Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето. Но, решение има и до март следната година ќе имаме комплетни технички решенија за сите косини по трасата на автопатот, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во поткастот „Бизнис муабети”. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Николоски порачал ...
Со колони автомобили кои кружеа низ центарот на градот, извикување провокативни пароли, и тепачка во центарот на Охрид се прослави денот на независноста на Албанија. Полошо беше и во другите градови на државата, каде се во рамки на „славењето“ се газеше и палеше знамето на Македонија, се блокирше сообраќајот, се пукаше од оружје, а во Куманово се оштетени повеќе автомобили. Во соседна Албанија, за разлика од кај нас се славеше достоинствено, ...
Денеска народот Божји со голема тага поради привремената разделба и со силна надеж за повторно соединување во вечноста, се прости со од еден од своите црковни пастири, митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј. Неговото чесно тело беше погребано зад јужната апсида од олтарот на свештениот храм на Светите Климент Охридски и Пантелејмон Чудотворец на Плаошник, каде што ќе почива покрај нашиот голем рамноапостолен Светија. Погребението беше сведоштво ...
Со длабоко жалење ја примивме веста за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, со кого пред нешто повеќе од еден месец служевме света Литургија во манастирот Џуниса. Епископот блажен Тимотеј, како верен Христов сведок, копнееше за единство и, кога дојде полнотата на времето, вдахновен од Светиот Дух, решително придонесе за воспоставување на нарушеното единство на Црквата, служејќи лично божествена служба, среќавајќи се и ...
Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил, на 27 ноември 2024 година упати писмо со сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод упокојувањето на митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј. Во продолжение писмото го пренесуваме во целост. До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, Митрополит Скопски Во името на епископатот, свештенството и ...
Високопреосвештениот Митрополит Бачки г. Иринеј од Српската православна црква упати писмо со сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј. Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост. До Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски Господин Стефан Скопје Ваше Блаженство, Со тага ја примивме веста за упокојувањето на Митрополитот ...
Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот рај – да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1.Мој. 2,17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушност и воздржување.“ Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили” (лукавиот и неговите црни ангели) (Матеј 17, 21; Ефес. 6,12), неопходно средство за стремеж на човекот кон духовно совршенство, надежна сила за ...
Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но, ги фатија и ги изведоа пред судијата. Судијата им се закани со смрт ако не ѝ се покорат на царската наредба за поклонување на идолите. Светите Христови маченици му одговорија: „Ако ѝ се покориме на царската наредба ќе пропаднеме дури и ...
Викендов во центарот за култура „Браќа Миладиновци “ во Струга ќе биде одиграна психолошката драма „NO EXIT“ според делото на Жан Пол Сртр, од страна на театарот „Чекори“. Претставата ќе биде одиграна оваа сабота 30.11.2024, со почеток во 20h Влезници по цена од 200 денари ќе можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата како и во кафе бар Пливалиште, Кингстон и Дуќан. View this post on Instagram A post shared by ОС Театар ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид. По настанот одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот за здравствено осигурување е во ...
Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (Фирми) на потегот од Плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“. За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до плоштадот Крушевска Република и кракот до пресекот на улицата „Туристичка“. Станува збор за околу 120 објекти ресторани и кафетерии, трговски и занаетчиски дуќани, со што ќе се ...
На 26.11.2024 во 17.00 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода лице на (48) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54 – годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024, се преставило како преставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да ...
На 26.11.2024 во 15.30 часот во СВР Охрид, 47 – годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра. Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено,, на 20.11.2024 на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се ...
Четвртоодделенците од охридските основни училишта, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“ и „Ванчо Николески“ од с. Лескоец беа во посета на Општина Охрид. Денешни гости беа и осмоодделенците од ООУ „Кочо Рацин“. Младите гости ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков кој ги информира за улогата и функцијата што ја обавува градоначалникот, а им го објасни и начинот на работа и функционирање на локалната самоуправа. Посетата на општината е дел од ...
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и деветтата вонредна седница на Советот на општина Охрид на ден 27.11.2024 година (среда) со почеток во 12.00 часот. ...
Смртта, која нашиот Господ Христос со Својата смрт на крстот ја победи, стана врата кон вечноста и премин кон духовниот и невечерен свет. Таа повеќе не е крај, туку Пасха, премин кон полнотата на животот што Бог го замисли за човекот. Секогаш кога ќе се соочиме со смртта на некој наш ближен, или дури и на некој непознат, ние сме повикани да се потсетиме дека и нас нѐ очекува истиот пат. Смртта го разобличува она што е минливо и пропадливо во ...
Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2024 година, на 24 ноември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред селото Трпејца. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности” со асистенција на нуркачкиот клуб„Акватек”. Целта на акцијата е подигање на ...
Упатувам писмо со сочувство до Синодот на Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија и до правосвештенството, а по повод смртта на митрополитот Дебарско – кичевски, г.г. Тимотеј кој ја обавуваше и функцијата портпарол на МПЦ. Владиката Тимотеј беше силен пример за служење на Бог, образец на животот според Евангелието. Тој беше способен да одговори со својат љубов и грижа на секоја тешкотија и болка на човечкото срце. Беше пример на ...
Максимално сме посветени во обезбедување на услови за поквалитетно образование. Денеска го посетив ООУ „Христо Узунов“, каде што се извршија неколку инвестиции. За ова училиште Општина Охрид обезбеди 15 интерактивни табли и од општинскиот буџет се обезбедија средства за целосно реновирање на една училница. Дополнително во соработка со донатори се изврши доградба на нова училница која ќе се прилагоди за потребите на учениците во ова училиште. ...
Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и ...
Синоќа во преполната сала на Центарот за Култура традиционално и оваа година се одржа годишниот концерт од страна на Здружението на Египќаните „Пирамида Зем„. На настанот и оваа година беа доделени бројни признанија и благодарници за заслужни египќани кои се истакнале со своите заложби во општествениот живот во Охрид. Посебно беа доделени благодарници за фудбалерите од ГФК „Пирамида“ кои изминатава година бележеа бројни позитивни резултати. ...
Нов успех на охридскиот пливачки тренер Томе Камнаровски кој живее и работи во Холандија. На републичкото првенство deel2 за пливачи од 9 до 11 години Камнаровски учествуваше со 16 пливачи и освои 32 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали. Инаку Камнаровски води два пливачки клуба во Холандија и тоа Startgemeenschap и Patrick De Roersoppers. Сите пливачи кои пливаа на последните првенства достигнаа и свои персонални рекорди кои важат за да се ...
Со задоволство ви ја претставувам четвртата композиција од серијалот ”Calmness”, музика инспирирана од Охрид и охридското езеро. Ќе ми биде мило доколку ја објавите на вашиот портал. Во продолжение линк од YouTube, краток текст и една слика. Поздрав, Ви посакувам убав ден. Охрид има привилегија да лежи над непроценливо богатство, односно да лежи врз темелите на античкиот град Лихнид. Во Охрид се наследува енергија со генерации, непрекинато од ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 18ти до 24ти Ноември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Кеј Македонија“ (2 дефекти) – „Кленоец“ – „Славеј Планина“ бр.64 – „Абас Емин“ бр.127 – „Јане Сандански“. бр.121 – „Илинденска“ – „Крум точков“ (девијација) – „Живко ...
На 23.11.2024г., во организација на СММ во рамките на „Ноември – Месец на Науката“, на денот на МАТЕМАТИКАТА – Фибоначи ден, математичарите од ООУ ,,Св.Климент Охридски” беа на тронот. ,,Ојлеров квадар” ПРВА НАГРАДА во 8 одд. ,,Табелата која носи победа во тенисот” – ВТОРА НАГРАДА во 6 одд. ,,Среќните броеви во нашето училиште” ТРЕТА НАГРАДА во 6 одд. Нека е честит овој голем ден на математиката, кој достојно го прославивме со многу ...
На 23.11.2024 година во 21.55 часот, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија 17 годишно лице од Струга. При извршен преглед, кај него, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. По насоки од јавниот обвинител, со малолетникот извршен е разговор во присуство на неговиот родител а известен е и Центарот за социјални работи и по целосно ...
По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ...
Во периодот од 18 до 22 ноември 2024 година, Отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни работилници во неколку основни училишта на подрачјето на Охрид и одржа работна средба со Локалниот совет за превенција од детско престапништво. Тема на едукативните предавања одржани пред околу стотина ученици од седмо и осмо одделение беше ,,булингот и сајбер булингот“, како облик на насилства и агресивно однесување помеѓу младите. ...
Младите Математичари, Хемичари и Биолози од ООУ ,, Братство Единство’ – Охрид на 23.11.2024 год. учествуваа на,, Ноември Месец на Науката ” организирана од Сојузот на Математичари во Природно Математичкиот Факултет -Скопје Нaградени ученици: VIII одд МАТЕМАТИКА ментор: Сезен Таип Дидем Лато – III награда Елиф Тоска – III награда IX одд ХЕМИЈА ментор: Семра Салих Сибел Гуладин – III награда Берфин Реџеп- III награда Учениците Гамзе ...