Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Интервенциите на Владатакај акцизите и ДДВ за горивата ќе го чинат Буџетот околу 26 милиони евра, откри денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска елаборирајќи го пред пратениците дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година. Таа рече дека вкупните приходи се ревидираат повисоко за 1,2 отсто од иницијалните проекции, но дека даночните приходи се намалуваат за 0,4 проценти, што е резултат на ревидираните приходи од ...
Италијанскиот тренер Андреа Пирло коментираше за контроверзноста околу неговиот договор со руска обложувалница. Претходно, неколку италијански пратеници се изјаснија против назначувањето на Пирло за селектор на италијанската репрезентација поради неговата соработка со руска обложувалница. Според „Ла Газета дело Спорт“, договорот на Пирло со обложувалницата е поврзан со неговата работа во клубот од Премиер лигата на ОАЕ, Дубаи Јунајтед. ...
Потполковник Дејвид Анотел утрово за радио RTL изјави дека пожарот во Жиронда може да трае „неколку недели или месеци“ пред целосно да се изгаси, при што се очекува да бидат потребни засилувања од целата земја. Повторувајќи ги коментарите дадени во Шпанија, тој рече дека следните два до три дена нудат можност да се „искористат“ временските услови пред топлотниот бран повторно да ја отежни ситуацијата за управување. Тој рече дека биле ...
Цените на горивата одат забрзано нагоре. Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои на сила стапуваат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ...
Владата веднаш јавно да ги објави параметрите според кои одлучи да ја прогласи за технички исправна водата во Гостивар, бараат од опозициската партија СДСМ. Во соопштението од партијата се проблематизира тоа што Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а не здравствените институции, ја соопштил одлуката, и тоа без граѓаните да ги имаат резултатите од испитувањето на водата. Оттаму бараат Владата да го објави официјалниот документ со ...
Влегуваме во месец август, месец во кој започнува одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Бидејќи завршната манифестација е на 8 Септември, одлучивме прославата да започне токму на нашиот најголем историски празник – Илинден со еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите енергични и спектакуларни шоуа, STEVE AOKI! Затоа, влезот за настапот на Steve Aoki на 2 август – Илинден во Битола ...
Тимчо Муцински за лицемерие, тврдејќи дека денес зборува поинаку од тоа што зборувал пред да дојде неговата партија на власт. -Проблемот е што денес, како министер за надворешни работи, гордо ги кажува и се фали токму со оние работи кои тој и неговата партија со години ги прогласуваа за „велепредавство од СДСМ“ и врз нив градеа политички рејтинзи и кариери. Со години ги убедуваа граѓаните дека Преспанскиот договор, наводно, го избришал ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. „Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна ...
Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора апелира до институциите да обезбедат доследна примена на законите, еднакви услови за сите учесници на пазарот и заштита на интегритетот на системот за управување со отпадот од пакување. Само стабилна и предвидлива регулаторна средина може да обезбеди континуитет на инвестициите и исполнување на националните и европските цели во областа на рециклирањето и ...
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...
Попладнево во повеќе делови од Македонија се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи. Локално облачните процеси може да прераснат во краткотрајно невреме со ветер посилен од 60 километри на час, електрични празнења и изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 27 до 35 степени. Нестабилно време се очекува и во Скопје, каде во делови од котлината се ...
Индиските власти суспендираа полицаец кој пукал со автоматска пушка во воздух за да го растера студентскиот протест во источната држава Бихар за време на викендот. Ова е најновиот во низата протести на младите што веќе доведоа до оставка на федералниот министер за образование, јави Ројтерс. Полицијата се соочува со обвинувања за прекумерна сила за време на протестите. Тие се обвинети, меѓу другото, за тепање студенти со палки и употреба на ...
Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка. Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт ...
Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна. – По ...
Во текот на вчерашниот ден порасна бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар. Како што информира Министерството за здравство, во неделата евидентирани се 127 нови случаи. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар се прегледани се 91 нов пациент од кои 41 на инфективното одделение, 50 на педијатриското ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со ...
Бројките се намалуваат, но се многу големи: До вчера 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии, а само во неделата се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано. „Министерот за здравство, Сашо Клековски, самиот призна дека ‘црвените светла’ во Гостивар се запалиле со задоцнување“, рече денеска на прес-конференција Маја Борозан од СДСМ. „Тоа признание не ја ...
Кризата со водоснабдувањето во Гостивар го отвори прашањето што станува со реализацијата на проектот даден од Швајцарија токму за да се осигура безбедноста на водата во општината. Со соопштение реагираше и јавното претпријатие „Комуналец“ во кое порачаа дека 98 отсто од предвидените активности се завршени, но има делови од проектот што се уште не се оперативни и дека останува да се реализираат уште 600 метри од трасата за која се чека дозвола ...
Сан Вали -Глумците Ема Робертс и Коди Џон се венчаа во саботата во Сан Вали, Ајдахо. Церемонијата се одржа во присуство на блиски пријатели и семејство по четири години врска, објави Page Six. Тетката на Ема, актерката Џулија Робертс, исто така беше присутна. Според изворите, церемонијата траела околу 45 минути на прилично висока температура од 35 степени Целзиусови. Page Six објави пред церемонијата дека двојката ќе се венча овој викенд на ...
Пo краткото затишје по договорот меѓу САД и Иран, кризата во Ормускиот теснец повторно предизвика вртоглаво зголемување на цените на нафтата. Пловењето низ клучниот морски пат меѓу Иран и Оман останува исклучително ризично поради неодамнешните напади врз танкери за нафта од страна на Иран и јеменските бунтовници Хути. Иако САД тврдат дека преминот е отворен, се заканија со напади врз иранската инфраструктура ако инцидентите продолжат. Новите ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата во Гостивар. На оваа најава реагираше СДСМ. „Не министерот за здравство. Не министерот за животна средина. Не надлежните од Водовод. Туку министерот за полиција. Мицкоски вчера најави дека техничката вода во Гостивар од денеска е чиста. Знаеме дека Тошковски најави хиперхлорирање. Изгледа дека тоа е работа на полицијата. Не ...
Јужнокорејскиот суд во понеделник го осуди поранешниот претседател Јун Сук-јеол на 18 месеци затвор, условно на три години, откако го прогласи за виновен за кршење на изборниот закон со давање лажни изјави за време на неговата претседателска кампања во 2022 година. Пресудата, доколку биде потврдена по жалба, би можела да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од ...
САД и Иран повторно разменија напади во текот на изминатите неколку дена, иако минатиот месец го потпишаа Меморандумот од Исламабад со кој се формализираше процесот на завршување на војната и се воспостави 60-дневен период за преговори за конечните услови на договорот. Но, тоа беше вест само за минатиот месец. Потоа имаше толку многу разговори, фалење, напади и пресврти што конфликтот се чувствува како да започнал и завршил веќе неколку ...
Финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор, распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, како и наредбите и комуникацијата меѓу општината и ЈП „Комуналец“ се дел од документацијата ја побарало Основното јавно обвинителство во Гостивар во рамки на истрагата. Според неофицијални извори , дел од бараната документација сè уште се очекува, додека други документи веќе се доставени до обвинителството ...
До Левица беа доставени фотографии и пријава од загрижени жители на село Долни Балван, Општина Карбинци, кои алармираат дека од сточарска фарма со години се испуштаат течен животински измет и фекалии во канал што директно се влева во реката Брегалница. Граѓаните веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина, со кое бараат итен вонреден инспекциски надзор, земање мостри од водата и поведување соодветна постапка ...
Украина нападна неколку руски региони со беспилотни летала во текот на ноќта. Стратешки цели беа цел – трговското пристаниште во Ростов, складиштето на државните резерви на гориво во Удмуртската Република и пограничниот град Белгород, пишува Киев Пост. Цел на пристаништето и станбената зона Според анализата на снимки од локалните жители објавени од независниот медиум Астра, главната цел на нападот беше трговското пристаниште во Ростов. Во ...
Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен во саботата во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а ...
Патниците кои утрово се упатија кон Грција треба да сметаат на подолго задржување на граничните премини поради предупредувачкиот штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран). За време на протестот, патничките возила се пропуштаат во ...
Поради дефект на водоводна цевка Ф200 мм на улица 1 бб во село Крушопек (по мостот), денеска без вода ќе останат корисниците од селата Крушопек и Лака во општина Сарај. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на работните активности. Поради дефект на водоводна цевка Ф200 мм на улица 1 бб во село Крушопек (по мостот), денеска без вода ќе останат корисниците ...
Две лица загинаа, а петмина се повредени во вчерашниот вооружен инцидент што се случи на фестивал на храната во американскиот град Сиетл. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време, кон крајот на годишниот Фестивал на храна што привлекува стотици продавачи на храна и илјадници гости. Полицијата го истражува инцидентот и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Сè уште нема приведени лица. Помеѓу петтемина повредени е и едно ...