По успешната премиера на 25 јуни, Националната опера и балет со гордост ја најавува втората изведба на балетот „Госпоѓа Бовари“, која ќе се одржи на 27 јуни 2025 година, со почеток во 20.00 часот. Ова балетско дело, поставено во два чина, е инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер и ја раскажува драмата на женската душа – копнежот по страст, слобода и нејзиниот трагичен судир со општествените норми. Диригент е Едуард Амбарцумјан од ...

Холандските здруженија за заштита на потрошувачите ја објавија својата намера да поднесат тужба против дигиталната платформа за резервации на сместување Booking.com, тврдејќи дека уште од 2013 годинаги „надувува“ цените на хотелското сместување . Фондацијата за барања на потрошувачите (CCC) и Здружението на потрошувачи во средата ги повикаа граѓаните кои претрпеле штета поради практиките на Booking.com да им се придружат. Booking.com со години ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во средата ги отфрли извештаите дека Иран го преместил високо збогатениот ураниум пред американските напади. Доналд Трамп ги критикуваше американските медиуми по објавувањето на доверлив документ на американското воено разузнавање кој фрла сомнеж врз ефикасноста на бомбардирањата извршени во поддршка на Израел во неделата во нуклеарните централи Фордо, Натанц и Исфахан. Според него, ...

Министерството за надворешни работи информира дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин. -Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопштуваат од МНР. Во бессознание бил извлечен од морето ...

Во изминатото деноноќие во целата држава беа евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 1 е сѐ уште активен, а 26 се успешно изгаснати благодарение на навремената интервенција на надлежните служби, велат од Центарот за управување со кризи. АКТИВНИ ПОЖАРИ: 1 Општина Липково: во атарот на селата Лојане и Ваксинце – опожарена ниска вегетација и нискостеблеста шума. ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ: 26 Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација) ...

Бројот на корисниците на дроги во светот се искачи на 316 милиони луѓе во 2023 година, според извештајот на Обединетите нации објавен во четвртокот. Бројката се однесува на шест отсто од светската популација на возраст од 15 до 64 години кои користат дроги, не вклучувајќи тутун или алкохол, објави Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) со седиште во Виена во својот Светски извештај за дрога за 2025 година, кој е базиран на податоци од ...

Најмалку 21 Палестинец во Појасот Газа се убиени од израелско огнено оружје и воздушни напади во четвртокот, соопштија локалните здравствени власти, додека медијаторите ги повикаа Израел и Хамас да продолжат со преговорите за прекин на огнот. Локалните здравствени власти соопштија дека во израелски воздушен напад загинале најмалку девет лица во училиште во кое се сместени раселени семејства во предградието Шеик Радван во градот Газа, додека во ...

Канадскиот режисер и сценарист Дени Вилнев ќе го режира следниот „Џејмс Бонд“, објави во четврток студиото MGM на Amazon, носејќи го најпознатиот шпион 007 во ново поглавје по периодот под водство на Барбара Броколи и Мајкл Вилсон. Вилнев стекна репутација за филмови како „Сикарио“, „Дина“, „Дина: Дел 2“ и „Блејд Ранер 2049“, како и „Пристигнување“. Беше номиниран за најдобар режисер на Оскарите во 2017 година за научно-фантастичниот филм ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави јавноздравствени препораки за заштита на лицата над 65 години во услови на високи температури. Оттаму нагласуваат дека оваа група на луѓе се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. ИЈЗ потсетува дека согласно националните и меѓународните препораки, овие лица се категоризирани како таканаречена „ризична категорија“. „Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат на температурните промени, ...

Првата рунда од НБА драфтот се одржа синоќа во Њујорк, а Далас Маверикс го избраа Купер Флег како прв избор. Флег го предводеше Универзитетот Дјук до фајнал фоурот на Националната асоцијација за студентски спорт (NCAA) во неговата единствена колеџ сезона и беше прогласен за најкорисен играч. Сепак, тој и Дјук беа елиминирани во полуфиналето на „Мартовското лудило“. „Ова е неверојатно чувство, сон што ми се оствари и горд сум што го споделувам ...

Државите-членки на ЕУ треба да размислат за продолжување на контактот со Москва, кој беше прекинат по ескалацијата на украинскиот конфликт во 2022 година, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред новинарите. Според Макрон, и покрај тоа што се целосно посветени на зајакнување на воените капацитети во рамките на НАТО, европските членки на блокот немаат желба „бесконечно“ да се вооружуваат и во блиска иднина треба да преговараат за нова ...

Во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ24, гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Таа истакна дека СДС воопшто ја нема научено лекцијата и го немаат слушнато гласот на народот. „СДС воопшто се нема разбудено од овие неколку години како да не се наоѓа во Република Македонија и за жал по ова кое го слушам во моментов мислам дека не ја научија лекцијата од она што се случи на изборите и мислам дека уште не ...

Бројот на умрени лица од насилна смрт минатата година е зголемен за 24 проценти во однос на 2023 година. Од вкупно 511 умрени лица, над 68 проценти се мажи, а најчеста причина, во 78,5 проценти од случаите се несреќни случаи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2024 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68,1%, а 31,9% се ...

Европските берзи тргуваа претпазливо во четврток претпладнето, при што индексите малку пораснаа, со што ги надоместија вчерашните загуби. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во првиот пресек од тргувањето, надоместувајќи дел од вчерашните загуби. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,10 отсто на 8.727 поени, додека Франкфуртскиот DAX порасна за 0,53 отсто на 23.625 поени, а парискиот CAC за 0,40 отсто на 7.588 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Израел во средата да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху или да го суспендира неговото судење за корупција, велејќи дека САД ќе го спасат него како што ја спасиле неговата земја и нарекувајќи го „херој“ и „воин“. Во 2019 година, Нетанјаху беше обвинет во Израел за поткуп, измама и кршење на довербата – сето тоа израелскиот премиер го негира. Судењето започна во 2020 година, а тој се изјасни ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток. Посебно внимание на средбата ѝ беше посветено на улогата на централните банки во ...

Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи на 28 јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток од 18:30 часот. Настанот има за цел да поттикне активности кои ќе го подигнат нивното на метална и физичка добросостојба кај ...

Две лица загинаа во Франција во силни бури што ја погодија земјата по периодот на екстремна топлина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на властите. Во департманот Тарн-ет-Гарон во јужна Франција, 12-годишно момченце загина кога падна дрво додека тој и неговото семејство се обидувале да стигнат на безбедно место, објави BFMTV во средата, повикувајќи се на службите за итни случаи. Во село во северозападна Франција, возач на квадбајк ...

Интер Милан го победи Ривер Плата со 2:0 во последниот натпревар од Групата Е и се квалификуваше во нокаут фазата на Светското клупско првенство, испраќајќи ги Аргентинците дома, додека во вториот натпревар од оваа група, Монтереј убедливо ги победи Урава Ред Дајмондс со 4:0, пласирајќи се како второпласирани. Исклучувањето на Мартинез Кварта во 65. минута, откако го собори Хенрих Мхитарјан како последен одбранбен играч, претставуваше пресврт на ...

„Многу нерешени проблеми останаа во културата, не знам како ќе ги совладаме. Во кризни времиња се изострува опасен впечаток дека нашето творештво и нашиот народ се уште не се заедно. Би сакал да посочам два проблема што ја прават нашата култура како испустена работа: културната пропаганда и националниот суверенитет. Дефинитивно ќе треба да сфатиме дека Република Македонија е опсадена од националистички режими кои атакуваат на нејзината култура и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доцна во средата ги повика унгарските власти да ја преиспитаат забраната за парадата на гордоста најавена за сабота во Будимпешта и да се откажат од евентуалното казнување на нејзините учесници. „Прајдот“ во унгарската престолнина „мора да се одржи без страв од кривично или административно гонење на организаторите или учесниците“, напиша Фон дер Лајен на X. „Испраќам порака до ЛГБТИК+ ...

Почнувајќи од денеска САД ја продолжуваат за уште една година националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година. Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, а ја објави Федералниот регистер на САД. Во документот се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од дејствијата на лицата кои учествуваат, ...

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна во четвртокот претпладнето, трет ден по ред, и се спушти на најниско ниво од почетокот на 2022 година. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 97,48 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 97,85 поени. Во исто време, цената на европската ...

Гаранцијата што Македонија ја добива од Обединето Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејќи Обединетото Кралство се значаен фактор во светот и на политички и на економски план. И ваква една земја да гарантира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите а и за економската активност, смета претседателот на ...

На 27 јуни во петок, во 19 часот, публиката во Скопје ја очекува посебно уметничко доживување: свечено отворање на мултимедијалната изложба „РЕ-КРЕАЦИЈА НА ВИДОТ“: Да ги погледнеме фотографиите со други очи во изложбениот простор на Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени фотографиите на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Македонија, кои беа создадени во текот на повеќемесечно работење, учење и заедничко истражување на ...

Директорот на американсата Централна разузнавачка агенција (CIA), Џон Ратклиф, изјави дека американските воздушни напади „сериозно оштетиле“ нуклеарните објекти на Иран и ги вратиле неколку години наназад, што е спротивно на протечениот извештај што го налути претседателот Доналд Трамп за потценување на влијанието на американскиот напад, објави BBC во четвртокот. Ратклиф рече дека клучните објекти за нуклеарната програма на Иран се уништени, но ...

По одиграните последни натпревари во групата Ф, познати се 12-те учесници во осминафиналната фаза на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД. Четири бразилски клубови – Палмеирас, Ботогого, Фламенго и Флуминенсе, се квалификуваа за осминафиналето, по што следуваат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, како и Бенфика, Јувентус, Манчестер Сити, Челзи, ПСЖ и Интер Мајами. Последните четири билети ќе бидат распределени по финалните натпревари ...

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2025 година изнесува 338 832 МWh, што претставува 73.6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика. Во април 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 460 185 МWh електрична енергија, 6.785 милиони nm3 природен гас, 305 848 тони јаглен и 101 241 тони нафтени продукти. Во април 2025 година во однос на април 2024 ...

Жител на италијанската покраина Салерно на југот од земјата е осомничен за убиство и криење на телото на млад маж од Албанија кој се обидел да му го ограби домот, објави весникот Corriere della Sera во средата. Во неделата вечерта група од три лица провалиле во домот на 60-годишен жител на градот Чентола, кој се спротиставил на грабежот со огнено оружје. Еден од членовите на бандата успеал да избега, вториот завршил во болница со тешки повреди, ...

Од денеска со низа македонски изведувачи и една од најпопуларните светски музички ѕвезди, легендата на хаус сцената и добитник на Греми награда ROGER SANCHEZ, започнува Културното лето и одбележувањето на јубилејниот 70 роденден на нашата општина Кисела Вода. Се работи за низа културно-забавни случувања кои започнуваат од денеска и ќе завршат на 29-ти јуни. Културното лето ќе се одвива во четири вечери, на 26, 27, 28 и 29 јуни, на две локации – ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
37%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
5.66
37%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 27ᴼ
1.54
44%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.9
28%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.73
32%
1020
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.03
75%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.2
52%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
0.51
31%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
35%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
39%
1020
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
40%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
12.86
51%
1015
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088