
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Москва и Киев во моментов работат на целосно спроведување на хуманитарниот дел од нивните претходни договори и затоа во моментов не се водат преговори за нивните соодветни мировни мапи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Зборувајќи на редовниот брифинг за медиумите во среда, Песков истакна дека точниот датум на следната рунда разговори со Киев ќе биде одлучен откако ќе бидат исполнети сите претходни ветувања, осврнувајќи се на размена ...
Вчера, Собранието на Република Македонија го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. „Со оваа законска интервенција, правиме важен и конкретен чекор напред во спроведувањето на економски реформи кои носат реални резултати. Создаваме економија што работи – и тоа не теоретски, туку практично – економија што работи ...
Седум години гласот на народот беше пригушен. Седум години тишината стануваше правило, а неправдата навика. Не почнавме од нула, почнавме од минус. И пак, решивме: ќе почнеме. Ги поставивме темелите на една поинаква Македонија. Ги градиме темелите на промените, напиша денеска премиерот Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница. Како што посочува Мицкоски, ова е година на враќање на достоинството, на правдата, на грижата. -Не почнавме од ...
24 јуни – Денот на балканските Египќани е потсетник дека припадниците на етничката заедница Египќани се живи, тие се реалност во Македонија и клучен дел од мозаикот наречен, мултиетничка Македонија, онаква како што егзистира во политичка, но и во суштествена смисла. Египќаните се исто така нераскинлив дел и на една унитарна и мултиетничка Македонија, која има вложено свој огромен труд во оддржување на мултиетницизмот и влог во унитарниот ...
Денеска во посета на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје беа премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерот за здравство Азир Алиу. -Изразувам благодарност бидејќи се грижат за овој објект, бидејќи во овој објект се грижат за здравјетео на најмладите, изјави Мицкоски. На новинарско прашање што ќе донесе британскиот договор за македонското здравство, ...
Некогаш треба работите за малку пари да ги движиме, за да изгледаат добро. А некогаш не се ни потребни пари за да земете и го изметете дворот и да ја подобрите хигиената, тоа и не чини милиони, изјави премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Клиниката за детски болести, каде што се реализирани 11 проекти во делот на инфраструктурата и набавка на модерна медицинска апаратура. „Ова што е направено навистина заслужува пофалби и јас можам само ...
Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета на Деткста клиника во Скопје. Претседателот на македонската влада посочи дека Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија за произнесување, а потоа и во Собранието за донесување. – Албанската опозиција повеќе од 20 години имаше можност ...
Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани. Венко Филипче има за цел да ја дестабилизира состојбата во Кочани и со создавање на хаос да добие некој ситен политички поен, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Тепачот советник Аки Акиов делувал по налог на Заев и Филипче, и затоа нема ни збор од СДС во насока на негова оставка. СДС и Филипче сакаат односот на Акиов да се ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Франција, утрово оствари средба со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро, на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка во делот на железницата, ависообраќајот и автопатиштата. Во продолжение интегрален текст од заедничката изјава на вицепремиерот Николоски и министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро: „Денеска имавме ...
По една година од преземањето на одговорноста за водење на владата, ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски започнуваат голема акција на јавна отчетност и отворена комуникација со граѓаните – трибини низ цела Македонија под слоганот: „Ги градиме темелите на промените – доаѓа времето на Македонија“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Оваа иницијатива е израз на нашата определба за транспарентно, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади врз нуклеарните објекти на Иран ја уништија иранската програма и де факто ја завршија војната. „Мислам дека ги вративме со децении назад. Поминаа низ пекол… Последното нешто што сега го сакаат е повторно да збогатуваат“, рече Трамп, додавајќи: „Тој удар ја запре војната“. Трамп повторно ги бранеше своите тврдења ...
Јавното претпријатие ЛАЈКА алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат. Оваа појава, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно ...
По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. – Денеска судот донесе законита одлука, меѓутоа оваа одлука е по своја суштина празна затоа што не ги добивме одговорите на клучните прашања, зошто е киднапирано и убиено ...
Се предвидува да се воведат постпејд и припејд модели за наплата на патарина, како и можност за надополнување на електронските уреди М-карта и М-таг преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата земја. – Целта е да се намалат гужвите на наплатните станици, да се зголеми ефикасноста и да се поттикне користење на електронски системи за плаќање – рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменковска Трајковска, која соопшти дека се поднесени ...
Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази. „Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако не слушнавме аргументи од судот, неспорен факт е дека само родителите ...
На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост. Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Хаг учествува на Самитот на НАТО, синоќа присуствувал на работна вечера со земјите членки на Алијансата во формат Совет НАТО – Украина, на која биле и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас. Муцунски ...
„Толку е голема безидејноста на СДС, што секојдневно лажат и манипулираат во јавноста“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ. „Во последното соопштение, велат дека сме ја задолжиле државата за нови 7 милијарди евра, веројатно за една, говорат за оние 500 милиони што ги земавме за да ги вратиме нивните долгови, и 500 милиони за бизнисите и општините, по најповолни каматни стапки и грејс период од 3 години“, истакнуваат од ...
Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а од наредниот петок, 4 јули, ќе почнат состаноците на министерот за здравство Азир Алиу со оние кои ќе закажат средба. Од денеска веќе може да се закажува средба преку веб-страницата на Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Алиу на денешниот брифинг со новинарите. Предвидено е од 10 до 15 часот, секој петок да биде отворен ден за граѓаните, кои ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани, и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков. – Имав ...
„Од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, на вкупно 216.594 лица со државјанство на Република Северна Македонија им е издаден бугарски пасош“. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов, објави БГНЕС. – Во наведениот период се издадени 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои постои информација дека имаат и државјанство на Република Северна Македонија – изјави Митов. Тој посочи дека основата за издавање ...
Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, кои денеска се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, остануваат во притвор до правосилност на пресудата, одлучи денеска Судот. За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се укинува мерката куќен притвор и по приемот на решението тој веднаш треба да биде ослободен. Палевски, Манев, Видевски и Кешишев се прогласени за виновни и осудени ...
Судскиот совет при Основен кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера ...
За мене е апсолутно јасно дека САД се целосно посветени на НАТО и на член 5 од Договорот за Алијансата, на сепак имаат очекувања дека Канаѓаните и Европејците ќе ги зголемат своите трошоци за одбраната, изјави денеска генералниот секретар на НАТО при пристигнувањето на Самиот на Пактот во Хаг. – Чесно е да трошиме, исто колку што трошат и САД, рече Руте, додавајќи дека сојузниците треба да се осигурат дека ќе можат да се одбранат „од Русите и ...
Малку познатата сунитска муслиманска екстремистичка група, Сараја Ансар ал-Суна, ја презеде одговорноста за смртоносниот самоубиствен напад во црква во Дамаск во кој загинаа 25 лица, а десетици беа ранети во неделата, објави АФП. Сепак, сириската влада инсистира дека групата е подружница на Исламска држава (ИСИС). Нападот, кој се случи во црквата „Свети Илија“ во населбата Двелаа, ја вознемири христијанската заедница во Сирија и другите ...
Доколку Иран се обиде да го обнови својот нуклеарен проект или своите балистички ракетни капацитети, Израел ќе одговори решително, исто како што направи неодамна во Либан, велат високи претставници на израелскиот кабинет, објави Ynet. Овие забелешки доаѓаат по состанокот на кабинетот за безбедност на кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги презентирал условите од договорот за прекин на огнот предводен од САД. Според официјалните лица, ...
Иранските власти објавија дека во изминативе дванаесет денови уапсиле повеќе од 700 лица, поради наводна поврзаност со Израел, објави државната новинска агенција Ноур Њус, пренесува НетПрес. Медиумот Фарс Њус, кој важи за близок до иранските власти, приведените лица ги нарекол „израелски платеници“, и дополнил дека во акцијата на безбедносните служби на Иран биле запленети околу 10.000 дронови. „Од почетокот на нападот врз Иран, разузнувачката ...
Повредените во пожарот во клубот „Пулс“ кои се наоѓаат на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква, во знак на почит кон загинатите во трагедијата пуштија 62 бели балони. Од дворот на манастирот „Св. Василиј Велики“ на Пониква тие упатија порака и барање за простување што не успеале да им помогнат и да ги спасат од огнот. -Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни ...
На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет. Како што информираат од НОБ, ...
На 25 јуни 1956 година роден е Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година). Трајковски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје. Од крајот на 1998 година бил заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски. Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување ...