
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Народниот театар од Битола вечерва во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ ќе се претстави со премиерната изведба на претставата „Галеб“ на Антон Павлович Чехов, во режисерска поставка на Багријана Попов. Како што беше истакнато на денешната прес-конференција по повод премиерата, драмата што Чехов самиот ја нарекува комедија, носи и порака за кршливоста на човештвото, гледано низ призмата на односот на луѓето кон природата. ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Летните олимписки игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз. На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за финалните подготовки на македонскиот олимписки тим, како и за очекувањата од претстојните натпревари. Претседателката Сиљановска Давкова на македонските олимпијци им го врачи државното знаме, што ќе ...
Познат е распоредот на групите и натпреварите на 3 Меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се игра во Охрид од 20 до 24 август 2024 година на кој ќе учествуваат осум екипи. Во групата А се екипите на Алкалоид, Динамо Панчево, Ловќен и Олимпијакос, додека групата Б ја сочинуваат Охрид, Вардар, Партизан и Целје. Турнирот почнува на 20 август со 3 натпревари: 16:30 Алкалоид – Динамо Панчево 18:45 Ловќен – Олимпијакос 21:00 Вардар ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг. Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се ...
Турнирот во мал фудбал „Велгошти 2024“ синоќа продолжи со три натпревари на кои паднаа 11 гола, но не изостана и незивесноста. Резултати недела, 21 јули Рент а кар Кико – Камионски делови 3Е партс 2:5 21:30ч Др. Баткоски – Кафе бар 9 1:1 22:30ч Бомбаши – Дизајн Илиевски 1:1 Турнирот продолжува вечерва со три натпревари. Распоред на натпревари понеделник, 22 јули 20:30ч. Дооел Ноче – Македонија 21:30ч. Неби Комерц – Брумел 22:30ч. Сатеска – ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе ...
Челниците на Демократската партија во сите 50 сојузни држави на САД ја поддржаа потпретседателката Камала Харис како нов кандидат на таа која ќе се спротивстави на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори во САД. Откако актуелниот американски претседател Џозеф Бајден ја објави својата одлука да се повлече од изборната трка, водечките луѓе на демократите одржаа конференција на која беше потврден единствен ...
Американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека се повлекува од трката да биде претседател за втор мандат, јави ДПА. Објавата на неговиот личен „X“ профил дојде по големиот притисок од неговата Демократска партија да не се става себеси како официјален кандидат на партијата. Тоа е во најдобар интерес за мојата партија и за земјата, рече тој. Настапот на телевизиска дебата против неговиот ривал Доналд Трамп на крајот на јуни, за време ...
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најавува нови евтини авиолинии од Скопскиот и од Охридскиот аеродром. Во видео обраќање, Николоски информира дека е формирана работна група која ќе ги испитува можностите за зголемување на бројот на летови од двата аеродрома. Новите летови, според Николоски, ќе го зголемат бројот на туристи и ќе им овозможат на македонските граѓани да патуваат поевтино. Формиравме работна група која ќе ги ...
По осум децении во петок во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил” ќе се одржи света литургија со која ќе чиноначалствува епископот Партениј. Во исчекување на празникот на Божјиот Благовесник – Собор на Светиот Архангел Гавриил, Свештената Бигорската Обител со особена чест ве поканува заедно да го прославиме носителот на добрите и радосни вести, кој прв го објави доаѓањето на Спасителот во светот, се вели во објавата од Бигорскиот ...
Охрид како светски град на културата го има фестивалот „Охридско лето“, Кој е врзан со моите најрани сеќавања, но и со мојот развој како личност и како уметник. На овој подиум имам слушано стотици концерти и секое доаѓање на концертот за мене било и лекција. Од денешна гледна точка е задоволство да се биде учесник на сцената која сте ја гледале од најмали нозе, вели во интервју за Охридњуз, еден од нашите најреномирани пијанисти, Дино Имери. ...
Музичкиот барок како најзначајна епоха во развојот на музичката уметност вчеравечер на „Охридско лето“ го донесоа членовите на ансамблот „Маре Нострум“ кои настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот. Под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло, настапија сопранот Џулија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори. Публиката уживаше и во маестралната изведба на ...
Во три одделни акции службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид затекнала три лица со различен вид дрога. Ноќеска пет минути пред 3 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 20-годишен државјанин на Австралија кој при контрола во објектот бил затекнат како користи кокаин. При преглед кај него, пронајден и ...
Легендарниот италијански тренер, Карло Анчелоти проговори зошто не сака да тренира репрезентација, а се пошегува и за неговото пензионирање, Мбапе и Белингем. Анчелоти неодамна наполни 65 години, а договорот со Реал Мадрид го продолжи до 2026 година. Преку видео врска, Анчелоти зборуваше на филмскиот фестивал во Салерно, чија цел е да го доближи светот на филмот до децата. Не знам кога ќе се повлечам. Кога ќе ми здосади Реал Мадрид, тогаш ...
Од денеска до 13 август љубителите на комедијата на различни сцени во Охрид ќе имаат можност да погледнат деветнаесет шоуа кои ќе бидат дел од 6. издание на „Summer Comedy Marathon“. Публиката и оваа година ќе може да ужива во квалитетна програма со локални и домашни изведувачи, но и гости од странство. Фестивалот се отвара вечерва со култното шоу „Импровокација“, кое ќе биде изведено во Центарот за култура со почеток во 20 часот. Потоа ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне на места ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност ...
Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривични дело „учество во тепачка“. Настанот се случил на 17 август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници ...
Над еден милион денари се инкасирани во охридската општинска каса од туристичка такса во првиот квартал од 2024 година. Како што информираат од Општина Охрид износот на туристичкиот промет за овој период од годината изнесува 1 149 814,00 денари. Споредбено изминатите години на годишно ниво се бележи зголемување на наплатата. Туристичкиот промет во 2023 година е 20 221 832,00 денари, додека во 2022 година 17 498 585,00 денари, велат од Општина ...
Од следната година квотите на високообразовните установи ќе се дефинираат врз основа на анализа на пазарот на трудот и податоците од Агенцијата за вработување, посочува министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата „Стадион“ на Канал 77, пренесува од Министерството за образование и наука. Како што се наведува во соопштението, министерката истакнала дека годинава немало време да се интервенира во конкурсот, бидејќи тој веќе бил ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ги примила Мето Колоски и Гордан Јорданов од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и на средбата со нив била информирана за тековните проекти и планирани активности на ОМД. Кaко што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, биле разменети мислења за Националната стратегија за соработка со дијаспората, за актуелните политички состојби во САД и Европа, како ...
Италијанската вечер во рамките на годинашното 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“ на сцената ги носи уметниците од барокниот Ансамбл „Маре Нострум“. На вечерашниот концерт вљубениците во овој вид на музика ќе можат да уживаат во изведбата на ораториумот „САНТА ПЕЛАГИЈА“ за четири гласа на Алесандро Страдела, во изведба на сопранот Џуија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори, во придружба ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја одложи одлуката за суспензија на Израел. Палестина испрати барање за суспензија на оваа земја, но ФИФА таа одлука ќе ја донесе дури по Олимписките игри во Париз. ФИФА објави дека двете страни побарале повеќе време за да подготват одбрана на своите позиции. Палестинскиот фудбалски сојуз уште во мај испрати барање и побара Израел да биде суспендиран од сите натпреварувања поради конфликтот што ...
Од вечерва до 28 јули во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно – забавното лето „На зајдисонце“. Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект. Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: ...
Американската компанија за кибер безбедност „CrowdStrike“ од вчера е познато име од погрешни причини, откако неуспешното ажурирање на софтверот предизвика „хаос“ низ целиот свет, а „хаосот CrowdStrike“ може да поттикне преиспитување меѓу инвеститорите и купувачите, велат аналитичари. Меѓу последиците посочуваат дека акциите на таа компанија паднаа за повеќе од 11 отсто, откако технолошка грешка ја прекина и ја наруши работата во неколку ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени. УВ зрачењето изнесува осум. Во Охрид времето ќе биде претпладне сончево со мала облачност, попладне со услови за дожд. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени. УВ зрачењето изнесува осум. Во Охрид времето ќе биде претпладне сончево со мала облачност, попладне со услови за дожд. ...
Третата вечер на традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти ја отворија Глобал Линк шпед и Брумел 1:2. Екиипата на Форт кафе беше подобра од Еко Шпар со 6:2, а АСП ПАК убедливо ја совлада екипата на Црногорци со 5:0. Резултати 19.07.2024 (петок) Глобал Линк шпед – Брумел 1:2 Форт кафе – Еко Шпар 6:2 АСП ПАК – Црногорци 5:0 Сабота е слободен ден, a турнирот продолжува во недела со три натпревари. Распоред на натпревари 21.07.2024 ...
Аеродромските системи се во функција и засега нема откажани летови, информираат од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми во врска со глобалниот ИТ прекин. Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите. Сепак, ...
Вредна донација за објектот „Билјана“, обезбедено детско игралиште кое е поставено во дворот на градинката. Со оваа донација ќе се подобрат услови за престој и активностите кои децата ги обавуваат во отворениот простор на објектот. Во ова игралиште ќе уживаат многу идни генерации на дечиња, велат од градинката. Донацијата е обезбедена од страна на родителот Атанас Поп-Стефанија и останатите родители од објектот „Билјана“ во соработка со Славеј ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот. Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт. Тоа е нивното ...