
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Сопствениците на Спортс илустрејтед ќе отпуштат најголем број од вработените во магазинот, потег кој се смета и за негов крај. Во соопштението Арена груп објавува дека ќе направи значително намалување на работната сила, откако компанијата не успеала да ја покрие тромесечната рата за правата на брендот Спортс илустрејтед, за кои плаќа 15 милиони долари годишно. Еден ден по соопштението, уредниците и новинарите на Спортс илустрејтед биле ...
„Некаков компромис мора да има. Што очекуваат тие? Дека Русите ќе си заминат од Крим, Донбас и Луганск? Тоа е нереално,“ изјавил словачкиот премиер. Фицо доаѓа на власт на изборите во септември со ветување дека ќе престане со испраќање оружје во Украина, дека ќе го блокира потенцијалното членство на Киев во НАТО и дека ќе биде против санкционирање на Русија. Во интервјуто во кое порачува дека Украина ќе треба да се откажува од дел од својата ...
Италијанскиот суд одлучи дека фашистичкото салутирање е прекршок само доколку го загрози јавниот ред и мир или ако претставува ризик за возобновување на забранетата фашистичка партија на Италија, вон ова кој сака може да крева рака. Со оваа одлука целосно се амнестираат стотиците учесници на еден неодамнешен собир во Рим во кој со римски поздрав ја одбележаа 46-годишнината од убиството на тројца милитанти на некогашната партија Италијанско ...
Глобалниот колапс на читачките вештини на младината во последно време привлекува сè поголемо внимание и загриженост. Последната анкета на американското министерството за образование, покажа дека вештините за разбирање текст меѓу 13-годишниците се намалиле во просек за четири поени од пандемиските години и уште поалармантно, за седум поени во споредба со 2012 година. Накратко, петдецениски природен напредок во оваа област е поништен и работата е ...
Во своја одбрана Гугл тврдеше дека им спомнал на корисниците дека инкогнито во Хром баш и не е целосно инкогнито, меѓутоа судијката во случајот одлучи дека тоа не е доволно бидејќи компанијата не дала експлицитно предупредување. По ново Гугл продолжува да собира податоци во инкогнито, (ИП адреса, податоци за уредот од кој пристапува и историја на пребарување) меѓутоа сега им го нагласува тоа на корисниците. Во тужбата поднесена пред судот во ...
„Батеријата може да им овозможи на уредите како што паметните телефони да работат на неодредено време без полнење или на беспилотните летала да функционираат без слетување“, порачува кинескиот стартап Бетаволт. Долгиот животен век на страна, батеријата работи добро и при екстремни услови. За разлика од традиционалните батерии, оваа нуклеарна батерија работи безбедно под екстремни услови, на температури од плус 120 до минус 60°C и е отпорна на ...
„Се разгледува потенцијална продажба на искусна и позната дилерска групација,“ изјавиле од Мерцедес. Од компанијата ја отфрлаат можноста за затворање на некоја филијала, објаснувајќи дека сега се разгледува само дали истите можат да бидат продадени. Се работи за вкупно 20 филијали, со 80 салони за продажба и 8.000 вработени. Процената е дека секоја филијала може да вреди до 40 милиони евра. Во изборот на идните сопственици ќе се гледа тие да ...
Во септември годинава ќе се одржат избори за парламентите на сојузните единици во Бранденбург, Саксонија и Тирингија. Анкетите на јавното мислење предвидуваат десничарската АфД да освои релативно мнозинство во сите три. Засега, сите останати политички партии тврдат дека нема да коалицираат со нив. но има набљудувачи кои се сомневаат во тоа. За социјалдемократите, моментално непопуларни како никогаш во нивната долга историја, се предвидува ...
Извештајот на Groundwork Collaborative покажува дека корпоративните профити сочинувале околу 53% од инфлацијата во текот на вториот и третиот квартал минатата година. Цели 40 години пред пандемијата, профитот бил одговорен најмногу 11% од растот на цените. Лани цените за потрошувачите се имаат зголемено за 3,4% иако влезните трошоци за производителите се зголемиле за само 1%. Уште од појавата на пандeмиската инфлација во 2021 година, се водеше ...
Електричните автомобили може да изгубат меѓу 10 и 20 отсто од возниот опсег кога температурите ќе паднат, бидејќи литиум-јонската батерија станува помалку ефикасна а возачите ги вклучуваат функциите како што е греењето, потсети автомобилската асоцијација на Обединетото кралство. На постудените батерии може да им треба подолго време за полнење и се помалку ефикасни, со што се намалува дометот на возилото. Некои од возачите на Тесла во Чикаго ...
Се работи за 20.000 возила, една третина од целата електрична флота, чија продажба почна минатиот месец и се очекува да продолжи во текот на 2024. Одлуката на Херц, Блумберг ја толкува како одраз на општо намалениот интерес за целосно електрични возила во САД, каде во текот на 2023 растот на продажбата остро се забави на само 1,3% во последниот квартал. Главна причина за ова е високата цена и високите каматни стапки. „Зголемените цени поврзани ...
На пребарување на терминот „girlfriend“ продавницата враќа најмалку осум решенија на ВИ чатботови кои глумат девојка. Еден од нив, „Virtual Sweetheart“, го почнува разговорот со прашања „каква е твојата девојка од соништата“ и „споделија со мене твојата најмрачна тајна“. Проблемот е што овие ботови се директно спротивни на правилата за користење на ОпенАИ, кои забрануваат ГПТ-а (Generative Pre-Trained Transformers) „дедицирани на создавање ...
Залужниј барал неговите сили да започнат решителна контраофанзива уште во 2022, но таа не се случува затоа што САД не биле подготвени да прифатат такво нешто. Неговиот план од 2022 е ист како и од минатата година, да се пробие низ Запорожје и да се отсечат јужните руски сили и да се изолира Крим. Во 2022, зад овој план на Залужниј застанува и Зеленски. Во тоа време Русија се уште ги нема поставено ни обемните мински полиња, ни утврдувања и ...
Американскиот Врховен суд забрани во високото образование расата да биде земана предвид при приемот на студенти. Одлуката конкретно се однесуваше за приемните процеси во Харвард и Универзитетот во Северна Каролина, две од институциите даваат екстра поени за апликантите од одредени недоволно застапени групи. Мнозинството возрасни лица во САД од различни раси и етнички групи ја оценуваат одлуката на Врховниот суд за укинување на „позитивната ...
Како што објаснуваат овие што го дозволиле ова идејата е наместо децата да се допираат себе си пред сите, што не е соодветно, тие треба тоа да го прават на страна заради што им е одвоен и посебен простор. Откако концептот на деца од градинка и мастурбација го привлекува заслуженото внимание, градинката го повлекува својот проект заради страв дека може да биде погрешно протолкуван. Одбраната на проектот е дека сексуалното образование не може да ...
ХМС Вестминстер, кој неодамна мина скап ремонт на трошок на даночните обврзници од околу 100 милиони фунти, и ХМС Аргил до крајот на годинава треба да бидат пензионирани. Нивниот екипаж ќе биде испратен да ја опслужува новата флота од Тип 26 фрегати. Британија има нарачано 8 Тип 26 фрегати кои ќе бидат најмодерните бродови за лов на подморници со кои располага нивната морнарица. Првата фрегата се планира да влезе во служба во 2028, а втората кон ...
Рефренот гласи: Do Do Do, De Da Da Da. „Тоа е бре заeбaнција, детска игра, никој не слуша текстови, фак оф!“, вака во едно интервју аз Ролинг Стоун во далечната 1988 година се напна Стинг, прашан за „контроверзите“ околу тој текст на нивниот голем хит од 1980-та. Со други зборови, човекот се изнервира што заебанција не му била разбрана. А заебанцијата е дека „De Do Do Do, De Da Da Da“ е генерална алузија на текстовите на песните. Дека и ...
1.500 години старата црква, која беше претворена во џамија, па потоа во музеј, за во 2020 Ердоган повторно да ја претвори во џамија, годишно има околу 3,5 милиони посетители. Со новите правила предвидено е влезници да плаќаат само туристите, додека турските државјани кои ја користат Аја Софија за религиозни обреди и понатаму ќе влегуваат бесплатно, од посебен влез. Наплатните пунктови веќе се поставени околу Света Софија како дел од градежните ...
Ветерниците за производство на електрична енергија резултираат со егзодус на живиот свет, при што околу 70% од животните се „оддувани“од своите природни живеалишта. Според докази прибрани од целиот свет, фински истражувачи прецизираат дека 63 отсто од птиците, 72 отсто од лилјаците и 67 отсто од копнените цицачи се раселени од областите каде што биле инсталирани турбини. Најизразените ефекти се регистрирани кај бувовите, жеравите и ирвасите, кои ...
Француската ковачница произвела парички од 10, 20 и 50 центи, со нов шаблон, за дури подоцна да дознае дека ѕвездичките што биле на нив не содејствувале со правилата на Комисијата. По европски закони, државите можат да ја промена „националната страна“ на паричката, меѓутоа и новиот дизајн треба да биде одобрен од Комисијата и останатите влади на Унијата. Франција неформално во ноември ја контактирала Комисијата, пред да испрати формално барање ...
Во 2009-та година Јозеф Фрицл беше осуден на доживотен затвор во случај кој го шокираше целиот свет. Денес има 88 години, во меѓувреме го смени презимето и сега е Јозеф Мајрхоф. Сиве овие години тој го мина во строго чуван затвор за ментално пореметени осуденици во градот Кремс на Дунав, но судот би можел да ја промени неговата локација после психијатрискиот извештај дека тој со својата деменција веќе не претставува ризик по јавната безбедност. ...
Друг член на комитетот смета дека транзицијата не предизвикува какви било здравствени проблеми, и дека единствена реална нус-појава од промена на полот е „значително подобрување на квалитетот на животот и транс радоста.“ Проблем со поставата на СЗО, чии одлуки како агенција на О.Н. се сериозно влијателни, имаат повеќе ЛГБТ и организации за правата на жените, кои стравуваат дека Светската здравствена организација е зафатена од „транс ...
„Таргетирани попречености се оние попречености што федералната влада, како политичко прашање, ги идентификуваше за посебен акцент при регрутирањето и вработувањето“, се наведува на веб-страницата на Агенцијата. „Тие вклучуваат слух, вид, недостаток на екстремитети, делумна парализа, целосна парализа, епилепсија, тешка интелектуална попреченост, психијатриска попреченост и џуџест раст“, пренесува Њујорк Пост. Иницијативата е дел од планот за ...
Рики Џервејс би сакал да поживее доволно долго за да види како сегашната „разбудена“ генерација ќе биде канселирана/откажана од нивните деца. Во муабет со американскиот филозоф и автор Сем Харис, 60 годишниот британски комичар предвидува дека сегашната генерација нема да биде доволно разбудена за следната генерација. „Сакам да живеам доволно долго за да видам како денес помладата генерација нема да биде доволно будна за следната генерација. А ...
Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, ги повика владите да градат мрежи за социјална заштита и да понудат програми за преквалификација за да го ублажат влијанието на вештачката интелигенција. „Во повеќето сценарија, вештачката интелигенција веројатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост што е вознемирувачки тренд кој креаторите на политиките мора проактивно да го решаваат за не дојде до сериозни социјалните тензии“. Таа ова го порача пред ...
До 10 јануари во правилата за користење беше нагласено дека се забранува „активност кај која има висок ризик од физичко наштетување,“ по што конкретно беа наведени „развој на оружје“ и „војска и војување“. По ново Чатгпт има омекната формулација во која и понатаму се задржува правилото за забрана за „користење на нашиот сервис за наштетување на самиот себе и други“ наведувајќи го како пример „развивањето на оружје“, но целосно е избришана ...
Веста која ја дознал од таткото на Лира ја објави Такер Карлсон, а подоцна истата ја потврди и Стејт департментот на САД. Лира живее во Украина уште пред руската инвазија на земјата, а по почетокот на војната тој успева да собере значително внимание и публика на Јутјуб критикувајќи ги владата и претседателот на Украина, во добар дел неосновано и неиздржано. Тој отворено ја опиша и руската операција како „една од најбрилијантните инвазии во ...
Дали Тејлор Свифт е тајна владина алатка што се користи за манипулација на јавното мислење на тинејџерките? Фокс њуз мисли дека има тука нешто па неодамна ја прогласи 34-годишната пејачка за агент за психолошки операции на Пентагон. Оваа најнова теорија на заговор беше изнесена од водителот на Фокс, Џеси Вотерс кој сега, кога Такер го нема, пробува да го сврти вниманието, дури и со вакви смешни теории. „Пред околу четири години, единицата за ...
Огромен арсенал оружје во вредност од повеќе од 1 милијарда долари што САД го испратија во Украина е исчезнат, признава новиот извештај на Пентагон. Куп дронови, базуки, уреди за ноќно војување и други видови оружје - вкупно 40.000 парчиња - едноставно не се знае каде завршиле заради слабиот мониторинг на американските добавувачи. Од почетокот на руската инвазија, САД испратија повеќе од 44 милијарди долари воена помош за Украина. На добар дел ...
Околу 99% од сите Американци живеат во близина на најмалку еден мексикански ресторан, покажа анализа на истражувачкиот центар Пју. Некогаш тие беа главно распространети само на југозападот и делови од средниот запад но во последните 30 години се одвиваше зголемена миграција од Мексико што повлече раст на нивното влијание врз американската култура. Околу 37,2 милиони луѓе во САД имаат потекло од Мексико, што ги прави мексиканските Американци ...