
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Руската армија го нападнала Запорижја со пет наведувани воздушни бомби, од кои едната погодила територија на медицинска установа, при што имало пет ранети, од кои еден е во тешка состојба. Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк Бројот на загинати од рускиот напад на Запорижја со наведувани бомби се искачи на четири. Повредени се 18 лица, вклучително и три деца на возраст од 5 месеци, 1,5 и 10 години. Двајца загинати ишестмина повредени во руско ...
Советниците на Трамп безусловно препорачуваат замрзнување на конфликтот, предавање на приближно 20 отсто од територијата на Украина на Русија и „привремено суспендирање“ на обидите на Киев да се приклучи на НАТО. Постои и варијанта во која Украина би ветила дека нема да се обиде да влезе во НАТО најмалку 20 години, а за возврат САД ќе продолжи да ја снабдува со оружје. Исто така, по замрзнувањето на линијата на фронтот, се предлага формирање на ...
Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО. Оттаму истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција ...
Австриското Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип, воведувајќи нови, построги, безбедносни мерки кои стапија на сила денеска. Новите мерки стапуваат на сила откако пред една недела избувна птичји грип во областа Амштетен, во Долна Австрија, што доведе до првична евтаназија на околу 18.000 животни. Според извештаите на министерството, околу погодените фарми е поставена заштитна зона во радиус од три ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на [email protected]), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални ...
Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција. Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер… Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил. – Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани, стои во информацијата. Сочуство до семејството упати ...
Доналд Трамп изрази желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин Мислам дека ќе разговараме, ја коментираше Трамп можноста за разговор со Путин. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Трамп на претседателските избори, велејќи дека е подготвен за контакти со него. Путин додаде дека не смета дека е срам лично да го побара новиот американски лидер и да му честита. На Трамп можете да гледате на различни ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот. Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на ...
Посебно вредни археолошки артефакти се пронајдени во близина на охридското село Волино. Порталот „Охрид 1“ објави дека во моментов локацијата, која е на приватен имот, е целосно затворена и видни археолози од земјава се на терен. Истиот извор јавува дека е пронајдена златна маска, златници и други значајни предмети. Археолозите се со првичен став дека кога ќе се истражи целиот потег, ќе се најдат уште многу артефакти. Најавено е дека министерот ...
Претседателот Владимир Путин денеска му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и го пофали за „покажувањето храброст кога вооружен напаѓач се обиде да го убие“ и рече дека Москва е подготвена да разговара со него, јавува Ројтерс. Би сакал да му честитам за неговиот избор за претседател, изјави Путин на панелот Валдаи во црноморското одморалиште Сочи. Трамп за време на предизборната кампања изјави дека може да ...
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека денеска, на маргините на политичкиот настан во Будимпешта на кој присуствува, се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател Емануeл Макрон. Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија е решена секој ден да се бори за своето членство во ЕУ и оти значително напредувала во оваа насока благодарение на поддршката на унгарското претседателство. На заедничката прес-конференција со унгарскиот колега Виктор Орбан, Рама истакнал дека Албанија направила значајни чекори напред во преговорите за членство и дека верува оти земјата во оваа деценија може да стане дел од Европската унија заедно ...
Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, ...
Најмалку 10 цивили загинаа денеска, а 30 се ранети во израелско бомбардирање на училиште во кое се сместени раселени лица во бегалскиот камп Ал Шати, западно од градот Газа, пренесува палестинска новинска агенција. Ал-Шати е основно училиште, основано од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), во која моментално се сместени раселените лица. Претходно денеска, израелските сили го бомбардираа бегалскиот камп Нусејрат, ...
Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем и воопшто не е вклучена во овој процес. Ќе може да излезе со став откако ќе има подетални сознанија, рече денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. -Не сме вклучени во овој процес. Не ги знаеме деталите од разговорите. Кога ќе имаме подетални сознанија за разговорите и договорот меѓу банките и Владата, тогаш ќе можеме да излеземе со наш став, рече ...
Од оваа сабота повторно ќе биде отворена Зоолошката градина на град Скопје. Зоолошката градина беше затворена за посетителите 21 ден поради случај на птичји грип. Беше извршено хумано убивање на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка. Вработените како и една тестирана посетителка која пројавила симптоми беа негативни на грипот. Зоолошката градина ќе биде отворена за посетителите од 09:00 до 16:00 часот секој ден, соопштија на официјалната ...
Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, оцените за растот се непроменети. Во периодот 2026 ‒ 2027 година се очекува натамошно забрзување на растот, согласно очекувањата за поповолен ...
Тоа што и натаму, според Изборниот законик, парите за политичко рекламирање им се делат на интернет-портали без никакви критериуми, е сериозен проблем, за што медиумскиот невладин сектор и СЕММ имаат реагирано, но засега без промени во оваа пракса. Мери Јордановска / Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во мај годинава, дури 40 немаат импресум, што значи ...
Денко Малески: Тоа е решението кое не и дозволува на Бугарија да не закочи во преговарачкиот процес, како што тоа го стори Грција. Евидентно е дека Бугарија попушти под притисок на Париз и Вашингтон а политичарите кои беа на власт во тоа време покажаа зрелост каква ретко се среќава на Балканот. За прифаќањето на „францускиот предлог“ од страна на бугарската влада и гласањето во парламентот од водечките партии требаше да се плати цена која ...
Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат, се работи на расчистување на теренот, информира за МИА командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески. Томески во изјавата за МИА посочува дека е интервенирано со 10 противпожарни возила и 30 пожарникари. Пожарот бил пријавен во 01:20 часот, а причините допрва ќе се утврдуваат. Скопските пожарникари утринава интервенирале на уште еден пожар во ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети. Во изјава за медиумите денеска таа посочи дека неправилности нема само на универзитети, туку и на институти и дека „комплетно е завршен процесот на затворање на два института“, но не откри за кои институти се работи. -Дозволете да ги ...
По завршувањето на денешниот Самит на Европската политичка заедница, доцна попладнево во Будимпешта ќе започне неформална средба на лидерите на ЕУ на која главна тема ќе биде дебатата за нов договор за конкурентност на Унијата. Самитот ќе започне со работна вечера на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, кои при тоа ќе разговараат и за трансатлантските односи, најновите случувања во Грузија, како и за неодамна усвоената израелска ...
Испадна дека е полесно човек да биде претседател на САД, одошто да биде кандидат. Тоа дополнително и ја влоши позицијата на Харис, бидејќи кај гласачите создаде впечаток оти Бајден не ја смета за дорасната за Претседател. Тони Дескоски Настрана од еуфоричните честитки за победата на Трамп и тажачките за поразот на Камала Харис, клучнната личност за исходот на овие претседателски избори во САД е сегашниот Претседател Бајден. Неговата сериозно ...
Подобро ќе биде СДСМ да си се консолидира полека, да пушти граѓаните да ги согледуваат нереалните и лажните ветувања на ВМРО- ДПМНЕ, да ги разобличува катадневно, да го следи она што е во јавноста и полека и темелно да се подготвува за редовни парламентарни, а првиот тест за СДСМ, ќе бидат, секако, локалните догодина. Никола Поповски Дискусијата и реториката за предвремени парламентарни избори изминативе денови се поактуелна како тема. Прво, ...
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп на претседателските избори освои 295 електорски гласови и ја победи кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, која освои 226. Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Северна Каролина, ...
Проблемот не е незадоволството на луѓето, туку фактот дека тие се насочуваат да бараат решенија во насока која закономерно и историски потврдено, ќе ги однесе во апокалиптично влошување и уништување на нивните статуси, а не до подобрување. Бранко Тричковски Било да е тоа пред непознатото на Природата или на Историјата, духот ја одржуваше вербата на човекот во поредокот преку неговата сфатливост! Која исчезна. Меѓу Пенсилванија и Мичиген, меѓу ...
Доналд Трамп не ја освои само Белата куќа. Во средата стана побогат за повеќе од една милијарда долари, пишува Си-ен-ен. Акциите на „Трамп медиа“, кои тргуваат под симболот „DJT“, пораснаа за 35% во претпазарното тргување, давајќи и неверојатна пазарна вредност од околу 9 милијарди долари. Трамп е доминантен акционер на конзервативната компанија за социјални медиуми која има скромни приходи и бележи загуби. Како што се намалуваа шансите за ...
Потпретседателката на САД и кандидатката за претседател на државата, Камала Харис, вечерва по европско, а попладнето по американско време и` се обрати на нацијата. Не е тоа што го посакуваме, не е тоа што сакавме да го добиеме нои не се откажуваме., порача Харис. Какви сме ние и какви сакаме да останеме, реторички запраша Харис во своето подолго обраќање. Ние сме луѓе со почит. Луѓе кои сакаме да живееме во слога со своите соседи кои и да се и ...
Кризата во владејачката германска коалиција драстично се влошува. Канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, соопшти вечерва во владиниот портпарол. Претходно, Линднер – ФДП, на состанокот на коалицискиот комитет, му предложи на Шолц – СПД, да се распишат нови избори за Бундестагот. Учесниците на состанокот наведуваат дека Линднер изјавил дека разговорите во коалицијата покажале дека нема доволно заеднички јазик во ...
Шефицата на претседателската кампања на Камала Харис изјави дека загубата е неверојатно болна. Во е-пошта до сите членови на кампањата, Џен О’Мали Дилон напиша: „Тешко е. Ќе треба долго време да се обработи ова. Но, работата за заштита на Америка од последиците од претседателството на Трамп започнува сега“. Знам дека потпретседателката не заврши со оваа борба и знам дека луѓето на кои им ја испраќам оваа е-пошта исто така ќе бидат лидери во оваа ...