Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain’s Career Course“во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”. На средбата на којашто присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и американската амбасадорка Анџела Агелер, двете припаднички на Армијата ја запознаа ...
Невреме проследено со силен ветер и грмотевици и дожд го зафати Скопје и околината. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека врз Македонија се движи нестабилна воздушна маса, особено над западниот и централниот дел на земјата. Радарската слика покажува интензивна атмосферска активност, со присуство на силни врнежи, грмежи и можна појава на град. Граѓаните се повикуваат на претпазливост, особено при движење на отворено и ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Вито Тонејц со 2-1 во сетови (6-4, 6-7(5), 6-2). Дуелот донесе голема борба за секој поен и одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски) по три часа игра. Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде победникот од дуелот меѓу синот на Гран Ивановишеви, Емануел Иванишевиќ и ...
Одлуката на Уставниот суд да се укинат делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, бидејќи не се во согласност со владеењето на правото, отвори политичка дебата во Македонија анализира ДОЈЧЕ ВЕЛЕ. Покрај барањето за кривична одговорност поради пречекорени овластувања во Државниот завод за статистика, се наметнува и прашањето дали на земјата и е потребен нов вонреден попис? „Ќе ...
Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на меѓународните пазари над нивото од 68 долари, поткрепени од знаците за силна побарувачка во летната сезона на возење во САД и Европа и зголемените кинески купувања на иранска нафта. На лондонскиот пазар цената на барел попладнево беше за 51 цент повисока отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 68,24 долари. Цената на барелот се зголеми за ист износ и на американскиот пазар, каде ...
По одличниот старт синоќа, Културното лето 2025 на Општина Кисела Вода продолжува да го збогатува културниот живот со нови музички доживувања. Вечерва (петок, 27 јуни), центарот на забавата се сели во Драчево, на просторот кај Крстот, каде од 20:30 часот започнува уште една незаборавна вечер. На сцената први ќе настапат КУД „Китка“ од Драчево, со кореографии низ кои живее македонската фолклорна традиција. Потоа следат настапите на популарните ...
Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција ги претстави тековните и идните политики во областа на доброто владеење во првата година од мандатот на новата Влада. Фетаи нагласи дека првата година беше тежок период, но, како што рече, беше година на надежта. -Оваа прва година беше тежок период, но беше година на надежта затоа што не почнувавме од нула туку од минус. Наследивме разурнат, ...
Бројот на електрични возила во светот се зголеми за околу една третина минатата година и сега изнесува 55,8 милиони, при што Кина учествува со повеќе од 50 отсто од вкупниот број со 31,4 милиони возила, според анализата на германската истражувачка група за енергетика. Податоците, собрани од Истражувачкиот центар за соларна енергија и водород на Баден-Виртемберг (ZSW), вклучуваат целосно електрични возила и плаг-ин хибриди. САД се значително зад ...
Државната железница „Србија воз“ објави во петокот, ден пред најавениот антивладин протест на 28 јуни во Белград, на кој повикуваат активистичките движења поддржани од опозицијата кои всушност стојат зад таканаречените студентски пленуми, дека ќе го прекине сообраќајот до онатамошно известување поради дојави за наводно поставени бомби на пругите и возовите. Речиси идентична објава беше издадена на 14-ти март, ден пред еден претходниот антивладин ...
Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите во трагедијата во Кочани. -Во дискотеката ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот „Поддршка и поттикнување на користењето на воспоставениот акредитиран систем за пренос на класифицирани информации“ на кој се означи старт на дигитализација и унапредување на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Оперативно техничката агенција. Министерот Тошковски ...
Политичката одговорност за спроведувањето на пописот ја однесе претходната коалиција во опозиција, а треба да се види дали има основи за кривична одговорност, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање по работниот состанок во Управата за јавни приходи во Скопје поврзано со можноста за воведување на електронски попис. Тој се осврна на вчерашниот одговор на пратеничко прашање и напомна дека електронскиот ...
Германија накратко ќе надмине три милиона невработени ова лето, и покрај малку позитивните трендови на пазарот на трудот, предупредуваат експертите од Институтот за истражување на вработувањето (IAB). Барометарот на пазарот на трудот на IAB малку се зголемил во јуни, трет месец по ред, но само за 0,2 поена, на 99,1 поени. Институтот го составува барометарот врз основа на анкета во која ги прашува агенциите за вработување за нивните прогнози за ...
Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом-фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од Вас граѓаните, ако добро се применува и се работи во што немам сомневање, така што за да можеме попластично сето тоа да го разбереме можноста да ...
За проекциите за економскиот раст и со Министерството за финансии сме на истиот став, на она кое е предвидено. Работиме силно на таа тема и добри се резултатите во рамки на Адриа регионот, конечно после години стагнација и цврсто заковани на дното сега сме први, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по денешниот состанок во УЈП. -За многу кратко време се консолидираат работите. Зад нас се Хрватска со 2,9, БиХ, ...
The Searchers, бенд од Ливерпул кој ги предводеше топ листите во 1960-те со песните „Sweets for My Sweet“, „Needles and Pins“ и „Don’t Throw Your Love Away“, ќе го одржат својот последен концерт на фестивалот Гластонбери во петок по 66 години постоење. Формиран во 1959 година од Џон Мекнали и Мајк Пендер, бендот беше дел од ткн Мерсибит сцената заедно со Gerry and the Pacemakers и Beatles, кои се пробија на почетокот на 1960-тите пред да ...
ДУИ очебијно продолжува да пука. Ама по шавови. „Вреди продолжува да се проширува со нови личности. Претставникот на Вреди Башким Хасани објави дека Бесмир Имери, претседател на огранокот на ДУИ во Врапчиште, ѝ се приклучил на оваа владина албанска коалиција.“ – објави познатиот портал на албански јазик „Актуале“ „Претседателот на ДУИ во Врапчиште Бесмир Имери процени дека вреди да се биде со Вреди“ – стои во објавата на Хасани на социјалната ...
Потврдена нова инвестиција во индустриската зона во Штип. Премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен состанок во УЈП истакна дека се работи за фабрика од земја од Европската Унија, каде ќе се вработат до 150 луѓе. -Фабрика која ќе инвестира околу 35 милиони евра, која во својот пик, за три години од сега ќе извезува 300 милиони евра кои ќе влезат во БДП, и ќе произведува батерии, посочи Мицкоски. Тој додаде дека имаат потврди и за други ...
Заменик-министерката за европски прашања и заменик-главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков денеска учествуваше на Летната школа за „ЕУ политики, проширување и реформи“ која се одржува од 24-27 јуни во Будва. Во рамките на своето обраќање на панелот „Кон Агендата за проширување 2030“, заменик-министерката Трајков говореше за значењето на реформските процеси на патот кон ЕУ, како и потребата од зајакнување на регионалната соработка со што ќе се ...
Националната конзервативна група на ЕУ, предводена заеднички од „Браќата на Италија“ на италијанската премиерка Џорџа Мелони и полската конзервативна партија „Право и правда“ (PiS), е поделена околу обидот за соборување на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува Euroactiv. Сега 31 од 79-те пратеници на Европската конзервативна и реформистичка група во Европскиот парламент го потпишаа предлогот за недоверба поднесен во ...
МВР информира за тројца скопјани, кои сакале да внесат дрога во затворот Штип. -СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(41), М.П.(39) и Ф.Ѓ.(39), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 16.01.2025 во Казнено-поправниот дом Штип, во пакет наменет за првопријавениот- осуденик во установата, е пронајден ...
Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година – Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за ...
Движење ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес-конференција обвини дека Градоначалникот на Центар од редовите на СДСМ и во заминување, Герасимовски дека гради без закон и троши без логика „Додека граѓаните на Општина Центар секојдневно се соочуваат со урбан хаос, нефункционални сервиси и затворени јавни простори, градоначалникот на СДСМ во заминување, кој ја бетонизираше Општина Центар, зад себе остава траг на недомаќинско работење, ...
Известувачката на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, која следната седмица ќе објави нов извештај за ситуацијата во Појасот Газа и Западниот брег, во интервју за шпанскиот дневен весник El Pais во петокот изјави дека Израел врши геноцид, со помош на САД и Германија. „Израел врши злосторства со секој здив. Единствениот начин да се заштитат не само Палестинците, туку и Израелците, е да биде запрен. Тоа е ...
Дејвид Бекам неодамна имал операција на зглобот, а јавноста дозна за тоа дури откако неговата сопруга Викторија објави фотографии од болница. На фотографијата се гледа Бекам како лежи во болнички кревет со завој на раката. Викторија Бекам му упати емотивна порака на Инстаграм: „Брзо оздрави, тато.“ Фудбалската икона ја повредил раката за време на пријателски натпревар против Јужна Африка во 2003 година и продолжил да игра со цврст завој. Сега, ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, истакна дека посветеноста за зголемување на финансиските средства за одбрана до 5% од бруто домашниот производ (БДП) не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува општа инвестиција во сигурноста, инфраструктурата и економскиот напредок на државата. „Одиме кон пет проценти, за да немаме потреба некогаш да одиме кон 30-40 проценти, како што трошат некои држави кои имаат конфликти ...
Случајот со Невена Спасеска и одземањето од неа четиригодишното дете без никаков аргумент освен дека таткото е богат и машко, по втор пат се најде во Собранието. По пратеничката Иванка Василевска која обвини за корупција во судството, сега и пратеничката Славјанка Петровска упати пратенички прашања до Министерството за труд и социјална политика за нивната пасивност и незаинтересираност да ја спречат корупцијата и да ги заштитат мајката и детето, ...
Тајландската влада презема чекори за повторна криминализација на канабисот, на штета на индустријата за која се проценува дека вреди повеќе од милијарда долари, која доживеа процут откако супстанцијата беше декласифицирана од списокот на наркотици на Тајланд во 2022 година. Партијата Бхумџаитаи, која е за легализација, се повлече од владејачката коалиција минатата седмица откако го обвини тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра дека лошо го ...
Меѓу 36,70 и 115,20 евра по патник во еден правец чини билетот за траектот од Солун до Скијатос, Скопелос и Алонисос, цена што сменува во зависност од категоријата на билетот и изборот на островот, а бродската линија од денеска одново е во функција и е воведена за летниот период, јави дописничката на МИА од Атина. Првиот траект од Солун за северните Споради тргна утрово, планирано е да сообраќа три до четири пати седмично и линијата да работи до ...
Ќе ги искористиме сите мерки што ни се на располагање и како Грција, но и како Европа, односно да го кажам тоа малку понародски „и морковот и стапот“, со цел да се осигураме дека оваа нова рута нема да стане трајна, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ, говорејќи за зголемите мигрантски бранови од Либија до Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер го оцени позитивно тоа ...