Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Божиќ е празник на семејството, празник на среќата. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни , да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Вербата во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме сите препреки. Вечерва, спокојно ...
Навечерието на Рождеството Христово – светол праг кон серадосниот празник на Воплотувањето на Спасителот наш Господ Исус Христос – според Божјата неизречена милост, и оваа година беше торжествено и молитвено одбележано во нашата Свештена Бигорска Обител. Овој ден, исполнет со длабока литургиска и духовна содржина, ги отвора срцата на верните за светлината што изгреа од Витлеем, подготвувајќи ги за средба со Богомладенецот Христос. Утрена, ...
Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) со кои трипати влезе во најтесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата, а ...
Со пеење на возобновената христијанска песна „Вечниот Бог” и со ѕвезди во рацете, денес, во Охрид, младите бадникари го најавија Христовото раѓање. Ѓоко Танески, виолинистката Сања Здјелер и Христијан Настески – Пајаки ја предводеа долгата и реасепана колона. Традиционално заедно со пратениците, советниците и директорите на јавните прептијатија од Охрид ги дарувавме децата кои учествуваа во поворката. Оваа година е 14та по ред како се одржува ...
Од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на порталот сдк.мк, Сузана Вренцовска, од Охрид. – Возилото било запалено на 5-ти јануари 2024 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе брза ...
Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според јулијанскиот календар, по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но ...
Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Египет. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше христијаните и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен ...
Во текот на денешниот ден жителите и угостителските објекти во центарот на Охрид имаат проблеми со напојувањето со електрична енергија, која цел ден „сецка“ и ја има со прекини – реагираат жители на Охрид кои со постови на социјалните мрежи бараат ЕВН да го реши проблемот. „ И денес за денов ( се мисли на верскиот празник ) ќе ни е темно и нема да имаме струја ?“ – пишува граѓанин кој денес прави визита ( именден ) и чека гости. Проблемите со ...
На 04.01.2025 година во 23:25 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишен од слобода е лице на (69) од Струга кој претходно, управувајќи патнички автомобил „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, на пресекот со улицата „Партизанска“, удрил во сообраќаен знак и избегал. По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој го управувал автомобилот под дејство на алкохол поради што, против него, ќе биде поднесена ...
На 04.01.2025 година во 21.40 часот, на паркинг простор пред казино во струшкото село Велешта, лишен од слобода е лице на (37) а на разговор во ОВР Струга, повикан е лице на (39), двајцата од струшкото село Корошишта. При преглед во паркирано патничко возило „Фолксваген Лупо“ во кое, двајцата се наоѓале, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста ...
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од петочислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на ...
Недела (23 декември / 5 јануари) – 7:30 – Божествена Литургија во спомен на Светиот отец наш Наум Охридски. – 16:00 – Вечерна богослужба Понеделник (24 декември / 6 јануари) – 06:30 – Утрена богослужба – 07:30 – Царски Часови за Рождество Христово. Изобразителните. – 09:30 – Голема Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија – 18:00 – 19:30 ч. Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди – 21:00 ч. Сеноќно бдение во чест на светлото ...
Повторно се шири измама со пораки за испорака на пакети кои наводно ги испраќа „Пошта“ . Станува збор за класична фишинг измама преку СМС, која е особено интензивна за време на празници или сезонски попусти кога голем број луѓе очекуваат испорака на пакети. Измамниците се потпираат на непромисленоста на луѓето кои без да размислат кликаат на линкот кој им се праќа во пораката по што може да пристапат до телефонот, маилот, социјалните мрежи и на ...
Наизглед и од далеку малку може да се забележи што се одвива на најголемото градилиште во земјава. Над илјада и петстотини вработени секојдневно и во зимски услови се на терен. Работат засилено на пробивање на делницата од автопатот од Гостивар до кичевското село Букојчане, која е дел од Коридорот 8, а на која работи конзорциумот „Бехтел и Енка“. МИА помина еден ден на градилиштето каде можеше одблизу да види како се одвиваат градежните работи. ...
Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција. Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата ...
СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11 часот, повеќе кандидати за полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање. Притоа, кандидатите за полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, ...
По повод 40-дневниот помен на блаженоупокоениот митрополит дебарско-кичевски Тимотеј, денеска во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архијерејска заупокоена литургија. Како што информираат од Дебарско-кичевската епархија, на литургијата молитвено ќе присуствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, со членовите на Светиот архијерејски синод, под чиноначалство на ...
Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабошци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијана му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне ...
Познатиот Охриѓанец и градски лик Саше Топал кој оваа зима ужива во далечната и топла Австралија, беше на турнирот кој се одржува во Бризбејн каде имаше прилика да го гледа светскиот тенисер број еден, живата спортска легенда Новак Ѓоковиќ. За време на досегашните дуели на турнирот во Бризбејн, Ѓоковиќ покажа сигурна игра и без поголеми потешкотии стигна до четвртфиналето. Српскиот тенисер во првото коло беше подобар од Ринки Хиџиката, а потоа ...
Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за да се соберат средства за нејзиното лекување, за жал ја загуби битката со подмолната болест. Во нејзина чест и спомен, ја реобјавуваме пораката со која таа им се заблагодари на сите добри луѓе за помошта и поддршката која и’ ја дадоа. Господ не дава на сите се’, туку на сите по нешто, за да ...
Илјадниците туристи од соседните земји, пред се од Србија кои Нова година ја славеа на журки во Охрид денес го напуштаат градот. Улиците од утрово се полни со млади луѓе кои со спакувани куфери се движат низ градот и чекаат да се качат во автобусите на договорените локации. За Нова година охридскиот туристички бизнис помина одлично, хотелите и приватното сместување беа исполнети, а во кафетериите и рестораните се бараше маса повеќе. ПОВРЗАНА ...
Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј ...
Охрид денес преполн со туристи ја започна новата 2025 година. Во градот најбројни се Србите, а има и туристи од Албанија. Туристите од Србија се дојдени во сопствена режија, но има и стотици студенти кои се дојдени организирано преку туристички агенции кои го организираат патувањето со сите содржини од забави на бродови, до забави во клубови, а вака вчера изгледаше пристаништето во Охрид додека студентите од Србија се качуваа во бродовите каде ...
Охрид за новогодишната ноќ беше вистински центар на добрата забава и веселото расположение. Бројните охриѓани и туристи се забавуваа со квалитетна музика и исклучителни естрадни уметници. Забавата стартуваше со DJ Gec, по што на сцената настапија извонредните музичари од охридската група Take 5. Музичкиот блок продолжи со настапот на популарниот изведувач Пајак. Веселата атмосфера продолжи со избрана народна музика од фолк ѕвездата Наум ...
Првото новородено бебе во новата 2025 година во Охрид е женско. Мајка од Охрид во 04:52 часот на свет донесе здраво девојче тешко 4180 грама и солго 53 сантиметри. Второто бебе родено на гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид е машко. Мајка од Кичево на свет донесе момче тешко 3450 грама и долго 51 сантиметар. Традиционално првите честитки мајките и новородените бебиња ги добија од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и ...
Пристаништето во Охрид денес беше претесно да ги прими туристите ( пред се млади лица од соседните држави ) кои во Охрид денес се забавуваат и ќе ја дочекаат новата година. Сите бродови и помали пловила денес работат со полн капацитет да ги опслужат туристите кои се во градот, но очигледно дека пристаништето како инфраструктурен објект одамна не ги исполнува потребите на туристичката индустрија во Охрид и наместо сервис повеќе претставува ...
За дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во богата музичка програма на градскиот плоштад. Забавата ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec. Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5. Во 21:00 часот ќе започне настапот на миленикот на младата публика Пајак. Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески. Во 23:30 е ...
Последните часови од старата 2024 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ. Градот е свечено украсен, особено централното градско подрачје, Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро, каде уште од вчера е забележителна празничната раздвиженост, пред се поради гостите кои со голем број автомобили и автобуси пристигнуваат за тука да ги минат овие ...
Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на ...