
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



БранкоТричковски: Од денешен аспект формирањето на вмро во различни деноминации е дефиниција на борбата на македонскиот народ против слободата. Сфатен во денешна смисла, еманципиран и конституиран како субјект. Затоа што денешното вмро-дпмне се враќа на изворните, што ќе рече на принципите во кои Македонија е само територија која треба да се ослободи, тогаш од Османлиите сега од комуњарите, од Албанците, а најмногу од Македонците. Изгледа шашаво ...
Тешко е да се измери прецизната разлика помеѓу Харис и Трамп меѓу, да речеме, латино гласачите. Сепак, се појави еден дефинирачки тренд. За време на ерата на Трамп, демократите имаа подобри резултати меѓу дипломираните студенти, додека републиканците се подобри и подобри меѓу гласачите без диплома. Образованието сега е главната точка на поларизација во политиката на САД – дури и преку расните линии. Љубомир Костовски На само две недели до денот ...
Море е е е! Зошо така зборуаш? Шо отишле напред? Учеле од нас. Се зеле од нас! Александар Македонски го освоил целио свет! Тој бил Македонец, ко нас! И учитело негов, Ристотел, бил Македонец. Тије зборуале македонски ко није шо зборуаме сеа. Македонскио јазик е најстар јазик во Европа! – продолжи да објаснува вториот. Темелко Ристески На автобуската станица кај „екорд“ пред мене, на вториот кат на автобусот, седна повозрасен човек. Кај Соборна ...
Израелската војска денеска потврди дека Хашим Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, е убиен во израелски напад врз Бејрут на 4-ти октомври Војската соопшти дека Сафиедин бил убиен заедно со шефот на разузнавањето на Хамас Хусеин Али Хазим за време на нападот на 4 октомври, објави „Тајмс оф Израел“. Се посочува дека цел на тој напад бил подземниот разузнавачки штаб на Хезболах во јужните ...
По неделните избори, актуелната молдавска претседателка Маја Санду влегува во вториот круг претседателски избори заедно со нејзиниот против кандидат Александр Стојаногло. Санду во првиот изборен круг освои 42 посто од гласовите, а нејзиниот најсилен ривал Стојаногло, 26 посто. На денот на претседателските избори Молдавија спроведе и референдум за тоа дали во уставот на државата да влезе обврската Молдавија да стане членка на Европската Унија. Со ...
Отворениот противник на вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, Жидас Даскаловски, е државјанин на Бугарија повеќе од 20 години, објави БГНЕС. Проф. Даскаловски е советник за надворешна политика на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Тој доби бугарско државјанство по бугарско потекло во 2003 година, пасошот го обнови во 2022 година. Во последната деценија македонскиот професор употреби различни дефиниции за ...
Државната комисија за спречување корупција, отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор. Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, за МИА потврди дека до нив стигнала ваква претставка и дека по неа е оформен предмет и веќе се постапува. – ...
ЈСП Скопје соопшти дека утре, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на Транспортен центар, Ѓорче Петров и на Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон ...
Русите „ќе ја ескалираат темата за Северна Кореја и ќе се обидат да ја искористат како пропаганда на страв против Украина. Ќе ги заплашат луѓето што е можно повеќе, ќе се обидат да ги искриват вистинските информации за 12.000 севернокорејски војници во Русија со лаги за стотици илјади Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк Јужна Кореја најави преземање контрамерки, меѓу кои и снабдување на Украина со офанзивно оружје, во согласност со нивото на воена ...
Ставот на Мицкоски е дека треба да се репреговара т.н. француски предлог од кој произлезе условот за уставни измени, односно тие да се направат, но со одложено дејство – да важат од моментот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Идеја, којашто според претходното објаснување на Мицкоски, не е прифатена од ЕУ. Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк „Драго ми е што постои еволуција во размислувањето на оваа владејачка гарнитура. Тогашната опозиција, ...
Политичката партија „Левица“ денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши за законот за бранители. Од ВМРО-ДПМНЕ додека не ја видат, нема да ја коментираат кривичната пријава, а од СДСМ велат дека не се откажуваат од носењето на овој закон и дека следните денови ќе ги обелоденат чекорите што ќе ги преземат. Според „Левица“, претседателот на Собранието не ја исполнил својата деловничка обврска во врска со законот ...
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е презакажано за 14 ноември годинава, откако изутрината обвинетите Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Миле Јанакиевски, преку адвокатот Еленко Миланов поднесле барање до Основниот кривичен суд на денешното рочиште да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека во поднесокот ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување ...
Националното студентско тело и студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поднеле барање до Министерството за образование и наука за преразгледување на бројот на стипендии за студентите од општествените науки во Конкурсот за академската 2024/2025 година. Како што информираат, во барањето се истакнува намалувањето на бројот на стипендии за ова научно подрачје, кое се сведува на само четири стипендии, наспроти ...
Скопското астрономско друштво вечерва организира јавно набљудување на кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS. Набљудувањето ќе биде на пракингот пред Кале со почеток од 18.30 часот, а ќе заврши во 20.30 часот. Од Скопското астрономско друштво советуваат присутните да си понесат двоглед и доколку сакаат да фотографираат да земат сопствена камера. Скопското астрономско друштво претходно на 14 октомври одржа јавно набљудување на кометата ATLAS од ...
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари. -Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината ...
Зоран Иванов / ЦивилМедиа.мк По ова на Мицкоски од Салзбург и неговото “супер Преспански” и, аналогно на тоа, како што и тој самиот упатува, на таа основа да се преслика и Бугарскиот, некој сега и нему и на неговиот демагог од МНР, треба да им појасни дека едната тема, темата “Преспански”, е тема на ООН, а втората тема, темата “Бугарски”, е тема на ЕУ па, еве, во една реченица, малку ука која сака да упати дека разликата меѓу статусната позиција ...
Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година. -Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето на приемот и ...
Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит со повеќе од десетина светски лидери. Тоа е јасен сигнал од рускиот автократ дека не само што не е изолиран, туку дека зад него стои моќна коалиција на земји, пишува Си-ен-ен. Тридневниот самит на БРИКС, кој почнува денеска во југозападниот руски град Казан, е првиот состанок на групата големи економии во ...
Зоран Иванов Во македонското собрание, по примерот на големите, надлежните наши отворија соба бункер и во таа соба никој од надвор не ќе можел да пробие ниту со видео ниту со аудио за да ги дознае нашите државни тајни и, еве, тука и прашано и кажано во една реченица, елементаеното е што ли тоа ќе се зборува толку тајно и што тоа ќе се крие во тие тамошни глуви муабети во таа Глува собраниска, што тоа има толку важно да крие Нашата од јавноста ...
Бранко Тричковски: Преспанскиот договор бил ремек дело на димпломатијата. Порача од Салзбург човекот кој до вчера тврдеше дека тој документ е најголемото велепредавство во историјата на Македонија. А еден негов академик тврдеше дека тоа бил една од основите за помор на македонскиот род. Сега Силјановска ќе го прогласи Заев за Витез на ремек делото со марули од Шато Водно и Црна маица со големо референдумско НЕ под цицките на Ванковска и на сите ...
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека САД ќе испратат нов пакет воена помош за Украина во износ од 400 милиони долари. Остин во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пакетот вклучува дополнителна муниција, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Ројтерс. Американскиот секретар за одбрана пристигна во работна посета на Украина по серијата средби што ...
Преспанскиот договор е брилијантно ремек-дело, кое треба да се преслика за решение со Бугарија – изјави премиерот Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург, Австрија. На панел посветен на иднината и реформите на Европската Унија, Мицкоски порача дека спорот со официјална Софија е наметнат, додека суштината е тврдењето на Бугарија дека македонската нација е создадена 1945 година, како производ на комунистичката Коминтерна, а Македонците претходно ...
Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите 3 месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова. Детсан Јонузи / Фронтлајн.мк „Има јаз меѓу легалната победа, и целосната легитимност на начинот на ...
И затоа ако, некој сака така страсно да докаже, дека прозивките кон министерката за енергетика, поради нејзиното двојно државјанство и бугарска самосвест се принципиелни, треба паралелно со обвинувањето за лицемерност, да ја повикаат веднаш и без одлагање, таа, владата чиј дел е и собранието која ја избрало да ги завршат превземените обврски на државата и да ги стават Бугарите (и себе си со двојното државјанство), во уставот, и да ја прекинат ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според обвинението, трите вработени во ЈСП присвоиле пари доверени во службата во износ од 23.133.245 денари со намера да прибават противправна имотна корист. Двете продавачки на билети и сметководителката во ЈСП во период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе ...
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага измени и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предвидува покачување на минималната плата на 27.700 денари, информираше денеска во законодавниот дом пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче. Посочи дека со ваквото покачување не само што ќе се обезбеди финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијае на порастот на просечната плата. – Во услови на голема ...
Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства.соопшти Народна банка. Паричната маса во септември 2024 година забележа месечен пад од 1,2%, во поголем дел ...
Министерот за одбрана, Лојд Остин рано утринава пристигна во Киев, во ненајавена посета. Тоа е важна посета бидејќи доаѓа во време кога иднината на американската помош за Украина зависи од исходот на претседателските избори во САД, а во исто време Русија продолжува да прави мали, но постојани успеси на првите линии. Остин ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров во Киев и ќе разговара за ...
Неодамна во Берлин Мицковски и неговата министерска екипа беа потсетени да се вратат на една од преземените обврски на РСМ како држава. Не може повеќе кон изградбата на меѓународните коридори што минуваат кон земјата што се смета за крстосница на регионот да се гледа од позиција на пешак или коњоводец. И кон таа проблематика кусогледо да се застапува некаков поситен од јавниот интерес Љубомир Костовски Дали би сакале да патувате со воз до Софија ...