Климатските промени брзо ги затвораат скијачките центри во Европа. Има сè помалку снег и помалку гости, а сè повеќе угостителски објекти трајно ги затвораат своите врати. Во францускиот зимски центар Сеиз, работниците си одеа дома на крајот од сезоната, очекувајќи да се вратат следната зима. Сепак, тие никогаш не се вратија. Денес, по 85 години работење, Сеиз е еден од не помалку од 186 француски скијачки центри кои се трајно затворени. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изрази сочувство до семејствата на жртвите од несреќата во бар во ски-центарот Кран-Монтана во Швајцарија и изрази солидарност со повредените, меѓу кои и двајца француски државјани. „Длабоки емоции по пожарот во Кран-Монтана. Моите мисли се со ожалостените семејства и повредените. На Швајцарија, нејзиниот народ и нејзините власти, им ја изразувам целосната солидарност на Франција и нашата братска ...

Во време кога зборот „херој“ често се користи лесно, има луѓе кои го заслужуваат без никаква дилема. Еден од нив е Иле Гоцевски, долгогодишен возач на Итната медицинска помош од Кочани, човек кој својот живот го посвети на спасување туѓи животи – тивко, без камера, без аплаузи. Смрт од тага или Синдром на скршено срце – вака се опишуваше смртта на Иле Гоцевски, возачот на возило на итната медицинска помош во Кочани, кој по 20-часовната смена ...

Новата 2026 година во неколку градови низ Македонија започна со убави вести – раѓање на првите новороденчиња, симбол на нов почеток и надеж. Во Клиничката болница во Штип, првото бебе родено во новата година е женско. Малата Петра, тешка 3.550 грама и долга 50 сантиметри, се родила точно на полноќ и е прва рожба на 40-годишната Марија Јанкова-Петрова од Штип. Мајката изјави дека се чувствува добро и упати пофалби за целиот медицински ...

Сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Рози Мицкоска, денеска ги посети мајките родилки во ГАК и Гинекологија Чаир. Таа ги даруваше првороденчињата кои се родија неколку минути по полноќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во посетата на новороденчињата таа беше заедно со градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за здравство Азир Алиу, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а во Чаир и ...

Виена – Валцер мајсторите го поканија рускиот диригент Туган Сокиев да го води новогодишниот концерт во 2027 година. 48-годишниот Сокиев поднесе оставка од функцијата музички директор на Бољшој кога Путин нареди инвазија на Украина во 2022 година. Тој, исто така, поднесе оставка од функцијата музички директор на Националниот оркестар на Капитол во Тулуз откако беше притиснат од француските медиуми да даде изјава за Русија. Минатиот јуни тој ...

Безбеден град придонесува за безбедноста во сообраќајот во главниот град, иако уште не пуштен во функција, односно не се казнуваат возачите за сторените прекршоци. „Декември е месец кога може да се сумираат резултатите и да се направи една анализа за тоа што значеше имплементацијата на проектот „Сејф Сити“. Ако се спореди декември месец 2025, со декември 2024 година ќе дојдеме до еден многу значаен параметар, кој нас не прави задоволни и ...

Шерон Стоун има многу за што да биде благодарна во оваа празнична сезона. Добитничката на наградата „Прајмтајм Еми“ наскоро ќе има ќерка во своето семејство, поточно снаа. Нејзиниот најстар син Роан се жени. Роан е едно од трите деца што Шерон ги посвои овој век, полни 25 години во мај. Неговите посвоени родители, Шерон Стоун и Фил Бронштајн, се разведоа во 2004 година. Лерд се придружи на семејството Стоун следната година, а Квин се роди во ...

Петстотини најбогати луѓе во светот станаа побогати за рекордни 2,2 билиони долари (2,2 илјади милијарди) во 2025 година, со што нивниот вкупен имот достигна неверојатни 11,9 билиони долари. Податоците доаѓаат од индексот на милијардери на Блумберг, а главните двигатели на растот се изборната победа на Доналд Трамп во 2024 година и силниот раст на пазарите на криптовалути, акции и метали, пишува Гардијан. Интересно е што околу една четвртина ...

Полскиот малопродажен пазар е во превирања по медиумските извештаи дека познатиот малопродажен синџир „Карфур“ има намера да ги продаде своите продавници во земјата. Неодамна, полското Министерство за земјоделство му препорача на министерот за државен имот да ѝ дозволи на националната група за храна „КГС“ да ги преземе операциите на францускиот трговец на мало „Карфур“ во земјата. Групацијата е создадена во 2002 година со спојување на разни ...

Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје. Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во март ќе има линеарно зголемување на пензиите. Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. – Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така што продолжуваме со таа политика. Последните статистички ...

Во првите минути од 2026 година, во Чаир се родија две девојчиња. Почеток што донесе живот и радост. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, денеска ја посети мајката и бебињата. „За ова посебно пристигнување, на мајката и ќерките им беа подарени злато и цвеќиња. Злато, како желба за вредност и среќа на секој чекор од животот. Цвеќиња, како желба за пат исполнет со нежност, боја и љубов. Овие подароци се мал поздрав, но со големо значење, за ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува земјава годинава да продолжи да се развива, да го продолжи реформскиот процес во повеќе области за да се избегнат системските слабости, да се работи на владеењето на правото, но и на вложувањето во образованието, науката и културата, во кои како што вели можеме да бидеме поголеми од најголемите. Посакува Македонија конечно да направи исчекор, кон, како што истакнува нашата природна ...

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што биле употребени остри предмети. Полициски службеници веднаш ...

Ема и Албане, две млади Французинки кои успеаја да избегаат од барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, го опишаа хаосот и стампедото што следеше по смртоносниот пожар на новогодишната ноќ. Според првичните извештаи, десетици луѓе загинаа во пожарот, пренесува BFMTV. „Беше тотален хаос, сите врескаа“, рекоа сведоците. Главниот обвинител на кантонот Вале рече дека најверојатната причина е несреќа и ја исклучи можноста ...

За околу 20 отсто е намален бројот на сообраќајни несреќи на територија на СВР Скопје во декември 2025 споредено со декември 2024 година, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во истите периоди има и помалку повредени и смртни случаи во сообраќајки. Како што рече, околу 35 проценти има помалку повредени лица на подрачје на СВР Скопје отколку во декември 2024 и нема жртва во сообраќајка наспроти пет загинати во 2024. Им се ...

Виена– Патот на Јаник Незет-Сеген до новогодишниот концерт на Виенската филхармонија за 2026 започна кога го замени забранетиот руски диригент во Карнеги Хол во Њујорк во 2022 година со помош на пијанист кој патуваше трансатлантски по цела ноќ во бар во хотел во Берлин. Само четири дена пред Валери Гергиев да го води познатиот австриски оркестар на турнеја во Карнеги, Незет-Сеген влегуваше во салата за да го води својот Филаделфиски оркестар ...

Двајца возачи од Велес и Тетово кои возеле под дејство на алкохол се приведени, а приведен е и возач од Кочани кој возел во спротивна насока на кружен тек. Во Велес во 04:55 часот приведен е З.Ј.(29) кој на улицата „Димитар Влахов“ со возило „сеат“ удрил во метална канделабра. Тој имал 1,66 промили алкохол во крвта. Во Тетово во 00:54 часот приведен е 19-годишниот А.З. од селото Порој, кој на улицата „Иво Рибар Лола“ со патничко возило ...

Виена– Австријците се меѓу најголемите песимисти во светот, покажа социолошко истражување спроведено од институтот „Галуп Интернационал“ на крајот на годината. Меѓу 60-те истражени земји, попесимисти за иднината од Австријците се само луѓето во Бугарија и во Босна и Херцеговина. Институтот анкетирал околу 1.000 лица во секоја земја. На прашањето дали 2026 година ќе биде подобра, полоша или иста како 2025 година, 15 проценти од анкетираните во ...

Бурна новогодишна ноќ имале лекарите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Примени се пациенти од сообраќајни незгоди, пациенти со повреди здобиени од пад од висина, повредени од пиротехника, пациенти во алкохолизирана состојба, како и едно двегодишно дете со повреда во главата од огнено оружје. Дежурните екипи денеска оценија дека бројот на повредени за време на новогодишната ноќ е значително зголемен во споредба со претходните ...

Pantone ја именуваше својата најсветла боја на годината досега:„воздушесто, избалансирано бело“ ‘Cloud Dancer’ (11-4201), неутрална боја со наратив кој се однесува на бришење на неисправноста. Белата ниј анса беше избрана како противтежа на хипер-поврзаниот современ живот, зен-антидот што повикува на единствен фокус. ‘Cloud Dancer’е поврзана со нови почетоци; таа ја означува нашата желба за нов почеток“, вели Леатрис Ајземан, извршен ...

Првото новороденче во Битола е женско и ние како родители одлучивме да се вика Бистра, истакна мајката Елена Бојковска, прворотка од Битола. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски претпладнево беше посета на Клиничката болница-Битола каде рече дека убав е поводот како и секоја година, првиот ден од годината да ја дочекаме заедно и да ја прославиме со оние кои не израдуваа. „Битола доби два нови жители, две малечки души, две бебиња. Првото ...

Њујорк – Бахреин, Колумбија, Демократска Република Конго, Либерија и Летонија се нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН со двегодишен мандат. Новите непостојани членки на Советот за безбедност на ОН денеска им се приклучуваат на Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија, кои се непостојани членки на Советот за безбедност на ОН од 1 јануари минатата година. Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани со ...

Нова директива на Европската Унија носи значајни промени во системот за возачки дозволи. Клучните вести вклучуваат воведување дигитални возачки дозволи, нови периоди на важење и построги правила за млади возачи, како и можност за почести лекарски прегледи за лицата над 65 години. Земјите-членки, имаат рок од четири години постепено да воведува нови мерки, пишува N1 Info. Дигиталната возачка дозвола станува стандардна Една од најважните вести ...

Огромна трагедија го погоди швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога пожар во популарен бар уби околу 40 лица, а околу стотина беа повредени. Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 13:30 часот вечерва, а се сомнева дека е предизвикан од пиротехнички средства. „Сè беше запалено од пиротехнички средства на шишиња“ Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, рече дека пиротехнички средства поставени на шишиња ...

Точно на полноќ, во моментот кога настапи Новата 2026 година, Скопје ја доби најубавата вест. Првото новороденче во главниот град е девојче по име Евгенија Камчева. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку емотивна објава упати искрени честитки до мајката Емилија и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост. „Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Добредојде, ...

Маркетите „Веро“, „Тинекс“ и „КАМ“ денеска се целосно затворени за посетители. Делумно ќе работат маркетите „Рамстор“, и тоа само оние лоцирани во рамки на трговските центри, со скратено работно време од 12 до 20 часот. Од трговските центри, „Сити мол“ денеска е затворен, со исклучок на маркетот кој работи во скратен термин од 12 до 20 часот. „Дајмонд мол“ и „Ист Гејт мол“ денеска не работат и остануваат целосно затворени за посетители. За ...

Првото изгрејсонце во 2026 година на врвот Пелистер (2.601 м.н.в.) донесе повеќе од магични бои и свеж почеток. Искачувањето „Први на Први“ оваа година беше посебно, бидејќи на највисоката точка на планината Баба се случи романтичен момент кој сигурно ќе остане запаметен. Екстремни услови – љубов без граници Температурите достигнуваа -28°C, а силниот ветар дуваше со брзина од околу 50 km/h. Но тоа не беше пречка за планинарот Дарио Петровски, ...

Неколку десетици лица се убиени, а околу сто се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, јавува Би-би-си. Во соопштение до медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека барот ја славел Новата година. Во објектот собирало ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
10.29
66%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
91%
999
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.69
74%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.78
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
4.92
80%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
97%
1005
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
58%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72

Сребро

2733.78