Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, каде му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност ...
Вчеравечер во Културно Информативениот Центар Скопје, Салон 19.19, се одржа Вечер на руски романси и поезија. Настапија добитниците на награди на Меѓународна Руска романсијада во Софија. Меѓу кои и Климент Ристески од Охрид, ученик на Државно Музичко Училиште Битола, со освоена Трета награда. Свој настап имаа и деца кои рецитираа руска поезија од Толстој , како и деца кои учат руски јазик , пееа руски песни. Корепетитор , пратење на клавир ...
Во рамки на одбележување на патрониот празник на Охрид со богата свечена програма учениците и наставниот кадар од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во НУЦК „Григор Прличев“ го одбележаа својот патрон. Свеченоста започна со националната и химната посветена на заштитникот, по што беше изведена „Песна за Охрид“, а третооделенците настапија со „Лебедово Езеро“. Петтооделенците ја одржаа Охридската визита, а учениците од петто, седмо и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, откако спроведе истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а став 1 и став 2 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Обвинет е за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на ...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Во пресрет на претстојниот продолжен викенд, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид ги предупредува сите љубители на планите и снежните авантури, за особено лошите услови кои ќе владеат на повисоките планини, со континуирани врнежи од снег проследени со умерен до засилен ветар, што значително ќе влијае на видливоста и навигацијата во високите зони од планините. Особено треба да бидат внимателни сите оние кои ...
Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа ...
Жител на Струга до нашиот портал јави дека во една пицерија во Охрид пронашол новчаник со пари, па преку оваа објава бара да му се јави лицето кое ги изгубило парите. „Парите се пронајдени во пицерија во Охрид, тој што ги изгубил да опише каде се изгубени, сума и валутни картички“ – стои во дописот кој ни го испрати лицето пронаоѓач. Доколку си ти тој пиши во ИНБОКС на нашата ФБ страна и кажи кога, во која пицерија, колку пари и во која валута ...
Колони возила за влез и излез од Струга. Вака е секојдневната глетка во овој град, бидејќи на главната сообраќајница која води кон центарот на Стреуга се случува сообраќајно-градежен хаос. Имено во центарот на градот, кај поранешната селска автобуска станица, просторот кој сега е адаптиран за паркинг мал простор се поставуваат бекатонки на тротоарот и тој дел е заграден до коловозната лента, a се надоградува и паркинго просторот. За парадоксот ...
Почнувајќи од следната сезона, ќе се приклучам на тимот на Ерик Ериксон Каммаркер за 7+ концерти на три различни проекти. Повеќе за Ерик Ериксон Каммаркер:✨️🇸🇪 За генерации шведски и меѓународни композитори, Камерниот хор на Ерик Ериксон е идеален ансамбл со својот типичен „нордиски“ звук и далекусежна виртуозност. На светската сцена, Камерниот хор на Ерик Ериксон припаѓа на апсолутниот врвен ред на професионални ансамбли и е наградуван со ...
УНЕСКО по трет пат предупредува дека Охридскиот регион е под закана од дивоградби, урбанизација и несоодветно планирање. Се бара итна акција од Северна Македонија и Албанија за зачувување на ова природно и културно богатство за да не биде ставено на Листата на светски наследства во опасност. Реактивната мисија на УНЕСКО во најновиот извештај за Охридскиот регион повторно ја истакна итната потреба властите во Северна Македонија да преземат ...
Во рамки на свечената програма за чествување на Патронот на Охрид, Свети Климент Охридски денеска беше промовирана книгата „Охридски драмски писатели“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски. Оваа книга е десеттото издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ која се реализираше со поддршка на Општина Охрид. Во рамки на промоцијата свое обраќање пред присутните гости имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. -Во ...
Во текот на оваа недела Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше повеќе едукативни работилници во неколку основни училишта на подрачјето на општините Охрид, Струга и Дебрца. Тема на едукативните предавања одржани пред учениците беа „Булингот и сајбер булингот“, како облик на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, како и темата – „Кажи не на дрогата, да на животот“. Притоа, полициските службеници низ интерактивна комуникација со ...
Во рамките на неговата посета на Охрид, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска се сретна со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. – На средбата го информирав гостинот за начинот на функционирање на локалната власт. Како еден од најважните проекти на актуелното раководство беше издвоено целосното раздолжување на општината која од втора најзадолжена на ниво на државата, во моментов има позитивно салдо. ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41 и 36 годишни лица, двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На локација на улица „Маршал Тито“ во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, пријавените започнале со градба на објект за домување со деловни простории. Од извршениот инспекциски надзор извршен од градежна инспекција при општина ...
Патот што поминува низ Националниот парк „Галичица“ ќе биде затворен за сите видови сообраќај поради зимските услови. – Оваа одлука е со цел да се спречат потенцијални штети на патната инфраструктура и да се осигура безбедноста на посетителите, информираат од паркот. Тимот на Националниот парк „Галичица“ ги потсетува граѓаните да ги планираат активностите во природа во согласност со зимските ограничувања. Додаваат дека за сите дополнителни ...
На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници. По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата ...
Сообраќајна несреќа кај Ново Село, општина Дебрца интервенирале две амбулантни возила и против пожарната служба. Дознаваме дека во несреќата учествувало обезбедувањето на Африм Гаши. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски потврди дека дел од обезбедувањето на Африм Гаши излета од патот во Општина Дебрца. „Во несреќата повредени се три лица и истите се пренесени во болница“, вели за Охрид 1, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тојцата ...
Сонародник и пријател на свети Василиј Велики и на другите големи светители од 4 век. Рано го остави светскиот метеж и се повлече во една пештера, каде што како отшелник проживеа во подвиг четириесет години. Тогаш се случи да се испразни епископската столица во Иконија и Амфилохиј на чудесен начин беше избран и посветен за епископ Икониски. Беше прекрасен пастир и голем бранител на чистата православна вера. Учествуваше на II Вселенски Собор во ...
Со голема радост и духовен восхит, Свештената Бигорска Обител објавува за успешната конзервација и реставрација на уникатните медаљони со шестокрилните ангели – серафими и Воскресението Христово, кои потекнуваат од историски мошне значајната црква на Пресвета Богородица во градот Дебар. Овој свет храм, изграден во 1840 година, некогаш бил митрополитска црква на славната Дебарска Митрополија и е исклучителен споменик на духовната и културната ...
Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, беа засадени покрај Охридското Езеро со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица. Оваа акција ја спроведовме заедно со менаџментот и вработените од ТАВ Македонија и подружница на ТАВ Аеродроми. Во подготовката на теренот и садењето учествуваа и вработените од ЈП „Охридски комуналец“. Садниците се донација од ТАВ Македонија како дел од нивната програма за ...
На 04.12.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од слобода ги лишија лица на (67), на (64) и на (77), сите од охридското село Трпејца. При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба Охридска белвица и ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лице на (58) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 14.11.2024 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола во возило „фолксваген пасат“, при што констатирале дека врши превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца за вршење на општински превоз на патници ...
Почитувани верници, со благослов на неговото Блаженство Архиепископот Стефан, би сакале да ве известиме за престојните богослужби по повод празникот Св.Климент. Вечерна служба и поклон на моштите: +Сабота 07.12- 16:00часот Божествена Литургија на која ќе чиноначаствува епископот Хераклејски- Климент, ќе започне: + Недела 08.12- 09:00часот Ве покануваме сите заедно достојно да го прославиме нашиот патрон, заштитник на градот и великиот ...
Групацијата на граѓански организации “Збогум Буково” Ве поканува на јавна панел дискусија на тема „Дивите депонии Буково и Мауцкер“, која што ќе се оддржи на 05.12.2024 (четврток) во Касарна Хаб, Охрид. Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори спроведени според Планот за управување со отпад во Југозападен регион, пречките во неговото остварување, здравествените проблеми кои настануваат со ненавремено решавање на ...
Денес Црквата Божја, која Спасителот Христос со Својот крстовоскресен живот ја подигна и утврди, го слави својот најблагословен плод – Преблагословената Дева Богородица. Денес нејзините свети родители, Јоаким и Ана, ја принесуваат Неа, својата Пречиста рожба, во Светињата на Светињите. Зачекорува Таа кон Храмот, а преку Неа целото човештво зачекорува кон Бога. Воведената во земната Скинија, преку раѓањето Свое, избрана беше да стане Небесна ...
Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „Твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а ...
Ова големо по значење дело за мали ученици е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи. “Охридската археолошка азбука“ со бројни илустрации и шаренило на околу 80-ина страници е богата со скапоцени содржини. Нашите дечиња ќе се сретнуваат со досега нечуени но битни термини и поими средени од А до Ш. Ќе разберат што е тоа Археологија, Базилика, Византија, Глаголица, Дасарети, Ѓакон, Евангелие, Житие, Залив на коските, ...
Денеска, пак и повторно Му благодариме на Трисветиот Бог што нè удостои да ја прославиме пославната од Ангелите и посветата од Херувимите, Пресветата Владичица наша Богородица, по повод нејзиниот прекрасен и сечесен празник Воведение. Овој ден историски нè враќа кон оној благословен миг кога Пречистата Дева Марија како мало девојче беше воведена во Храмот Господов во Ерусалим од страна на своите свети родители, праведните Јоаким и Ана. Овој чин ...
Синоќа со вечерна Богослужба и отпевање на празничните лебови започна одбележувањето на големиот христијански празник Воведение на Пресвета Богородица, во истоимениот новоизграден храм во населбата Рача во Охрид. Додека денес во раните утрински часови се оджра утринска Литургија со која служеше отец Марко, а храмот беше посетен од голем број верници. Новоиградениот храм Воведение на Пресвета Богородица се наоѓа во населбата Рача, веднаш во ...
Ј.П.„Охридски Комуналец” започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад и тоа 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците: ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и дел од ул.,,Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул.,,Егејска” до сообраќајната клучка на влезот од Охрид-петља од десната страна од ...