
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=7 Во Охрид времето ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени. Од УХМР ...
Екипата на Струга триумфираше со 2:1 против Пјуник во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Актуелниот македонски шампион поведе со голот на Ибраими од пенал во осмата минута. Ерменците израмнија во 23 минута со удар од белата точка кој го реализираше Виљела. Од 60 минута Пјуник остана со фудбалер помалку на теренот поради црвениот картон на Вакуленко. Ова го искористи Струга која во 73 минута дојде до ново ...
На првата прозивка на шефот на стручниот штаб Стевче Алушовски во спортската сала Билјанини извори се одзваа сите сите играчи, вклучително и новите засилувања, освен Луцијан Бура. Тој на екипата ќе и се приклучи по завршување на обврските во Париз, каде како светски шампион во ракомет на плажа го промовира „beach handball“ кој претендира да стане олимписки спорт. На првиот тим на стартот на подготовките му се приклучија и Петар Николоски и ...
На 23.07.2024 во 17.20 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 39 годишно лице од Охрид. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струга и бил спроведен во установата за издржување на затворската казна, информираат од МВР. На 23.07.2024 во 12.15 часот во СВР Охрид, 68 годишно лице од Република Србија пријавило дека на улицата „Крум Точко“ во Охрид било ...
Очекувам за десетина дена да знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа со девет нови лекови, бидејќи во моментот не е прашање дали има пари или нема пари за девет лекови. Ние правиме комплетна анализа. Значи, во функција сме 15 денови. Она што министерката за финансии го истакна е дека во буџетот постојат многу дупки кои ние допрва ги востануваме, одговори директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски во ...
На 23.07.2024 во 17.20 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 39 годишно лице од Охрид. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струга и бил спроведен во установата за издржување на затворската казна, информираат од МВР. На 23.07.2024 во 12.15 часот во СВР Охрид, 68 годишно лице од Република Србија пријавил дека на улицата „Крум Точко“ во Охрид бил ...
Од 23-ти до 31-ви август 2024 година во Охрид ќе се организира второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival. Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија, велат од Општина Охрид. Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација ...
Северна Македонија спроведе неколку бранови на реформи во правосудството и усвои нова стратегија за правосудството со цел да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста на правосудниот систем, но сепак независноста на судството и институционалниот капацитет за негова заштита од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост, се наведува во годишниот Извештај за владеење на правото во ЕУ за 2024 година, подготвен од ...
На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода три 18 годишни лица, 19, 28, 23 и 20 годишни лица, како и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста ...
Американскиот спортски канал „ESPN“ направи рангирање на најдобрите тенисери на 21 век. На првото место на листата се најде Швајцарецот Роџер Федерер. Втор е Србинот Новак Ѓоковиќ, а првата тројка ја затвора Шпанецот Рафаел Надал. Топ 10 тенисери на 21 век според „ЕСПН“: 1. Роџер Федерер (Швајцарија) 2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 3. Рафаел Надал (Шпанија) 4. Енди Мареј (Велика Британија) 5. Андре Агаси (САД) 6. Карлос Алкараз (Шпанија) 7. Пит ...
Марија Ѓошевска која спаѓа во елитата на најпознатите македонски пијанисти вчеравечер на „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда критиката напишана за неа дека е уметник во врвни професионални карактеристики, презентирајќи ги на четирирачното пијано високите изведувачки стандарди заедно со нејзината колешка Славица Мицовска-Смилевска. Двете виртуозни уметници доловија железен репертоар во областа на класичната музика. Првиот дел од концертот беше ...
Изминатиот викенд во спортската сала на таеквон-до клубот ХВАРАНГ ИТФ во организација на М.Т.Т.Ф (Македонска традиционална таеквондо федерација), со дозвола од ИТФ (интернационална таеквондо федерација) беше организирано полагање за повисоки појаси. Овој значаен настан беше одржан под контрола на испитната комисија и претседателот на М.Т.Т.Ф, Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас 5-ти дан, поранешен светски вице шампион во Прага 1996год. Во ...
Управувачкиот комитет за управување кризи претпладнево на состанок донел одлука да и препорача на Владата итно да донесе одлука за реорганизација на целокупниот систем за соодветно да се справи со секоја криза која би настанала во земјава. Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој истакна дека по пожарите во земјава во изминативе 13 дена се увидело дека таков систем не постои. Факт е дека и Центарот за управување со ...
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе и се обрати на нацијата од Овалната соба и ќе ја образложи минатонеделната одлука за откажување од претседателската трка минатата недела. Бајден на Икс објави дека ќе зборува за „тоа што претстои и како ќе ја завршам работата за американскиот народ“. Бајден во своето обраќање до нацијата ќе инсистира дека има уште работа и покрај неговата историска одлука да се повлече од трката за реизбор. Говорот, ...
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди интересна содржина со концертот на Доминик Вагнер на контрабас и Софија Палурович на пијано. Маестро Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, ...
Холандската драма „Млеко“ на режисерката Стефани Колк ја освои наградата „Голем бран“ за најдобар филм на 7-то издание на Фестивалот на филмот на плажа „Beach film festival“ што се одржа во Охрид Хрватскиот филм „Пеликан“ на Филип Хераковиќ доби Специјално признание во официјалната конкуренција. Наградата „Мал бран“ за краток филм ја доби литванскиот „Како да се биде човек“ во режија на Јоре Јанаваичиуте, додека македонскиот краток филм ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. ...
На турнирот во мал фудбал во Велгошти вечерва се одиграа три натпревари. Резултати вторник, 23 јули Бомбаши – Сквер кафе Ресен 1:2 Вила Мина – Црногорци 1:0 Форт кафе – Тераса Деспина 3:0 Среда е слободен ден, а турнирот продолжува во четврток со нови три средби од групната фаза. Распоред четврток, 25 јули 20:30ч Камионски делови 3Е партс – Ресторан Станица и Викса Пром 21:30ч Кафе бар 9 – Инекс Олгица 22:30ч Неби Комерц – Глобал Линк шпед ...
На 23.07.2024 во 02 часот, на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид неколку лица физички нападнале 17 – годишник од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годипно лице од струшкото село Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 14.05.2024, при ...
Фирмите ќе посегнат по парите што се со помала камата, тоа е нормално, но така ќе креираме само моментно решение на ситуацијата. Мора се да оди во пакет, и да се обезбедат средства за поддршка на бизнисот, но и да се решат сите горливи прашања на кои постојано укажуваме. На тој начин ќе креираме квалитетен деловен амбиент во кој државата ќе има регулаторната функција, а бизнисот ќе води рамноправен натпревар на терен, без нејзино мешање, ...
Недела, 21 јули, беше во просек најтоплиот ден откако се вршат мерења на температурата во светот, покажуваат прелиминарните податоци на организацијата Коперник, агенција на ЕУ за климатски промени. Просечната глобална температура на воздухот достигна 17,09 степени Целзиусови во неделата, малку повисока од претходниот рекорд од 17,08 степени лани. Во текот на изминатата недела големи делови од САД, Европа и Русија беа зафатени од топлотен бран. ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 41.252 денари и е за 13,1 отсто повисока отколку во мај 2023 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 19,6 отсто, Уметност, забава и рекреација за 19 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување ...
Актерите од Народниот театар Битола вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ ја изведоа премиерата на театарската претстава „Галеб“ од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов. Улогите ги толкуваа Јулијана Мирчевска, Илија Волчески, Огнен Дранговски, Катерина Аневска- Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата беше на Валентин ...
На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, Струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 67 годишно лице од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61 годишно лице од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил во посета на Одделот за граѓански работи каде се одржал работен состанок со помошник министерот Јован Алтанџиев, во врска со надлежностите од делокругот на Одделот. Како што објави на неговиот фејсбук профил министерот Тошковски, генерално, констатиран е хаос и негрижа од претходното раководство, како во однос на граѓаните, така и во однос на вработените. Уште од првиот ден како ...
Во рамките на „Вевчанско лето“ 2024 утре во дворот на детската градинка „Планински цвет“ ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Претставата, како што соопшти Драмски театар, е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф Марија Папучевска, а музиката е на Горан ...
Две политички анкети спроведени откако претседателот на САД, Џо Бајден ја повлече својата кандидатура, покажуваат дека неговата заменичка Камала Харис, доколку биде избрана за кандидат на Демократската партија, ќе загуби од нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп. Харис рече дека ја обезбедила поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да биде номинирана од Демократската партија. Сепак, две ...
Претставници на Општина Охрид беа дел од турнирот на Јадранската Текбал лига која се одржа изминатиот викенд во Бар, Република Црна Гора. На турнирот учествуваа натпреварувачи и спортски работници од Балканските земји, вклучувајќи ја и Полска. Во рамките на настанот, раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид, Јоне Станковски оствари средби со претставници на Текбал федерациите од повеќе земји, на кој се ...
Програмата на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со концертот на нашето пијано дуо – Марија Ѓошевска и Славица Мицовска. Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8 Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени. Според ...