Цените на нафтата се искачија на 68 долари на меѓународните пазари во средата, поттикнати од знаците за силна побарувачка во САД и шпекулациите дека тамошната централна банка наскоро би можела да го поддржи растот во најголемата светска економија со намалување на трошоците за позајмување. На лондонскиот пазар, цената на барелот попладнето беше за 84 центи повисока од вчерашното затворање на тргувањето, на 67,98 долари. Вчерашното тргување го ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави дека неговиот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп бил „долг и суштински“, објаснувајќи дека разговарале за тоа како да се постигне прекин на огнот и вистински мир. Зеленски го искористил 50-минутниот состанок, одржан на маргините на самитот на НАТО во Хаг, за да лобира кај Трамп за инвестиции во украинските одбранбени капацитети против Русија. „Имав долг и суштински ...

Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше затворена, а гласот на народот пригушен, пишува премиерот Христијан Мицкоски кој сподели видео со порака дека доаѓа времето на Македонија. „И не оставија со единствен избор: или да се откажеме, или да почнеме одново. Не почнавме од нула. Почнавме од минус. Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав. И пак, решивме: ќе ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во среда го спореди американскиот претседател со „татенце“ кој мора да интервенира во тепачка во училишен двор, како одговор на изјавите на Доналд Трамп за војната меѓу Израел и Иран. На самитот на НАТО во Хаг, Трамп ја спореди војната која ја започна Израел против Иран со детска тепачка. „Тие имаа голема тепачка, како деца во училишен двор. Знаете, тие се борат како луди, не можете да ги запрете. Ги ...

Во посета на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје во средата беа премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерот за здравство Азир Алиу. На новинарско прашање што ќе донесе британскиот договор за македонското здравство, премиерот посочи дека тоа е првата фаза на инвестиција поголема од 200 милиони евра. „Министерството за здравство треба да побара од ...

На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници. Македонија е посветена на оваа одлука. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а за нас е исклучително важно одбранбениот буџет да значи исполнување на НАТО Целите на способности, објави попладнево министерот за одбрана Владо Мисајловски. ...

Контроверзниот американски рапер Канје Вест ќе го одржи својот единствен европски концерт во јули во словачката престолнина, објавија организаторите на фестивалот во понеделникот, предизвикувајќи жестоки критики од активистички здруженија поради претходните наводни неонацистички изјави на музичката ѕвезда. „Хип-хоп визионер, културна икона и контроверзен гениј: YE ќе настапи на 20 јули 2025 година во Братислава“, напиша фестивалот Рубикон на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше обраќање во средата на состанокот на Северноатлантскиот совет, во рамките на самитот на алијансата во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана. Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека Македонија е посветена на својот фер дел од товарот. Потсетувајќи ...

Швајцарија ќе прифаќа бегалци од Украина без долги административни процедури само доколку се во вистинска опасност во својата татковина, а сите други бегалци ќе мора да минат низ постапката за азил, објави владата во среда. Сепак, Швајцарија сè уште сака да се координира со Европската унија и сè уште чека консултации со регионалните администрации на земјата. Според сегашните планови, мерката би започнала да се спроведува наесен. Државната ...

Иранскиот парламент во среда усвои закон со кој се суспендира соработката со нуклеарната агенција на Обединетите нации, објави државната агенција Nournews. Овој потег, кој сè уште треба да биде одобрен од Врховниот совет за национална безбедност на Иран за да стапи на сила, според Nournews, доаѓа по нападите од Израел и САД, кои тврдат дека се обиделе да го спречат Техеран да развива нуклеарно оружје. Државните медиуми го цитираа претседателот ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски се наоѓа на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија. -На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни ...

СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните на Република Македонија. Очекувавме поконструктивен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега, освен саботажа на дневнополитичка основа, ништо друго не видовме. Се надевамe дека ќе успеат да се надминат себеси и, во интерес на граѓаните, ќе се обидат да бидат покооперативни во иднина, реагираат од Министерството за правда на ...

Директорот Јанев денеска во Берат, Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ – МВР на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, во рамки на албанското претседателство на асоцијацијата. Заедно со колегите од регионот, директорот Јанев се осврна на предизвиците од илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, сузбивањето на организираниот криминал и јакнење на регионалната соработка преку ...

Фудбалерите на Барселона повторно ќе играат натпревар на „Камп Ноу“ на 10 август, кој сè уште е во реновирање, а повратнчкиот настап на култниот стадион ќе се одржи како дел од Трофејот Жоан Гампер против сè уште непознат противник, официјално објави каталонскиот клуб во средата. Барселона го одигра својот последен натпревар на „Камп Ноу“ во мај 2023 година, а последните две години официјално беше домаќин на Олимпискиот стадион на Монжуик. „Ова ...

Челниците на НАТО и на земјите членки на самитот во Хаг ветија дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) и ја потврдија својата цврста посветеност на членот 5 за меѓусебна одбрана. „Обединети, пред длабоките безбедносни закани и предизвици, особено долгорочната закана што ја претставува Русија за евроатлантската безбедност и постојаната закана од тероризам, сојузниците се обврзуваат да инвестираат 5 ...

Министерството за економија и труд ја известува јавноста дека согласно усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението (2025 – 2030), активно ги координира и имплементира препораките за заштита на работниците и подобрување на работните услови во летниот период. Во услови на екстремни топлотни бранови, Министерството ги повикува сите ...

Делегација на Европската унија, предводена од евроамбасадрот Михалис Рокас, денеска беше во официјална посета на Општина Кочани, при што се сретна со в.д градоначалникот Венко Крстевски На средбата беа споделени информации за актуелната ситуација во општината, како и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и вработените во институциите. -Ги претставивме можностите и потенцијалите за развој на градот, со акцент на младите кои ќе бидат едни ...

Израелската војска смета дека неодамнешната војна со Иран ја вратила нуклеарната програма на Исламската Република со години назад, но проценката е прелиминарна и прерано е да се знае со сигурност, изјави во средата портпаролот на Израелските одбранбени сили, бригаден генерал Ефи Дефрин. „Ги исполнивме сите цели на операцијата како што ни беа дефинирани, па дури и го направивме тоа подобро отколку што оптимално очекувавме“, рече Дефрин, но ...

Во видео изјава во која ја сумираше војната против Иран, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „постигна историска победа“ што ќе „трае со генерации“ по прекинот на огнот постигнат со посредство на САД за завршување на 12-дневниот конфликт. Тој рече дека Израел отстранил „две егзистенцијални закани – заканата од уништување преку нуклеарно оружје и заканата од уништување преку 20.000 балистички ракети“ што Иран се обидуваше да ...

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, вчера вечер во интервју за ТВ21 посочи дека дел од министрите во претходната Влада се однесувале недомаќински и правеле енормни трошоци на товар на државниот буџет. – Прв пример ни е Маричиќ, секојдневно го слушаме, најголемиот потрошувач – рече Томовски, алудирајќи на поранешниот вицепремиер за европски прашања. Тој дополни дека Обвинителството сè уште не презело ...

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема. „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 ...

Во мирување им е работниот однос на полициските службеници кои беа опфатени со истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. – Јавното обвинителство е органот којшто е надлежен да постапува во овој дел, а истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал сѐ ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот „уан стоп шоп“ со Србија. Вчера помина завршната ратификација на договорот и во тек е фазата на тестирање на системот. -Во рамки на вчерашниот ден помина завршната ратификација на договорот кој што претходно го потпишавме со мојот колега Ивица Дачиќ. Се надевам дека на 5-ти наредниот месец, ќе имаме официјално ...

Неколку членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, намерно избегнуваат средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски на клучниот самит на блокот во Хаг, тврди унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан истакна дека Зеленски ќе присуствува само на неформалната вечера и „нема да учествува на самитот на НАТО во никаква официјална форма“, што укажува на тоа дека е „јасен знак дека претходното поглавје е завршено“. Според унгарскиот премиер ова е драстична ...

Историјата покажа дека кога Северна Америка и Европа работат заедно тоа претставува добитна комбинација и нашите противници го знаат тоа, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во воведното обраќање на стартот на работниот дел од Самитот на Пактот што се одржува во холандскиот град Хаг. – Се соочуваме во опасен момент за нашите една милијарда граѓани. Руската војната против Украина беснее. Агресивното групирање на ...

Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10. Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а ...

Дури 18 отсто од заработката на банките во Македонија им доаѓа од надоместоците кои ги наплаќаат од граѓаните и компаниите. Апсурдот е дека дел од услугите за кои кај наплаќаат, во ЕУ, каде работат овие банки, не земаат ни денар. Поради тоа, новиот гувернер на Народна банка на РСМ, Трајко Славески, на денешниот состанок со банкарите им порача дека е ред да се откажат од некои од надоместоците, а други да намалат. Она за што граѓаните најмногу ...

Ракетата „Фалкон 9“ на „СпејсЕкс“ успешно беше лансирана вчера, носејќи четворица членови на екипажот на „Аксиом спејс“ на комерцијална мисија кон Меѓународната вселенска станица, јавува АА, пренесува НетПрес. Лансирањето се одржа од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, како дел од најновата мисија на „Аксиом спејс“, компанија која се фокусира на развојот на комерцијални активности во орбитата. Се очекува екипажот да спроведе низа научни ...

Прекинот на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел се чини дека се почитува од двете страни, еден ден откако двете земји сигнализираа дека нивната воздушна војна завршила, барем засега, пренесува Ројтерс Секоја страна прогласи победа по 12 дена војна, на која САД се придружија со воздушни напади во поддршка на Израел за уништување на иранските објекти за збогатување со ураниум. Пратеникот на ...

Москва и Киев во моментов работат на целосно спроведување на хуманитарниот дел од нивните претходни договори и затоа во моментов не се водат преговори за нивните соодветни мировни мапи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Зборувајќи на редовниот брифинг за медиумите во среда, Песков истакна дека точниот датум на следната рунда разговори со Киев ќе биде одлучен откако ќе бидат исполнети сите претходни ветувања, осврнувајќи се на размена ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
33%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
6.69
34%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.79
29%
1020
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.78
29%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.26
47%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
33%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.63
36%
1020
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 31ᴼ
2.68
35%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
13.38
48%
1015
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088