
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма за време на разговорите следната седмица, додавајќи дека американските напади врз Иран брзо ја завршија војната меѓу Израел и Техеран. Трамп рече дека неговата одлука да употреби бомби за уништување бункери во нападот во неделата ја уништила нуклеарната програма на Иран, додавајќи дека тоа е „победа за сите“. „Тоа беше ...
Во општина Илинден на 26 и 27 јуни (четврток и петок) , ќе се одржи првиот Регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“ во просториите на спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден. Станува збор за Регионлен саем пришто генерален покровител е Општина Илинден а организатор Панекс Експо, кој ќе биде фокусиран на промоција на економските можности на регионот. Целта на саемот е да се поврзат локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и ...
На Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети во средата близу рекордните нивоа, додека инвеститорите ги следеа случувањата на Блискиот исток и коментарите од претседателот на американската централна банка. Индексот Dow Jones падна за 0,25 отсто на 42.982 поени, додека S&P 500 индексот остана речиси непроменет на 6.092 поени. Индексот Nasdaq, од друга страна, порасна за 0,31 отсто на 19.973 поени. Растот на Nasdaq во голема мера ...
ОВЕН Денот е идеален за креативни активности, за патувања и за спонтани одлуки. Ако сте преоптоварени со работа, но нешто ве влече надвор, не ја игнорирајте вашата потреба за разновидност – таму можете да најдете инспирација и свежи идеи. БИК Обидете се денеска да внесете нешто ново и различно во вашата рутина. Дури и ако сте му се препуштиле на одморањето, добро ќе ви годи доколку направете нешто, макар и малку поразлично. Промената ќе ви го ...
Во четвртокот на територијата Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури се движат од 10 и 19, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат во опсегот меѓу 30 и 41 Целзиусови степени. И во Скопје и во околината, исто така, денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од северен ...
Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Флуминензе се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство во САД. Во Синсинати, Борусија го победи корејскиот Улсан со 1:0 со голот на Даниел Свенсон во 36. минута го освои првото место во групата, а Флуминензе продолжува по 0:0 против Малелоди Сандаунс. Германскиот тим доминираше во текот на целиот натпревар, упатувајќи 28 удари кон голот на Кореја. Во првото полувреме, Дортмунд испрати дури ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата потпиша договор со Советот на Европа за формирање специјален суд за „злосторство на агресија против Украина“. „Сите воени злосторници мора да знаат дека правдата ќе биде задоволена, а тоа ја вклучува и Русија“, рече Зеленски. „Овој потпис е одлучувачки чекор кон формирање специјален суд за злосторството агресија против Украина“, рече претседателот на Советот на Европа, Ален Берсе. Ова е ...
Трагичен инцидент се случи на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, каде 19-годишен млад човек од Македонија го загуби животот по давење, објавија вечерва грчките медиуми. Според извештајот на волонтерот спасител, член на EAC, Јоанис Т. Колокитас , младиот човек доживеал срцев удар по давење, под сè уште нејасни околности. Локалниот спасувач веднаш интервенирал и, со помош на капачите, го извлекле младиот човек од морето и веднаш започнал ...
На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој зборуваше за посветеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за темелите на промените кои се поставуваат, како и дека граѓаните заслужуваат да имаат лица коишто ќе се грижат за нив, а воедно ги истакна и четирите реформски закони кои ќе го постават темелот на модерната дигитализација, ...
Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да го смениме. Затоа во наредниот период ќе бидат објавени две мерки, истакна премиерот Христијан Мицкоски вечерва од Прилеп. -Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека за здружување ...
Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, 22-годишниот Ансу Фати, очигледно ќе ја продолжи својата кариера во Монако, објавуваат тамошните медиуми. Се очекува Фати да пристигне во Кнежевството во четврток за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор. Првично, едногодишна позајмица со опција за откуп за 11 милиони евра. По комплицираната сезона во Барселона, каде што одигра само 11 натпревари без да постигне гол, и бројните отсуства ...
На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и Елена Петрова, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, која се фокусираше на тоа што е направено во насока да се дојде до поголема стабилност на јавните приходи, за проектите кои се однесуваат на дигитализацијата во УЈП, но и за тоа кои мерки донесоа забележлив ефект во сузбивањето на сивата економија. „ Нашите политики, политиките на Владата се ...
Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е „целосно посветен“ на тоа Украина да продолжи да се бори против руската инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за Reuters во среда. Зборувајќи на крајот од самитот на НАТО во Хаг, Руте исто така рече дека „никој во НАТО не е наивен во врска со Русија“ и дека сите членки на алијансата „имаат повеќе или помалку иста проценка“ за Москва. Претседателот на САД, Доналд Трамп, зазеде ...
Присуството на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на лидерите на НАТО промени сè во споредба со самитите од претходните години, поместувајќи го фокусот од поддршката за Украина кон зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денес во Хаг унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Зборувајќи на прес-конференција по самитот, Сијарто рече дека ако треба да ја сумира разликата помеѓу овогодинешниот самит ...
Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното во изминатата година, и притоа соопшти дека во наредниот период ќе бидат објавени две мерки за самовработување. „Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека ...
Шеснаесет лица беа убиени во антивладините протести во Кенија во средата, повеќето од нив убиени од полицијата, соопшти локалниот огранок на глобалната група за човекови права Amnesty International. „Потврдени се 16 смртни случаи“, изјави за Reuters Ирунгу Хотон, извршен директор на Amnesty Kenya, додавајќи дека бројките се потврдени од надзорната институција и Националната комисија за човекови права на Кенија, финансирана од владата. „Повеќето ...
Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема „Економски раст и дигитална трансформација“. Таа истакна дека по преземањето на Министерството за финансии бил затекнат катастрофален буџетски дефицит и необезбедени средства за основни обврски, но со ребаланс и одговорни политики успеале да стабилизираат финансии и да обезбедат ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата изјави дека неговата земја нема да троши повеќе од 2,1 отсто од БДП-то за оружје, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е единствената земја во НАТО што одбила да ги зголеми трошоците за одбрана на 5 отсто. „Јасно ми е дека доколку кој и да е друг премиер да беше тука денеска, Шпанија ќе потпишеше 5 отсто од БДП, а тоа би била целосна грешка“, рече Санчез на прес-конференција по ...
Министерството за дигитална трансформација беше заборавено седум години, почнавме од минус, а не од нула затоа што последен проект што се паметеше беше „Компјутер за секое дете“. Сега го имаме порталот uslugi.gov.mk како прв шалтер на кој се добиваат сите услуги во државата, со амбиција нивниот број да се зголемува и нив да ги користат што повеќе граѓани. Ова на трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп „Економски раст и дигитална трансформација“ го ...
Одлуката е донесена, историјата напишана. Членките на Алијансата ќе треба да одвојат најмалку 5% од бруто домашниот производ за Армијата. Тоа значи дека буџетот на нашето министерството за одбрана ќе треба да стигне до 3,5% во следните 10 години. Како ќе се постигне тоа, во интервју за ТВ21 одговара министерот за одбрана Владо Мисајловски. -За нас како помала земја тоа е голем импулс за министерството за одбрана, но и самата економија да расти и ...
Гаранцијата за отпорност на мали и средни претпријатија за Западен Балкан, финансирана од ЕУ, поддржува финансирање под поволни услови за кредитирање, придонесувајќи за раст на малите бизниси и зголемувајќи ја вработеноста и конкурентноста. Оваа иницијатива ја надополнува пошироката посветеност на ЕУ кон регионот во рамките на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, подобрувајќи го пристапот до финансии за малите и средни претпријатија, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на маргините на Самитот на НАТО во Хаг заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имаше куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседател Џеј Ди Венс. По средбата таа рече дека Џеј Ди Венс кажал дека би можел да ја посети нашата земја. „Морам да кажам дека со него беше господинот Венс и тој го познава нашиот министер за надворешни работи и мислам дека рече дека ...
Во средата (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2.014 килограми сув цвет од растението канабис. ...
Б. Б. од Охрид конечно пристигна во Видеолотарија Касинос Австрија. Тој е среќниот играч кој на 07.06.2025 ја освои најпосакуваната добивка, Премиум џекпотот и ќе го вози фантастичниот „МЕРЦЕДЕС АМГ“. Во Видеолотарија Касинос Австрија конечно пристигна нашиот најсреќен играч, кој сите го очекувавме со нетрпение. Б.Б. од Охрид ја освои најпосакуваната добивка-Премиум џекпот, па конечно ќе може да го вози фантастичниот автомобил-МЕРЦЕДЕС АМГ. ...
Германската фудбалска федерација (DFB) казнета е со 110.000 евра во средата за даночно затајување, за време на судењето поврзано со финансиска трансакција со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во 2006 година, кога Германија беше домаќин на Светското првенство. Судијката на окружниот суд во Франкфурт, Ева-Мари Дистлер, зборуваше за високото ниво на криминална активност на DFB, но не го прифати барањето на обвинителството, кое побара DFB да ...
Иранската војска во среда ја потврди смртта на високиот воен командант Али Шадмани, кој беше тешко повреден во израелскиот напад на 17-ти јуни. „Генералот Али Шадмани, командант на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија, се придружи на редовите на мачениците и почина од сериозни повреди здобиени за време на бомбардирањето извршено од агресорниот ционистички режим“, се вели во соопштението на командата, цитирано од официјалната новинска агенција ...
Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин на снабдувањето со електрична енергија Медиумската информативна агенција во изминатиов час не беше во можност да дистрибуира вести. Според информациите објавени на веб страната на Еелктродистрибуција, без струја се Македонската телевизија, судовите и околните згради, вклучувајќи ја и зградата во која е сместена МИА, Министерството за европски прашања, ДКСК и СОЗР. Засега нема официјални ...
Основачот на „Amazon“ и еден од најбогатите луѓе на планетата Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез пристигнаа во Венеција во среда пред нивната раскошна повеќедневна свадбена прослава во италијанскиот град. Шеесет иденогодишниот Безос и педесет ипетгодишната Санчез слетаа со приватен хеликоптер, објавија италијанските медиуми. Свадбата е закажана за петок на еден од многуте острови во венецијанската лагуна. Се очекуваат околу 200 гости, ...
Странските директни инвестиции во САД остро се намалија во првиот квартал, покажаа податоците на Министерството за трговија, што ја одразува неизвесноста создадена од најавените нови царини. Странските директни инвестиции во првиот квартал изнесуваа 52,8 милијарди долари, што е намалување за 34 отсто во однос на ревидираните речиси 80 милијарди долари во претходните три месеца, соопшти Министерството за трговија во вторник. Вредноста на ...
Иран во средата остро го критикуваше генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за неговата пофалба на американскиот претседател Доналд Трамп за нападот врз иранските нуклеарни објекти. „Срамно е, презриво и неодговорно (генералниот секретар на НАТО) да честита на ‘навистина извонредниот’ криминален чин на агресија против суверена држава“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, на X. „Оној кој ја ...