Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На 17.12.2024 во 22 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и од Полициската станица Охрид од слобода го лишија лице на (38), а на службен разговор го повикале лице на (32), двајцата од Охрид. Полициските службеници, на булеварот „Туристичка“, запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што го забележале ...
Еден од најпознатите македонски планинари кој на Инстаграм е познат како Мики Експлорер помина 24 часа на планината Галичица, преспа во шатор, скијаше на планината, а на врвот Магаро, сними видео разгледница од цел западен дел на Македонија , гледајќи во врвовите на планините Пелистер, Јабланица, Бистра, Шар Планина и врвот Солунска Глава. Галичица за Охрид со децении е „Заспана убавица“ која е во длабок сон со децении и на неа нема никаква ...
Родум од Битола. Се подвизуваше најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа премина во Кареја, на Света Гора, каде што го продолжи подвигот под раководство на старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Светите Архангели. Откако ги победи човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се пресели во Царството Христово, на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и ...
Во ЈОУДГ „Jасна Ристеска” набавена е нова опрема и машини, со кои значително ќе се подобри квалитетот на храната за 1200 дечиња во градинката и ќе се олесни работењето на персоналот во кујна кои секојдевно ја приготвуваат храната. Целосно е реновирана централната кујна која ја подготвува храната за сите објекти на градинката. Набавени се и нови индустриски машини за перење и сушење во пералната, кои не биле обновени од отварањето на ...
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски од 13-15. 12 2024 година, учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “10 Кинг оф Таеквон-до” во Солун , Грција., на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи од 17 земји ширум светот. Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреваувачи кои и овај патм покрај огромната ...
Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ ...
Во периодот од 13 до 15 декември 2024 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, самостојно и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контроли по Законот за рибарство и аква култура. Притоа, на потегот Пештани – Радожда, припадниците на Езерската полиција, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи во должина од над 200 метри, 50 парчиња ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против (60) годишен маж од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катарстарска парцела во државна сопственост во атарот на струшкото село Подгорци, која ја закупил под концесија за одреден временски период, спротивно на Законот за градење и без решение издадено од надлежен Државен орган, пријавениот неовластено изградил помошен ...
Со благослов на нашиот возљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, дечињата од реканскиот регион, викендов беа во посета на нашиот манастир, каде заедно со своите домаќини од Кичево – членовите на хорот Митрополит Козма Пречистански – зедоа учество не само во секојдневниот богослужбен ритам на манастирот, туку присуствуваа и на специјално организираните активности за нив. Пеењето на Божиќни каланди, часови по Вероучение, запознавање со ...
Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува со семејството како и со одење на црковна богослужба.Секако на овој голем христијански празник трпезата е празнична и полна, но домаќинките најчесто забораваат на еден детал кој задолжително треба да го има на божиќната трпеза. Имено станува збор за Божиќната пченица која се посадува утре, односно на 17 декември на празникот света Варвара кај православците или на Свети Никола на 19. декември, ...
На 18.12.2024 година (среда) на плоштадот „Крушевска Република” (кај Стариот Чинар) со почеток во 12 часот ќе се одржи предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон”. Настанот е во организација на Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид со цел да се приберат средства кои ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид. На настанот со музички точки ќе настапат ученици од второ ...
„Традиционалната изработка и свирење на гајда“ е шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, со што, македонската гајда, официјално е на светската културна мапа, заедно со „Чет’рсе”, „Копачката”, „Гласоечкото пееье”, „Х’дрлез” и „Мартинките”, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска на прес-конференција заедно со директорката на ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти утрово МВР. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 9ти до 15ти Декември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Спас Банџов“ – „Дејан Војвода“ (3 дефекти) – „Винковачка“ бр.102 – „Абас Емин“ бр.421 – „Железничка“ бр.113 – „8ми Март“ – „Богомилска“ – „Никола Петров Русински“ – ...
Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се ...
На 65-годишна возраст, вчера почина Пецо Неданов, стопанственик и познат спортски работник од Охрид, јави порталот Ohridpress.com.mk Охриѓани ќе го паметат по неговата компанија ДУ-ЕЛ-МА која долги години успешно работи во Охрид, но и како претседател на Здружението „Охридски Атлетски Маратон 2012“. Тој важеше за голем вљубеник во атлетиката и спортот воопшто и беше на чело на клубот во најтешките години од постоењето. Погребот на Неданов е ...
Охридскиот пливачки тренер Томе Камнаровски кој води два пливачки клуба во Холандија нижи успеси и урива рекорди.На денешното регионално такмичење за миниори до 11 години кое се одржа во Роермонд – Холандија, пливачите на Камнаровски освоија 29 Златни, 8 сребрени и 4 бронзени медаљи. Охрид треба да се гордее во вакви врвни спортисти, но се сложувале или не треба да ги искористи да помогнат во кревањато на спортот во Охрид и Македонија! Поврзани ...
Додека жителите и сопствениците на имот во Стар Град Охрид се соочуваат со истекување на рокот да ги отстранат сончевите колектори, сателитските антени и клима уредите од нивните објкети, во Атина со пари донирани од ЕУ над старите со камен поплочени патеки, поставен е нов мазен бетон кој е многу попријатен за газење од каменот и по кој полесно ( што значи многу побрзо ) се движат туристите кои ги има во илјадници. Видео материјалот е снимен на ...
Во периодот од 09. до 13. декември 2024 година, Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше повеќе едукативни работилници во неколку основни училишта на подрачјето на охридските села Пештани, Велгошти и Лескоец и одржа работна средба со советодавната група граѓани од селото Косел поврзана со актуелни состојби на безбедносен план во регионот. Теми на едукативните предавања беа ,,Булинг и сајбер булинг“ и „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“ и ...
На фотографии и видео кое ни го испратија граѓани на Струга се гледа како земјиштето околу објектот кој се гради во чаршијата, како псоледица на силниот дожд се рони и лизга, а граѓаните алармираат дека се загрозени околните објекти и главната сообраќајница. Како што јавуваат граѓаните, никој не реагира за ова, иако барале да дојде инспекција, се појавил само еден инспектор од локалната самоурава и тој не презел ништо. ОБЈЕКТОТ Е ЛЕГАЛЕН ...
Охридскиoт боксер Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненоски“ од Охрид го освои златото во категоријата младинци во финалето на 67. Меѓународен турнир „Златна ракавица”, во Ниш, Република Србија. Во вчерашното полуфинале тој го победи Димитрије Лукиќ од Србија, а во борбата за златниот медал го совлада Богдан Милосављевиќ од Србија со прекин во третата рунда. Лука Трифуновиќ и Енис Алиу беа загубија во полуфиналните борби. Утре во финалните ќе ...
Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој појасни дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и ...
Локалната власт на општина Пустец во соработка со хуманитарната организација Црвена полумесечина, обезбеди помош за семејства во општината, кои се во неповолна социо-економска положба. „Помошта се состои во печки на дрва, како и ќебиња. На 10 домаќинства им се доделени печки на дрва, кои ќе им помогнат во загревање на домовите во зимскиот период. Добивме и 10 пакети со ќебиња, кои ќе бидат распределени на повеќе семејства, во зависност од ...
Во духот на заедништвото и почитта кон богатите традиции, во организација на Локалниот совет на млади, а финансиски поддржан од Општина Охрид, вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа мултикултурен фестивал посветен на славење на различностите и зачувување на културното наследство. Целиот концепт и организација на настанот беа осмислени и водени од граѓанскconиот активист Вахид Мемед, кој со својата визија успеа да ...
Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ наменета за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од ...
На 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, 53 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две недели и ја известило дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари. Исто така, според пријавеното, лицето од побарало од неа да спушти една мобилна ...
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, ...
Најмладите од детските градинки во Горица и Пустец, како и од неколку одделенија од одделенска настава, денеска беа израдувани со новогодишни пакетчиња, обезбедени од познатиот активист за правата на Македонците, Панди Јани, во соработка со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков. Донесовме новогодишна магија и насмевки на лицата на дечињата од градинките и на неколку одделенија во основните училиште во Мала Преспа. Со голема поддршка ...
Вчера (12.12.2024), полициски службеници од ОВР Струга одржаа работен координативен состанок со претставници на хотелско – угостителските објекти од градот, како и со претставници и одговорни лица во агенции за приватно обезбедување. Притоа се дефинираа мерките за координирање на активностите со цел подобрување на јавниот ред и мир и севкупната безбедност на подрачјето во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници. На работната ...
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, ...