Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Левица, Димитар Апасиев влегоа во вербален судир во Собранието, за време на пратеничките прашања. Мицкоски му се обрати на првиот човек на Левица со зборовите: Потпишуваш амандмани со Северна Македонија од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи и купуваш деловен простор во главниот град. Сериозно е дека фактот дека водиме држава, од истата таа држава од која ти ...

Демократската унија за интеграција цени дека премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи, продолжува да клевети и да создава непостоечки ситуации кои служаат за моментален дефокус за да се извади од срамните секојдневни ситуации. Прво беше станот во Бутел со вооружени луѓе, потоа заклетва дека никогаш нема да го признае уставното име и договорот од Преспа, потоа зборуваше дека државата ќе се дестабилизира во септември, ...

Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Аиво Орав, вели дека Косово има законска обврска да ја формира Заедницата на општини со српско мнозинство во земјата. Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, Орав рече дека Заедницата е еден од договорите произлезени од дијалогот меѓу Приштина и Белград што беше ратификуван во Собранието на Косово во 2013 година и како таков треба да се спроведе без одлагање. Европскиот претставник ...

На првата седница наменета за пратенички прашања во новиот парламентарен состав, прв прашања кон премиерот Христијан Мицкоски постави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Tој се осврна на однесувањето на Мицкоски како премиер, наспроти неговите ставови кога беше опозиционер. Пратеникот и лидер на СДСМ го повика премиерот Мицкоски да го врати мандатот затоа што иако ветувал, сепак го користи уставното име на државата. „Велевте дека ќе го вратите ...

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети на лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кога беше присутна претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во однос на францускиот предлог, односно таканаречениот бугарски диктат и на променетиот став на власта денеска. Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката Сања Божиновска затоа што ја излажа јавноста ...

Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град Скопје денеска не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во Зоолошка, поднесена од „Зелен хуман град“. Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ рече дека со ова нема да се оптовари буџетот на Градот и пвика да се спречи понатамошно внесување нови животни во Зоолошката. – Ако зборуваме дека одиме во 21. век, се стремиме кон еволуција, прво на лично ниво, ...

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. – Ги повикуваме сите политички сили заедно да го направат овој значаен чекор напред, додаде Писонеро. Таа потсети дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата ...

Добрососедските односи и регионалната соработка се сметаат за суштински дел од процесот на европска интеграција на Северна Македонија, бидејќи придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворените билатерални прашања и наследството од минатото, оценува Европската комисија. Во новиот Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ во овој сегмент се нотира дека земјата продолжи да се ангажира во ...

Владата во овие четири месеци се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте пред изборите, а вашата политика нема никаков ’рбет, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник Венко Филипче, на денешната собраниска седница во пратеничкото прашање упатено до премиерот Мицкоски. „Целиот ваш политички успех се базираше на противењето на Преспанскиот договор – договор за кој тврдевте дека е ...

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за ...

Нов извештај на Обединетите нации открива дека светот ќе се загрее за двојно повеќе од целта од 1,5 степени Целзиусови утврдена со Парискиот договор, доколку земјите не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Глобалните температури ќе се зголемат за 3,1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа до 2100 година ако не се постават поамбициозни климатски цели и ако луѓето не ги променат своите навики, предупредува новиот извештај на ...

По повод стогодишнината од смртта на еден од најголемите оперски композитори, Џакомо Пучини, Националната опера и балет го најавува проектот „Месец на Пучини“. Од 8 до 29 ноември 2024 година, публиката ќе има можност да ужива во четири значајни опери на Пучини: „Боеми“ (8.11.2024) – Приказна за љубовта и загубата во боемскиот кварт на Париз; „Мадам Батерфлај“ (16.11.2024) – Трагична љубовна приказна за јапонската гејша и американскиот офицер; ...

„Оваа студија покажува вистинска успешна приказна: пократкото работно време стана широко распространето во Исланд… А, економијата е силна според голем број индикатори“, вели Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач во Алди. Olesya Dmitracova / CNN Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела. Помеѓу 2020 и 2022 ...

Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година. -Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во ...

Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало. Владата најавува дека жестоко ќе се спротистави доколку повторно се зголемат цените. По ...

Најмалку 19 лица, меѓу кои осум жени, загинаа во израелските напади врз либанскиот град Баалбек и неговата околина, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вчерашниот напад се случи откако десетици илјади жители го напуштија северниот либански град како одговор на наредбите за евакуација издадени од израелската армија. Градоначалникот Мустафа ал-Шел изјави за Би-Би-Си дека биле пријавени повеќе од 20 напади во областа Балбек, од кои пет ...

И затоа сега имаат голем проблем – како да останат „патриоти“ кај гласачите а истовремено да не дојдат во судир со ЕУ, нивните коалициони партнери од Влен и потенцијално САД. И затоа смислиле детски трик – наречен одложено дејство на Уставни измени – нешто кое е надвор од секаква рационална можност, невидено во реалноста на меѓународните односи, невозможно според правната логика итн. Тони Науновски Во обидот да ја продолжат трагикомедијата на ...

Шефот на американската одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Вашингтон е „сè повеќе загрижен“ поради можното распоредување на севернокорејски војници во руската војна против Украина. Тој рече дека некои од илјадниците севернокорејски војници испратени во Русија веќе се доближиле до границата со Украина и оти носат руски униформи и руска опрема. Американскиот министер за одбрана рече дека Кремљ очигледно има намера да ги искористи ...

Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 95 лица. Од нив, дури 92 смртни случаи се регистрирани само во регионот на Валенсија. Уште две лица загинаа во Кастиља-Ла Манча, додека третата жртва беше во Малага. Министерот за територијална политика, Ангел Виктор Торес, прогласи тридневна жалост и вети дека ќе ги мобилизира „сите национални и европски фондови“ за помош. Министерството за одбрана ангажираше воздухопловни сили, воени ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предал Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2024 година. Од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова соопштија дека таа оценила дека извештајот претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети и областите во кои е неопходен натамошен ...

Северна Македонија постојано ја истакнува својата политичка посветеност на стратешката цел за интеграција во ЕУ, како и нејзината амбиција да продолжи во процесот на пристапните преговори, се наведува во годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава на европскиот пат, објавен денеска. – По првата Меѓувладина конференција за пристапните преговори на 19 јули 2022 година, скрининг сесиите за сите шест кластери беа завршени на 7 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Западот треба да признае дека Русија победи во Грузија и дека е подготвена да го стори истото во Молдавија, освен ако не се напушти западната реторика против преминувањето на црвените линии од страна на Москва. „Мораме да признаеме дека Русија засега победува во Грузија. Прво презедоа дел од Грузија, потоа ја сменија политиката, владата. А сега (Грузија) има проруска влада“, рече Зеленски во ...

Би се надевал, а и сè уште се надевам, дека како знак на реципроцитет – во замена за внесувањето на амандманот во Уставот, со кој се признава постоењето на бугарско малцинство во земјата – Бугарија треба да ги почитува сите одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со кои се признава постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Џабир Дерала Во ексклузивното за ЦивилМедиа, објавено на 26 октомври, Ерван Фуере зборуваше на повеќе ...

Коридорот 8 е толку голем структурен проект што никој не може да му ја смени насоката и целта. Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк Од изјавите како опозиционер дека: „Договорот за Коридор 8 е сериозен грабеж, цените се 3 пати повисоки“, до изјавите како премиер дека: „Имаше обид да ме поткупат за Коридорот 8“, премиерот Христијан Мицкоски со изјавата дека: „Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на Коридор 8 и 10“, стигна до ...

Немам дилема за јазичното прашање. Охридскиот договор е јасен по оваа тема. Потребно е секој јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението да биде коофицијален со македонскиот. Не гледам како можете да ја доведете во прашање оваа обврска без да создадете повеќе проблеми отколку што веќе има Северна Македонија. Ова беше важен дел од мировниот договор од 2001 година, важно е да се зачува, пишува Сервер. Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк Уставниот ...

Доколку не се исполнат барањата на УПОЗ, решавањето на предметите за експропријација на имоти низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 ќе бидат блокирани, ова го најави првиот човек на синдикатот Трпе Деаноски. Протестот кој започна денеска и се однесува сите подрачни единици, велат, е одраз на незадоволство од неисполнетото барање за покачување на додатокот на плата. Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и ...

Дарко Панчев: Да бидам искрен се збунив малку затоа што нешто не ми беше логично. Се прашав која е поентата, која јас не ја разбирам. Во ек на најжестоките декларации дека конечно е дојдено времето за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, некакви мерит системи и така натаму, во Вардар се носат кадровски решенија кои се сосема контрадикторни на сите тие најави. За мене лично немаше логика. Освен можеби, што би било многу ...

Бројот на жртвите од поплавите во источниот шпански регион Валенсија се искачи на најмалку 63 лица, соопштија денеска локалните власти. Службите за вонредни состојби во Валенсија каде што поплавите ги претворија селските улици во реки и го прекинаа железничкиот и патниот сообраќај во најголемата природна катастрофа во земјата во последно време, го потврдија бројот на жртвите. Невремето вчера предизвика поплави во поголемиот дел од јужна и ...

Во истрагата почната по загриженоста за количеството геолоцирани податоци споделени од корисниците на „Страва“, најпопуларната спортска апликација, весникот објави дека лесно ги идентификувал локациите на безбедносниот персонал додека ги следат нивните штитеници од целиот светот. Светските лидери, вклучително и претседателите на Франција, Соединетите Американски Држави и Русија, се изложени на ризик бидејќи нивниот безбедносен персонал може ...

Северна Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени. Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ од „Пакетот за проширување“ на Европската комисија, што официјално ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52