Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Еве каква енергија носат ѕвездите за првиот ден од 2026 година. Овен Работа: Денот поминува во завршување на обврските и размислување за тоа што доаѓа. Нема потреба да се форсирате, бидејќи повеќето важни работи се веќе зад вас. Љубов: Поопуштената атмосфера ја олеснува комуникацијата и носи повеќе разбирање. Вечерта е погодна за блискост и спонтаност. Здравје: Ви треба пауза и кратко повлекување од вревата и метежот. Бик Работа: Вашите мисли ...
Ворен Бафет ги предаде уздите на Беркшир Хатавеј по шест децении на чело, во едно од најзначајните корпоративни наследства на една генерација. Потпретседателот на Беркшир, Грег Абел, 63, ја презеде функцијата извршен директор во четврток, оставајќи го скромниот штитеник на еден од најпаметните инвеститори во историјата да ја води компанијата во развој. 95-годишниот Бафет го трансформираше Беркшир од проблематична текстилна фабрика во Нова ...
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ги објавува резултатите од вториот рок на одлучување по Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2025 година. Со овој конкурс, Агенцијата за филм продолжува со поддршка на млади и перспективни автори, како и на нови режисерски и продукциски гласови, кои го развиваат својот авторски израз и придонесуваат кон ...
Брисел – Унгарија го изгуби правото на значителна помош од ЕУ поради прекршување на владеењето на правото, бидејќи реформите требаше да се спроведат до крајот на 2025 година, јави ДПА. Според Европската комисија, изгубените средства изнесуваат повеќе од една милијарда евра (1,17 милијарди долари). За да ги ослободи средствата, Унгарија ќе мораше да спроведе доволно реформи до крајот на 2025 година, вклучително и промена на законите за ...
На Нова Година, Кипар, една од најмалите членки на Унијата, го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ од Данска. Островска држава на чело на ЕУ Поделената островска држава во источниот Медитеран со население од нешто помалку од еден милион, која е членка на ЕУ од 2004 година, ќе го одржи претседателството со Советот на ЕУ по втор пат во првите шест месеци од оваа година, а Ирска ќе го преземе во втората половина од ...
Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) процени дека Украина не ја таргетирала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешниот напад со беспилотни летала, и покрај тврдењата што самиот Путин му ги упати на американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор. Оваа проценка, која директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, го информирал Трамп во среда, го поткопува наративот на Кремљ, пишува Си-Ен-Ен. За потсетување, ...
Искусни македонски планинарки и планинари и нивни гости планинари од Црна Гора и Германија, први на 1-ви јануари го освоија врвот Пелистер, висок 2.601 метар. Во изјава за МИА, планинарот Иванчо Тошевски, воедно директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“, истакна дека освојувањето на Пелистер го почнаа во рамки на манифестацијата „Први на 1-ви“, на една минута по полноќ. -Годинава на нашата петта по ред манифестација „Први на 1-ви“ учествуваа ...
Големи земјотреси го погодија фудбалскиот гигант во соседството. ФК Сараево, предводен од хрватскиот експерт Марио Цвитановиќ, е во тешка финансиска ситуација, а малезискиот инвеститор Винсент Тан сега официјално го напушти клубот. Мирвиќ го презема клубот Клубот потврди дека процесот на консолидација на управувачката структура е успешно завршен, со што формално е заклучена улогата на Винсент Тан. Во согласност со постигнатиот договор, Исмир ...
Демократот Зохран Мамдани, првиот муслимански избран градоначалник на Њујорк, денеска ја презема функцијата со четиригодишен мандат. Мандатот на противникот на американскиот претседател Доналд Трамп има значајна политичка и симболична вредност. Мамдани ќе положи заклетва кратко по полноќ по локално време во тесен круг луѓе, вклучувајќи ја и главната обвинителка на Њујорк Летиција Џејмс, заколната противничка на Трамп, коо го тужеше. За ...
Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13:00 до 15:00 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. Ова е овозможено ...
Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и -4 степени во Гевгелија. Според прогнозата на УХМР, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ...
Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција со нивните системи, како и дека се спроведуваат мерки кои ќе овозможат максимално да се ...
Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во ...
Времето на првиот ден од новата година ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени. Во петок времето ќе биде ...
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата. Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе обиколи дел од ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот кон ГП Ќафасан е сè уште во прекин во двата правца. Изменет е режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата ...
Неколку лица загинаа, а неколку други се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот Le Constellation, а причината сè уште не е позната, објавува Би-Би-Си. Во изјава за медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека во барот се славела Новата година. Швајцарската полиција ...
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, ја оцени како „скандалозна“ заканата на Израел од јануари да ја прекине работата на десетици хуманитарни организации во Газа и ги повика државите итно да побараат од Израел промена во неговата политика. Израелската одлука за „прекинување на дејноста на многу хуманитарни организации во Газа е скандалозна“, нагласи тој. – Таквите самоволни прекинувања дополнително ја влошуваат и без тоа ...
Скопје е желно за новогодишна забава на плоштад. Последниве години отсуствуваше таква организација на дочекот на Новата година. Прво заради ковид пандемијата, а потоа, затоа што Градот не успеваше навремено да се организира. Годинава, сепак, на минусни температури, само најхрабрите се појавија на градскиот плоштад „Македонија“ да ја дочекаат Новата 2026 година. Прославата ја збогатуваат повеќе македонски изведувачи кои пеат за оние кои ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“, истакна дека иницијативите на Народната банка за намалување на банкарските провизии веќе даваат конкретни резултати и дека граѓаните и компаниите постепено ги чувствуваат придобивките, додека за каматните стапки се очекува натамошен надолен тренд. Гувернерот посочи дека токму граѓаните најдиректно можат да ...
Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање. -На крајот од оваа ...
Македонскиот спорт и оваа година ги одбележа речиси стандардните резултати на меѓународен план, иако може да ги потенцираме резултатите и успесите кои ги постигнаа дел од екипите во екипните спортови. Тука пред се се однесува на ракометот. Ракометниот клуб Алкалоид успесите од 2024 година во ЕХФ Европскиот куп ги комплетираа со освојувањето на пехарот во ова европско натпреварување, иако нивниот ривал во финалето АЕК не се појави на теренот ...
Француската влада одлучи да ја забрани употребата на социјалните мрежи од страна на лица под 15 години и да ја забрани употребата на мобилни телефони во средните училишта од почетокот на учебната 2026 година. Нацрт-законот што содржи два члена, што „Монд“ ги имаше предвид, е завршен и треба да се разгледа на почетокот на 2026 година. Француската влада се надева дека законот ќе биде усвоен во првиот квартал за да ги заштити малолетниците на ...
Новогодишните празници претставуваат период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје до граѓаните по повод празниците. Во препораките на ИЈЗ се вели: Празничните прослави често се одвиваат во доцните вечерни и ноќни часови, а внесот на храна е зголемен, енергетски богат и често, нутритивно небалансиран. Иако овие ...
Младите најчесто претеруваат со алкохол за празници, докторите апелираат за внимателност. Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, потврди за МИА дека најчесто, млади се опијануваат и користат психоактивни супстанци пред и за време на новогодишната ноќ. Тој појасни дека околу 95 проценти акутни пијанства се случуваат за време викенди и празници, во неработни денови. – Најголеми се и интервенциите кај ...
После повеќе од 60 години аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран, објави на својот фејсбук профил Николоски. Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, ...
Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста. -Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите ...
Сите граѓани кои планираат новогодишната ноќ да ја поминат во Албанија или патуваат кон западниот сосед, треба итно да ја променат својата рута. Патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е во целосен прекин веќе повеќе од 24 часа. Причината е превртена цистерна која го попречила коловозот. Од СВР Охрид за МИА информираат дека иако екипите се на терен, поради „технички причини“ цистерната сè уште не е отстранета. За да не заглавите во ...
Сиднеј ја дочека 2026 година со традиционален огномет, одржан со засилено присуство на полицијата, неколку недели откако вооружени лица убија 15 лица за време на еврејски настан на плажата Бондај. Околу 40.000 пиротехнички ефекти беа употребени на простор со должина од околу седум километри. Во Сиднеј се одржа помен за жртвите од нападот во 23 часот по локално време, а Сиднејскиот пристанишен мост беше осветлен во бела боја, додека на ...