Вчеравечер на пригодна свеченост во дворот на ОСУ „Свети Климент Охридски“ беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2023-2024 година. Во името на Локалната самоуправа пред присутните свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. -Оваа прекрасна празнична вечер, кога го славиме ликот и делото на нашиот просветител и прв учител Свети Климент Охридски, имаме можност да споделиме неповторливи чувства ...

Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Јерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22). По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19). ...

ЈП Водовод Охрид Ве известува дека поради енормно зголемената потрошувачка на вода и исполнетоста на градот со туристи, во текот на денешниот ден имаше неколку испади на водоснабдителниот систем, кои резултираа со намалување на притисокот во високата зона во градот и приградските населби. Заради тоа, ЈП Водовод апелира на разумно и рационално користење на водата, наменски и за лична употреба, а не за наводнување на паркови, земјоделски насади, ...

Членовите на КУД Далги при здружението на пензионери на општините Охрид и Дебарца, заедно со верниците и гостите во село Велмеј на 8 август го прославија големиот верски празник Св. Петка. Во прекрасниот амбиент и природа пензионерското КУД Далги исполнија дел од својата изворна фолклорна програма, етно сплетот „На сред село“ со песни и ора од овој регион на задоволство на сите присутни каде по долг период се слушна звукот на гадата и тапанот, ...

На 10.08.2024 година во 16,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија. Притоа, 58 годишен жител од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски ...

На 10.08.2024 година, тим од полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и инспектори од Капетанија на пристаништата од Охрид, извршија контрола на пловни објекти кои пловат по Охридското езеро. Притоа, во езерските води, на потегот Охрид-Пештани-Радожда-Калишта-Струга-Охрид, во согласност со Законот за внатрешна пловидба, беа контролирани повеќе пловни објекти, беше извршено и легитимирање на повеќе лица ...

Родум од Киликија. Од малечок воспитан во христијанското благочестие. Остави сè и тргна да го проповеда Евангелието. Во Анкира беше фатен од некој незнабожечки кнез Сакердон. Кога кнезот му се закани со грозни маки доколку не им се поклони на идолите, свети Калиник му одговори: „Мене секоја мака за мојот Бог ми е добредојдена како леб на гладен“. По страшни измачувања и заплашувања, кнезот го обу во железни опинци со внатрешни клинци и нареди ...

На 09.08.2024 година во 15.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на локален пат во комплексот „Горица“ во Охрид, избувнал пожар во паркиран автомобил марка „Фиат Пунто“ со ресенски регистарски ознаки, сопственост на лице на (47) години од ресенското село Царев Двор. Притоа, било опожарено и соседното паркирано возило „Шкода Фабија“ со скопски регистарски ознаки сопственост на З.С.(51) од Скопје. Интервенирала Територијалната противпожарна ...

На 09.08.2024 година во 23.20 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги лишија од слобода лице на (33) години и лице на (29) години , двајцата од Охрид. При претрес во нивниот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се 11 опаковки со бела прашкаста материја и поголема сума пари во разни апоени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна ...

На 10.08.2024 година во 02,30 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведени се Б.Г.(36) од Калуѓерица, Република Србија и Г.В.(31), Ц.А.(33) и Л.В.(34), сите од Поградец, Република Албанија. Меѓу нив, настанала вербална расправија која со брза интервенција на полициските службеници, била спречена да прерасне во меѓусебна тепачка по што, истите биле агресивни кон полициските службеници. По целосно документирање на ...

Состојба со пожарите на отворен простор Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера од 10:30 часот е започнат пожар на ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на с.Полог (Општина Новаци). Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Битола со 2 пожарникара и 1 ПП возило и 9 вработени од ЈП НШ „Кајмакчалан“ ...

Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден. Прохор беше ракоположен од светиот апостол Петар за епископ Никомидиски. Извесно време беше на ...

Разгледница или како што во тоа време се нарекувала „Поштенска картичка“ од Охрид од 1964 година. Разгледници ( Поштенски картички ) биле фотографии ( или колаж од повеќе фотографии ) испринтан на хартија. На едната страна била фотографијата ( или колажот од фотографии ) додека на другата имало класичен формулар на кој се испишувало името и презимето и адресата до кого се испраќа. Од левата страна имало и простор да се напише по некој поздравен ...

Вкупно 29 пожари на отворено имаше во текот на денешниот ден на територија на цела држава, од кои 21 се изгаснати, два се ставени под контрола. Шест пожари се уште се активни, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Најтешкиот пожар, како што информира, е на територија на општина Макдонски Брод, кој е навлезен на територија на ловиштето „Јасен“ и еден крак се движи кон викенд населбата на брегот на ...

Полицијата трага по лице кое подметнало пожар во депонијата Буково кај Охрид. Лицето било забележано од други луѓе кои ја алармирале полицијата, која веднаш стапила во акција за пронаоѓање на лицето потпалувач на депонијата. Депонијата во моментов гори, а пожарот не е проширен надвор од депонијата на околната шума. Овој најнов подметнат пожар доаѓа само неколку часа од како во медиумите беше објавена информација дека со српскиот хеликоптер ...

„Свештенотајнику, откако си проникнал во бездната на Божјата Премудрост, богатството на божествените Писанија оттаму си ги нацрпил, со кое елинскиот глас, со словенски јазик си го појаснил, семудри Клименте. Затоа со љубов те славиме“ (стихира на Утрена по Псалм 50-ти). Прославата на светиот Климент Охридски, на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон продолжи на 09 август 2024 година, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник ...

На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (47) години од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе ...

Според последните информации од службите на терен, шестдневната координирана акција за гаснење на пожарите во охридскиот регион има позитивен резултат. Во моментот е мирна состојбата со пожарот на потегот помеѓу селата Опеница, Косел, Вапила и Расино и може да се каже дека пожарот на овој потег е веќе ликвидиран. Под контрола и локализиран е пожарот во делот на селото Брежани во Општина Дебрца. Благодарение на вчерашната акција на непристапни ...

Припадниците на Хеликоптерската единица и на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, кои беа ангажирани во гаснењето на пожарот во Македонија, успешно ја завршија мисијата во совладување на огнената стихија и се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. „Од 3 август, нашиот храбар тим работеше рамо до рамо со колегите од Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите во тешки услови. Нашите пилоти за четири дена изведоа 74 ...

„Благочестива (Параскево), украсу на мачениците, откако си силата на крстот ги порази сплетките на непријателите, и храбро ја победи свирепоста на мачителите, ја проповедаше верата во Бога“ (песна од канонот на Утрена на св. преподобномаченица Параскева). На 08.08.2024 година, на празникот на светата преподобномаченица Параскева и на светиот свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“ во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена ...

Големиот сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец почина на денешен ден, во 916 година. Но, бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 25 ноември, на празникот на светиот свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник беше поместен на овој датум, а на денешен ден се празнува заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици – ...

Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, од спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на МВР, прво на спасителите, а потоа, по давањето на прва помош, транспорт и на повредената до најблиско место за давање соодветна ...

С тариот Сандре Чипанов, долгогодишен клисар на црквата на Свети Климент во Охрид, ја раскажува следнава случка. Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот Свети Наум беше полн со избегани охриѓани. Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата Свети Климент, да ги земеме моштите на ...

Денеска (08.08.2024) во 01.45 часот, на крстосница од улиците „Боро Хаџиески – Путе“ и „Кузман Јосифоски – Питу“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 33 годишен жител од с.Радолишта, струшко и мопед „априлиа“ со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната ...

🩸 Крводарителска акција „Плаошник 2024“ 🩸 📣 Традиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, и тоа на: ▪️ 8 август (четврток), во периодот од 19 до 24 часот ▪️ 9 август (петок), во периодот од 9 до 13 часот. 🅰️🅱️ Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период ...

Импресивен солистички настап на младата талентирана сопранистка Илина Митревска придружувана од пијанистот Андреј Нунов, што во чест на Св.Климент Охридски, се одржа во црквата „Св. Софија“ во организација на општина Охрид. Честитки за прекрасниот концерт насловен „Ако љубов немаш ништо не си“, со оперски арии од италијански, француски и германски репертоар. Воодушевува нивната посветеност во негувањето на трајните музички вредности, напиша на ...

Прекрасно музичко уживање приреди оперската пејачка Илина Митревска, која во придружба на проф. Андреј Наунов вчеравачер одржа свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски -летен. Пред писутните гости, во катедралната црква „Света Софија“ свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Доделена ни е честа и привилегијата, во оваа прекрасна августовска вечер, во прегратките на древниот Охрид, ...

ℹ️Известување до граѓаните на У.З.Стар Градℹ️ ‼️Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад 📌Апелираме до граѓаните комуналниот отпад уредно да го депонираат на определени места за оваа намена во точно определените денови за дадениот реон и во периодот од 22.00 часот до 07.00 часот 📌Граѓаните кои поседуваат објекти за издавање ...

Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази. Авторот на наградениот расказ, треба ...

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги извршува сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера ги упатуваше на патот на спасението и другите. Кога и умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.55
75%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
70%
1019
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.5
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
88%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
63%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
49%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
65%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
7.2
65%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
82%
1014
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63