Соборување на разбудените авторитарци

Лидерите денес не го црпат својот морален авторитет од демократското одобрување на нивните електорати, туку од нивната способност „да се издигнат над толпата“ и да се спротивстават на нивните наводно заостанати вредности. Нивните оставки се преполни со жалопојки за „популизмот“, „поларизацијата“ и наводната „токсичност“. Гласачите секогаш се имплицитните негативци, затоа што одбиваат да замолчат и да ги остават да владеат.

Минативе неколку години, низ англосферата, еден политичар по друг, сакани од медиумите но сè повеќе напуштани од  јавноста, ја напуштија сцената, честопати успевајќи да скокнат пред да бидат избркани.

Скоро замина Хумза Јусаф, чие една и нешто годишно премиерување во Шкотска произведе повеќе скандали отколку позитивно наследство. Неговата главна политика, орвеловскиот закон за хејт криминал, ги вознемири гласачите и предизвика цунами од лажни поплаки, многу од нив и за самиот Јусаф. Можно е под тежината на сопствениот апсурд, од тој закон ништо да не бидне бидејќи гласачите се бесни: само еден од пет Шкоти сака законот да остане.

Еден од белезите на денешната разбудена, технократска владејачка класа е што тие се повеќе се дефинираат себеси контра сопственото граѓанство. Лидерите денес не го црпат својот морален авторитет од демократското одобрување на нивните електорати, туку од нивната способност „да се издигнат над толпата“ и да се спротивстават на нивните наводно заостанати вредности.

Говорите за нивните оставки се преполни со жалопојки за „популизмот“, „поларизацијата“ и наводната „токсичност“ на современиот дискурс. Гласачите секогаш се имплицитните негативци, затоа што одбиваат да замолчат и да ги остават да владеат.

„Во пресрет на Брегзит и подемот на популистичка, демократска политика, нашите лидери се соочија со јазот што постои меѓу нивните и нашите вредности. И бидејќи не успеаја да убедат, тие можат само да принудуваат и да казнуваат. Оваа самобендисаност роди нескротлив нарцизам. Во својот говор за оставката, Никола Старџен ги употреби зборовите „јас“ и „моето“ 153 пати. „Шкотска“ се појави само 11 пати“, пишува Том Слејтер.

Ковидот ја разгоре ситуацијата. Политичарите, веќе зафатени од паника од неодговорни гласачи кои се манипулирани со дезинформации, целосно ги откочија нивните најавторитарни тенденции - затвораа и беснеаја против какво било несогласување.

Веројатно, никој не го стори тоа со толку ентузијазам како Новозеланѓанката Џасинда Ардерн, која беше опсипана со пофалби од Големото Глобално затоа што ги подложи своите граѓани на експериментот „нулта ковид“. Истовремено, таа стана активист за глобална цензура, со наратив дека „дезинформациите“ се модерно „оружје за војна“ и ги повикаа глобалните лидери да се спротивстават на климатските промени и продавачи на „омраза“. Ја објави својата оставка како премиер и лидер на лабуристите во јануари 2023 година, во време на својот најнизок рејтинг. Лабуристите беа збришани подоцна истата година, во најтешкиот изборен пораз на актуелна влада на Нов Зеланд со децении.

Во однос на климата, денешните лидери прифатија програма за национално осиромашување која треба да падне на работничките класи, од кои се очекува само да прифатат да бидат посиромашни и да им биде поладно. Во однос на имиграцијата, тие ги отворија вратите во невиден обем, без да бараат јавна согласност и без да обезбедат соодветна сигурност или проверка на оние што пристигнуваат. Во однос на културата, прифатија нова форма на расизам под знамето на антирасизмот, мизогинија и хомофобија кои се претставуваат како „транс инклузивност“. Во меѓувреме, гласачите почнуваат да сфаќаат дека сите тие повици за цензурирање на „омраза“ и „дезинформации“ всушност се повици за нивна цензура.

Канадскиот премиер го отелотворува разбудениот авторитаризам во неговата најкарикатурална форма. Во 2018 година една жена која се пожали за огромниот прилив на бегалци во Канада, в лице ја обвини за „расизам“. Другпат најде за потребно да поправи жена која кажа ‘mankind’ наместо ‘peoplekind’. На камионџиите им ги замрзна банкарските сметки. Сега се обидува да донесе свој закон за цензура, кој, меѓу другите алармантни одредби, ќе дозволи луѓе да бидат ставени во домашен притвор доколку се смета дека најверојатно ќе извршат кривично дело од омраза. Како „пре-криминалот“ во филмот со Том Круз.

Патем, Либералната партија на Трудо моментално заостанува зад конзервативците со стабилни 19 поени во анкетите.

Воукизам. Климатски екстремизам. Свилен авторитаризам. Ова сега е  оперативниот систем на западната политика. Земете го Џо Бајден, американскиот претседател - месечар. На изборите во 2020 година, дури и либералите кои беа против разбуденоста тврдеа дека тој е човекот што ќе ја врати Америка во нормала. „Ако мразите разбуденост, треба да гласате за Џо Бајден“, се вели во текст во Атлантик, тврдејќи дека Трамп за културната војна е исто што керозинот е за оганот бидејќи ги разгорува крајностите.

„Бајденовото враќање во „нормалноста“ беше толку успешно што милиони Американци почнуваат да се прашуваат дали Доналд Трамп можеби е поздравиот избор“, пишува Слејтер.

Тој вели дека новиот авторитаризам е далеку од поразен бидејќи тој е „карактеристика, а не баг“ на технократска владејачка класа. Здравиот разум на демосот останува најголема одбрана од лудоста на елитите.

„Ако има надеж, таа лежи во масите. Секогаш.“

4 мај 2024 - 16:47