Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи од областа на летачките операции за 2025-та. Ќе финансира до 50 проценти од цената на чинење за обуките на 27 кандидати. Директорот на АЦВ Драги Стојаноски вели дека Агенцијата презема мерки за надминување на состојбата со сериозен недостаток на воздухопловен персонал. Одлучиле дел од средствата од кои се финансира ...

Речиси три четвртини од Германците веруваат дека нивните пензии нема да ги покријат нивните трошоци за живот, според анкетата на YouGov. Од 1.163 вработени испитаници, 54,3 отсто рекле дека се подготвени да продолжат да работат по законската возраст за пензионирање, претежно со скратено работно време и до 70 години. Околу една петтина од нив се подготвени да продолжат да работат само ако нивните приходи се повисоки, според анкетата спроведена од ...

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска објави на Фејсбук дека судот донел правосилна пресуда во врска со водата за пиење во Струмица. Имено, „Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправноста на водата“. Жалбата на АХВ се отфрла како неоснована. „Што би рекол премиерот „на лагата и се кратки нозете“ – еве уште еден доказ дека тоа ...

Денес, генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов , информираа за три значајни новини во работата на Фондот, кои директно го подобруваат пристапот и квалитетот на здравствените услуги за осигурените лица. На позитивна А листа се вклучуваат два лека ароматаза инхибитори (letrozole, anastrazole). Овие два лека се употребуваат во третман на рак на дојка и го употрубаваат околу 2.500 лица. Двата лека ...

Европската комисија во вторник негираше дека српскиот претседател Александар Вучиќ вчера имал исцрпен разговор со претседателката Урсула фон дер Лајен во Севиља. „Претседателката фон дер Лајен имаше лежерен, спонтан разговор со претседателот Вучиќ, во салонот пред официјалната вечера во Севиља. Таа имаше можност да размени неколку зборови со многу лидери, вклучувајќи го и претседателот Вучиќ. Значи, тоа не беше официјална билатерална средба и ...

Францускиот енергетски гигант EDF побрза поради екстремно високите температури да го затвори реакторот во нуклеарната централа на реката Гаронa, поништувајќи ја одлуката со која само беше најавено намалување на производството. Пред една седмица, EDF објави дека ќе го намали производството во нуклеарната централа Голфшек на реката Гарона на 2-ри јули. На почетокот на оваа седмица објавија дека веќе во неделата вечерта целосно го запрале ...

Општина Кисела Вода започнува со исплатата на еднократната финансиска помош за пензионерите со ниски примања. Веќе од утре, 1.388 пензионери ќе добијат по 2.500 денари директно на своите сметки, како дел од првата тура од вкупната поддршка која ќе опфати над 3.200 пензионери. Станува збор за жители на општината кои се приматели на старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари. Оваа мерка, ...

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа. Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје. Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на ...

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува отворен повик за доделување стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/2026 година. Стипендиите се наменети за студенти кои покажале исклучителни резултати во средното образование, имаат потенцијал за личен и професионален развој, но истовремено се соочуваат со финансиски пречки за продолжување ...

Општина Ѓорче Петров денес официјално го отвори новиот пензионерски клуб во просториите на Урбаната заедница „Мирче Ацев“. Со ова, пензионерите од овој дел на општината добиваат функционален и пријатен простор за дружење, рекреација и секојдневни активности. Градоначалникот Александар Стојкоски, присуствувајќи на отворањето, истакна дека вложувањето во подобри услови за пензионерите останува приоритет: „Нашите највозрасни сограѓани заслужуваат ...

По отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, заедничка прес конференција одржаа претседател на Владата, Христијан Мицкоски и Марта Кос, ЕУ комесар за проширување. – За нас, овој план не е формалност. Тоа е алатка преку која ќе ја трансформираме земјата. Ќе ги модернизираме јавните услуги, унапредиме образованието. Ќе инвестираме во енергетска и дигитална инфраструктура. Ќе ја направиме татковината ...

Да се има одличен секс е неверојатна работа, но понекогаш, колку и да ве задоволува партнерот, можете да се чувствувате малку тажно потоа. Можете да лежите покрај личноста која ја сакате, ја почитувате и верувате, но тоа не значи дека ќе бидете нужно среќни. Што е проблемот? Па, може да доживеете посткоитална дисфорија (ПЦД), и тоа е многу почеста отколку што мислите. Всушност, експертот за секс Нес Купер за „Метро“ изјави дека тоа постојано го ...

Вилата на модната икона Карл Лагерфелд, кој почина во 2019 година, е понудена на наддавање во вторникот. Имотот се наоѓа во француското село Лувесиен, околу 20 километри западно од Париз. Има околу 600 квадратни метри простор за живеење и пространа недвижност со базен, тениско игралиште и неколку помошни згради. Според адвокатите одговорни за продажбата на имотот, проценетата вредност е 4,64 милиони евра. Лагерфелд ја стекнал поранешната ловечки ...

Наместо визија, водена од научна прецизност и индустриска реалност, се добива впечаток за документ што повеќе создава дилеми отколку што нуди одговори, вака ја цени металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов, предлог стратегијата за минерални суровини за периодот 2024 – 2025 година подготвена од МАНУ. „Мене лично ме интересираат како дипломиран инженер за екстрактивна металургија, нормално металични суровини пред се’ во овој момент ...

Кралскиот метеоролошки институт на Белгија издаде портокалово предупредување поради очекуваните опасно високи температури што надминуваат 35°C низ целата земја од 1 до 3 јули. Според Институтот, Белгија сега се наоѓа под влијание на топлотен бран што ја зафаќа Европа. Западните и централните региони ќе забележат температури што надминуваат 35°C, а во некои области ќе достигнат 36°C-37°C. Властите ги повикаа граѓаните да преземат мерки на ...

Три лица се уапсени, а над 100 килограми марихуана се запленети во голема полициска акција во Струмица, во која, според информациите, бил спречен обид за шверц на дрогата надвор од Македонија. Акцијата е резултат на темелна истрага и координација на струмичката полиција, а во неа биле разбиени организирани криминални структури поврзани со меѓународен канал за трговија со дрога. – СВР Струмица разби меѓународен канал за трговија со дрога и ...

Инфлацијата во еврозоната благо забрза во јуни, првпат од почетокот на годината, со посилно зголемување на цените на храната и поблаг пад на цените на енергијата, покажаа прелиминарните пресметки на европскиот завод за статистика објавени во вторникот. Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена според Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), изнесуваше 2,0 отсто во јуни, пресметаа статистичарите. Европската централна банка ...

Потврдениот број на жртви од експлозија во хемиска фабрика во јужна Индија се искачи на најмалку 36, соопштија властите во вторник. Противпожарната служба ги извлече изгорените тела на 34 работници од местото на несреќата во индустриска зона на околу 50 километри од главниот град на државата Хајдерабад, изјави за Associated Press директорот на противпожарната служба на државата, Г.В. Нарајана Рао. Двајца други работници подлегнаа на изгорениците ...

Денвер Нагетс, шампионите на НБА кошаркарската лига од пред две години, направија размена со Бруклин Нетс, во која го добија крилниот центар 29-годишниот Камерон Џонсон, објавија американските медиуми. Џонсон имаше просек од 18,8 поени и 4,3 скока по натпревар во неодамна завршената сезона со Нетс. Бруклин за него го доби 27-годишниот крилен играч и избор од првата рунда на драфтот во 2032 година. Портер минатата сезона во Денвер забележа 18 ...

Десетици реквизити, костими и реалистична лама од последниот настап на Монти Пајтон ќе бидат понудени на наддавање. Обожавателите ќе можат да стекнат ретки предмети од личната колекција на режисерот Тери Гилијам, која е отворена за лицитација во вторник. Повеќе од 60 предмети се од шоуто „Monty Python Live (Mostly)“ во лондонската „О2“ арената во 2014 година, за кое се верува дека е последното заедничко шоу. Формирана во 1969 година, групата ја ...

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во своето воведно обраќање на Лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, посветена на Планот за раст, испрати емотивна и јасна порака за поддршка на регионот и Македонија на патот кон Европската Унија. – Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг. Знам дека клучните реформи што ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат закоравени структури на моќ, интереси и на ...

Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријателства, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на ...

Данска го презема ротирачкото шестмесечно претседателство со Европската унија од Полска во вторник. Се очекува владини претставници од Копенхаген да водат бројни министерски состаноци во текот на следните шест месеци и да дејствуваат како медијатори во споровите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ. Тематски, Данците сакаат да се фокусираат на заеднички проекти за вооружување против заканата од Русија и зголемена конкурентност во рамките на ЕУ под ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот предложи неговиот Оддел за ефикасност (DOGE) да ги испита субвенциите што ги добиле компаниите на неговиот донеодамнешен политички сојузник и водител на одделот Илон Маск, за да заштеди „ГОЛЕМИ“ пари на федералната влада. Трамп ги даде коментарите откако милијардерот Илон Маск во понеделник повторно ги критикуваше сеопфтатните мерки за намалување на даноците и потрошувачката на претседатлот, ...

Во Охрид од денеска стапува во сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје во текот на главната летна туристичка сезона. Забраната се однесува на целиот простор јужно од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, потоа на просторот 50 метри над булеварот „Туристичка“, како и на туристичките локалитети, почнувајќи од Студенчишкион канал се до Свети Наум. Забраната ќе биде на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура. Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната ...

Само 41 процент од младите во земјава ја доживуваат Европската Унија позитивно, 24 проценти имаат негативен став за Унијата, додека нешто над една третина или речиси 35 проценти од младите се неутрални, што јасно укажува на отворен простор за дејствување, но и на отсуство на конкретно доживување или поврзаност со ЕУ вредностите. Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, во гостување во емисијата „Анализа“, дискутираше за извештајот на Македонија во Европскиот парламент. „Ако се сеќавате можеби десетина години наназад, ВМРО-ДПМНЕ постојано аргументираше по основа на тоа дека се што е поврзано со Бугарија, мора да се дискутира со одредени нивни гаранции за во иднина бидејќи нема да биде само уставните измени туку ќе се јавуваат вакви прашања како ова, бидејќи ...

Даниела Димовска, в.д директорка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија и претседателка на Kомисијата за односи со невладини организации при ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува, УЖ“ истакна дека да се биде дел од ВМРО-ДПМНЕ значи да бидеш чесен, достоинствен и секогаш со народот. „За мене ВМРО-ДПМНЕ не претставува само политичка партија, туку идеја што се темели на љубов кон татковината, ...

Продорот на информатичката технологија во глобалниот свет со сета сила ја заплисна и нашата држава. Вештачката интелигенција е присутна на секој чекор и со засилено темпо продира во македонскиот општествен систем. Не постои област каде не се истакнува улогата на вештачката интелигенција. Вниманието на академската, научната и стручна јавност во целост е окупирано од развојот на вештачката интелигенција и оттука очекувањата се повеќе и со различна ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.09
35%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
2.57
32%
1018
weather icon

Софија

34ᴼ / 31ᴼ
4.12
26%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.62
26%
1018
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
45%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
10.29
36%
1012
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
4.12
22%
1012
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.12
20%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 28ᴼ
3.6
34%
1020
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
30%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.83
100%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315