Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште е сериозна. Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад велерва е најавен масовен протест, јави дописникот на МИА од Белград. Директорот на Клиничкиот центар Војводина, Весна Туркулов изјави дека лекарите се уште се борат за животот на повредените. -Се уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата се уште не е ...

– Што точно ќе се случи ако ниту Камала Харис или Доналд Трамп не го постигнат мнозинството од Изборниот колеџ потребно за победа на американските избори? Иако не е многу веројатен, таков исход останува можен, и тоа ќе ги измачи Американците. Според американскиот систем, не е националното народно гласање кое одлучува кој ќе стане претседател, туку „Изборен колеџ“ од 538 членови, во кој секоја држава добива онолку „електори“ колку што е нивното ...

По завршување на есенската потрошувачка кошничка на крајот на октомври со која со одлука на Владата беше ограничената профитната маржа на 73 основни прехранбени производи, вчера опозициската СДСМ до Собранието достави Предлог измени за укинување на ДДВ-то од пет на нула проценти за сите основни прехранбени производи. Со ваквиот предлог, според проценките на СДСМ, граѓаните ќе имаат месечна заштеда од 1.200 до 2.000 денари. – Она што е најважно е ...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад. Вучевиќ за Радио телевизија на Србија изјави дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек, кој е свесен дека кога извршува важна функција го има и товарот на одговорност. -Не се сомневам дека ...

Непредвидливите и тесни претседателски избори во САД ќе кулминираат денеска кога гласачите низ длабоко поделената земја ќе одлучуваат дали Камала Харис или Доналд Трамп во јануари ќе бидат во Белата куќа. Харис, актуелната демократска потпретседателка, и Трамп, републиканскиот поранешен претседател, кој бара втор четиригодишен мандат, ги поминаа последните френетични недели од кампањата, изнесувајќи ги своите ставови пред гласачите во седумте ...

Сашо Орданоски: Моите прогнози се дека доколку победи Трамп, покрај традиционалните и добро познати слоеви на поддржувачи што тој ги има во милионското гласачко тело зад себе, тоа особено ќе биде резултат на натпросечната мобилизација на помладите машки, главно бели, гласачи кои, во епохата во која сите живееме, се чувствуваат несигурни, збунети, дури и уплашени за својата иднина, многу од нив се со конзервативни, патријархални ставови, ...

Копчиња за паника (Panic button) за членови на изборни одбори, специјалните тимови со оружје распоредени на покриви и ангажирање на Националната гарда, се дел од предизборните мерки во САД, јавија американските медиуми. Кампањата за претседателските избори во САД во 2024 година беше особено нестабилна, а безбедноста за денот на изборите во вторник е зголемена на невидени нивоа со оглед на загриженоста за можни граѓански немири, изборни измами ...

Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата, констатирано е на денешната конститутивна седница на Советот за безбедност што се одржа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. На седницата со која претседаваше претседателката Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, ...

Десетина маскирани напаѓачи фрлаа запаливи бомби врз автомобилите во областа Ал Бире во предградието Рамала во текот на ноќта и продолжиле со тоа и покрај повиците од локалното население да запрат. Кога слеговме да се обидеме да го изгасиме пожарот, тие почнаа да пукаат кон нас, изјави Ихаб Ал Забен, жител на областа. Палестинската управа со седиште во Рамала го осуди „бруталниот напад од милитантите доселеници“, додека претставникот на Хамас ...

Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство, реформи во регулативата за слеп тужбите и сериозен одговор од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на вербалното насилство што се случува сѐ почесто преку онлајн платформите се барањата на Здружението на новинарите на Македонија по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември. На ...

Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. -Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова – 78 и тоа расте и сигурно за кратко време ќе надмине и 80 што е две третини од ...

Приватните превозници Јофи Бус ДОО од јавниот градски превоз во Скопје предлагаат координаторите на советничките групи, Град Скопје или Владата да закажат проширен состанок со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за изнаоѓање излез од кризата со јавниот градски превоз, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на приватните превозници Јофи Бус ДОО, Јовица Зафировски. – Јавниот превоз во градот Скопје не е на нивото што треба да биде, ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Предлог-законот, денеска на прес-конференција во Собранието, го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат ...

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице поради оддавање службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“ се лишени од слобода и против нив е донесена наредба за спроведување на истражна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство. -Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во која три лица се лишени од слобода и против кои е донесена наредба ...

Почина Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки. Таа е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Попознати нејзини дела за деца се: „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ ...

Во Војводина е трет ден на жалост за 14-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Тројца од повредените се уште се во критична состојба, обвинителството досега сослушало 40 лица меѓу кои и министерот Горан Весиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Започна погребот на жртвите, а граѓаните со цвеќиња и свеќи им оддаваат почит на жртвите. Трите лица кои беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на ...

Заканата што ја наметнува овој сојуз ја истакнува клучната вистина за долгогодишните диктатури: колку подолго овие автократи остануваат на власт, толку поекспанзионисти и поагресивни стануваат. Ден Рајс и Дејвид Хајнер / Укринформ.мк Вознемирувачки и координирани напори се во тек додека светот се соочува со брзо менување на геополитичкиот пејзаж. Терминот „Оска на злото“, првпат измислен од претседателот Џорџ В. Буш во неговото обраќање за ...

Банките навикнати на повластена положба на доверители на буџетот не се подготвени да се откажат од сопствените приходи и не сакаат да преземаат никаков ризик. Тоа што наплатуваа за секое парче хартија што го издаваат или за секое електронско прегледување на сметките од страна на граѓаните – еее, тоа е нивна цена за банкарските услуги. Тоа што таквите приходи беа во спротивност со Законот за потрошувачите, кој смееше да праша? Војо Маневски / ...

Доколку со ваквата изјава Мицкоски мислеше да ги навреди пратениците на СДСМ, тој всушност ги посипа со пепел сите Македонци кои не извадиле бугарски пасош и не се пишале као Бугари. Не дека немале и тие економска потреба, како Сања Божиновска, едноставно решиле дека националната припадност и македонското потекло им е поважно од економските потреби, и не вреди да си го пр(е)одадат за разно разни олеснувања, како работа во странство, купување ...

Тројцата пациенти кои беа тешко повредени во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка состојба, а лекарите даваат се од себе во борба за нивните животи, изјави Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар на Војводина. – Пациентите се уште се во многу тешка состојба, се уште се нестабилни. Лекарите од Клиничкиот центар прават максимални напори, има голем стручен тим, се бориме за нивниот живот, а ...

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, освои втор мандат, соопшти изборната комисија на земјата. Со повеќе од 98 отсто преброени гласови од вториот круг на изборите за претседател што се одржа вчера, Санду обезбеди околу 54 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати на комисијата. Молдавија, денес вие сте победници. Заедно, ја покажавме силата на нашето единство, демократија и посветеност на достоинствена иднина, напиша Санду на Х ...

Русија синоќа изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а најмалку пет лица се повредени, изјави гувернерот на регионот Харков, Олех Синјехубов.Водена руска бомба паднала врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со високи станбени згради. Пред нападот на супермаркетот, руските сили извршија напади и врз Харков, погодувајќи ги помалку населените области. ...

Силен земјотрес ја погоди обкаста Халкидики, јужно од Солун. Земјотресот е регистриран нешто по 19 часот и бил на длабочина од 5 километри. Епицентарот на земјотресот, според Геодинамичкиот институт во Атина, е на 11 километри југоисточно од Неа Мудања на Халкидики. Засега нема информации за жртви или материјална штета од земјотресот. Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од градот Неа Мудања. Засега нема информации за ...

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на ...

Ниту локалните медиуми, ниту пак светските медиуми, генерално не даваат податоци за тоа колку граѓани биле подготвени да ги стават своите гласачки ливчиња во референдумските кутии. Се наведува само крајниот резултат кој е толку тесен што објективно не покажува ништо конкретно. Дали оваа земја, притисната од кризата во Приднестровје и војната во соседна Украина, ќе ја води поранешната прозападна претседателка Маја Санду или противникот Александар ...

Венко Филипче: Вашата Влада се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте пред изборите. Мицкоски на власт и Мицкоски во опозиција очигледно не се познаваат, тоа се двајца целосно различни луѓе. Буквално го плукнавте секое ветување и секоја политика на која ја градевте кариерата и со која има се додворувавте на граѓаните. Христијан Мицкоски: Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата ...

Тунелот кон Бугарија дел од пругата на Коридор 8 за Николоски беше слет тунел и најавуваше нова траса, велат од СДСМ. Одеднаш тунелот прогледа и ќе проектот ќе се прави онака како што беше испланиран од преходно, без измени. Заплеткан во своите лаги Николоски се обиде да се оправда со тврдење дека на средба помеѓу директорите за железничка инфраструктура на Бугарија и Македонија биле прифатени „три клучни аргументи„ на Николоски за проектот. И ...

Три дена откако Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) која имаше најдолго време на лет за такво оружје од таа земја, војската на Јужна Кореја соопшти дека денеска одржала заеднички воздушни воени вежби со САД и Јапонија. Како одговор на лансирањето ракета од Пјонгјанг, беа одржани трилатерални вежби во воздушниот простор каде што се преклопуваат зоните за идентификација на противвоздушната одбрана на Сеул и Токио, ...

Изборите кои ќе се одржат во вторник би можеле да бидат толку оспорени во политички поделена земја што може да поминат неколку дена пред да бидат познати конечните резултати. Повеќе од 73 милиони Американци веќе гласале по пошта или предвремено гласање. France Presse Камала Харис и Доналд Трамп со жестоко темпо ја продолжија изборната кампања, претставувајќи се како спасители на САД во последниот викенд пред изборите, чиј исход се уште е многу ...

Украинските сили за противвоздушна одбрана ги пресретнале сите беспилотни летала со кои Русија го нападна Киев ноќеска, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на украински официјални лица. Градската воена управа на Кијив соопшти дека остатоци од пресретнати дронови паднале во две области на главниот град на Украина. Повеќето руски беспилотни летала пристигнале од североисток, приближувајќи се кон Кијив од различни страни. Во текот на ноќта ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52