Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Елени заробени од ѕидови од пламен, гуштери не можат да избегаат од топлината, живеалишта претворени во пепел – дивите животни плаќаат висока цена во пожарите во Франција. Околу 42.000 хектари шума западно од Бордо изгореа од среда, а властите стравуваат дека топлотниот бран прогнозиран оваа недела би можел да ги разгори пламените јазици. Домови, обработливо земјиште и возила се изгорени во Жиронда, а дивите животни претрпеа „катастрофални ...
Министерството за внатрешни работи утрово информира за 59 санкции во акциска контрола на возачи на мотоцикли и електрични тротинети во Кочани и Виница, додека три лица биле лишени од слобода. – Вчера во периодот од 17 до 22 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и лесни ...
Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војна со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот. За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп не успеал јасно да ги објасни своите цели. Анкетата покажа дека 69 проценти од Американците, од кои четворица од 10 републиканци, веруваат дека Трамп „не ги објаснил целите на американското воено ...
Претставникот на Демократската партија во Конгресот на САД, Џејми Раскин, вчера објави започнување истрага против ФИФА поради сомневање за корупција и можна трговија со влијание помеѓу организацијата и администрацијата на Доналд Трамп. Раскин, врвниот демократ во Комитетот за правосудство, во неделата испрати писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Во него се наведува дека истрагата ќе се занимава со „континуираната кампања“ на ФИФА ...
Роберто Манчини и Антонио Конте во моментов се водечки кандидати за позицијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација, објави „Спорт Медиасет“. Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, е за враќање на Манчини, додека клубовите од Серија А вршат притисок врз него да го избере Конте. Двајцата се искусни тренери на националните тимови: Конте го водеше националниот тим од 2014 до 2016 година, додека Манчини ...
Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ќе имаат заеднички настап во мешани двојки ма УС опен, како најава на турнирот потврдија организаторите. Тие ќе бидат една од 16-те двојки. Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката. На овој турнир ќе има и нови правила, а организаторите сметаат дека мечевите ќе бидат пократки и динамични. Во воведните кола ќе се игра на два добиени сета, а сетот ќе се смета за освоен со четири гема, ...
Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски синоќа во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават. -Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, ...
Изложба „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)” вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од традиционалното црковно сликарство кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...
Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година вечер ќе биде претставен во Сули ан. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија, а Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен јазик ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Сливата е едно од најпопуларните сезонски овошја во нашиот регион. Освен што е неопходна во традиционалната кујна, ова вкусно коскесто овошје е познато и по своите бројни корисни својства што можат позитивно да влијаат на здравјето на организмот. Покрај богатиот вкус, сливата е вредна храна што може да биде одличен додаток на вашата секојдневна исхрана. Еве седум причини зошто ова овошје треба почесто да биде на вашата трпеза. Помага за ...
Емили Вилсон, англиски класицист чиј превод на Хомеровата „Одисеја“ од 2017 година беше цитиран од Кристофер Нолан во раниот публицитет за неговата исклучително успешна адаптација на епот, остро го критикуваше филмот, велејќи дека „нема ништо убедливо да каже“ и дека „нема психолошка, емоционална, политичка и етичка длабочина“. Во остар есеј за „Лондон ривју оф букс“, Вилсон пишува: „Се надевав дека афинитетот на Нолан кон овие хомеровски ...
Србија го доби својот прв „еднорог“. Компанијата Оминимо ја затвори инвестициската рунда Серија Б со учество на инвестициската филијала на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), достигнувајќи пазарна вредност од 1,6 милијарди долари. Оминимо развива осигурителни производи од нова генерација користејќи вештачка интелигенција, напредни математички модели и анализа на податоци за попрецизна проценка на ризикот, одредување на цените на ...
Многу сопственици на кучиња си го поставуваат истото прашање: Може ли моето куче да биде оставено само дома осум часа додека сум на работа? Одговорот зависи од возраста, личноста, здравјето на кучето и колку е навикнато да биде само. Кучињата не се животни создадени за долги периоди на осаменост. Тие се социјални суштества на кои им е потребен контакт со луѓе или други кучиња, па затоа предолгото одвојување од нивните сопственици може да ...
Полицијата во Хамбург планира засилени безбедносни мерки за настаните за Парадата на гордоста во северниот германски град овој викенд, по смртоносниот напад во Берлин. Портпаролот на полицијата денеска изјави дека силите го зголемуваат бројот на полицајци кои треба да бидат распоредени за главната парада во Хамбург в сабота, без да даде конкретни бројки. – Независно дали пред, за време или по парадата, ќе имаме силно присуство и ќе бидеме ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ја истакна поврзаноста помеѓу шумските пожари и климатската криза, наведувајќи дека климатската вонредна состојба одзема животи и дека не е доволно само да се справиме со нејзините последици, туку дека ефектите мора да се предвидат и земјата подобро да се подготви за заштита на животите на луѓето. Денес, Санчез ја заврши презентацијата на Мрежата на климатски засолништа, по што отпатува во градот Ла Вал ...
Полска официјално побара од САД во понеделник да го уапси и екстрадира поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, барајќи да се гони политичарот во бегство од националистичката партија Право и правда (ПиС) за наводна злоупотреба на моќ, пренасочување на јавни средства кон политички сојузници и шпионирање на противници. Зиобро, многу контроверзна фигура, протурка сеопфатни судски реформи што ѝ дадоа на тогашната влада широко влијание врз ...
Американската Комисија за нуклеарна регулатива (НРЦ) предлага укинување на основниот безбедносен принцип кој 50 години го регулираше зрачењето на кое се изложени луѓето во Соединетите Држави, а кој беше усвоен и ширум светот. Објектите како нуклеарни централи, болници или академски институции кои користат радиоактивни материјали мораат да обезбедат изложеноста на зрачење да се одржува „што е можно помала колку што е разумно“ – принцип познат ...
Две оперски куќи во бразилскиот Амазон, Театро да Паз во Белем и Театро Амазонас во Манаус, се додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Двете згради се изградени кон крајот на 19 век, на врвот на економскиот бум базиран на трговијата со гума, а одлуката ја донесе денес културната агенција на ОН, објави АП. УНЕСКО објасни дека театрите биле дизајнирани како „симболи на политички и урбани амбиции“. Театро да Паз, отворен во 1878 ...
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште. Според информациите од црногорската полиција, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец. По настанот се обидела да ја напушти Црна Гора, но била запрена на ...
Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули, па сите кои планираат оваа есен да застанат на стартната линија се повикуваат навреме да го обезбедат своето учество и да започнат со подготовките. Виз ...
Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои ...
Модната дизајнерка Стефанија Насеска ја претставува нејзината прва ресорт или ‘cruise’колекција со која го позиционира својот бренд на едно повиско ниво. Се работи за мала колекција која ја нарекла ‘Почетокотʼ затоа што е инспирирана од Пелагонија. „За колекцијата најмногу употребив природни материјали, како памук, рафија, лен, тоа се материјали кои го обележуваат летниот период. А боите кои се употребени се бои инспирирани од процесот на ...
Никој во Африка не умре поради тоа што администрацијата на Трамп го укина финансирањето на сомнителни невладини организации преку УСАИД, дециден е милијардерот Илон Маск, кој во новиот мандат на американскиот претседател првично го презеде управувањето со ДОЏ (DOGE – Одделот за владина ефикасност). Негова задача беше токму да ги укине или намали програмите на УСАИД првенствено во Африка, Источна Европа и Западен Балкан, под сомнение дека ...
Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот не е насочен кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп сподели плакат од филм со вештачка интелигенција во холивудски стил, на кој се гледа како тој се спасува Џорџ Вашингтон од опасност. Фотографијата, објавена на неговиот профил на Truth Social, е една од многуте во бранот содржина генерирана од вештачка интелигенција објавена неодамна. Фотографијата со вештачка интелигенција, дизајнирана да личи на плакат од филмски блокбастер, го прикажува Доналд Трамп ...
УНЕСКО денес одлучи да го отстрани историскиот центар на Виена од листата на загрозено светско наследство откако беа ревидирани плановите за контроверзен проект за облакодер, кој со години предизвикуваше загриженост, се вели во соопштението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Историскиот центар на Виена беше додаден на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО во 2017 година поради планирана висока зграда во центарот на ...