Трамп планира егзекуции на мексикански нарко-босови во Мексико

Доколку се врати во Белата куќа Доналд Трамп има намера тајно да испрати американски специјални сили во Мексико со единствена мисија да ги убиваат лидерите на тамошните нарко-картели, а желбата е е оваа операција да започне веднаш по неговото влегување во Белата куќа.

За време на целиот свој мандат и сега во изборната трка Трамп во повеќе наврати споменуваше најразлични начини за справување со мексиканските картели, од бомбардирање до инвазија на Мексико, кои според него се виновни за предизвикување на кризата со фентанил во САД.

Ако за време на првиот мандат ова беше оценето како само уште една будалаштина на Трамп, овој пат тој уште во изборната трка во повеќе наврати повторува дека ќе ги реши мексиканските нарко-босови на еден начин или друг, и дека нема да штеди средства за тоа.

Во приватни разговори со соработници меѓу кои имало и најмалку еден републикански конгресмен, Трамп изјавил дека има намера да го спроведе планот со или без согласност од мексиканската влада. Во дел од разговорите Трамп се чудел зошто до сега овие убиства не биле завршени, кои според него би завршиле многу работа во дестабилизирање на картелите.

Отприлика Трамп смета дека на ист начин кој САД го елиминираа лидерот на ИСИС, Абу Бакр Ал-Багдади, треба да го решат и раководството на нарко-картелите.

10 мај 2024 - 14:30