно. Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички ...

Охрид, 17. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Димитар Пејчиноски, кој важи за еден од нашите најдобри текери, стигна до полуфинале на Меѓународниот турнир во текбол кој викендов се одржа во градот Pecs, Унгарија – Од 14-ти до 16-ти февруари во градот Pecs се одржа првата Teqball Challenge серија оваа година. Учествував во 4 категории, а најдобриот резултат го остварив во конкуренција на машки парови каде со Радослав Митро стигнав до ...

Скопје, 17. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за економија и труд неделава се очекува да се изјасни по предлогот даден од страна на новата Комора на трговци за поевтинување на 100 до 200 прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна откако во петокот беше остварена средба во Министерството. Како што изјави во петокот Даница Блажевска од Рептил маркети, претставниците на трговците и дистрибутерите побарале да има реално ...

Цезар салата

58 минути - МИА
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
31%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
32%
1016
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
43%
1016
weather icon

Софија

25ᴼ / 21ᴼ
2.57
30%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.54
27%
1017
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
6.71
39%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.01
34%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
34%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
28%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
38%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
32%
1016
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459