
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Руската армија употребила касетни бомби речиси 6.000 пати во Украина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Украина. Министерството во соопштението ја повикува меѓународната заедница да обрне внимание на „масовната, намерна, целна и систематска“ употреба на руска касетна муниција, пренесува Укринформ. – Украинските надлежни органи веќе забележаа најмалку 5.974 факти за употреба на таква муниција од страна на Русија. Руските ...
Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби. Николоски ги оцени настапите на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на отворањето на Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од четврток до недела ќе се одржи во Скопје. Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух. ...
Цените на нафтата се искачија над 68 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од знаците за силна побарувачка во САД. Во Лондон цената на барелот беше за 52 центи повисока попладнето на 68,20 долари за барел отколку на затворањето на тргувањето вчера. На американскиот пазас со барелот се тргуваше за 67 центи повисока на 65,59 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска попладнево од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање најави нов Закон за Државниот просветен инспекторат. Одговарајќи на пратеничко прашање рече дека во оваа институција се направени злоупотреби и дека за тоа ќе информира кога ќе се изјаснат истражните органи. – Следи нов закон за Државниот просветен инспекторат, во кој ќе има и контрола над ДПИ. Сега, за нивна жал, јас сум ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот. -Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да ...
Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на две различни места. Донесовме одлука отсега да не внесуваат описни оценки во главната книга, со оглед дека еднаш тие податоци се наведени во електронскиот дневник и одлуката е поздравена од 24 илјади наставници, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко ...
Килијан Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање, според соопштението од обвинителството во Париз, цитирано од весникот „Екип“. Мбапе поднел жалба против клубот на 16 мај за психолошка траума и обид да го принудат да потпише договор во летото 2023 година, како и за неговата изолација од тимот. Покрај судскиот случај, Килијан Мбапе продолжува да има финансиски спорови со ПСЖ, откако клубот не му ја исплати последната сума според ...
Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и да се справува автономно и координирано со непосредните и идните предизвици и закани, се наведува во делот од заклучоците од денешниот Самит на ЕУ посветен на европската одбрана и безбедност. – Агресивната војна на Русија против Украина и нејзините последици врз европската и глобалната безбедност во променлив амбиент, претставуваат ...
Шумски пожар избувна денес во близина на крајбрежното одморалиште Палеа Фокеа, 50 километри источно од Атина, а Службата за цивилна заштита издаде неколку наредби за евакуација. Пожарот избувна во градот во 12:30 часот, објавува грчкиот весник „Катимерини“. Greek firefighters battle blaze in Palaia Fokaia as heat and high winds drive flames into homes Hundreds evacuate coastal villages near Athens as a fast-moving wildfire scorches homes in ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја внесе Македонија во ЕУ со македонски идентитет и јазик, а не како „модерни“ Македонци, затоа што се виде дека суштината на Бугарија не е Бугари во Устав, туку да создаде нов „модерен“ македонски идентитет и јазик, нешто на што ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше кога се прифаќаше Францускиот предлог. Премиерот ...
Одлуката на Уставниот суд го потврдува она што ние во ВЛЕН го кажуваме долго време: последниот попис на населението, предводен од тогашната влада на ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора, велат од ВЛЕН. -Претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна координација со политичките структури на ДУИ, ги создаде категориите “резидентно население“ и “нерезидентно население“, третирајќи ги нашите ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во четвртокот во врска со најавениот антивладин протест во Белград, што го свика протестното студентско движење на 28 јуни, дека „државата ќе интервенира само ако биде принудена“ и „ќе направи сѐ што може за да се осигури дека никој не е повреден“. По повод протестот, Вучиќ денес изјави дека „и 28 јуни ќе помине“ и дека „државата ќе победи“. „Ако треба, секако дека ќе интервенираме, но се надевам дека ...
Актуелното раководство на ЕСМ секојдневно се бори да ја санира штетата и хаосот што го предизвика СДСМ со своето неодговорно „менаџирање“ во Компанијата. СДСМ се уништувачите на македонскиот енергетски систем. Нивните кадри на одговорните менаџерски позиции, оставија катастрофална пустош во АД ЕСМ после 7 години безмилосно несовесното работење и злоупотре на службената положба и овластувањата. И за тоа ќе одговараат виновниците од СДСМ, велат од ...
Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП ...
Додека Скопје се дави во смет, метрополата е претворена во депонија, ужасни глетки во сите општини низ Скопје со ѓубре, претпријатието кое го плаќаме сите ние ЈП Комунална Хигиена се дави во долгови од недомаќинско работење односно работење под диригентската палка на Данела Арсовска и нејзиниот кадар од ДУИ – САРАЈ – Сабахатин Рустеми, вели Стефан Кирков, советник во Град Скопје. Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус Како советник во ...
Германските потрошувачи повторно покажуваат зголемена тенденција кон штедење, покажа месечното истражување на институтите GfK и NIM, што сигнализира запирање на закрепнувањето на потрошувачката. Индексот што го мери расположението на германските потрошувачи при крајот на јуни падна за 0,3 индексни поени, на минус 20,3 поени, објавија GfK и NIM. Анкетата покажа зголемена тенденција на граѓаните кон штедење, што го запре закрепнувањето на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси. Во однос на изградбата на интерконекторот ...
Врховниот ирански водач ајатолахот Сајед Али Хамнеи порача дека САД „не добија ништо“ од нападите врз нуклеарните постројки на Иран за време на викендот, во првото видео објавено во четвртокот во кое се појавува откако во вторник стапи на сила примирјето со Израел. Хамнеи, исто така, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп го „преувеличил“ влијанието на американските напади извршени во поддршка на неговиот израелски сојузник, тврдејќи ...
Не е коректно за едно ново законско и суштинско решение да се кажува и прејудицира дека нема да има своја употреба. Законот е готов и откако ќе се добие сублимат и став од Венецијанската комисија ќе се најде пред пратениците, рече денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација во одговор на прашање од пратеникот Елми Азири за предлог законот за правична застапеност. Азири кој е дел од коалицијата Европски фронт од говорницата во ...
Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема и ако се сеќавате мојот прв теренски настан и изјава беше токму од Клиничката болница во Штип, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање. Премиерот Мицкоски рече дека состојбата во здравството која ја затекнала била хаотична. „Она што го затекнавме во здравството навистина беше една алармантна состојба. Состојба во која што владеело ...
Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во првата година од мандатот. Според Трипуновски, има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство има прогрес во квантитетот и откупната цена. ...
Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за енергетика за само една година направи резултати кои се видливи – граѓаните добиваат стабилен, модерен и независен енергетски систем. СДС денес повторно ја користи старата тактика на ширење дезинформации, обиди за дестабилизација и популистичко манипулирање со стравовите на граѓаните. Најновиот напад врз енергетиката е уште еден обид да се прикријат нивните години на неработа и хаос во ...
Севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун оваа седмица посетил огромен комплекс на воден парк со бројни базени и тобогани, во придружба на неговата сопруга и ќерка, објавија државните медиуми во четврток. Во вторникот Ким присуствувал на отворањето на крајбрежната туристичка зона Вонсан-Калма, која според најавите ќе биде отворена за јавноста на 1 јули. Вонсан-Калма има сместувачки капацитет за речиси 20.000 гости. Севернокорејските државни ...
Уставниот суд укина делови од Методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население бидејќи оцени дека не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок, владеењето на правото, како и дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што немал законско ...
Иранскиот врховен водач, ајатолахот Сајед Али Хамнеи, не е виден јавниста ниту испрати порака речиси една седмица, изненадувајќи ги и вознемирувајќи ги сите, од политичките инсајдери до јавноста, објави американскиот весник The New York Times во средата. Додека Иранците гледаа државна телевизија, нејзиниот водител вопостави прашање кое им беше на ум на многу луѓе во земјата, од политичката елита до оние на улиците. „Луѓето се многу загрижени за ...
Министерството за надворешни работи информира дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин. -Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопштуваат од МНР. Во бессознание бил извлечен од морето ...
Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС). На прес-конференција за отчет за работата во изминатата година, Дурмиши посочи дека кошницата ќе ...
Министерот за економија Бесар Дурмиши најави 4 нови инвестиции во индустриската зона во Тетово, но не ги откри имињата на компаниите кои ќе градат. -За сите се водат постапки пред институциите пред да почнат да е градат. Само една од нив ќе вработи до 600 луѓе, втората до 250 и така натаму. Но , ќе нформираме кога постапките за почеток на градба ќе бидат завршени – рече Дурмиши. Тој информира дека лани само компанијата „Кил“ во својата ...
Китовите убијци се познати по својата исклучителна интелигенција, како што даваат дополнителни докази најновите истражувања кои документираат како овие морски цицачи ги користат стебленцата од кафените алги како помагала за меѓусебно „дотерување и чешање и телата“. Студијата ја спроведоа научници од Универзитетот во Ексетер во Англија, а резултатите беа објавени оваа седмица во списанието Current Biology. Студијата користела дронови за следење и ...