Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Делови од општина Центар и општина Ѓорче Петров денеска ќе останат одреден временски период без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа. Регионалниот центар за управување со кризи. повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека во периодот од 06 до 12 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Ленинова“ околу Холандската амбасада, дел од улицата „Коле Неделковски“ и дел од улицата „Киро Крстевски- Платник“ во ...
Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавна седница по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ...
Атлетико ја победи Барселона со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на Камп Ноу. Мадридскиот тим ја постигна победата со головите на Хулијан Алварез и Александар Сорлот. Дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, доби директен црвен картон поради прекршок врз Џулијано Симеоне во првото полувреме, а тимот на Диего Симеоне го искористи тоа со два гола. Едуардо Итуралде Гонзалез, експерт за судии за шпанските медиуми ...
Авиокомпанијата Wizz Air организира отворен ден за пилоти, со цел поддршка на растот и развојот на своите операции во Скопје. Отворениот ден ќе биде организиран во две области – за искусни пилоти, капетани, копилоти и кадети, како и посебен сегмент на Wizz Air Pilot Academy, наменет за идни пилоти кои се на почетокот од своето авијациско патување. Настанот, според организаторот, нуди можност на заинтересираните кандидати да се информираат за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени. Како што ...
Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на Христа Спасителот. Тогаш се испомешани чувствата на плач и радост – плач ...
Одиграни се два натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона – Атлетико Мадрид 0:2 (Алварез 45′, Сорлот 70′) ПСЖ – Ливерпул 2:0 (Дуе 11′, Кваратскелиа 65′) Барселона – Атлетико 0:2 Барселона започна офанзивно од самиот почеток. Во првите минути, Маркус Рашфорд се закани двапати, но голманот на Атлетико, Хуан Мусо, беше сигурен. Домаќините продолжија да притискаат, а во 17-тата минута нивниот гол беше поништен поради ...
Акциите пораснаа во средата откако претседателот Доналд Трамп ги суспендираше нападите врз Иран за две недели, паузирајќи го петнеделниот застој што го затвори клучниот воден пат за глобалните снабдувања со енергија. Индустрискиот просек Дау Џонс порасна за 1.325,46 поени, или 2,85%, на 47.909,92. Тоа беше најдобриот ден на референтниот индекс за речиси една година, кога Трамп првпат го олабави своето првично објавување на царините во април ...
Турција продава злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези, додека Кина ги зголемува своите резерви, што има големо влијание врз глобалниот пазар на скапоцени метали и движењата на цените. Турција продаде или позајми злато за околу 20 милијарди долари од почетокот на војната со Иран, во распродажба што придонесе за најголемиот месечен пад на цената на металот од 2008 година. Централната банка на Република Турција продаде 52 тони ...
Една од најголемите мистерии на модерната финансиска и технолошка историја е повторно во фокусот. Според истрагата на новинарот Џон Кериру од The New York Times, идентитетот на лицето зад псевдонимот Сатоши Накамото, создавачот на биткоинот, би можел да му припаѓа на британскиот компјутерски научник Адам Бек. Истрагата, која траела повеќе од година и пол, вклучувала речиси 600 потенцијални кандидати, а заклучокот на новинарот се базира на ...
Непознати инвеститори вложиле околу 950 милиони долари во облог за пад на цените на нафтата, само неколку часа пред САД и Иран да го објават привремениот прекин на огнот. Овој потег повторно ги отвори прашањата за тајмингот на големите трговски позиции на енергетските пазари и можното поседување инсајдерски информации, пишува Ројтерс, пренесува Индекс. Според податоците на ЛСЕГ (LSEG), во вторникот во 19:45 часот по Гринич биле продадени ...
Иран ќе бара од бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец да платат криптовалутен еквивалент од 1 долар за барел нафта на бродот за време на двонеделното примирје со САД, изјави клучна личност за „Фајненшел тајмс“. Хамид Хосеини, портпарол на иранското Здружение на извозници на нафта, гас и петрохемиски производи, кој соработува со иранската влада, изјави за „Фајненшел тајмс“ за барањето во средата. Тој рече дека тоа ќе чини 1 долар за ...
Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на домашен терен од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за пласман на Европското првенство. За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група во која се третопласирани пред вечерашниот дуел меѓу Белгија и Словенија. Во случај на победа на гостинската репрезентација, Македонија ќе ја чека разврската од последното коло ...
Сè поголем број на ученици во Македонија читаат, но не разбираат што прочитале. Истражувањата покажуваат загрижувачки резултати. Децата се потешко ги искажуваат своите мислења, не ги разбираат текстовите што ги читаат и имаат прблем да влезат во дискутисија за нив. ИСППИ спроведе анализа на 1.288 деца од четврто и осмо одделение. Децата одговарале на 6 прашања за два раскази од кој еден со позната и еден со непозната содржина. „Еве неколку ...
Британската компанија „Шел“ очекува значително зголемување на профитот од тргување со енергенси во првиот квартал од 2026 година, поттикнато од силните пазарни осцилации поради војната меѓу САД и Иран. Компанијата соопшти дека приходите од трговскиот сегмент, особено во хемискиот и нафтениот бизнис, ќе бидат „значително повисоки“ поради растот на цените и зголемената волатилност на пазарите, пренесува „Гардијан“. Се очекува особено ...
Десетмина доктори се добитници на повелбата „Трифун Пановски“, која вчера ја додели Македонското лекарско друштво на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Признанието „Трифун Пановски“ се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита. Годинава, Светскиот ден на здравјето се одбележа под мотото „Заедно за ...
Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, денеска упати ултимативно предупредување до Техеран дека САД се подготвени со сила да го одземат иранскиот збогатен ураниум доколку тој не биде доброволно предаден, нагласувајќи дека по 38 дена воени операции, иранската судбина сега е во рацете на Вашингтон. На заедничката прес-конференција со началникот на Генералштабот на американската армија, Ден Кејн, Хегсет потврди дека Ормуската Теснина е ...
Владите на Македонија и на САД објавија заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според неа, договорот вклучува купување течен природен гас од САД, ...
Кугларски клуб „Макпетрол“ испиша нова златна страница во својата историја. Скопската екипа освои двојна круна оваа сезона во домашните натпреварувања, односно шампионска титула во лигата, како и Купот на Македонија. Со овој успех, тимот 25 пат е првак на земјава и 14 пат се закитува со националниот куп, со што уште еднаш е потврдена доминацијата на сите фронтови. Титулата во лигата е освоена со перфектен учинок (12 победи во 12 натпревари), ...
Не само што е „трета економија во Европа#, туку Македонија единствена имала вистински мерки за смирување на кризата преку, а сите други во Европа прават импровизација. Вака премиерот Христијан Мицкоски ја пофали својата влада на денешните пратенички прашања во острата размена со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче ја обвини дека владата не реагирала навреме на растот на цените предизвикани од глобалните превирања, што довело до ...
На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет и ...
Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долариза истражување критични минерали во Македонија. Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратшка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во Македонија, која веќе е инсталирана тука и длабоко ...
Американскиот медиум „Аксиос“ дава детална анализа за трескавичните чекори што беа направени од понеделникот и вторникот за да се стигне до договор за примирје меѓу Доналд Трамп и лидерите на Иран. Во разговори со 11 официјални лица „Аксиос“ го објаснува чекор по чекор развојот на настаните. Новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, е еден од најдобро информираните за тоа што се случува во војната и на Блискиот Исток и според него и уште еден друг ...
Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026). При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојност на судството, како составен дел од уставно ...
Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 проценти на квартално – покажува индексот на цени на недвижности, што го објавува Народната банка врз основа на податоци што се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 ...
Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа. Со оваа инвестиција се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона. „Ја поврзуваме оваа зона со водоводната мрежа, носејќи конкретна промена за над 40 домаќинства. Ова е инвестиција што се ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека примирјето во Заливот резултирало со мало намалување на цените на нафтата на светските берзи, но оти е рано да се проектира што ќе се случува на берзите наредната недела. Во однос на зголемувањето на цените во маркетите, пак, посочи дека ќе носат мерки во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата, но оти нема да се толерира непазарно однесување на ланците на маркети. -Вчера се постигна времено ...
Првите бродови поминаа низ Ормускиот теснец по договореното прекин на огнот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Според официјалните информации, бродовите од Грција и Либерија беа првите што поминаа низ Ормускиот теснец по овој договор. Грчкиот носач на товарна стока NJ Earth го премина теснецот во 10:44 часот по средноевропско време, додека бродот Daytona Beach со либериско знаме помина порано во 8:59 часот по средноевропско време, ...
Европската унија де факто ги смени критериумите за членство, оцени денес поранешниот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици “, организирана во Скопје од претседателскиот кабинет и меѓународни организации. Според него од мировен ЕУ се обидува да стане безбедносен проект, аргументирајќи го тоа со актуелниот „моментум“ за проширувањето и фактот дека оддеднаш Украина и ...