Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда. Во дискотеката ...

Рано е за оценки, не знаеме искрено до каде се истраги, а што е пи-ар. Спинуваат сега, се плашат од српско сценарио, коментира за „Слободен печат“, професорот Гордан Калајџиев на нашето прашање дали власта се амнестира од одговорност од трагедијата што се случи во Кочани во која загинаа 59 млади, со оглед на тоа што вчера се апсеа функционери од поранешната власт, а градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов се уште нема статус на осомничен. ...

На Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен, соопштија од Независното Студентско Собрание на УКИМ. Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски. Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС ...

Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Северна Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност. Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот. Тие се згрижени, стабилни се, а ...

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беа испратени уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти. Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на Клиничкиот центар во Скопје – 52 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, Универзитетска ...

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави , Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата. Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа што, ...

Судија на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен ...

Јована Тренчевска: Вчера и денес кога тагува цела Македонија најмалку што треба е политиката да се вмешува. Настрана од оваа болка треба да стои секој политичар кој сака на тагата на народот да добие политички поени. Не треба да ни сервирате фотографии од посети на политичари на децата кои се хоспитализирани во болниците. Цела свита со беден ПР за ситни политички поени. Одете посетете ги но без фотографии. Така ќе покажете вистинска ...

Во големи израелски напади врз Појасот Газа, според палестински извори, загинаа најмалку 330 луѓе. Околу два месеца по почетокот на прекинот на огнот во Појасот Газа, израелската армија продолжи со големите напади врз исламистичката терористичка организација Хамас во крајбрежниот регион. Во договор со политичкото раководство, армијата во моментов врши опсежни напади врз позициите на Хамас, соопшти израелската војска во текот на ноќта. Според ...

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку што сме во овој момент, изјави портпаролката на Белата Куќа, Керолин Левит за време на брифинг со новинарите. Претседателот е решен да го оствари тоа, додаде таа. Запрашана дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за воведување санкции кон Русија доколку неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин утре не помине добро, Левит одговори: „тоа е нешто ...

Претседателот на Комисијата за надворешни работи во украинскиот парламент, Олександр Мережко, изјави дека има работи за кои Украина не е подготвена да преговара. Имаме три многу цврсти црвени линии, нагласи тој. Тој потоа презентираше кои се тие редови: Територијален интегритет – Ова не може да се преговара. Никогаш нема да се согласиме на никакви територијални отстапки. Членството на Украина во меѓународните организации, особено во НАТО – ...

Бленди Ходаи: Благодарам на добрата волја, но за да им оддадете почит на жртвите, министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите, таму, меѓу илјадници студенти. Барем ќе нѐ поштедевте од празни флоскули и говори, од обиди да го контаминирате гневот на младите со рецитирање поема од Ацо Шопов. Нам зборови не ни се потребни, бидејќи за ова зборови нема. Бараме одговорност. Бараме вистинска правда. Бараме држава што не е импровизирана, држава ...

„Кој е следен?“, здружението граѓани кои го организираа протестот за Фросина Кулакова, повикуваат на јавен собир утре на плоштад Македонија со почеток од 18 часот. Тие повикуваат не само во Скопје туку да се излезе на плоштадите во сите градови во Македонија. Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа ...

Дуња Иванова: Вчера изгоревме сите. Изгоре сета надеж. Изгоре се’ што се обидуваме да создадеме во овој наш дом. Изгоре и моето пијано, и велосипедите и сите прекрасни книги на моите полици. Овие од говорница велат од утре ќе правеле ред. Од утре. Тоа утре изгоре во Кочани. Го нема утре за сите тие изгубени животи, го нема ниту за нивните семејства. 30 и кусур години го чекаме тоа утре. И не сме сите криви, зашто сите не сме исто. Некој и во ...

Ана Василевска: Не мачкајте очи со една оставка, и не ржете, покажете доблест, кажете криви сме, и бидете свесни дека од оваа трагедија назад нема. Ќе ви удриме таков мониторинг на секоја една постапка. И секој граѓанин од денес да биде свесен дека мора силно да се спротистави на секоја најмала коруптивна ситуација, од упис во градинка, до посета на лекар, до секој апла рушвет за намигнување и завршуење работа. Ако ви кажат дека треба да сте ...

Денска во 12 часот пред платото на УКИМ студентите се собраа да запалат свеќи за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, да положат цвеќиња и да искажат поддршка на повредените. Беа поставени и пунктови за донации и книга на жалости пред правниот факултет. Занемени сме од тага,шок неверување, немоќ, не ни останува нипто друго освен да го покажеме нашето заедништво Од името на УКИМ и од мое лично име изразувам најдлабоко и најискрено ...

Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, ...

Румена Бужаровска: Во толпата студентите почнаа да викаат У-А и да ѝ свиркаат на Министерката. Наеднаш се појави интервентна полиција и застана до неа. Министерката престана да зборува, а еден студент, веројатно од собранието (не видов кој) излезе и ни порача дека не сме тука за да правиме бунт, туку за да бидеме сплотени и да оддадеме почит кон жрвите. Тоа беше единствениот глас на студент или млад човек што го слушнавме по оваа трагедија на ...

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот. Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“…. Во моментот, протестот повторно се префрла во паркот. Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информираше дека од тројцата нови пациенти од пожарот кои се пренесени од Кочани во Скопје, двајца се сместени во Клиничкиот центар, а едниот е сместен во „Осми септември“. Со тоа, во болниците во Кочани и во Штип нема пациенти од трагедијата во дискотеката. -Тоа беше нашата стратегија, сите пациенти да ги повлечеме во Скопје и постепено сите да бидат во Клинички центар, за ...

Дванаесет повредени од пожарот во Кочани се пренесени во Белград. Девет од нив се на Урентен центар изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници. Двајца пациенти се на одделението за интензивна нега, од кои едниот е на механичка вентилација, со изгореници на трахеобронхијалното стебло кои се многу сериозни, вели тој во изјава за медиумите. Тој додаде дека главно имаат помлади пациенти на возраст од 18 до 35 години, кои ...

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги ...

Прес конференција на министерот Панче Тошковски. Тој информираше дека во дискотеката имало околу 500 лица од кои загинати 59, а повредени 162. Извршена обдукција на 15 лица. Од извршен разговор со член на групата ДНК утврдено е дека прскалките во дискотеката ги донел бендот. Министерот рече дека распишаната потерница за 4 лица е повлечена. Во полициска станица во СВР Тетово и СВР Скопје приведени се 5 лица, меѓу кои и поранешен министер. ...

Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА. Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во ...

Директорот на Судска медицина Александар Станков кажа дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. Работиме интензивно на процесот на идентификација и на утврдување на причините за смртта, со цел да ја завршиме работата што е можно побрзо за да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски, рече Станков. Тој кажа дека работат во тимови ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска. Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на ...

Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство. Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија. Како одговор на итното барање на македонските власти, Турција испрати два медицински ...

Во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство. Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала. Во тек се рочишта за определување ...

По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест. Протестот е закажан во 13 часот во Градскиот парк во Кочани . Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори ...

Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително. Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
70%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
58%
1010
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
0.51
74%
1008
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
49%
1011
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.28
85%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
99%
1009
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
6.69
86%
1014
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
63%
1012
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
63%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Паладиум

49383.55

Калај

48.18

Цинк

0.00

Рутениум

54591.97

Кобалт

3.86

Иридиум

259874.72

Бакар

11.40

Платина

65169.56

Сребро

2590.59

Родиум

369733.59

Злато

161442.17

Алуминиум

3.42