
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Повеќе од 25 странски и голем број поети од земјава ќе учествуваат на 63. издание на меѓународната поетска манифестација „Струшките вечери на поезијата“ што од 22 до 26 август ќе се одржува под мотото „Допир на убавината“. Според традицијата, фестивалскиот оган ќе биде запален на свеченото отворање пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, познат и како Дом на поезијата, а Фестивалот ќе биде затворен со традиционалното читање „Меридијани“ ...
На програмата на „Охридско лето“ во рамките на австриската вечер вчеравечер се одржа концерт на виенскиот квартет „Арпеџо“ а беше отворена и изложбата под наслов „Калиопе- Жените во општеството, културата и науката“. Во црквата „Света Софија“ љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат во прекрасниот концерт на извонредните уметници. Отворајќи ја вечерта, амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер, поистоветувајќи го Охрид со Салцбург ...
Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.58 м.н.в што е на просекот за јули (693.58 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според податоците од УХМР нивото на езерото е 48 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 41 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в) Неделната анализа покажува намалување на ...
Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако. Најголемо намалување на бројот на милионери има Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто. САД и покрај тоа што се на деветтото место со раст од 62 отсто, сепак се на прво место во светот со речиси 5,5 милиони милионери. Виетнам, чија економија е во пораст како Кина ...
Во рамки на програмата на Општина Охрид наменета за најмладите, под мотото „Културата расте со децата“ вечерва, со почеток во 21.00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе се одржи детската балетска претстава „Барби“. Претставата е во изведба на охридско детско балетско студио „Наталис студио“. Програмата за најмладите ќе трае се до 6-ти октомври 2024 година, а секој петок предвидени се низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Како што соопштуваат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. УВ ...
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од почетокот на јули, реализира 70 акциски контроли кон возачите на мотори и мотоцикли и по разни основи од Законот за безбедност во патниот сообраќај, санкционира 70 мотоциклисти. Санкциите се изречени поради констатирано управување на мотоцикли без заштитен шлем односно кацига, управување нерегистрирани мотоцикли или пред стекнување со соодветна дозвола, управување мотор без ...
Два пожари на две различни локации во Грција, едниот на 20 километри југоисточно од центарот на Солун на патот кон Переа, а другиот во западниот дел на грчкиот остров Кеа, избувнаа денеска, а во справувањето со огнената стихија интервенираат копнени сили и воздушни средства, јави дописничката на МИА од Атина. Според противпожарната служба на Грција и во двата пожари гори ниска вегетација. Пожарот кај Солун е во непосредна близина на куќи во ...
Целосно мобилизирање на сите расположливи човечки и технички ресурси на Министерството за внатрешни работи под оперативна акција „Пожар 2024“ е одлучено на одржаниот координативен состанок на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР. Состанокот беше одржан во насока на согледување на целокупната ...
На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов. Роден на 1 ноември 1971 година во Белград, Србија (тогаш Југославија), Хаџиманов ...
Во сабота, на 20 јули сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера. Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“, а охриѓанецот со златно грло на сцената ќе ги отпее најголемите хитови од својата кариера. „Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… се само дел од хитовите кои ја одбележаа неговата ...
Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на ФИФА ранг-листа објавена денес „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 72. место. Лидер и натаму е Аргентина, пред Франција и новиот европскиот шампион Шпанија која забележа скок од пет пзоиции. Во Топ 10 се уште и: Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија. Следното рангирања Светската фудбалска асоцијација ќе ги изврши на 19 септември. OhridNews ...
Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, соопшти Генералштабот на Армијата. Од страна на Генералштабот е издадена наредба за ставање во состојба на подготвеност и ангажман на дополнителни ...
На денешен ден во 1967 година во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесол одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи ...
Мајката на Килијан Мбапе проговори за можна тужба кон досегашниот клуб на нејзиниот син Пари Сен-Жермен. Претходно беше објавено дека парискиот клуб не исплатил ниту плата на напаѓачот, ниту бонуси од април. Долгот е речиси 100 милиони евра. Ова е сè уште во тек. Сега се е во рацете на застапниците на Килијан, но јас сум уверен во ПСЖ и дека сè брзо ќе се врати во нормала. Понекогаш за време на раскинувањето треба да одлучите кој ќе го земе ...
Средното стручно образование поатрактивно за упис на идните средношколци, отколку гиманзиското, покажуваат резулатите од првиот уписен рок кој беше спроведен во јуни. Поголем интерес за стручното образование има во Охрид, Струга, но и на ниво на држава. Според податоците од Секторот за образование при Општина Охрид, најголем број ученици се запишани во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, по што следи економското училиште, Гимназијата и угостителското. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека во последното деноноќие имало 24 пожари на отворено, како и дека 13 од нив се сè уште активни, а се гасат и од земја и од воздух со сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји. Оттаму посочија дека активен е пожарот во неготинското село Калањево каде што гориниско стеблеста шума и грмушки. Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, како што информираат ...
Претседателот на САД Џо Бајден се тестираше позитивно за Ковид додека водеше кампања во Невада и има благи симптоми, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден изјави дека во наредните денови ќе се изолира во својот дом во Делавер. Болеста за него доаѓа во неудобно време кога сè повеќе демократски првенци повикуваат да се откаже од изборите и да му даде шанса на помлад кандидат кој може да го победи Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на ...
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 23, а максималните ќе достигнат од 35 до 42 степена. UV индексот ќе биде 9. Во Охрид ќе преовладува сончево време со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до 20, а ...
Дваесет и три гола паднаа на воведните натпревари на турнирот во мал фудбал што по 19 пат се одржува во Велгошти. Минатогодишниот освојувач на трофејот АСП ПАК беше убедлив во мечот со Вила Мина во кој славеше со 7:0. Сквер Кафе Ресен ја совлада екипата на Дизајн Илиевски со 3:2, додека Ресторан Станица Викса Пром со 8:3 ја победи екипата на Рентакар Кико. Турнирот во Велгошти продолжува во четврток со три натпревари. Распоред на натпревари ...
Ранохристијанската базилика на локалитетот „Манчевци“ повторно во полн сјај достапна за пошироката јавност. НУ Завод и Музеј Охрид со своите стручни лица ги отвори мозаиците на базиликата, а со пригодната илуминација на локалитетот благодарение на ЛК Лихнидос во вечерните часови претставува нова туристичка атракција во градот во летниов период. Локалитет “Манчевци” е делумно истражен во текот на 2007 година при што се отстранети два објекти. По ...
Согласно Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти. Во студенскиот дом „Никола Карев“ во Охрид има место за 242 студенти од кои 48 се за студенти од прва ...
Под мотото „80 години од ослободувањето на Република Македонија и 80 години слободно Вевчани“ во Вевчани се одржува културната манифестација „Вевчанско културно лето – Вевкул 2024“. Во рамките на манифестацијата, како што соопшти организаторот, утревечер во црквата „Свети Никола“ ќе се одржи промоција на монографијата „Свети исповедници и праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска“ од авторите Виктор Недески и ставрофорен протопрезвитер ...
Институциите се задолжени да достават функционална анализа врз основа на која ќе се согледаат состојбите и паралелно ќе се одлучува што ќе се прави со минималната плата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Одговорајќи на новинарско прашање дали Владата најде средства за зголемување на минималната плата, министерката истакна дека секако требаше да има корекција на платата на адмнистрација и таа е предвидена во ...
Поради пожар на грчка страна во прекин е сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран, информираат денеска од АМСМ. МВР ги извести граѓаните дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во прекин е сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот ...
Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани ...
На 15.07.2024 во 12.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на нива засадена со пченица и јаболка во селото Мешеишта, општина Дебрца, настанал пожар во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. На 16.07.2024 година во 12.40 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, 65 и 64 годишни лица физички нападнале 62 годишно лице, сите од Охрид. Против напаѓачите, ќе биде поднесена ...
Со натпреварот помеѓу освојувачот на трофејот минатата година АСП ПАК и Вила Мина, вечерва во 20:30 часот на спортското игралиште во Велгошти, официјално почнува 19 издание на турнирот во мал фудбал “Велгошт 2024”. На првиот ден од турнирот на програмата се 3 натпревари. Распоред на натпревари среда, 17 јули: 20:30ч Асп Пак – Вила Мина 21:30ч Сквер кафе Ресен – Дизајн Илиевски 22:30ч Рент а кар Кико – Ресторан Станица и Викса Пром. Г.М. ...
Еден од водечките германски класични гитаристи, Герхард Рајхенбах настапувајќи на програмата на 64. „Охридско лето“ уште еднаш ги потврди високите стандарди на неговото елитно музицирање. Љубителите на музиката од класичниот жанр во црквата вчеравечер во „Света Софија“ не останаа рамнодушни слушајќи одбрани дела од композиторите Јохан Каспар Мерц, Маури Џулијани, Јохан Себастијан Бах, Исак Албениц, Федерико Морено-Тороба и Жоакин Родриго. Беше ...
Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) водата во Охридското Езеро е 26 степени целзиусови, додека во Дојранското се измерени 29,7 степени, а во Преспанското 25,5 степени. Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското ...