Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави фотографии на кои се гледаат него и членовите на неговиот тим за национална безбедност од резиденцијата Мар-а-Лаго како ја следат американската воена операција во Венецуела, за време на која претседателот на таа земја, Николас Мадуро, беше уапсен заедно со неговата сопруга, Силија Флорес. Фотографиите, објавени на социјалната мрежа на Трамп Truth Social, го прикажуваат како седи на долга маса со ...
Сенегал вечерва го победи Судан со 3:1 во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Стад Ибн Батута“ во Тангер, Мароко. Папа Гуеје постигна два гола за Сенегал, а Ибрахим Мбаје додаде уште еден. Амир Абдалах го постигна единствениот гол за Судан. Сенегал стана првата репрезентација што се пласираше во четвртфиналето на турнирот. Противник на Судан во четвртфиналето ќе биде победникот од натпреварот ...
Зохран Мамдани, кој ја презеде функцијата градоначалник на Њујорк претходно оваа недела, го нарече американскиот напад врз Венецуела чин на војна и оцени дека тој го прекршил меѓународното и федералното право на Соединетите Американски Држави. „Едностраниот напад врз суверена држава е чин на војна и прекршување на федералното и меѓународното право. Ова отворено барање за промена на режимот не влијае само на оние што се во странство, туку ...
Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко и претставници на македонската Амбасада, денеска во Пустец, седиште на истоимената општина, беше одржан Саем на македонска традиционална кујна. – Настанот беше организиран од страна на македонскиот активист Панде Симонофски, со поддршка преку Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од дијаспората на Министерството за надворешни работи и надворешна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не се плашат од потенцијално испраќање копнени сили („чизми на земја“) во Венецуела, по извештаите за заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. – Не се плашиме од чизми на земја, рече Трамп на прес-конференцијата во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида. „И мораме да имаме, имавме чизми на земја синоќа, на многу високо ниво. Всушност, не се плашиме од тоа“. – Не ни ...
Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, говорејќи на државната телевизија на шпански јазик, ги повтори повиците за ослободување на Мадуро и неговата сопруга. Таа повика на смиреност и единство за одбрана на земјата во контекст на, како што рече, „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниту една нација. Родригез зборуваше од Каракас заедно со својот брат, претседателот на Националното ...
Иако Римското Царство е предмет на размислување на многу луѓе, ретко кој би помислил дека тоа имало негативно влијание врз когнитивниот развој на човекот. Од првите канализации и санитарни јазли, образованието, технологијата, здравствената заштита, виното и бројни други пронајдоци што го промениле човештвото и нè доближиле до современиот свет во кој живееме денес, Римјаните дале многу на светот, но очигледно за сè се плаќала цена. Тие се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум дека ја изгубила контролата врз својата земја. Во телефонско интервју за американскиот телевизиски канал Фокс њуз во врска со апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американската војска, Трамп рече дека нарко-картелите го водат Мексико, а не избраната влада. Според него, Шајнбаум се плаши од картелите и не е во можност да ...
Истрагата за ужасниот пожар во ноќниот клуб „Ле Констелашн“, кој одзеде најмалку 40 животи на новогодишната ноќ, доби нов мрачен пресврт. Фокусот на истражителите сега е на сопственикот на местото, 49-годишниот Жак Морети. Додека семејствата се збогуваат со жртвите, а 119 повредени лица се опоравуваат во болниците, се појавуваат детали за криминалното минато на Морети и, што е уште поважно, неговите градежни проекти „направи сам“ што го ...
Швајцарското обвинителство соопшти дека отворила кривична истрага за француските менаџери на барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, по пожарот на новогодишната ноќ кога загинаа најмалку 40 луѓе, јавува Ројтерс. Според соопштението на обвинителството на кантонот Вале , двајцата сопственици се осомничени за убиство од небрежност, телесни повреди од небрежност и палење од небрежност. Сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети ...
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави се подготвени да изведат втор, „многу поголем“ воен напад врз Венецуела, доколку тоа биде потребно, оценувајќи дека досегашната операција била „исклучително успешна“. Претседателот се осврна и на состојбата во венецуелскиот нафтен сектор, оценувајќи дека тој со години бил во колапс. Според него, големи американски компании ќе влезат во Венецуела, ќе ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска од Карбинци најави дека оваа година ќе се инвестира во три водоснабдителни системи, односно станува збор за проектите Страиште, Пепелиште и Лисиче. Инвестицијата е околу 80 милиони евра, а е наменета за 80.000 домаќинства. Во одговорот на новинарско прашање премиерот Мицкоски наведува дека станува збор за проект финансиран од германската КФ банка. Посочи и дека оваа инвестиција била ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи ја поздрави објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата. Муцунски упати пофалби и до американскиот државен секретар Марко Рубио за, како што наведе, неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро. „Одговорноста е важна. Стоиме со ...
Швеѓанецот Матијас Екстром (Форд) меѓу возачите на автомобили и младиот Шпанец Едгар Канет (КТМ) меѓу мотоциклистите победија во саботата на прологот на овогодинешното рели Дакар во Јанбу, Саудиска Арабија. Матијас Екстром и неговиот совозач Емил Бергквист го престигнаа вториот екипаж на Форд со Американецот Мич Гатри, трет беше Белгиецот Гијом де Мевиус (Мини). Двата екипа се осум секунди зад нив. Локалниот победник од минатата година Јазид ...
Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле. -Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот се ...
Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците од северна Грција, кои од 1 декември поставија блокада на Евзони, претпладнево одржаа протест низ градот Килкис (Кукуш) и стигнаа до ...
Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, е во Русија, објави Ројтерс. Порано денес, Родригез изјави дека венецуелските власти не знаат каде е Николас Мадуро и побара „доказ дека е жив“. Соопштението дојде откако беше потврдено дека Мадуро е уапсен во американска операција и однесен во Соединетите Држави за да му се суди по кривични обвиненија. Дали избегала претходно? Според Ројтерс, Родригез не била во Венецуела во времето на ...
Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат по катастрофалниот пожар во познатиот швајцарски зимски центар Кран Монтана, е пронајден мртов, пренесе Фокус. Потрагата по Ивановски започна веднаш по избувнувањето на пожарот во барот „Констелејшн“ (La Constellation), кога неговото семејство и пријателите упатија итен апел за каква било информација. Пожарот, кој ја потресе Швајцарија за време на новогодишната ноќ, однесе ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека пред соборувањето на режимот на Николас Мадуро и неговото апсење, Доналд Трамп понудил неколку можности за мирен излез, но дека венецуелскиот претседател ги отфрлил. Венс рече дека Трамп „му понудил повеќе опции за излез“ на Мадуро пред американските сили да извршат операција во саботата во која венецуелскиот претседател беше уапсен и префрлен во американски притвор. „Претседателот понуди ...
Нафтените бунари и рафинериите во Венецуела работат нормално и не беа оштетени во нападите на САД, објавија два извори запознаени со работењето на државната енергетска компанија PDVSA. Штета во големо пристаниште Пристаништето Ла Гваира во близина на Каракас, едно од најголемите во земјата, но не се користи за извоз на нафта, претрпе голема штета, велат изворите. Во декември 2025 година, Трамп воведе блокада на танкерите што влегуваат и ...
По квалификацијата на граѓаните на Македонија како „талог на општеството“ актуелниот премиер Мицкоски, во новогодишно интервју ја продолжува својата кампања на поделба на народот, нарекувајќи ги сите неистомисленици „медиокритети“, коментираат од опозициската СДСМ. Од оваа партија сметаат дека, овој начин на обраќање кон граѓаните е преземен од моделот на Вучиќ и СНС во Србија кој доведе до целосна поделба и омраза во општеството. Целта беше ...
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. -Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе бидат позитивни, информира УХМР. Под влијание на ...
По соборувањето на режимот на Николас Мадуро и американската воена операција во Венецуела, повторно се актуелизираат претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој отворено зборуваше за венецуелската нафта и интересот на САД за неа. Овие изјави сега добиваат ново значење. Трамп 2023: Венецуела беше подготвена да се распадне, ние ќе ја добиеме целата таа нафта Уште во 2023 година, Трамп јавно зборуваше за тоа како САД ...
Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Од ПС за ВПС – Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една ...
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци. Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“. – Соединетите Американски Држави успешно ...
Две градинки отворени во два дена, според премиерот Христијан Мицкоски, се јасен показател дека Владата води просемејна политика. За утре најави отворање градинка во Сопиште. Денеска Мицкоски присуствуваше на отворање градинка во селото Таринци, Општина Карбинци, во која ќе можат да се сместат дополнително 50 дечиња. „Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест, повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да правиме и ...
Десет распродадени празнични концерти под куполата на Ал Васл Плаза ја потврдија моќта на музиката како универзален празничен јазик. Под магичната купола на Ал Васл Плаза во Експо Сити Дубаи, на 20 декември 2024 година, се одржа спектакуларното новогодишно празнично шоу „Carols by Candlelight“, еден од најочекуваните празнични културни настани во официјалната програма на Експо Сити. Концертите започнуваа во 18:30 часот, а во рамки на проектот ...
Швајцарската полиција ги идентификуваше првите четири жртви од катастрофалниот пожар што избувна во бар во познатиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ. Во трагедијата, 40 лица ги загубија животите, а уште 119 беа повредени. Станува збор за две Швајцарки на возраст од 21 и 16 години и двајца Швајцарци на возраст од 18 и 16 години, а нивните тела се предадени на нивните семејства, пишува Би-би-си. Болната идентификација ...
Поради вдишување чад, Д.А. (65) и нејзината ќерка С.Д. (39) биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Две жени од Штип се повредени по пожар што избувнал на оџак во стан на улицата „9 Мај“, при што се задушиле од чад и биле пренесени на лекување во Скопје. Пожарот настанал рано изутрина, околу 6 часот, во стан сопственост на С.А. (41), а поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра С.Д. (39) ...
Европската унија повикува на воздржаност и на почитување на принципите на меѓународното право и на Повелбата на ОН во Венецуела, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс. – ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела. Под сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН мора да се почитуваат, наведе Калас во објавата. Апелирајќи на воздржаност, ...