По одиграните последни натпревари во Групата Г, познати се 14-те учесници и шест двојки од осминафиналето на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД. Четири бразилски клубови – Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе – обезбедија место во осминафиналето, по што следуваат двајцата германски претставника – Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, како и португалска Бенфика, италијанските клубови – Јувентус и Интер Милан, мексикански ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека го добила најновиот предлог од американската страна за натамошни преговори за царинските давачки, нагласувајќи дека Унијата е подготвена за договор, но и за ситуацијата кога нема да има задоволителен договор. „Го добивме најновиот американски документ за натамошни преговори, кој сега го проучуваме. Подготвени сме за договор, но во исто време се подготвуваме за можноста да ...

Челниците на земјите-членки на Европската унија го поддржаа продолжувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до јануари 2026 година. Рокот за продолжување на секторските санкции е 31-ви јули, а овој договор еден месец пред крајниот рок е доста изненадувачки, со што се избегнува нова драма со Унгарија, која постојано се заканува дека ќе одбие да даде согласност без што нема продолжување на санкциите. Санкциите на ЕУ мора ...

ОВЕН Денеска ќе комуницирате со леснотија и ќе можете да ги пренесете вашите идеи на начин што ќе ја добие потребната поддршка. Вечерта е одлична за средби со пријатели или учество во друштвен настан, вашата забава е во полн ек. БИК Денот ви носи добри можности на професионален и финансиски план, особено ако вашата работа вклучува контакти со поширок аудиториум или институции. Фокусирајте ги вашите напори на активности што ве инспирираат – ќе ...

Во петок на територијата на Македонија ќе преволадува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Утринските температури се во опсегот од 12 до 21, додека максималните дневни соодветно ќе се движат меѓу 31 и 40 Целзиусови степени. Во Скопје ...

Во последното коло од Групата Г на Светското клупско првенство, Манчестер Сити го победи Јувентус со 5:2, освојувајќи го првото место во групата. Двата клуба веќе го обезбедија пласманот во осминафиналето и пред овој натпревар, а натпреварот во Орландо беше дуел за престиж и за првото место во групата. Сити на тој начин стана единствениот тим што го заврши групното натпреварување со три победи. Во првото коло, го победија Видад со 2:0, потоа Ал ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток се смирува и дека конфликтот меѓу Иран и Израел е минато. „Сега ситуацијата на Блискиот Исток се смирува, и конфликтот меѓу Израел и Иран, фала му на Бога“, рече Путин на пленарната сесија на Евроазискиот економски форум (ЕАЕУ) во Минск. Тој изјави дека ЕАЕУ е отворена за соработка со сите заинтересирани партнери. „Нашето здружение е секогаш отворено за соработка ...

Пентагон ќе воспостави две нови воени зони по должината на границата со Мексико, соопштија американските претставници, дозволувајќи ѝ на војската привремено да ги притвора нелегалните мигранти. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп процени дека воените акции по должината на границата, вклучително и распоредувањето војници, се главната причина за големото намалување на бројот нелегални мигранти. Моментално има околу 11.900 војници на ...

„Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот ...

Еден од најбогатите луѓе на планетата основачот на „Amazon“, Џеф Безос, и новинарката Лорен Санчез, во четвртокот ја започнаа раскошната тридневна свадба во Венеција со строги мерки за заштита на нивните ВИП гости од демонстрантите. Бил Гејтс, Орландо Блум и кралицата на Јордан беа меѓу последните што пристигнаа, придружувајќи им се на Опра Винфри, Крис Џенер и Ким и Клое Кардашијан. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка и ...

Џеф Безос, основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, се најде во центарот на жестоки протести во Венеција поради плановите за својата раскошна свадба со поранешната ТВ водителка Лорен Санчез. Поради огромниот отпор од страна на локалното население, двојката беше принудена целосно да ја смени локацијата на венчавката, која првично беше планирана во срцето на градот заштитен од УНЕСКО. Но, најголемиот симболичен удар дојде токму ...

Кремљ денеска соопшти дека сè уште нема напредок во определувањето на датумот за следниот круг мировни преговори со Украина, кои треба да се одржат во Истанбул. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека конечниот термин за третиот круг разговори ќе биде одреден по завршувањето на размената на воени заробеници, што беше договорено на вториот круг преговори. – Сега се фокусираме на спроведувањето на хуманитарните договори постигнати на ...

Со промоција на книгата „Мајко, камен да беше ќе пукнеше” од Диме Ристов – Кана, вечерва започна манифестацијата „Кавадаречко културно лето”, што ќе трае до крајот на месец август. Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето. Издавач на книгата е градската библиотека „Феткин”. – „Кавадаречко културно лето” е во ...

Во последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале најмалку 79 лица, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу загинатите се и 33 лица кои биле погодени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош. Палестински сведоци тврдат дека израелските сили редовно отвораат оган врз цивили кои се приближуваат до пунктовите за храна. Израелската армија, пак, соопшти дека станува збор за предупредувачки истрели кон лица кои се ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот изјави дека исходот од војната со Иран, за која и двете земји велат дека се победници, вели дека претставува можност за мир што неговата земја не треба да ја пропушти. Нетанјаху во изјава рече дека „оваа победа претставува можност за драматично проширување на мировните договори. Работиме на тоа со ентузијазам“. „Со ослободувањето на заложниците и поразот на Хамас, постои можност што не смее да ...

Како и на претходните Самити и на денешниот во Брисел, лидерите на земјите членки на ЕУ не постигнаа консензус за предложените заклучоци за Украина. Во усвоениот текст што ќе биде вклучен во завршните заклучоци од Самитот се посочува дека Европскиот совет ги разгледа најновите случувања во врска со Украина, дека разменил мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека ќе се врати на ова прашање на својот следен состанок. Сепак, од ...

Финансиската полиција е институција со мал број на вработени, но со најголема тежина во државата. Во период од една година оваа институција испорача сериозни резултати. Станува збор за поднесени кривични пријави за штети на буџетот од над една милијарда денари, што е навистина сериозен износ и не може да се споредува со ниту еден период од минатото. Секој функционер мора да се однесува домаќински и да знае дека тоа се пари на граѓаните, кои не ...

Унгарија повторно ја ускрати во четвртокот поддршката за заклучоците на Европскиот совет за Украина, кои го поддржуваат патот на земјата кон членство во Европската унија и ја нагласуваат подготвеноста на блокот за зајакнување на санкциите против Русија. Текстот на заклучоците има поддршка од 26 земји-членки, а Унгарија, како и на последниот самит во март, го блокираше формалното усвојување на заклучоците на ниво на сите 27 земји-членки. ...

Во оваа година донесовме еден куп мерки со кои им излеговме во пресрет на граѓаните. Донесовме мерки со кои ги ограничувавме цените на основните прехрамбени производи. Ова е клучен сегмент во нашето министерство, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во своето гостување на НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски. -Ограничувавме и по повеќе од 1000 производи, ги ограничивме цените, ги замрзнавме. По завршување на мерката, нормално дека ги ...

Кога ја презедовме одговорноста за управување со државата, знаевме дека ќе мораме да се соочиме со еден од најголемите предизвици – да ја вратиме правдата таму каде што била протерана, да изградиме институции што не се плашат, туку делуваат. Наша обврска е да воспоставиме систем кој ќе ги штити чесните, а ќе ги изведува пред лице на правдата оние што ја краделе државата. Денес, токму тука, испраќаме јасна порака – тоа време дојде. Сериозен е ...

Неспорно е дека голем предизвик ќе биде да се одвојуваат пет проценти од БДП за одбраната, но ние сме членка на НАТО и имаме обврски кои треба да ги испорачаме. Добро е што има период на прилагодување, изјави вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. – Ние ќе мора да ги испорачаме овие обврски. Добро е што има период на прилагодување кога ќе треба на направиме реструктуирање на буџетот и да ослободиме средства од Буџетот за ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е заинтересирана Иран да продолжи да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), и покрај гласањето на иранскиот парламент за прекин на таа соработка. Гласањето доаѓа по воздушните напади на САД и Израел врз ирански нуклеарни постројки, наводно за да се спречи Техеран да се здобие со нуклеарно оружје – обвинување кое Иран постојано го негира. Лавров ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 28 и на 29.06.2024 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30.06.2022 година (понеделник) ќе почне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира од 30.06 (понеделник) до 03.07.2025 (четврток), во ...

Кларк Олофсон, еден од најозлогласените криминалци во Шведска и централна фигура во потеклото на терминот „Стокхолмски синдром“, почина на 78-годишна возраст. Неговото семејство потврди за весникот Dagens ETC во четвртокот дека починал по долго боледување во болница во градот Арвика. Олофсон стана озлогласен во 1970-те, станувајќи познато име преку долга низа злосторства. Тој беше осомничен и осуден за бројни злосторства, вклучувајќи грабеж на ...

Украина и Русија денеска спроведоа нова размена на воени заробеници, во рамки на договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец. „Денеска се враќаат војници од армијата, Националната гарда и граничната служба“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Телеграм“, додавајќи дека повеќето од нив биле заробени уште од почетокот на инвазијата во 2022 година. Руското Министерство за одбрана ја потврди размената, која според двете ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“. Мицкоски, ова го кажа во одговор на пратеничкото прашање на пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијансата на Албанците, кој праша дали Владата има намера да ја промени одлуката за бројот на советници во ...

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска ги бранеше американските напади врз иранските нуклеарни постројки за збогатување ураниум, тврдејќи дека претседателот Доналд Трамп ја „уништил и целосно елиминирал“ нуклеарната програма на Иран, и покрај првичните разузнавачки проценки дека нападите од минатата недела не успеале да ги уништат клучните постројки, кои би можеле да продолжат со работа за неколку месеци. Хегсет, заедно со ...

Антиимиграциската партија Шведски демократи се извинија во четвртокот за минатите врски со нацизмот и антисемитизмот, што е дел од нивните напори да остават впечаток на поумерена и таканаречена мејнстрим партија пред парламентарните избори следната година. Шведските демократи ги презентираа резултатите од нарачана студија која откри дека нацистичките и антисемитските ставови биле вообичаени на партиските настани и во нивните печатени материјали ...

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријавила дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра. Имено, лицето и се јавило телефонски и се претставил како лекар, по што и рекол дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но пријавителката требало да плати. Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат ...

Еден од најдобрите европски плејмејкери во последните дваесет години, 38-годишниот српски кошаркар Милош Теодосиќ, одлучи да ја заврши својата играчка кариера, што го објави во емотивно јавно писмо. Неговиот последен клуб беше Црвена ѕвезда од Белград, а претходно играше за ФМП, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Виртус Болоња, а помина и две сезони во НБА, во дресот на ЛА Клиперс. „Дојде време да се збогувам со една фаза од мојата љубов кон магичната ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
31%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1016
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
44%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 23ᴼ
4.12
28%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.92
25%
1017
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.26
80%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
44%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.51
35%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.06
36%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
61%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505