Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“. Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на состојбата и одржување на водоводниот систем. Во текот на чистењето, ...
Џани Инфантино (56) проговори за прв пат од завршувањето на Светското првенство во 2026 година, но наместо помирувачка забелешка, претседателот на ФИФА практично ги навреди сите што не го делат неговото мислење. Во долга објава на Инстаграм, Инфантино го прогласи турнирот во САД, Канада и Мексико за „голем успех што ја прослави човештвото“, а потоа без двоумење отвори оган врз новинарите, медиумите и критичарите кои во последните недели ...
Руските сили уништија повеќе од 80 бензински пумпи во Харковската област во Украина, каде што е целосно прекинат пристапот до гориво на патот меѓу Харков и Полтава, изјави денеска регионалниот официјален претставник на Харков, Олександер Скорик. Последната преостаната бензинска пумпа во Валки беше уништена вчера во руски воздушен напад, соопшти Скорик на социјалните мрежи. Повеќе од 200 бензински пумпи се уништени ширум Украина, вклучително ...
Украинските власти тврдат дека Украина нападнала дел од напреден руски систем за воздушна одбрана распореден во Крим, објави „Њусвик“. Украинската војска уништила руски ракетен одбранбен систем „С-400“ и радар на Крим, објави во понеделник украинската разузнавачка агенција ГУР. Лансерите се дел од копнен систем за воздушна одбрана кој испукува пресретнувачки ракети дизајнирани да се справат со дојдовна закана, како што се дронови, борбени ...
Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго од законски предвиденото во летниот период, а за претстојниот продолжен празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа. Ваквата одлука ја донесе Советот на последната седница, согласно која за викендите и одржувањето на јавни манифестации угостителските објекти наместо до 1, ќе работат до 2 часот по полноќ, додека на 1, 2 и 3 август работното време им е ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26 април истата година била ...
Руските сили ги уништија сите бензински пумпи по должината на патот помеѓу Полтава и Харков, а последната беше погодена во градот Валки на 26 јули, според регионалните власти. Во последните месеци, додека нападите со долг дострел на Украина предизвикаа криза со гориво низ Русија и окупираните територии на Украина со напади врз рафинерии, Русија тивко систематски ги таргетира бензинските пумпи. Зборувајќи на телевизија во живо, членот на ...
На овој ден е основана најмоќната муслиманска држава во историјата. Османлиската империја се појави по падот на византиската моќ во првата половина на 13. век. Многу локални владетели во Анадолија ја презеле власта, а Осман, водачот на мала муслиманска провинција, предводел војска и го означил почетокот на нова ера во Мала Азија. Малку е познато за раниот живот на човекот што ја основал Османлиската империја. Знаеме дека бил образован човек ...
Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка. – Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки се движат од 3,8 до 4,6 (на скалата од 1 до 5). ...
Цените на акциите денеска главно се зголемија, а цените на нафтата паднаа за речиси 7 проценти бидејќи САД и Иран се воздржаа од судири додека се разговара за можно продолжување на преговорите за привремен договор за прекин на огнот. Акциите на кинескиот производител на мемориски чипови CXMT скокнаа за дури 466 проценти на технолошката берза во Шангај. Тоа е највредната кинеска компанија со проценета пазарна капитализација од 3,3 илјади ...
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дополнителни детали за случајот во кој 24-годишник од Петровец е осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, а потоа ја влечел со автомобил. Според Обвинителството, на 25 јули попладнето, осомничениот во семејниот дом ја удрил мајка си со тупаница во лицето. Потоа ја повлекол за левата рака, влегол на возачкото седиште и силно ја затворил вратата, при што раката на жената останала ...
Кога просечната плата не ја достигнува минималната кошница, Предлог – ребалансот на Буџетот не може да се брани како доказ за стабилност, туку тој станува доказ дека економската политика не успева да го заштити достоинството на трудот, оцени денеска на собраниска седница пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во неговата дискусија по владиниот предлог за ребаланс на Буџетот за годинава. Тој беше еден од неколкуте пратеници на опозицијата за кои ...
Комисијата за европски прашања денеска имаше средба со Фернандо Сампедро Маркос, државен секретар за Европската унија на Шпанија на која Антонио Милошски побара шпанска помош за излез од европскиот ќор-сокак и решение кое ќе биде во корист и на Скопје и на Софија. Милошоски е претседател на Комисијата и потпретседател на Собранието и тој сега вели дека има моментум за проширувањето на Унијата, особено со отоврањето на преговарачките ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за Илинден ќе оди на конференција во Египет, наместо да се обрати на Мечкин Камен во Крушево, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од Собранието. Претседателот на Собранието приоритет ѝ даде на Конференцијата за борба против дискриминација кон исламот, наместо на 2 Август да се обрати во Крушево, но за „Слободен печат“ вели: „Нема никаква тенденција, таман работа“. Претседателот на Собранието негира ...
Македонска навигација во 2022 добила заем од 9 милиони евра, па зела кредит од Комерцијанла банка од 5 милиони евра; потоа добила грант од ЕБОР во 2023 од 406.000 евра како техничка помош. Согласно принципите на Еуроконтрол, провајдер на навигациски услуги не смее да позајмува средства собрани преку unit rate на јавни претпријатија или да ги троши за други цели, кои не спаѓаат во прифатливи трошоци. Но, барањата на македонската влада М-НАВ ...
Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите коишто го обликуваат човековиот живот. ...
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поведе истрага против двајца стоматолози, кои примиле мито од осомничена во случајот „Ботокс“. Едниот бил претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит, а другиот претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците. Уплатата била извршена на трансакциска сметка, но Обвинителството не објавува за колкава сума се работи. Доказите се преземени од мобилните телефони ...
Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...
Две жени и 55-годишно лице физички се пресметале во кафеана во скопски Аеродром. Инцидентот се случила вчера пред полноќ. – На 26.07.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(25) и Ф.М.(23), двете од село Кадино, скопско, од една страна и Г.М.(55) од Скопје, од друга страна, информираа од полицијата во дневниот ...
Двапати дневно, Љубов Мартиненко го напушта подземното породилно одделение каде што работи во Херсон и патува со амбулантно возило за да земе оброци од друга болница во „црвената зона“ на украинскиот град, близу до реката Днепар и руските сили од другата страна. На 4 јуни, непосредно пред пладне, возилото влезе во дворот на градската клиничка болница Лучански како и обично, но Мартиненко, која работи и како бабица, слушна чуден звук во ...
Вашингтон – Кети Пери јавно ја критикуваше Белата куќа за користењето на нејзината песна „Firework“ во видео кое прикажува воени напади. Контроверзното видео е објавено на официјалниот профил на Белата куќа на TikTok. Видеото прикажува снимки од експлозии придружени со текст од нејзината песна „Boom, boom, boom / Even brighter than the moon“. Описот на видеото гласи: „Иран е предупреден“. „Згрозена сум и лута“ Пејачката реагираше во сабота, ...
Црвниот крст на град Скопје денеска спроведува традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но, како што истакнаа од таму, исто така и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Александра Валкановска, стручен соработник во Црвниот крст на град Скопје, во изјава за МИА истакна дека особено е важна оваа ...
Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews. Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи ...
Инспектори од Управата за заштита на културното наследство утре ќе одат во Крушево да видат што се случува со Македониумот и какви решетки се поставуваат на галериите со витражи. Во изјава за порталот „Сдк“ директорката на Управата, Весела Честоева, вели дека нејзината институција не дала дозвола да се поставуват решетките. Честоева вели дека во 2025, Управата по предлог на Завод и Музеј Прилеп донела решение за прогласување на споменикот ...
Важно е да остане отворена европската перспектива за земјите од Западен Балкан, посочи австрискиот канцелар Кристиан Штокер по средбата во Салцбург со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна ја повтори поддршката на Грција за пристапниот процес на државите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина. Штокер посочи дека за него, „една важна тема е политиката на проширувањето“ и се осврна на напредокот на Црна Гора, ...
Германскиот мултинационален автопроизводител Бе-ем-ве (BMW) повлекува вкупно 744.234 возила ширум цел свет, поради дефект на стартерот што може да предизвика пожар. Повлекувањето опфаќа 42.300 автомобили во Германија, соопшти Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KБA). Ова е трето големо повлекување од ваков вид за краток временски период, но причината е поразлична од претходните. Овојпат причината е грешка во производството. ...
Граѓаните на Скопје ги очекуваат повисоки сметки за затоплување уште пред официјалниот почеток на следната грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги пресече новите цени за сите корисници на централно греење во главниот град, а коригираниот ценовник официјално стапува на сила од 1 август. Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија се ...
Прво протекување. Сега решетки. Привремена заштита или симбол на институционален неуспех? Што се случува со Македониумот во Крушево, не само архитектонско и историско богатство на надморска височина од 1.320 метри , туку и место за почитување на храброста и жртвите на македонскиот народ во борбата за слобода и непокор? Фотографиите со металните решетки на галериите со витражи и стакла на споменикот од прва категорија, како мерка поради ...
Градот Скопје ја известува јавноста дека, согласно Годишната програма за спроведување на мерки за дезинсекција, законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, продолжува со реализација на следната фаза од овогодишната дезинсекција против комарци. Во текот на изминатиот период беа спроведени повеќе третмани за сузбивање на ларвите и ...
Голем пожар избувнал вчера попладне во местото викано Заград кај Прилеп, при што биле зафатени сува трева, викенд-куќа и околу 25 декари земјиште засадено со лешници. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 јули во 16:16 часот во ОВР Прилеп. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, која успеала да го локализира пожарот. Во тек се активности за негово ...