
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Најмалку 51 лице се стравува дека загинале по поројните дождови што ги погодија јужните и источните делови на Шпанија, пренесува. Шпанија ја погоди силно невреме кое донесе поројни дождови и поплави во неколку региони кои предизвикаа затворање на патиштата и железничките линии. Претседателот на источниот регион на Валенсија, Карлос Мазон, рече дека се уште е рано да се говори за бројот на загинати. Ова се многу тешки часови за роднините и за ...
Ерван Фуере: Лично сметам дека Европска Унија ја третираше Северна Македонија многу неправедно, со сите пречки што беа поставени од поединечни земји членки, кои ја злоупотребуваат својата моќ на вето. По Грција, сега е Бугарија и тоа е жално, бидејќи тоа не ги почитува критериумите поставени од Европска Унија. Би се надевал, а и сè уште се надевам, дека како знак на реципроцитет во замена за внесувањето на амандманот во Уставот, со кој се ...
Украина и Русија тајно водат прелиминарни разговори за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, објави Фајненшл тајмс. Украина, пишува ФТ, сака да ги заживее преговорите кои беа прекинати пред неколку месеци поради инвазијата на Курск, според извори, а се тоа со Катар како посредник. Има мнгу рани разговори за можно рестартирање на преговорите“, изјави дипломат запознаен со преговорите. Сега разговараме за енергетската ...
Одамна стана јасно како Кремљ ја користи хибридната војна за да ја дестабилизира Европа. Растојанието од хибридна војна до целосна агресија станува сè пократко. Европа е исправена пред историски предизвик. Дали демократските сили се подготвени за одговор? Џабир Дерала / ЦивилМедиа.мк Додека европските сојузи покажуваат сериозни знаци на раздор, директната војна меѓу Русија и Европа станува опиплива закана. Кремљ, темелејќи ја својата ...
Крајно време е политичките конкуренти да почнат да градат култивирана меѓусебна комуникација и меѓусебно да се почитуваат. Тито Петковски Премиерот Мицковски во неколку јавни настапи индиректно и даде подршка на претходната влада за проектите во сверата на инфраструктурата и особено на одлуките во надворешната политика, (Преспанскиот договор и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија). Некои од нив ги прогласи дури и како пример за ...
Осум австриски војници кои припаѓаат на мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) претрпеа полесни, површни повреди во ракетен напад врз седиштето на УНФИЛ во Накова, во близина на границата со Израел, соопшти денеска австриското Министерство за одбрана – АМО. УНИФИЛ е стациониран во јужен Либан за да ги следи судирите долж линијата за разграничување со Израел, област која овој месец беше сцена на жестоки судири меѓу израелските ...
Херојството е во чинот. Чинот на жртвување. Но, херојството е и во свеста за него. Тоа е морална a не категорија. Морален чин. Висок изблик на тој чин. Моралот е тука се. И целовитоста на човекот. Човекот херој. Такви херои, кои верувале во ѕвезден миг, во Народноослободителната војна, одважно оделе кон смртта и не се плашеле да ги дадат своите животи за создавањето на првата македонска држава – Македонија. Јуришале против фашистичкиот окупатор ...
Одлуката на Израел да ја забрани работата и активностите на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) е нов начин за убивање деца, изјави денеска портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер. „Доколку УНРВА не е во состојба да дејствува, најверојатно ќе дојде до колапс на хуманитарниот систем во Појасот Газа. Значи, ненадејна одлука како оваа значи дека е пронајден нов начин за убивање деца“, рече портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер. ...
Во Горно Врановци, Општина Чашка, денеска ќе се одржи научен собир на тема „80 години од излегувањето на првиот број на весникот ’Нова Македонија’“. Организатори на собирот се Институтот за национална историја и Матица на иселениците од Македонија, а покровител е Општина Чашка. Како што е најавено, на собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари на теми од историјатот и содржините во нашиот новинарски ...
Фокс Откако објави дека нема да поддржи ниту еден претседателски кандидат, повеќе од 200.000 луѓе ја откажаа претплатата на Вашингтон пост. Сопственикот на весникот, милијардерот Џеф Безос, тврди дека одлуката да се биде неутрален е чекор кон зачувување на довербата во медиумите. Наводно, повеќе од 200.000 луѓе ја откажале претплатата на „Вашингтон пост“, откако угледниот американски дневен весник објави дека нема да ги поддржи ниту Доналд ...
Премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја тужеле Левица и го изгубиле спорот со партијата. Предметот на тужба е видео-соопштението на Левица насловено ,,Фирми на Анѓушев и Мицкоски добиваат тендери во Општина Кисела Вода”. Мицкоски како подносител, а Тошковски во улога на адвокат побарале Левица да се извини за нарушен углед и достоинство на подносителот. Судот јаа одбил тужбата, соопшти денеска Левица. ...
Политички аналитичари во изјави за Фронтлајн, сметаат дека ова покажува дека изјавите и постапките на премиерот се сосема спротивни од она што го изјавувал претходно. Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк Од изјавите како опозиционер дека: „Договорот за Коридор 8 е сериозен грабеж, цените се 3 пати повисоки“, до изјавите како премиер дека: „Имаше обид да ме поткупат за Коридорот 8“, премиерот Христијан Мицкоски со изјавата дека: „Како Влада продолжуваме ...
Никица Корубин Чекајќи го извештајот на ЕУ, и особено добропознатата констатација дека “20 години сме во чекалната на ЕУ”, да се потсетиме како го започнавме патот и како ги потрошивме тие 20 години. Апликацијата од наша страна е подадена во 2004 година, 9 години после Времената спогодба под покровителство на Обединетите нации, за спорот со Грција, која требала да биде финализирана со конечен договор, најдоцна 2 години порано. А, 2 години ...
Ало бе луди ли сте?! Па што очекувавте? Дека ќе аминуваме договор за изградба на автопати што ќе ја поврзат цела Македонија, а го креирале и потпишале СДСМ? Башка не е тоа договор со сомнителни ориентални компании како што правевме ние претходно, туку со Американски компании што градат брзо и квалитетно, потенцирал Мицкоски. Рибаро / Фронтлајн.мк – И така, би избори поминаа. Поминаа и 100 дена. Ќе поминат уште толку. Им правевме тогаш театар на ...
Ерол Ризаов / ДојчеВеле.мк Општо е познато во сиот свет, па и во најразвиените демократии дека во мирно време најмногу се лаже пред избори. Тоа веќе одамна не се смета ни за голем грев. Ветувањата во предизборните кампањи и пропаганди колку и да се неверојатни, граѓаните сакаат да ги слушнат. Многумина веруваат во тоа, а не мал број луѓе кои не веруваат, сепак, ги сметаат како дозволена политичка и партиска тактика за освојување на власта. По ...
На граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, уапсен е 38- годишен Косовец баран со меѓународна потерница издадена од властите на Северна Македонија, каде бил осуден на шест години затвор за дрога, соопшти албанската полиција. Според полицијата, во соработка со службите на локалната полициска управа Кукс и како резултат на размена на информации со Интерпол Тирана, уапсен е Бурим Бајрами (38), жител на Гњилане, со цел ...
Профилот на Х мрежата што ја шири оваа лажна вест според објавите е поддржувач на претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Дезинформација е дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен беше уапсена во Европскиот парламент како што се споделува на социјалните мрежи. Профилот на Х мрежата што ја шири оваа лажна вест според објавите е поддржувач на претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Всушност се работи за ...
И натаму ќе си добиваме корпи па затоа и ова телефонско рандеву додворување на македонскиот премиер кај бугарскиот претендент премиер е само уште едно – џабе. Зоран Иванов / ЦивилМедиа.мк Премиерот Христијан Мицкоски, како што самиот си напиша на Фејсбук, остварил, цитирам: искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во ...
Во Грузија денеска ќе се пребројуваат гласовите на пет избирачки места во секоја изборна единица откако проевропската опозиција Коалиција за променија обвини владејачката партија Грузиски сон за измама и кражба на парламентарните избори, соопшти изборната комисија. – Пребројување на гласовите ќе има на 14 отсто од избирачките места во Грузија Брисел и Вашингтон побараа од Тбилиси да отвори истрага за наводите за изборни нерегуларности. На покана ...
Владите на Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ја осудија одлуката на Израел да ја забрани работата на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) на окупираните палестински територии, објавија четирите земји во заедничката изјава. -УНРВА има мандат од Генералното собрание на Обединетите нации. Работата на Агенцијата е суштинска и незаменлива за милионите палестински бегалци во регионот, а особено во сегашниот контекст на Газа. ...
Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад врз долината Бека во источен Либан, пренесе водечкиот либански весник Ан-Нахар. Според извештајот, во бомбардирањето има голем број цивилни жртви, вклучувајќи жени и деца. Локални жители и градоначалникот на градот Балбек потврдуваат дека нападот предизвикал големи човечки загуби и разурнувања во неколку населени места, вклучувајќи ги Халанија, Будаи, ...
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, предложи контроверзен план за завршување на војната во Украина, кој предвидува „замрзнување“ на конфликтот и создавање автономни, демилитаризирани зони. Според информациите на Фајненшел Тајмс, овој предлог предвидува намалувањето на американската улога и поголем ангажман на европските земји како гаранти на мировниот процес, но без интеграција на Украина во НАТО. Републиканскиот кандидат за ...
Десетици илјади Грузијци се собраа вечерва пред парламентот барајќи поништување на парламентарните избори одржани изминатиот викенд. Не ги изгубивте изборите, им порача претседателката на земјата Саломе Зурабишвили на демонстрантите кои вееја грузиски и знамиња на Европската унија. Ви го украдоа гласот и се обидоа да ја украдат иднината, но никој нема право да го направи тоа и никому нема да му го дозволите тоа, додаде таа. Зурабишвили, која има ...
Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се обучуваат и борат во Украина во следните неколку недели и нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против нив, соопшти денеска Пентагон. Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде Русија се бори за да го одбие украинскиот упад. ...
Некаде помеѓу 8 и 13 октомври, седум бродови на руската Пацифичка флота испловија од Чонџин, Хамхунг и Мусудан, Северна Кореја, за Владивосток, Русија. На бродот имало 1.500 војници на севернокорејските специјални сили Тие се авангарда од 11.000 севернокорејски војници кои би требало да бидат засилување во руската војна против Украина. Дополнително, доаѓањето на војници од Северна Кореја е јасен показател дека тоа не е само војна меѓу Русија и ...
Виктор Орбан пристигна во Грузија откако ѝ честиташе на проруската партија Грузиски сон на убедливата победа на саботните парламентарни избори, за кои постојат широки верувања дека биле проследени со заплашување и принудување гласачи. Унгарскиот премиер предводи министерска делегација која ќе биде во дводневна посета на Грузија и ќе се сретне со премиерот Иракли Кобахиѕе, што веројатно ќе предизвика револт во Брисел Орбан не ја претставува ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал телефонски разговор со Бојко Борисов, лидер на Десничарската партија ГЕРБ која освои најмногу гласови на парламентарните избори во Бугарија, при што изразил уверување дека ќе се формира стабилна влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. -Денес остварив искрен и пријателски телефонски разговор со ...
Утре во младинскиот центар Матично од 13 часот, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ ќе одржи конференција за потребата од донесување на Правилник за велосипедска инфраструктура. „Сведоци сме како изминатите години секој пат кога се изведуваат улици дека или недостасува велосипедска инфраструктура или истата се изведува без посебни стандарди. Рабниците се високи и по нив не можат да се движат велосипеди, ...
Идентитетот не е само во она што било, историјата не можеме да ја смениме, но, идентитетот се гради со тоа што го правиме сега во моментот. Тоа ќе го носи и ќе биде нашиот идентитет утре. Да влезевме пред дваесет и пет години во ЕУ, сега ќе имавме генерации млади луѓе со европски идентитет. Тина Иванова / Фронтлајн.мк Информацијата дека во „Београдско драмско позориште“ (БДП) славниот хрватски режисер со меѓународно реноме, Оливер Фрљиќ, ќе ја ...
Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација. Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата ...