Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Утре, со почеток во 17:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи Мултикултурен фестивал кој ќе го слави богатството на различностите преку храна, традиционални занаети, фолклор и обичаи на етничките заедници кои живеат во нашиот регион. Фестивалот е организиран од Локалниот совет на млади и е осмислен како место на сплотување и взаемно разбирање. Посетителите ќе имаат можност да ја искусат уникатната културна ...
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана денеска, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со црковниот живот на нашата Света Црква. Синодот ја изразува својата длабока загриженост за новонастанатата состојба во Сирија и во Либан, како и за засегнатите верни чеда на Антиохиската Патријаршија. Исто така, како сестринска Црква, ...
Особено внимание посветивме на образовните институции, знаејќи дека тие се камен-темелник за иднината. Тука се голем број проекти за реконструкција на објектите од средното образование, економското училиште и гимназијата, каде што се инвестирани значителни средства. Исто така, го решивме проблемот со ООУ „Кочо Рацин“ кое наскоро ќе биде дислоцирано во нови современи простории во Охридската касарна. Градиме нова спортска сала во ООУ „Ванчо ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“. На катарстарска парцела на улица „Беќир Алириза“ во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа. Неправилностите биле констатирани при вонреден инспекциски надзор извршен на 30.10.2024 година од ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како ...
Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната сезона, објави специјализираниот портал за авио сообраќај “Ексјуевиејшн”. Летовите од аеродоромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе започнат со летниот ред на летање на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Како што наведува порталот турската авиокомпанија ќе ...
Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете ...
Во период од 24-30 ноември, 12 ученици предводени од координаторите на проектот психолог Даница Скрческа и наставник Сања Митаноска беа во посета на Бор, Република Србија. Деновите поминати во Бор беа исполнети со учење , соработка, дружење и пријателство. Првиот ден започнавме со меѓусебно запознавање и работилници за Младински активизам, каде што споделувавме идеи и заеднички креиравме решение за позитивни промени во нашите заедница. ...
На Градскиот плоштад, вчера, 10.12.2024 година се одржа традиционалниот предновогодишен германски базар. На базарот, со свои новогодишни ракотворби и вкусна храна, се претставија и учениците од нашата Гимназија кои го изучуваат германскиот јазик, но истовремено се и љубители на германската култура. Со желба да се долови предновогодишната магија, на овој базар, учениците од повеќе училишта, меѓу кои и нашата Гимназија понудија: Креативни рачни ...
Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: „Чувај се себеси“. Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани. Токму под наслов „Чувај се себеси“ Прличев на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал ...
Започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“, со што се комплетира сообраќајната функционалност на влезот во Охрид од страната на Битола. Предвидена е реконструкција на тротоарот и коловозот, како и поставување на нови рабници и ново јавно осветлување. Вкупната вредност на проектот е 8.367.000 денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на проектот е АД ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 2ри до 8ми Декември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Петар Поп Арсов“ – „Дејан Војвода“ (2 дефекти) – „Винковачка“ – „Прилепска“ – „Момчило Јорданоски“ бр.42 – „Никола Карев“ – „Богомилска“ – „Наум Охридски“ – ...
За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да се откаже од неговата вера и не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.М. кој бил вработен во затворот Струга. Тој овозможил осудено лице да слободно да се движи и да престојува во својот дом. „На 02.03.2024 година, пријавениот, кој бил работно ангажиран, со непријавување на бегство на осуденото лице, му овозможил да излезе од затворот и слободно да се движи и престојува во својот дом во Струга“, велат од МВР. ...
Денис Умер, талентиран фотограф и љубител на уметноста, го продолжува своето креативно патување со учество на традиционалната фото изложба организирана од Фото Клуб Охрид. Настанот, кој веќе стана симбол за промовирање на убавините на Охрид и неговата богата културна традиција, ги обединува најдобрите локални и регионални фотографи. На изложбата, Денис ги претстави своите уникатни перспективи на Охрид преку објективот, нагласувајќи детали што ...
Почитувани граѓани,институции, организации и политички партии во Охрид, Денес, на Денот на човековите права, ве повикувам не само да ги славите основните права на секој човек, туку и да преземете конкретни чекори за нивно почитување, обезбедување и примена. Човековите права не се само декларации — тие се основа за достоинствен живот за сите нас. Клучни прашања за заедничка акција Право на еднаквост за сите граѓани Обезбедување еднакви ...
Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговите надареност и способност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа ...
Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа денеска пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературнуот конкурс посветен на патронот. Награди им беа доделени на : ...
Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето она кое што го правиме, вложуваме во спортската инфраструктура, некако како круна ќе ни дојде градскиот стадион кој што по завршување на комплетниот проект ќе биде со доволен број на седишта или над 8.000 седишта. Со тоа стадионот ќе добие А лиценца за одигрување на натпревари на репрезентативно ниво и секако и меѓународни натпревари. Исто така ќе добие и модерно осветлување, а ...
Да се говори и пишува за славниот Охридски Чудотворец, Рамноапостолниот Просветител Свети Климент, е големо но и смело дело, зашто тоа бара од нас во неговиот свет живот внимателно да се задлабочиме и во неизмерните длабини на неговото богословие да се нурнеме. Сепак, ние кои се чувствуваме како чеда, макар недостојни, на овој свет првопастир, се радуваме на честа што Бог ни ја довери и топло Му благодариме што нѐ удостои со нашите мали зборови ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишен жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување исправа“. Во текот на 2021 година во својство на службено лице како референт по сеча и дотур во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Скопје, ШС Галичица – Охрид, пријавениот ги повредил законските прописи со пропуштање на должен надзор и несовесно постапувајќи во ...
На 08.12..2024 во 23.00 часот, при извршени контроли, полициските службеници од полициското одделение во кичевското село Осломеј, на локален пат во селото пронајдоа патничко возило „нисан“ без регистарски таблички, натоварено со огревно дабово дрво. Возилото со дрвната маса се одземени и предадени на Шумска полиција од Кичево за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. фото: ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 33 годишен жител од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 27.11.2024 на локален пат во кичевското село Осој, тој бил затекнат од патрола на Шумска полиција при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „лада нива“. Притоа, тој не застанал на даден знак од овластените службеници на шумската полиција и со ...
Остварив средба со делегацијата од градот Белград, предводена од заменик – градоначалничката Весна Видовиќ. Разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двата градови во повеќе области. Српските гости традиционално се меѓу најбројните во текот на летната сезона па затоа посебен акцент во разговорот ставивме на туризмот и за промоција на Охрид во Белград. Изразив благодарност што делегацијата од Белград беше присутна на чествувањата по ...
Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но, желен за осаменички живот, молитва и богомислие, Алипиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта. Таму тој забоде крст и изгради храм во чест на светата Ефимија, којашто му се јави во сон. Крај храмот ...
Православните верници денеска го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле. ...
Чествувањата по повод Св. Климет Охридски – Патрон на градот ги продолживме денес најпрвин со присуство на Света литургија, а потоа со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во истоименото основно училиште. Централниот настан се одржа на Градскиот плоштад каде заедно со делегациите од збратимените и пријателски градови, како и делегациите од институциите во градот, политички партии, здруженија и поединци положивме свежо ...
На 82-годишна возраст денеска во Охрид почина познатиот охриѓанец, Симеон Ѓурчев, пренесува порталот Ohridpress. Охриѓани ќе го паметат како успешен и реализиран човек, стопанственик со огромна љубов кон градот и езерото. Од својата седма година скока по светиот крст, а до скоро, секоја година се капеше во студените езерски води за големиот празник Богојавление Водици. Тој на јавноста и беше познат и како охриѓанецот кој традиционално со свечено ...
Во манастирот на Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник и денеска се служи богослужба по повод празникот Св. Климент. На Божествена Литургија чиноначаствува епископот Хераклејски- Климент. Голем број верници денеска го посетуваат Светиклиментовиот храм на Плаошник каде традиционално масовно се чествува празникот на големиот светител, заштитник на Охрид и патрон на Македонската православна црква ОА – Св. Климент Охридски Чудотворец. Свети ...
Највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ му беше врачена на проф. д-р Павле Митрески, долгогодишен научник и истражувач на историското минато на Охрид и Македонија. Добитници на повелбата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ се клубот за подводни дејности „Охрид“ и здружението на граѓани „Независна аматерска театарска група Аматер, односно Културолошка иницијатива 5 до 12“. Чествувањето ...