
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Универзитетскиот професор и сега веќе поранешен член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев тврди дека Комисијата не призна грешка како што изјавии премиерот Христијан Мицкоски, туку дека се држи до принципи. Ова, пренесува Локално.мк, е објавено како коментар на неговиот Фејсбук-профил. Премиерот претходно рече дека целата одговорност ја гледа во Комисијата и вели дека членовите ја констатирале грешката и постапиле доблесно со тоа што ...
Украина мора да добие сѐ што ѝ е потребно од Западот за победа во војната против Русија, што е важно не само за Украина, туку и за цела Европа, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда. Според британскиот Сандеј Тајмс, Дуда потенцира дека и покрај разликите меѓу Полска и Украина, неговиот став останува непроменет. – Секој сантиметар од украинската територија кој би ѝ бил препуштен на Русија како дел од договор би бил катастрофална грешка, изјави ...
Реформиран Пакт за миграција и азил беше усвоен на почетокот на годината, по години на долги и тешки преговори. Неколку месеци и избори подоцна, ставот за миграцијата во ЕУ станува се построг, со повици за „нови решенија“ за справување со нелегалната миграција во пресрет на подемот на десничарски идеологии на целиот континент. Сашко Панајотов Миграцијата е спорна тема во ЕУ со години. На средината на серија изборни успеси на екстремно ...
Дејан Дуковски: Главниот лик во текстот се бори за својот идентитет. Иако е роден во тело на маж, се чуствува како жена и во секој поглед тоа и е. Се бори за своето право така да биде и признаен. Тоа е и фокусот на конфликтот со татко му кој едноставно не може или не сака да го прифати тоа. Исто така, има нови, а и стари нерешени конфликти со генерално патријархалната средина во татковината… Како и да е, во мојата драма, општо во животот, ...
Европската Унија ја повикува Централната изборна комисија на Грузија и другите релевантни органи да ја исполнат својата должност за брзо, транспарентно и независно испитување на наводите за изборни нерегуларности, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со парламентарните избори во земјата одржани во саботата. – Тие неправилности мора да се разјаснат и решат. Тоа е неопходен чекор за повторно ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата. Како што денеска соопштија од ДУИ, писмото е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога ...
Како што се приближуваат американските избори во 2024 година, ситуацијата во предизборните анкети се менува, практично на дневна основа. Тие сега покажуваат дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп е понапред во пет, а кандидатката на демократите Камала Харис во две „свинг“ држави. На национално ниво, имаше и промени во корист на Трамп. На национално ниво, Камала Харис има 48 проценти, а Доналд Трамп 47 проценти. Новите анкети покажуваат дека ...
Партијата „Герб“ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето. „Герб“ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се ...
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со предвремените избори во Бугарија истакна дека посакува победа на ГЕРБ на Бојко Борисов, што според него е логично бидејќи двете партии се дел од Европската наодна партија. Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк Граѓаните на Бугарија денеска избираат 240 пратеници во 51. Народно собрание. Ова се шести предвремени парламентарни избори по редовните на 4 април 2021 година. Последните ...
Прозападната грузиска претседателка Саломе Зурабишвили, изјави дека нема да ги признае резултатите од парламентарните избори одржани на 26. октомври и обвини дека земјата била жртва на „руска специјална операција“. Зурабишвили не презентираше никаков доказ за да го поткрепи нејзиното тврдење во кратката изјава за медиумите во Тбилиси на 27. октомври, пренесува. Како единствена преостаната независна институција во оваа држава, сакам да кажам дека ...
Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети. Според податоците на агенцијата Алфа Рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови. Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 ...
Едно лице загина, а неколку десетици се повредени во денешниот напад, кога камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив. Тамошната полиција се сомнева дека е терористички чин. Камионот удрил во автобуска постојка во близина на воена база во 10 часот по локално време, соопшти полицијата. Возачот, кој имал израелско државјанство, бил „неутрализиран“ од вооружен цивил, додава полицијата. Вкупно 40 лица се повредени, од кои дел се ...
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е шокиран од нивото на смртност во северниот дел на Газа, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик. Притоа тој мисли на „цивилите заробени под урнатините, болните и ранетите кои остануваат без здравствена заштита што им ги спасува животите и семејствата без храна и засолниште“. Израелските власти се уште не дозволуваат испорака на основни хуманитарни материјали, со неколку исклучоци, рече ...
Заврши 39. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Годинава на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип беа промовирани 28 нови композиции. Во рамки на двете фестивалски вечери беа испеани 13 песни од дебитанти, од кои синоќа публиката слушна пет песни. – Втората вечер слушнавме вкупно 20 композиции. Целиот фестивал беше придружуван од оркестар во живо, и музиката и интерпретацијата на пејачите и групите беше во живо. ...
Последните анкети на претстојните претседателски избори во САД покажуваат многу неизвесна трка меѓу двајцата кандидати Харис и Трамп, особено во седум колебливи држави, се вели во анализата на Демостат, додавајќи дека според тие анкети, двајцата кандидати се повеќе или помалку еднакви и дека како пресудна држава која би можела да има најголемо влијание врз исходот на изборите е Пенсилванија. Седум дена пред најважните избори во светот, најголемо ...
Не смееме да заборавиме дека Европска Унија е најголем снабдувач на поддршка, финансиска помош за Македонија. Исто така, ЕУ е најголем трговски партнер на земјата, па така интересите на новата влада би требало да бидат да направи сѐ што е можно за зајакнување на тој однос и со тоа да ги почитува и исполнува сите реформи кои се бараат според Копенхашките критериуми. Џабир Дерала / ЦивилМедиа.мк Ерван Фуере, истражувач во Центарот за европски ...
А нашава влада место да се усериози, да порасне, да го совлада детското воодушевување од моќта на власта што ја има, само парадира и бара изговори за тоа што треба да го сработи, а не знае како. Не е лесно да се води држава. А, бе малку достоинство се бара. Нема квичење. Никој не ги притиска, народот е кроток, нема протести, демонстрации, стрплив е, има разбирање за проблемите. Ама секојдневната изненаденост од „состојбите што ги нашле од ...
Шарл Мишел: Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година- Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, ...
Камала Харис: Од 1880-тите, десетици илјади најдоа нов дом овде, придонесувајќи за богатата таписерија на нашата нација. Денес, приближно 500.000 поединци од македонското наследство напредуваат во заедниците низ земјата. Силното е присуството на Македонците во држави како Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Флорида, Пенсилванија и Калифорнија говори доволно за трајното влијание. Македонските Американци се истакнаа во различни ...
Твое е да завршиш 0,1 отсто од работата што ја завршија Маричиќ и Османи. Бранко Тричковски Кога Мицкоски вели дека додека е тој премиер нем да има уставни промени се додека Бугарија не го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во ЕУ, тој не се расправа само со Бугарија и со ЕУ, туку и со човековите права на една група македонски граѓани кои сакаат, заедно со уште некои други заедници, да бидат споменати во Преамбулата на ...
Зоран Иванов Актуелната политика на македонската влада е, всушност, бугарска антимакедонска политика и оваа констатација извира од проста причина која упатува на тоа дека доколку некој не сака Македонија да биде ЕУ членка тоа е секако Софија бидејќи бугарските историски и идентитетски теми ниту биле, ниту се, ниту ќе бидат на менито на ЕУ масатат зашто на ЕУ агендите воопшто не се ни помислува на теми од истории и идентитети и ете, само од тие ...
Очевидно е дека Бојан Христовски е „погрешно паркиран“ – од Градски паркинг доаѓа на место каде е неопходно поседување на безбедносен сертификат Владата на неодамнешната седница го разрешила досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначила Бојан Христовски. Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи. Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните ...
Почитувани, Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи. Со почит, Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири 26.10.2024 година. Оставката на Комисдијата за помилување при претседателката Гордана ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги коментираше одмаздничките напади на Израел врз Иран, јавува агенцијата „Анадолија“. Испраќам пораки на солидарност до нашиот сосед Иран, кој синоќа беше цел на израелска агресија, рече Ердоган. Турскиот лидер истакна дека „Ционистичката израелска влада, целосно разгалена од западните сили, се обидува да разгори регионален конфликт“. Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата. На прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, Фон дер Лајен рече дека заедно со косовските ...
На средбата се префрливме на старата тема која не ангажираше две години – Охридската архиепископија, но таму разговорите завршија пребрзо без никаков напредок. Не беше завршена и работата на речиси готов протокол на една од последните средби, за која разговаравме во попладневните часови, изјави копретседателот од бугарска страна, проф. Ангел Димитров. Бугарската телеграфска агетнција –БТА, која известуваше за состанокот на заедничката комисија ...
Заканата од „Вазраждане“ на 27 октомври е реална, а прозападните партии засега не реагираат адекватно. Но, евентуалниот успешен настап на „Вазраждане“ може да има позитивен ефект и за неговите противници. Веселин Стојнев Малку е веројатно дека парламентарната победа на прокремљската Австриска партија за слобода ќе има изборно влијание врз бугарскиот „Вазраждане“ (Преродба). Но, изненадувањето од победата на крајната десница во Австрија може да ...
А претседателката во Шато Водно личи на пациентка во некој планински санаториум. Ивица ѝ мери притисок, а Жидас ѝ подготвува чај. Има и лулашка. Бранко Тричковски Луѓето го почувствуваа искуството на радикалната дезориентација. И не би го менувале за ништо нормално. Поместени се во контекст во кој загубеноста е начин на постоењето, животен стил. Ги издава одот, зборот, манирот, испарувањето што како група го оставаат зад себе. Бескрајни расправи ...
Европската Комисија денеска го поздрави консензусот постигнат од ЕУ и партнерите од Г7 за колективно обезбедување заеми во износ од 45 милијарди евра за поддршка на итните буџетски, воени и реконструктивни потреби на Украина. Ова потврдува дека ЕУ и партнерите од Г7 ја исполнуваат обврската што ја презедоа во јуни на Самитот на лидерите на Г7 во Апулија, се вели во соопштението на ЕК. Заемите ќе се сервисираат и отплаќаат со идни текови на ...
Израелската војска изврши, како што соопшти, „прецизни напади“ во Иран во приближно четиричасовна операција во раните утрински часови. Иран навести дека ќе возврати, но не кажа како, кога и во каква форма. Според првичните извештаи на иранските медиуми штетата наводно била ограничена. Државната телевизија јави дека звуците од експлозии во западниот дел на главниот град Техеран биле предизвикани од системи за противвоздушна одбрана, но тие не ...